Munich City Tour
Прошетката низ градот ја започнуваме на плоштадот Мариенплатз (Marienplatz). Ги посетуваме старата и новата зграда на градското собрание (Old City Hall & New City Hall), изградени во нео-готски стил. Кулата на новата зграда на градското собрание ни ги нуди еден од најубавите погледи во Минхен, особено врз стариот град. Продолжуваме кон црквата на Св. Петар – најстарата црква во градот, Позната и како Стар Петар (Old Peter) помеѓу локалците. Оваа црква е полна со историски и уметнички богатства, а за најхрабрите, 300 скалила нѐ делат од уште еден поглед на градот Минхен и Алпите – достоен за разгледница. По овие панорамски погледи, прошетката нѐ носи кон познатата Maximilian Strasse, најпознатата шопинг-улица во градот. Понатаму се упатуваме кон Минхенската Резиденција, некогашна резиденција на баварските кралеви, а сегашен музеј полн со предмети, уметност и накит од кралскиот трезор. Покрај овој музеј е и Dallmayr, ресторан во кој се припремала храната за кралското семејство уште од 18-тиот век. Прошетката ја завршуваме во некоја од светски познатите пивници, карактеристични за Минхен, каде уживаме во локално пиво и закуски и ја припремаме атмосферата за започнување на Октоберфест.
* Во цената на излетот не се вклучени влезници во објектите и кулите. Доколку сакате, може дополнително да ги набавиме.