Аргентина и Бразил - Буенос Аирес, Игуасу и Рио де Жанеиро

цена од
2.799
EUR ,00
сега од
2.449
EUR ,00
траење
12 дена
Барање
Барање

Аргентина и Бразил – ритамот на Јужна Америка

Од страста на тангото во Буенос Аирес, преку спектакуларните водопади Игуасу, па сè до златните плажи и неодоливиот ритам на Рио де Жанеиро – ве очекува патување низ две јужноамерикански земји кои освојуваат со својата енергија, култура и неповторлив шарм.

¡Hola, Buenos Aires! Bom dia, Brasil! Подгответе се за авантура во која европската елеганција се среќава со латиноамериканската страст, каде улиците раскажуваат приказни, музиката е дел од секојдневието, а секој нов ден носи по некое незаборавно доживување.

Ја откриваме Буенос Аирес, градот на тангото, широките булевари и впечатливата архитектура. Град во кој европскиот дух се испреплетува со аргентинскиот темперамент, а секој кварт има своја приказна. Се губиме низ колоритните улички на Ла Бока, каде шарените фасади, уметниците и уличните танчари создаваат атмосфера што се памети. Ја чувствуваме елеганцијата на Реколета, ги истражуваме живописните плоштади и кафулиња и откриваме зошто Буенос Аирес го нарекуваат Париз на Јужна Америка. А кога ќе се споменат Аргентина и нејзината душа, неизбежно се слуша ритамот на тангото – танц на страста, емоциите и погледите што кажуваат повеќе од зборовите.

Од урбаниот ритам на аргентинската престолнина се упатуваме кон едно од највпечатливите природни чуда на светот – водопадите Игуасу. Тука природата ја покажува својата најмоќна страна. Илјадници кубни метри вода се слеваат низ каскади опкружени со бујна тропска вегетација, создавајќи спектакл од звук, магла и бескрајна зеленина. Го откриваме величествениот Ѓаволски грклан, најимпресивниот дел од водопадите, каде водата со неверојатна сила се спушта во длабочините. Ова е местото каде што фотоапаратот едноставно не може да ја долови целата магија – мора да се доживее!

А потоа, ја менуваме сценографијата и пристигнуваме во легендарниот Рио де Жанеиро – Cidade Maravilhosa, или волшебниот град. Град на кариоките, најпознатите плажи на светот, звуците на самба и боса нова, фудбалот на песокот и коктелите со тропски вкусови. Тука деновите се исполнети со сонце, океански бранови и опуштена атмосфера, а вечерите со музика, танц и незаборавен ноќен живот.

Аргентина и Бразил се многу повеќе од две земји на мапата. Тие се танго и самба, вино и каипириња, градски булевари и тропски шуми, моќни водопади и бескрајни плажи. Патување што нè води од урбаната елеганција на Буенос Аирес, преку неверојатната сила на природата во Игуасу, до сончевата магија на Рио де Жанеиро.

Две земји, три незаборавни дестинации и безброј причини да се вљубите во Јужна Америка. Затоа што некои патувања не се само места што ги посетуваме, туку чувства што ги носиме со себе долго откако ќе се вратиме дома.

Создаваме спомени – од ритамот на тангото до брановите на Копакабана!


Рута
Скопје
Белград
Франкфурт
Буенос Аирес (Buenos Aires)
Игуасу (Iguazu)
Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
Франкфурт
Белград
Скопје

Превоз
Авион, Автобус, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Аргентина, Јужна Америка
Видови патувања
Далечни Патувања 🌍
Код на патување
AB2
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на патниците во Скопје и трансфер до аеродромот во Белград, Србија. Лет од Белград до Буенос Аирес (Buenos Aires) со преседнување во Франкфурт. 

Превоз

  • Приватен трансфер од Скопје до аеродромот во Белград
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Белград - Франкфурт, во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт - Буенос Аирес, во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Белград
  • Франкфурт

Пристигнување во раните утрински часови во волшебниот Буенос Аирес, градот на тангото, страста и незаборавната атмосфера! Живописен, елегантен и полн со контрасти, овој град е место каде европскиот шарм се спојува со латиноамериканскиот темперамент. Од колоритните улички на Ла Бока и раскошната архитектура на историските квартови, до автентичните кафулиња, традиционалните ресторани и ритамот на тангото што се чувствува на секој чекор. Буенос Аирес е град кој не се посетува само со очите, туку и со срцето! Трансфер до сместувањето. Вечерта уживаме во звуците на аргентинската музика и професионално танго шоу. Ноќевање 

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување.

