Откријте ја магијата на Шпанија со нашата Голема Шпанска Тура – патување кое ги спојува најубавите градови, културата и медитеранскиот шарм во едно незаборавно искуство.
Започнуваме во сончевата Малага, каде што морето и историјата се преплетуваат, продолжуваме кон страствената Севиља – срцето на фламенкото и андалузискиот дух. Во Мадрид ќе ја почувствувате енергијата на шпанската престолнина, додека Валенсија ќе ве воодушеви со својата модерна архитектура и традиционална кујна. Патувањето го заокружуваме во Барселона – градот на уметноста, архитектурата и медитеранската елеганција.
Оваа тура е совршен спој на култура, забава и релаксација – создадена за оние кои сакаат да ја доживеат Шпанија во целост.
Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines за Малага, со преседнување во Истанбул. Со организиран превоз одиме од аеродромот во Малага до хотелот. Се сместуваме и имаме слободно време за уживање. Ноќевање.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Ги посетуваме двете најпознати места во Андалузија -- Марбела и Пуерто Банус. Започнуваме со стариот град во Марбела, а потоа продожуваме во лускузната марина во Пуерто Банус. Имаме слободно време да го истражиме ова место, да седнеме да се напиеме по некоја Сангрија и да купиме уште некој сувенир.
Заплови во светот на бајките во Гранада, градот каде што мавританската архитектура и планинските врвови се спојуваат. Шетаме по тесните улички на градот, учиме повеќе за фламенкото и познатата населба Sacromonte -- населба позната по нејзините куќи вклесани во карпа. Оттука продолжуваме кон познатата Катедрала на Гренада (Cathedrala de Granada) и пешачиме по живописниот кеј на реката Даро. А потоа се заљубуваме во малите улици на Албаицин, старата арапска населба, од каде што погледот кон Алхамбра е незаборавен -- поглед кој ја предвидува нашата следна авантура овој ден. Потоа продолжуваме со посета на еден од најпознатите замоци на #целсвет -- Алхамбра. Шетаме низ волшебните сали и градини на Алхамбра. Ја посетуваме Амбасадорската палата и Палатата на Лавот, двете најубави палати во целиот комплекс. Историја, уметност и андалузиска душа – во само еден ден.
Се одјавуваме од хотелот и со организиран превоз се упатуваме кон Севиља. Се упатуваме кон хотелот, се сместуваме и имаме слободна вечер за уживање во Севиља.
По појадокот не чека авантура во најбогатиот град на Андалузија и нејзината престолнина - Севиља. Го посетуваме преубавиоит плоштад со симболи од сите градови на Шпанија - Plaza de Espana. Ќе ја посетиме и Златната Кула - Тorre del Oro покрај реката Гвадалкивир Guadalquivir како и арената за борба со бикови Placa de Torros. Не смееме да ја пропуштиме катедралата Catedral de Sevilla во која е закопан најпознатиот морепловец на сите времиња Кристофор Коломбо. Одиме по стапките на шпанските императори во палата Алказар - Alcazar, каде што е снимана познатата серија “Game of Thrones”. Шетаме по преполните улици, уживаме со кафе и сладолед како вистински Андалузијци. Се одмораме покрај реката Гвадалкивир па се упатуваме назад кој хотелот.
По појадокот, се упатуваме кон Мадрид со воз. Пристигнуваме во Мадрид, одиме во хотелот кадешто се сместуваме и имаме слободно време за истражување на градот.
Се будиме во магичниот Мадрид. По појадокот, се упатуваме кон „Madrid de los Austrias“. Чекориме низ калдрмисаните улици, помеѓу малите продавници и кафулиња, и секој агол носи мирис на минатото и шепот на некогашните жители. Продолжуваме кон Plaza Mayor – плоштад што со векови е сцена на животот во Мадрид. Седнуваме во некое од многуте кафулињата и уживаме во звукот на чекори по каменот, шепот на минатото и мирисот на свежо испечено кафе. Се упатуваме кон Palacio Real, кралската палата што се издига над градот со величествена елеганција. Веднаш до палатата се простираат Jardines de Sabatini, градини од симетрична убавина каде сенките на дрвјата се преплетуваат со мирот на фонтаните, создавајќи совршено место за прошетка. Од таму, погледот се пренесува на Campo del Moro, пространа градина со раскошни патеки, езерца и зеленила, каде некогаш се шетале кралските дворови, а денес тивко ве пречекува да ги почувствувате тајните на минатото. Нашата прошетка завршува со Templo de Debod, египетски храм донесен во Мадрид, каде залезот сонце создава магични сенки и боите на небото се огледуваат во неговите камења. Место каде историјата од далечниот Египет се среќава со срцето на шпанската престолнина, и каде секој момент ве потсетува дека времето е само континуум на убави приказни. Се враќаме кон хотелот. Ноќевање.
