Porto City Tour и посета на винарска визба

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Порто. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити, мурали и azulejos (познатите португалски плочки). Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и стотици мали кафулиња. Транспортирани сме далеку од градската бучава и огромните згради. Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Стигнуваме до најголемата катедрала во Порто, изградена во XII век. Во катедралата се чуваат непроценливи уметнички дела и артефакти, кои го претставуваат наследството на оваа прекрасна земја. Продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento. Прво нешто што ќе забележиме е влезот на оваа станица кој е декориран со 20,000 azulejos. Пристигнуваме до Avenida dos Aliados, најголемата авенија на овој град. Како што пешачиме низ овој прекрасен град, пред нас се појавува најголемата камбанарија во Порто, изградена во XVIII век. Време е за опуштање, пристигнуваме во еден од најживописните паркови во Португалија -- Jardim de Cordoaria, оттука се движиме по кејот на реката Douroa. Поминуваме по една од најпосетените улици во Порто -- Rua das Flores. A на крај нашата прошетка ја завршуваме во Институтот за Вино, каде имаме шанса да научиме повеќе за најпознатото вино во Европа! Спремни со ново знаење одиме да посетиме традиционална винарска визба, каде што имаме шанса да дегустираме стотици видови традиционално вино од порто. Вино кое традиционално се меша со бренди за да се добие неговиот најуникатен вкус.
Напомена: Излетот се организира со јавен превоз.