Сместување

Grand King Hotel 1 ноќ

Место

  • Буенос Аирес (Buenos Aires)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот се упатуваме на факултативниот излет – Буенос Аирес и делтата Тигре. Ги истражуваме најпознатите знаменитости на аргентинската престолнина, од историскиот плоштад Плаза де Мајо и Обелискот, до колоритниот кварт Ла Бока, стадионот Ла Бомбонера и модерниот Пуерто Мадеро. Ја посетуваме и елегантната Реколета, како и познатата книжарница El Ateneo Grand Splendid. Потоа продолжуваме кон Тигре, каде нè очекува живописно возење со брод низ прекрасната делта, опкружени со природа и канали. За крај, го посетуваме традиционалниот пазар Puerto de Frutos, пред да се вратиме во Буенос Аирес со нови впечатоци и прекрасни спомени! Ноќевање 

Сместување

Grand King Hotel 1 ноќ

Место

  • Буенос Аирес (Buenos Aires)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, време е да ја откриеме фудбалската страст што го движи Буенос Аирес! Во градот каде што фудбалот е многу повеќе од спорт, се упатуваме во авантура посветена на двата најголеми ривали во аргентинскиот фудбал – Бока Јуниорс и Ривер Плејт.
Во придружба на специјализиран фудбалски водич, ги посетуваме легендарните стадиони Ла Бомбонера, домот на Бока Јуниорс, и Монументал, домот на Ривер Плејт. Ги истражуваме нивните музеи, ги откриваме приказните за славните фудбалери и дознаваме повеќе за историското ривалство што со децении ги дели, но и ги обединува навивачите на Аргентина. Со опцијата Full Visit, имаме можност да ги посетиме и стадионските трибини однатре и да ја почувствуваме атмосферата на местата каде што се испишувала фудбалската историја.
За крај, ја продолжуваме приказната за една од најголемите фудбалски легенди на сите времиња – Диего Марадона, со посета на бар посветен на неговиот лик и дело. Ова е доживување што не треба да се пропушти, без разлика дали сте страстен љубител на фудбалот или едноставно сакате да ја запознаете автентичната култура на Аргентина. Затоа што во Буенос Аирес, фудбалот не е само игра – тој е страст што се живее секој ден! Ноќевање

Сместување

Grand King Hotel 1 ноќ

Место

  • Буенос Аирес (Buenos Aires)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, време е за автентична аргентинска авантура! Денес ја напуштаме градската врева на Буенос Аирес и се упатуваме кон традиционален аргентински ранч, каде што ќе ги запознаеме обичаите и начинот на живот на легендарните гаучоси – аргентинските каубои. Нè очекува топло добредојде, време за уживање во природата и различни активности на отворено, меѓу кои и јавање коњи. Потоа следува традиционален аргентински ручек со скара, а доживувањето продолжува со народна музика, танци и импресивни гаучо изведби на коњи. Ден исполнет со вкусна храна, музика, коњи и автентична атмосфера, кој ни ја открива поинаквата страна на Аргентина – онаа на широките рамнини, селските традиции и гостопримството! Ноќевање

 

Сместување

Grand King Hotel 1 ноќ

Место

  • Буенос Аирес (Buenos Aires)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, се одјавуваме од сместувањето во Буенос Аирес и се упатуваме кон аеродромот, од каде што нè очекува лет до Игуасу – следната станица на нашата аргентинско/бразилска авантура! По пристигнувањето, организиран трансфер нè носи до хотелот, каде што се сместуваме и имаме време за одмор. Го искористуваме остатокот од денот за опуштање и првите впечатоци од оваа дестинација, позната по својата бујна тропска природа и спектакуларните водопади Игуасу. Утре нè очекува нова авантура и едно од највпечатливите природни чуда на Јужна Америка!

