Gothic Quarter
Денес патуваме назад во времето – длабоко во срцето на Барселона, во местото каде што започнала историјата на овој град – Готскиот кварт, или Barri Gòtic. Ова е едно од оние места каде што времето тече побавно, каде што секоја калдрмисана улица има своја приказна, и секој агол крие по некоја тајна. Започнуваме со прошетка низ тесните, кривулести улички кои водат од една до друга мала плоштадче. Камени ѕидови, стари прозорци со дрвени капаци и балкони полни со цвеќиња ни создаваат чувство како да сме влезени во средновековен филм. И не е далеку од вистината – некои делови од Готскиот кварт се стари над 2.000 години. Во Готскиот кварт има и уметност на секој чекор – од улични музичари и цртачи, до мали бутици со антиквитети, книжарници и скриени барови. Ако внимателно гледаш, можеш да го најдеш и познатиот мозаик на Пикасо или графитите што раскажуваат современи приказни во антички простор.
Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенцијата и локален водич