Amsterdam City Tour
.jpg)
Овој ден го посветуваме на прошетка низ историјата и душата на Амстердам, град со шарм, карактер и безвременска убавина. Нема подобар начин да го запознаете отколку пеш, низ неговите калдрмисани улици, покрај каналите и под сенките на неговите препознатливи фасади. Нашето патување започнува од Централната станица - импозантна градба од крајот на 19 век, дело на познатиот архитект Кајперс. Со својата готска елеганција, ве пречекува како капија кон минатото, а приказната допрва започнува. Продолжуваме кон срцето на градот, плоштадот Дам. Тука, пред стотици години, е изградена првата брана, која го дала името на градот. Денес, на ова место се издигнуваат Кралската палата, Новата црква и фасадата на Мадам Тисо, модерни симболи впишани во старото ткиво на градот. Но и покрај сето тоа плоштадот зрачи со некаква смиреност, како да ве поканува само да застанете и да впиете сè. Од таму, чекориме низ тесните улички кон Oude Kerk, Старата црква, најстарата во Амстердам. Се упатуваме кон De Waag, стара градска порта што со векови менувала улоги: од куќа за мерење, преку седиште на хируршката гилда, па сè до денешниот кафе- ресторан со неспоредлива атмосфера. Место што живее со спомени и со мирис на кафе. Прошетката не води меѓу улиците што паметат и солзи и надеж, место каде Амстердам го добил својот прекар „безбедно засолниште“, Еврејскиот четврт. Историјата што тече тука не е лесна – но е важна. Тивка, моќна и трогателна. Низ таа тишина, ненаметливо се доближуваме до куќата на Рембрант, каде е создадена уметност што го промени светот. Замислете да застанете токму на местото каде што неговата четка ја оживеала „Ноќната стража“ – дело кое првично имало сосема друго име и порака. Го менуваме ритамот и влегуваме во еден сосема поинаков свет – Waterlooplein, бувљакот на Амстердам. Пазар полн со енергија, боја, љубопитни погледи и неочекувани откритија. Ако ви се гледа нешто уникатно, ова е вистинското место. И токму кога ќе помислите дека градот веќе не може да ве изненади – доаѓаме до последната станица: Цветниот пазар, или Bloemenmarkt. Пливачки тезги полни со лалиња, ароми и традиција стари повеќе од 150 години. Место каде што боите зборуваат повеќе од зборовите, и каде што секоја луковица што ќе ја понесете дома, е спомен што ќе продолжи да расте.
Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенцијата, локален водич
Во цената на излетот не е вклучено: трансфер од/до хотелот