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Буенос Аирес - Игуасу, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

JL Hotel by Bourbon 1 ноќ

Место

  • Игуасу (Iguazu)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се будиме и по појадокот се упатуваме кон едно од највеличествените природни чуда на светот – водопадите Игуасу! Денот го поминуваме во истражување на Националниот парк Игуасу, каде нè очекуваат моќни водопади, бујна тропска вегетација и неверојатни панорамски погледи. Ќе прошетаме по Горната и Долната патека, а посебен впечаток ќе ни остави Ѓаволското грло (Devil’s Throat), каде огромната количина вода создава спектакуларна глетка и незаборавно чувство на восхит. Ги полниме фотоапаратите со прекрасни фотографии и уживаме во магијата на природата што нè опкружува. По ова незаборавно доживување, се враќаме во хотелот, исполнети со нови спомени и впечатоци од едно од најимпресивните места во Јужна Америка. 

Сместување

JL Hotel by Bourbon 1 ноќ

Место

  • Игуасу (Iguazu)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се будиме и по појадокот се упатуваме кон бразилската страна на водопадите Игуасу, каде нè очекува уште една средба со неверојатната моќ на природата. Влегуваме во Националниот парк Игуасу и ја следиме панорамската патека долга околу 1,2 километри, од каде се отвораат спектакуларни погледи кон водопадите од различни перспективи. Ќе уживаме во глетката на бескрајните водени каскади, тропската вегетација и величественото Ѓаволско грло (Devil’s Throat), еден од најимпресивните делови на водопадите. Подготвени за прекрасни фотографии и моменти што се паметат засекогаш, ја доживуваме оваа природна убавина од поинаква перспектива. По разгледувањето, се враќаме во хотелот, исполнети со нови впечатоци од магичниот свет на Игуасу. По екскурзијата имаме лет од Игуасу до Рио де Жанеиро. 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Игуасу - Рио де Жанеиро во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Scorial Rio Hotel 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден го започнуваме со статуата на Исус Христос Искупителот на ридот Корковадо која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е сместена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од која се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Потоа продолжуваме до двата најубави видиковци во Рио -- Visa Chinesa и Donna Marta. Нашата авантура ја завршуваме во пакот Лага, одмараме по напорниот ден во бескрајното зеленило на овој живописен парк. Враќање во сместувањето.

Сместување

Scorial Rio Hotel 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок, време е за нова авантура. Заминуваме на другата страна на Рио и ја посетуваме прочуената Шеќерна Глава.  Планината го добила ова име поради нејзиниот облик, а Бразил е најголемиот извозник во светот токму на шеќер. Баш оттука е и прочуениот поглед на областа Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа следи посета на боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови. Одиме на обилен бразилски ручек каде можете да вкусите автентични јадења како што се на пример феижоаде (црн грав), мокеке (“бразилска паеља“), pao de queijao (пециво со сирење), но и многу други Бразилски деликатеси. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. Некогаш големите хангари, неодамна се искористени за израз на алтернативна уметност. Графитите го отсликуваат олимпискиот дух и планетарно заедништво во автохтон стил. Тука и ги посетуваме познатите шарени скали -- Selaron Steps. Продолжуваме кон спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти -- стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Маракана" со трагедијата„ кога во 1950. година шокантно им избега титулата светски првак.

Сместување

Scorial Rio Hotel 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По напуштање на сместувањето ни останува уште малку слободно време за купување сувенири и уживање во сонцето на Рио. Трансфер до аеродром и лет за Белград со преседнување.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рио де Жанеиро - Франкфурт, во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
  • Франкфурт

Пристигнување во Белград. Приватен трансфер на релација Белград - Скопје. Крај на патувањето. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт - Белград, во економска класа со вклучен багаж
  • Приватен трансфер од аеродромот во Белград до Скопје

Место

  • Франкфурт
  • Белград
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализација на патувањето (пр. Буенос Аирес - Игуасу и Игуасу - Рио де Жанеиро). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противвредност) се нерефундабилни!

