Santorini
Запознајте го магичниот остров Santorini преку целодневен панорамски излет исполнет со уникатни пејсажи, традиционални села и спектакуларни погледи кон Калдерата.
Нашата авантура започнува со посета на живописното селце Akrotiri, по што продолжуваме кон познатата Red Beach, една од најфотографираните плажи на островот, каде ќе имате можност да направите прекрасни фотографии од импресивниот црвен вулкански пејсаж.
Потоа следува посета на автентичното традиционално селце Megalochori, познато по тесните калдрмисани улички, белите куќички и типичната кикладска архитектура.
Излетот продолжува кон Fira – главниот град на островот и балконот на Калдерата, познат по спектакуларниот поглед кон Егејското Море. Пешачка тура низ шармантните улички исполнети со бутици, кафулиња и ресторани, како и слободно време за индивидуални прошетки, фотографии и ручек.
Денот го завршуваме во романтичната Oia, најпознатото место на островот, каде ќе уживаме во спектакуларното зајдисонце – едно од најубавите во светот. Слободно време за прошетка низ живописните улички и уживање во магичната атмосфера на Санторини.
Во цената е вклучено:
- Превоз по предвидениот план и програма
- Преставник од агенциајта
Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 16 пријавени патници