Подготви се за 3 дена чиста енергија, музика и незаборавна забава на најпознатиот фестивал во светот – Октоберфест во Минхен!.
Ова не е само фестивал – ова е искуство што се живее со сите сетила. Огромни шатори, литарски кригли пиво, традиционални баварски носии, жива музика и атмосфера што не запира од утро до доцна во ноќта.
Во текот на овие 3 дена ќе имаш време да:
🍻 влезеш во легендарните пивски шатори и да наздравиш со луѓе од целиот свет
🎶 пееш на маса со бендови што ја креваат атмосферата до максимум
🎡 уживаш во забавниот парк и фестивалската еуфорија
🏙️ прошеташ низ Минхен и да го почувствуваш неговиот баварски шарм
Октоберфест е она патување што не се раскажува – се доживува.
А еднаш кога ќе отидеш… секогаш ќе сакаш да се вратиш. 🍺✨
- Превоз
- Авион, Локален трансфер
- Сместување
- Хотел, Камп
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
- Дестинации
- Германија
- Видови патувања
- Европа 🗼, Кратки патувања ⏱️, Тематски патувања 🎎
- Код на патување
- DE6
- Тежина
- Погодно за деца
- Не
План и програма
Состанок на патниците на Меѓународниот аеродром во Скопје и лет од Скопје до Меминген и имаме трансфер до хотелот во Минхен. Во Минхен се упатуваме кон нашите шатори, каде што сме пречекани од нашите домаќини со пијалок за добредојде. Се сместуваме и веднаш се упатуваме кон официјалните шатори на Октоберфест. Попладнето го уживаме со локални пива, переци и забава. По завршување на официјалниот дел од Октоберфест, се враќаме кон шаторите каде што не чека забава со диџеи до утрото. Ноќевање.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Меминген, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
- Трансфер од аеродром до сместувањето
Сместување
Coffee Fellows Hotel Munchen-Freiham или Шатори - Октоберфест 1 ноќ
Место
- Скопје
- Минхен
Продолжуваме со Октоберфест. Нашите домаќини не упатуваат до шаторите на Октоберфест каде што продолжува забавата во баварски стил. Ноќевање!
Сместување
Coffee Fellows Hotel Munchen-Freiham или Шатори - Октоберфест 1 ноќ
Место
- Минхен
Храна
- Континентален појадок × 1
Утрото го користиме за посета на шаторите на Октоберфест и/или прошетка низ Минхен. Потоа имаме трансфер до аеродомот во Меминген. Лет до Скопје. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.
Превоз
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Меминген- Скопје, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
Место
- Минхен
- Скопје
Храна
- Континентален појадок × 1
Поаѓања и цени
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Што е вклучено
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Меминген, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х20х25cm
- Трансфер од аеродром до сместувањето
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Меминген- Скопје, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
Храна
2 × Континентален појадокНе е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Трансфер до официјалните шатори на Октоберфест
- Резервација на маса во официјалните шатори на Октоберфест
Сместување
Шатори - Октоберфест
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.