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Grand King Hotel Пример 4 ноќи
JL Hotel by Bourbon Пример 2 ноќи
Scorial Rio Hotel Пример 3 ноќи

Превоз

  • Приватен трансфер од Скопје до аеродромот во Белград
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Белград - Франкфурт, во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт - Буенос Аирес, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување.
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Буенос Аирес - Игуасу, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Игуасу - Рио де Жанеиро во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рио де Жанеиро - Франкфурт, во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт - Белград, во економска класа со вклучен багаж
  • Приватен трансфер од аеродромот во Белград до Скопје

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Танго вечер во Буенос Аирес

Танго вечер во Буенос Аирес
Цена: 130,00 EUR

Ја доживуваме една од најпрепознатливите културни традиции на Аргентина со незаборавна танго вечер во Буенос Аирес! Не очекува посета на традиционална танго куќа, каде музиката, танцот и емоциите се спојуваат во вистински спектакл. Уживаме во настапот на професионални танчери, заводливите чекори на тангото и звуците на музиката што ја раскажува приказната за страста и елеганцијата на аргентинската култура.

Ова е можност одблизу да ја почувствуваме автентичната атмосфера на Буенос Аирес и да откриеме зошто тангото е толку важен дел од идентитетот на Аргентина. Не очекува вечер исполнета со музика, танц и незаборавни моменти во традиционален амбиент.

Важна напомена: Распоредот на седење го одредува директно танго куќата. Агенцијата нема можност да избира или да гарантира конкретна маса или зона за седење.

Во цената на излетот е вклучено: трансфери според предвидениот план и програма, претставник од агенцијата. 
Времетраење на излетот: околу 4 часа
Цената на излетот е за пријавени 10 патници. 

Buenos Aires & Tigre Delta tour

Buenos Aires & Tigre Delta tour
Цена: 100,00 EUR

Целодневно истражување на аргентинската престолнина и нејзините природни убавини! Започнуваме со Плаза де Мајо, историскиот плоштад на градот, а продолжуваме кон познатиот Обелиск, колоритниот кварт Сан Телмо и шарената улица Каминито во Ла Бока. Ќе го видиме и стадионот Ла Бомбонера однадвор, домот на славниот фудбалски клуб Бока Јуниорс. Потоа се упатуваме кон модерниот кварт Пуерто Мадеро, каде што се наоѓа препознатливиот мост Пуенте де ла Мујер.
Нашето истражување продолжува низ елегантната Реколета, покрај планетариумот Галилео Галилеј и впечатливиот цветен споменик Флоралис Генерика. Ја посетуваме и познатата книжарница El Ateneo Grand Splendid, сместена во поранешен театар, која важи за едно од највпечатливите места во градот.
По разгледувањето на градот, продолжуваме кон Тигре, област позната по прекрасната делта на реката Парана. Таму нè очекува живописно возење со брод низ мрежата од канали и речни ракави, опкружени со зеленило и куќи покрај вода. За крај, го посетуваме традиционалниот пазар Puerto de Frutos, каде што можеме да разгледаме локални ракотворби, сувенири и производи. По исполнетиот ден, се враќаме во Буенос Аирес со нови впечатоци и уште подобро запознавање со аргентинската престолнина и нејзината околина.

Во цената на излетот е вклучено: трансфери според предвидениот план и програма, билет за возење со брод, локален водич, преставник од агенцијата.
Времетраење на излетот: околу 8-9 часа
Цената на излетот е за пријавени 10 патници. 

Фудбалската магија - LA BOMBONERA & MONUMENTAL

Фудбалската магија - LA BOMBONERA & MONUMENTAL
Цена: 120,00 EUR

Подготвени за фудбалска авантура во срцето на Аргентина? Буенос Аирес е град во кој фудбалот е многу повеќе од спорт – тој е страст, традиција и начин на живот! Во придружба на специјализиран фудбалски водич, ги посетуваме двата легендарни стадиони Ла Бомбонера, домот на Бока Јуниорс, и Монументал, домот на Ривер Плејт. Ги истражуваме музеите, ги откриваме приказните за славните фудбалери и историското ривалство што ги прави овие клубови симболи на аргентинскиот фудбал. Со опцијата Full Visit имаме можност да ги посетиме и стадионските трибини одвнатре и да ја почувствуваме атмосферата на местата каде што се испишувала фудбалската историја. За крај, ја продолжуваме приказната за аргентинската фудбалска легенда Диего Марадона со посета на бар посветен на неговиот лик и дело. 
Доживување што вреди да се доживее без разлика дали сте голем љубител на фудбалот или едноставно сакате да ја запознаете автентичната култура на Аргентина – бидејќи во Буенос Аирес фудбалот не е само спорт, туку страст што се живее секој ден!

