Тракаиски замок
Четиричасовен излет во Тракаи, некогашниот главен град на Големото Војводство Литванија, оддалечен 27 km западно од Вилнус, е едно од омилените излетнички места во земјата. Замокот Тракаи, сместен на островче среде езерото Галве, е најпознатиот и најфотографираниот замок од 15 век. Уживајте во шармот на гратчето Тракаи, сместено на полуостров долг два километри, познато по старите дрвени куќи кои главно ги изградиле Караитите – еврејска верска заедница која војводата Витаутас ја донел од Крим и која таму живее и денес.
Цената вклучува: Превоз и услуги на локален водич.
Цената не вклучува: Влезница за замокот Тракаи. Влезницата се плаќа одделно и може да се купи на лице место.
* Минималниот број учесници потребен за реализација на излетот е 10 лица.