Во раните утрински часови, по појадокот, се упатуваме кон Валенсија. Шром пристигнеме во Валенсија, се упатуваме кон хотелот и вечерта имаме можност за слободно истражување на градот, да седнеме на некоја вечера и да испиеме по некоја чаша вино.
По појадокот, одиме да ја истражиме магичната Валенсија – град кој совршено ја спојува традицијата и модерниот дух. Ќе прошетаме низ стариот дел на градот, да ги видиме најпознатите знаменитости, како и да уживаме во уникатната архитектура и медитеранската атмосфера. Слободно време за индивидуални активности, кафе или шопинг. Се упатуваме назад кон хотелот. Ноќевање.
Се упатуваме да ги посетуваме бројните знаменитости како и ремек делата на Гауди: Sagrada Familia, Casa Mila, Casa Batllo, Park Guelj, ридовите Монжуик и Tibidabo, Магичните фонтани, плоштадите España и Catalunya, главното шеталиште La Rambla и плажата Барселонета. Град на уметниците и неисцрпната инспирација, градот на сите стилови, град на хедонизмот...Враќање кон хотелот и ноќевање.
Се одјавуваме од хотелот, се упатуваме кон аеродромот во Барселона. Лет од Барселона до Скопје со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
Трансфер од сместувањето до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Барселона- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Организиран трансфер од аеродром до сместување
Трансфер со воз од Торемолинос до Севиља
Трансфер со воз од Севиља до Мадрид
Локален трансфер со воз од Мадрид до Валенсија
Трансфер со воз од Валенсија до Барселона
Трансфер од сместувањето до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Барселона- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
13 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Marbella & Puerto Banus
Цена:
55,00 EUR
Ги посетуваме двете најпознати места во Андалузија -- Марбела и Пуерто Банус. Започнуваме со стариот град во Марбела, а потоа продожуваме во лускузната марина во Пуерто Банус. Имаме слободно време да го истражиме ова место, да седнеме да се напиеме по некоја Сангрија и да купиме уште некој сувенир.
Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници
Granada & Alhambra
Цена:
120,00 EUR
Заплови во бајка во живо во Гранада, каде што мавританската архитектура и планинските врвови се спојуваат. Шетаме по тесните улички на градот, учиме повеќе за фламенкото и познатата населба Sacromonte -- населба позната по нејзините куќи вклесани во карпа. Оттука продолжуваме кон познатата Катедрала на Гренада (Cathedrala de Granada) и пешачиме по живописниот кеј на реката Даро. А потоа се заљубуваме во малите улици на Албаицин, старата арапска населба, од каде што погледот кон Алхамбра е незаборавен -- поглед кој ја предвидува нашата следна авантура овој ден. Потоа продолжуваме со посета на еден од најпознатите замоци на #целсвет -- Алхамбра. Шетаме низ волшебните сали и градини на Алхамбра. Ја посетуваме Амбасадорската палата и Палатата на Лавот, двете најубави палати во целиот комплекс. Историја, уметност и андалузиска душа – во само еден ден.
Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници
Seville City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена:
110,00 EUR
Севиља е раскрсница меѓу истокот и западот сместена на реката Гвадалкивир. Легендата вели дека градот го основал грчкиот херој Херакле. Ја посетуваме најголемата готска катедрала на светот, златната кула, плоштадот Шпанија, археолошкиот музеј, музејот на современа уметност и манастирот Картуха. Plaza de Torros de la Maestranza - арена за борби со бикови која можете да ја посетите со локален, специјализиран водич. Севиља била најголем град во Шпанија во 16-тиот и 17-тиот век. Градот е сместен длабоко во копното, но само 6 метри над нивото на морето. Севиља долго време била важно морско пристаниште, бидејќи со морето е поврзана преку реката Гвадалкивир. Во Севиља, Магелан ги добил бродовите за својот пат околу светот. Импресивната нова железничка станица Santa Husta (каде ултрабрзите АВЕ возови ја поврзуваат Севиља со престолнината) или убавиот голем аеродром, се првите нешта кои ќе ги здогледате кога ќе пристигнете во Севиља. За време на посетата имајте во предвид дека во Севиља луѓето не стануваат од маса и по два-три часа од кога ќе завршат со јадење, а плаќање на сметките од вас може да бара дополнително трпение кон ноншалантните келнери, кои како да не се загрижени за наплата и профит. Но, ништо не е чудно во градот на убавината!
Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници
City Walking Tour - ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА!
Овој ден го посветуваме на срцето на Мадрид – „Madrid de los Austrias“, дел од градот каде историјата се чувствува во секој камен, каде фасадите и плоштадите раскажуваат приказни од минати векови. Чекориме низ калдрмисаните улици, помеѓу малите продавници и кафулиња, и секој агол носи мирис на минатото и шепот на некогашните жители. Нашето патување започнува на Plaza Mayor – плоштад што со векови е сцена на живототво Мадрид. Со својата симетрична убавина и импресивни арки, тој ве пречекува како амфитеатар на историјата, каде некогаш се одржувале трговски пазари, фестивали, па дури и јавни церемонии. Денес, тивко ве поканува да седнете во едно од кафулињата и да ја впиете атмосферата – звукот на чекори по каменот, шепот на минатото и мирисот на свежо испечено кафе. Продолжуваме кон Palacio Real, кралската палата што се издига над градот со величествена елеганција. Огромните врати, раскошните сали и галериите исполнети со уметност создаваат чувство дека времето е застанато. Веднаш до палатата се простираат Jardines de Sabatini, градини од симетрична убавина каде сенките на дрвјата се преплетуваат со мирот на фонтаните, создавајќи совршено место за прошетка и размислување. Од таму, погледот се пренесува на Campo del Moro, пространа градина со раскошни патеки, езерца и зеленила, каде некогаш се шетале кралските дворови, а денес тивко ве пречекува да ги почувствувате тајните на минатото. Нашата прошетка завршува со Templo de Debod, египетски храм донесен во Мадрид, каде залезот сонце создава магични сенки и боите на небото се огледуваат во неговите камења. Место каде историјата од далечниот Египет се среќава со срцето на шпанската престолнина, и каде секој момент ве потсетува дека времето е само континуум на убави приказни. Низ овој дел од Мадрид, секој чекор е како врата кон минатото, а секоја улица е како разгледница од времето. Од „Madrid de los Austrias“ до Plaza Mayor и Palacio Real, градот се открива со својата душа – истовремено величествена, интимна и безвременска.
Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенцијата, локален водич
Барселона (walking tour)
Цена:
15,00 EUR
Барселона се наоѓа на североистокот на Пиринејскиот полуостров и е главен град на Каталонија. Има околу 4 милиони жители заедно со многубројните доселеници. за многумина Барселона е еден од најубавите градови на Европа. Ги посетуваме бројните знаменитости како и ремек делата на Гауди: Sagrada Familia, Casa Mila, Casa Batllo, Park Guelj, ридовите Монжуик и Tibidabo, Магичните фонтани, плоштадите España и Catalunya, главното шеталиште La Rambla и плажата Барселонета. Град на уметниците и неисцрпната инспирација, градот на сите стилови, град на хедонизмот...
Сместување
Хотел со 2/3* во Торемолинос /
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел со 2/3* (по локална категоризација) во Торемолинос е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.
Хотел со 3* во Севиља
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел *** во Севиља е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.
Хотелот ќе биде објавен најдоцна 4 недели пред патување.
Хотел 3* во Мадрид
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел 3* (по локална категоризација) во Мадрид е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.
Хотел со 2/3* во Валенсија /
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел со 2/3* (по локална категоризација) во Валенсија е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.
Хотел со 2/3* во Барселона /
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел 2/3* (по локална категоризација) во Барселона е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.