Во цената на излетот е вклучено: трансфери според предвидениот план и програма, специјализиран водич за фудбал, влезница за музејот на Бока Јуниорс, влезница за музејот на Ривер Плејт, full visit билети за стадионите на Бока Јуниорс и Ривер Плејт со посета на трибините, преставник од агенцијата.
Времетраење на излетот: околу 5-6 часа
Цената на излетот е за пријавени 10 патници. 

Fiesta Gaucha: Traditional Gaucho day

 Fiesta Gaucha: Traditional Gaucho day
Цена: 160,00 EUR

Подготвени за автентична аргентинска авантура? Денес ја напуштаме градската врева на Буенос Аирес и се упатуваме кон традиционален аргентински ранч, каде што нè очекува средба со животот, обичаите и културата на аргентинското село.
Денот започнува со топло добредојде и појадок, по што имаме време да уживаме во природата и да се запознаеме со животот на аргентинското село. Нè очекуваат различни активности на отворено, меѓу кои и јавање коњи – можност да ја почувствуваме слободата на аргентинските рамнини и традицијата на гаучосите, легендарните аргентински каубои.
Подоцна следува традиционален аргентински ручек со скара, а доживувањето продолжува со народна музика, танци и импресивни гаучо изведби на коњи. Ова е ден исполнет со автентични вкусови, музика, коњи и гостопримство, кој ни ја открива поинаквата страна на Аргентина – далеку од големиот град, во срцето на нејзините селски традиции!

Во цената на излетот е вклучено: трансфери според предвидениот план и програма, традиционален појадок, традиционален аргентински ручек, јавање коњи, аргентинска фолклорна програма, гаучо изведба на коњи, локален водич, преставник од агенцијата.
Цената на излетот е за пријавени 10 патници. 
 

Игуасу – Величествените водопади од аргентинската страна

Игуасу – Величествените водопади од аргентинската страна
Цена: 100,00 EUR

Откријте ја магијата на водопадите Игуасу од аргентинската страна, низ целодневна екскурзија во Националниот парк Игуасу, заштитен од УНЕСКО. Опкружени со бујна суптропска шума и неверојатна природна убавина, ќе ги истражиме трите главни патеки – Долното коло, Горното коло и спектакуларното Ѓаволско грло (Devil’s Throat). Подгответе се за импресивни панорамски погледи, моќни водопади и незаборавна средба со едно од највеличествените природни чуда на Јужна Америка.

Во цената на излетот е вклучено: трансфери според предвидениот план и програма, локален водич, претставник од агенцијата. 
Цената на излетот е за пријавени 10 патници. 

Игуасу – Панорамски поглед од бразилската страна

Игуасу – Панорамски поглед од бразилската страна
Цена: 85,00 EUR

Откријте ја неверојатната убавина на водопадите Игуасу од бразилската страна, низ четиричасовна екскурзија во Националниот парк Игуасу. Поаѓаме од хотелот кон овој заштитен природен предел, дом на богат екосистем и спектакуларни водопади создадени од реката Игуасу. Ќе прошетаме по панорамската патека долга околу 1,2 километри, од каде се отвораат прекрасни погледи кон водените каскади од различни перспективи. Посебен впечаток ќе ни остави величественото Ѓаволско грло (Devil’s Throat), каде водата ја покажува својата неверојатна моќ. Екскурзијата ја завршуваме во близина на Porto Canoas, уживајќи во уште неколку панорамски погледи кон ова природно чудо што со својата грандиозност остава без здив.

Во цената на излетот е вклучено: трансфери според предвидениот план и програма, локален водич, претставник од агенцијата. 
Времетраење на излетот: околу 4 часа
Цената на излетот е за пријавени 10 патници. 

