Love Trip: Амалфи и Санторини

цена од
2.199
EUR ,00
траење
8 дена
Барање
Барање

Две икони на романтиката. Едно незаборавно патување.

Ова не е класичен меден месец – ова е искуство што ќе го раскажувате цел живот.

Започнете ја вашата љубовна приказна на магичниот Амалфи – каде шарените куќи се спуштаат кон тиркизното море, а секој агол изгледа како сцена од филм. Уживајте во италијанскиот шарм, романтични прошетки и моменти создадени само за вас.

Потоа, продолжуваме кон легендарниот Санторини – островот на страста и зајдисонцата. Белите куќи, сините куполи и погледот кон бескрајното Егејско море создаваат атмосфера што едноставно мора да се доживее.

✨ Две дестинации – двојна магија

✨ Совршен баланс помеѓу авантура и луксуз

✨ Моменти што изгледаат како од разгледница

Ова е патување за парови кои не прават компромис кога станува збор за љубовта.

Резервирајте го вашето Jungle Honeymoon искуство и започнете ја приказната што ќе ја паметите засекогаш. 💫
 

Можност за прилагодување на датумите на патување

Сакаме вашиот меден месец да биде совршен! Затоа нудиме флексибилни датуми и индивидуална понуда, прилагодена токму на вашите желби. Пишете ни кога сакате да патувате, а ние ќе го организираме секој детал според вашиот стил и потреби.


Рута
Скопје
Неапол
Поситано
Санторини
Солун
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Honeymoon🥂
Дестинации
Грција, Италија
Код на патување
IT54
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје и пристигнување во Наполи, Италија. Трансфер до сместувањето во Поситано. Авантурата може да започне! Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Наполи, co WizzAir во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од аеродромот во Наполи до сместувањето во Поситано

Сместување

Hotel Conca D'Oro 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Неапол
  • Поситано

Слободен ден за уживање! Топло ви препорачуваме прошетка низ Амалфи ! Низ Амалфи има многу убави кафулиња и ресторанчиња во кои можете да седнете на кафе или ручек и да уживате во прекрасниот поглед. Можете да го посетите и видиковецот La Sirenuse и познатата катедрала Duomo di Sant' Andrea која е една од најубавите катедрали во овој реон. Ноќевање.

Сместување

Hotel Conca D'Oro 1 ноќ

Место

  • Поситано

Храна

  • Континентален појадок × 1

Слободен ден за уживање во Поситано. Овој ден, топло ви препорачуваме да го посетите островот Капри! Капри, кој е синоним за луксуз, природна убавина и медитеранска елеганција е познат по своите стрмни карпи, тиркизно море и легендарната Сина Пештера. Посетете ја Марина Гранде - најголемото пристаниште на овој познат остров. Потоа, качете се до највисоката точка на островот - Монте Соларо. Тука можете да направите многу добри фотки за на социјалните мрежи. Седнете на ручек и обавезно да пробате - корнето! Исто така, нашата топла препорака до вас е да ги посетите Градините Август кој го красат овој остров. Ноќевање.

Сместување

Hotel Conca D'Oro 1 ноќ

Место

  • Поситано

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот, се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот во Наполи. Лет од Наполи до Санторини. Слетуваме на аеродомот на Санторини и имаме организиран превоз до хотелот. Се сместуваме и си уживаме. Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Наполи- Санторини (Low-cost) во економска класа.
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hotel Secret View 1 ноќ

Место

  • Санторини

Храна

  • Континентален појадок × 1

Овој ден, ви препорачуваме да го истражите гратчето Финикиа - мало, тивко место со автентичен шарм. Белите куќи и тесни улици веднаш даваат чувство дека времето тука оди побавно. Потоа, седнете во некоја локална таверна и ручајте. Нашата следна препорака е да го посетите градчето Ија. Појдете до Oia Castle и уживајте во феноменалниот поглед на зајдисонце. Небото во портокалово-розови нијанси, море без крај...момент што не се заборава.Ноќевање.

Сместување

Hotel Secret View 1 ноќ

Место

  • Санторини

Храна

  • Континентален појадок × 1

Овој ден, ви препорачуваме да појдете до Baxedes Beach или Paralia Mpaxedes. Пријатна мала плажа далеку од гужвите..само вие, звукот на брановите и сонцето. Ноќевање.

Сместување

Hotel Secret View 1 ноќ

Место

  • Санторини

Храна

  • Континентален појадок × 1

Овој ден, можете да го посетите Пиргос - потивко, традиционално место со неверојатен шарм. Уживајте пиејќи локално вино со поглед кон море..совршен крај на ова патување. Ноќевање.

Сместување

Hotel Secret View 1 ноќ

Место

  • Санторини

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот. Лет од Санторини до Солун. Од Солун до Скопје одиме со организиран превоз. Пристигнуваме Скопје и крај на патувањето! 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Санторини- Солун(Low-cost) во економска класа.
  • Трансфер од Солун до Скопје

Место

  • Санторини
  • Солун
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализција на патувањето (пр. Наполи - Санторини и Санторини - Солун). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противредност) се нерефундабилни!

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Hotel Conca D'Oro Пример 3 ноќи
Hotel Secret View Пример 4 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Наполи, co WizzAir во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од аеродромот во Наполи до сместувањето во Поситано
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Наполи- Санторини (Low-cost) во економска класа.
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Санторини- Солун(Low-cost) во економска класа.
  • Трансфер од Солун до Скопје

Храна

6 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Сместување

Hotel Conca D'Oro

Hotel Conca D'Oro
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Conca D'Oro е сместувачки објект со 4* по локална категоризација лоциран на само 15 минути пешачење од центарот на Поситано. Хотелот е модерен, храната во ресторанот е врвна и вкусна нудејќи ви да вечерате на теараса со поглед кон море. Хотелот е опемен со бар, бесплатен интернет, спа, лежалки, чадори. Се смесуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, телевизор, клима уред, фен. 

Услугата е на база ноќевање со појадок. 

Вебсајт https://hotelconcadoropositano.com/?utm_source=google&utm_medium=organic&utm_campaign=gbp&utm_content=website

Адреса Via Boscariello
16 84017 Positano SA

Hotel Secret View

Hotel Secret View
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Secret View е хотел со 5* по локална категоризација. Лоциран во областа Финикиа, Санторини, хотелот располага со спа, базен, ресторан, бар, фитнес центар. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, балкон, бесплатен интернет, клима уред.

Услугата е на база ноќевање со појадок. 

Вебсајт https://www.santorini-secret.com/our-hotels/secret-view-hotel/

Останати поаѓања за Италија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.