Сардинија, втор по големина остров во Средоземно море, познат по својата убавина, плажи и чисто море. Се поголема популарност стекнува помеѓу туристите од сите делови на светот. Најголемиот и главен град на островот е Каљари со 500.000 жители. Базата на ова патување е Ористано, гратче со улици полни со шопови, мноштво кафулиња и ресторани со највкусни морски плодови. Брегот на Сардинија е сочинет од две мориња - Тиренско и Средоземно. За разлика од блиската Сицилија, на Сардинија нема метеж на плажите.
- Превоз
- Автобус, Брод
- Сместување
- Хотел
- Организатор
- Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
- Дестинации
- Италија
- Код на патување
- IT9
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Поаѓање од Белград од паркингот пред Музејот на Југословенска историја (куќа на цвеќето) во 16:00ч. Дневно - ноќно возење низ Хрватска и Словенија со попатни задржувања за царински формалности и за одмор на патниците на секои 3-4 часа во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици.
Превоз
- Автобуски превоз од Белград до Ливорно
Место
- Белград
Пристигнување во Ливорно на брегот на Лигурско море. Факултативна прошетка: Големиот плоштад (Piazza Grande), катедралата (Duomo), шопинг улицата Via Grande, плоштадот на републиката (Piazza della Republica), Нова Тврдина (Fortezza Nuova), квартот Нова Венеција (Venezia Nuova). Слободно време, Можеме да Ви предложиме заминување со воз до Пиза или Сиена. Собир на пристаништето Ливорно и качување на брод. Ноќно крстарење преку Тиренско море.
Превоз
- Пристаниште Ливорно - пристаниште Голфо Аранчи
Место
- Ливорно
Пристигнуваме на Сардинија (Sardinia) во раните утрински часови и тргнуваме во обиколка на овој прекрасен остров. Се возиме со автобус до местото Сан Теодоро каде ќе се капиме на долгата песочна плажа La Cinta. Го продолжуваме патот до Ористано. Сместување во хотел. Прошетка по градот и слободно време.
Превоз
- Превоз од пристаништето Голфо Аранчи до Сан Теодоро
- Превоз од Сан Теодоро до Ористано
Сместување
Mistral 2 hotel 4* 1 ноќ
Место
- Ористано
Појадок. Факултативен излет до плажата Арутас (Is Arutas), каде ќе се капиме во кристално чистата вода и сино-зелена боја на морето. Враќање во сместувањето во вечерните часови.
Сместување
Mistral 2 hotel 4* 1 ноќ
Храна
- Појадок (buffet) × 1
Факултативни излети
Појадок. Целодневен факултативен излет во престолнината на осртовот Каљари (Cagliari), главниот град во кој ќе имате можност да ја почувствувате енергијата на локалното население, да прошетате по малите улички и да ги посетите многубројните знаменитости како Кула од Слонови (Torre dell`Elefante), поранешна резиденција на кралот Palazzo Regio, катедралата (Cathedral of Saint Mary of the Assumptionand Saint Cecilia), граската куќа (Old Town Hall), црквата Санта Лучиа (Curch of Saint Lucia „in Castelo“) пред која се нуди неверојатен поглед на градот. Слободно време. Враќање во Ористано.
Сместување
Mistral 2 hotel 4* 1 ноќ
Храна
- Појадок (buffet) × 1
Факултативни излети
Појадок. Факултативен излет до една од најубавите плажи со тиркизна боја на морето и бел песок Ла Пелоса (провинција Стинтино). Враќање во Ористано.
Сместување
Mistral 2 hotel 4* 1 ноќ
Храна
- Појадок (buffet) × 1
Факултативни излети
Појадок. Факултативен излет во најубавото гратче на целиот остров, Алгеро (Alghero) во кој се говори каталонски јазик. Во него сеуште можат да се видат примери на архитектурата од 16 век. Центарот на градските случувања е пристаништето каде се наоѓаат многу рибарски чамчиња, барови и места каде можете да јадете. Одиме на капење на плажата Бомбарде. Плажата со златен песок се наоѓа во близината на Алгеро на таканаречениот Корален брег.
Сместување
Mistral 2 hotel 4* 1 ноќ
Храна
- Појадок (buffet) × 1
Факултативни излети
Појадок. Пакување на багажот и напуштање на сместувањето. Слободно време во Ористано до поаѓање кон пристаништето од кое испловуваме кон италијанското копно. Ноќно крстарење.
Превоз
- Автобуски превоз од Ористано до пристаништето Голфо Аранчи
- Пристаниште Голфо Аранчи - пристаниште Ливорно
Место
- Ористано
Храна
- Појадок (buffet) × 1
Пристигнуваме во Ливорно и го продолжуваме нашиот пат со автобус кон Ла Специја (La Spezia), месо на лигуркиот брег од кој поаѓаат возови кон Cinque Terre. Правиме техничка пауза од десет часа која ќе ја искористиме за факултативна обиколка на Cinque Terre, пет збиени села во карпи на брегот на морето со шарени фасади: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore. Пристигнуваме со автобус до Ла Специја и потоа со воз ги посетуваме петте села. Сите овие места поради својата несекојдневна убавина се наоѓаат на листата за светско културно богатство на UNESCO. До нив е можно да се стигне само со воз или пеш, на стазите покрај море. Ве текот на вековите староседелците внимателно ги граделе терасите на стрмни, нерамни ридови, се до карпите кои гледаат на морето. Навечер се пакуваме во автобус и поаѓаме кон Белград. Ноќно возење низ Словенија и Хрватска со попатни задржувања за царински формалности и за одмор на патниците на секои 3-4 часа во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици.
Превоз
- Автобуски превоз од Ливорно до Ла Специја
- Автобуски превоз од Ла Специја до Белград
Место
- Ла Специја
Факултативни излети
Пристигнување во Белград во попладневните часови.
Место
- Белград
Поаѓања и цени
Што е вклучено
Превоз
- Автобуски превоз од Белград до Ливорно
- Пристаниште Ливорно - пристаниште Голфо Аранчи
- Превоз од пристаништето Голфо Аранчи до Сан Теодоро
- Превоз од Сан Теодоро до Ористано
- Автобуски превоз од Ористано до пристаништето Голфо Аранчи
- Пристаниште Голфо Аранчи - пристаниште Ливорно
- Автобуски превоз од Ливорно до Ла Специја
- Автобуски превоз од Ла Специја до Белград
Храна
5 × Појадок (buffet)Останато
- Туристички такси за сите денови на престој
- Повратен билет за брод на релација Ливорно - Сардинија - Ливорно
- "авионско седиште" на бродот во двата правци (pulman seat)
Не е вклучено
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Дневна карта за Cinque Terre - 16 ЕУР
Галерија
Факултативни излети
Каљари
Плажата Ла Пелоса
Алгеро и плажата Бомбарде
Cinque Terre oд La Spezia
Сместување
Mistral 2 hotel 4* 4
Останати поаѓања за Италија
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.