Статуата на Исус Христос Искупителот, Дона Марта и Лaге

Статуата на Исус Христос Искупителот, Дона Марта и Лaге
Цена: 80,00 EUR

Овој ден го започнуваме со статуата на Исус Христос Искупителот на ридот Корковадо која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е сместена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од која се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Доколку временските услови ни дозволат денот ќе го разведриме со погледот од видиковецот Vista Chinesa, кај градбата која ја подигнале кинески имигранти на местото каде уживале во опиум бегајќи од тешката работа во хациендите околу Рио. Одиме и до видиковецот Дона Марта, од каде имаме панорамски поглед над градот, оттука ги забележуваме Шеќерната глава, стадионот Маракана, заливите Гуанабара и Корковадо. На крајот од денот се одмараме во зеленилото на паркот Лaге, или „Паркот на лагите“, каде што има прекрасна вила од почетокот на минатиот век што еден богат индустријалец и ја подарил на својата сопруга за таа да има простор за одржување на нејзините музички настани. Се шетаме и уживаме во зеленилото на овој парк.

Во цената на излетот е вклучено: транспорт, локален водич и билет за воз до статуата на Исус Спасителот.

Шеќерна глава, Олимписки булевар и стадионот Маракана

Шеќерна глава, Олимписки булевар и стадионот Маракана
Цена: 90,00 EUR

Заминуваме на другата страна на Рио и ја посетуваме прочуената Шеќерна Глава, која се наоѓа над заливот Гуанабара, чиешто име го симболизира издигнувањето на островот од заливот - кој е дел од атлантскиот океан. Планината го добила ова име поради нејзиниот облик, а Бразил е најголемиот извозник во светот токму на шеќер. Баш оттука е и прочуениот поглед на областа Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа следи посета на боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови. Одиме на обилен бразилски ручек каде можете да вкусите автентични јадења како што се на пример феижоаде (црн грав), мокеке (“бразилска паеља“), pao de queijao (пециво со сирење), но и многу други Бразилски деликатеси. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. Некогаш големите хангари, неодамна се искористени за израз на алтернативна уметност. Графитите го отсликуваат олимпискиот дух и планетарно заедништво во автохтон стил. Продолжуваме кон спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти е стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950. година шокантно им избега титулата светски првак.

Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и билет за жичарница за Шеќерната Глава.

Во цената не е вклучен: ручек, влезница на стадионот - Maracanã

Сместување

Grand King Hotel

Grand King Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Grand King Hotel e лоциран во централниот дел на градот, во близина на познатата улица Флорида и главните градски атракции. Хотелот располага со двокреветни и трокреветни соби опремени со сопствено купатило, клима уред, сеф, телевизор и бесплатен интернет. На располагање се ресторан, бар и рецепција отворена 24 часа. 
Сместувањето е на база ноќевање со појадок. 

Вебсајт https://www.grandking.com.ar

Адреса Lavalle 560
C1047 Cdad. Autónoma de Buenos Aires
Argentina

JL Hotel by Bourbon

JL Hotel by Bourbon
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

JL Hotel by Bourbon 4* е модерен хотел сместен во централниот дел на Фоз до Игуасу, Бразил, кој нуди удобност и практична локација за истражување на регионот. Се наоѓа веднаш спроти трговскиот центар Cataratas JL Shopping, а гостите имаат на располагање ресторан, бар, надворешен базен, фитнес-центар и комфорни соби опремени за пријатен престој. Благодарение на добрата поврзаност со главните атракции во регионот, хотелот е одлична база за посета на величествените водопади Игуасу и откривање на природните убавини на оваа област. 

Вебсајт https://www.jlhotelbybourbon.com.br/

Адреса Av. Costa e Silva
154 - Centro
Foz do Iguaçu - PR
85863-000
Brazil

Scorial Rio Hotel

Scorial Rio Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Scorial Rio Hotel е хотел со 4* (по локална категоризација) во Рио де Жанеиро, Бразил. Хотелот се наоѓа на одлична локација на само 5-10 минути пешки од плажата Flamengo, а близу до хотелот има и метро станица која го поврзува хотелот со целиот град. Хотелот има сопствена руфтоп тераса со панорамски поглед над Рио, 2 базени, бар, ресторан, фитнес центар и сауна. Се сместуваме во двокреветни соби со телевизор, пешкири, фен, минибар, и WiFi интернет. 

Услугата е на база ноќевање со појадок,

Вебсајт https://scorial.com.br/

Адреса R. Bento Lisboa
155 - Flamengo
Rio de Janeiro - RJ
22221-010
Brazil

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.