Нова Година Перу, Боливија и Чиле

Нова Година Перу, Боливија и Чиле

цена од
2.550
EUR ,00
траење
22 дена
Пријави се Барање
Барање

Лима, Куско, Мачу Пикчу, Ла Паз, Салар де Ујуни, Сан Педро де Атакама, Сантјаго де Чиле. Сурфање во Лима, посета на познатите пазар на Инките во Куско, Патот на инките, посета на Долината на Инките и Мачи Пикчу, пазарот на вештерки во Ла Паз, планинарење на 5400м на Чакалтајa, месечевата долина на 4500м, "Death Road", посета на солените езера во Боливија, преоѓање на Андите до Чиле! Природа поради која се чувствуваме подобро и поубаво! Анди... предели од кои на Инките и нивните богови им сопира здивот. Необично патување во далечна и необична земја. Храмови, градови на Инките, модерни метрополи, астрологија, изненадувања, листови кока во чај, племенски врачеви, пазари, портокалов компир, пастрмка, кактуси, зачини...


Рута
Белград
Доха
Лима
Куско (Cusco)
Пуно
Ла Паз
Салар де Ујуни
San Pedro de Atacama (Атакама)
Сантјаго де Чиле
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Експедиции
Дестинации
Јужна Америка, Перу
Код на патување
PBC1
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на аеродромот „Никола Тесла“ три часа пред летот. Лет  QR232во 11:40 од Белград за Доха. Пристигнување во Доха во 18:45 по локално време. Ноќевање во организација на Qatar Airways.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа

Сместување

Хотел/Хостел 1 ноќ

Место

  • Белград
  • Доха

Лет QR773 од Доха до Сао Паоло во 07:20. Пристигнување во Сао Паоло во 18:20h по локално време.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Сао Паоло, во економска класа

Трансфер на лет let LA 8100  за Лима во 03:50. Пристигнување во Лима во 07:00 по локално време. Трансфер до сместувањето кое се наѓа во дел од Лима кој е безбеден, опуштен, блиску до океанот и до плажите за сурфање, дискотеките и местата за забава. Факултативен излет разгледување на историскиот центар на Лимакатедралите, Плоштадот на Оружјето( Plaza del Armas), Народниот музеј, Палатата на правдата, Плоштадот Сан Мартин (San Martin). Во близина на историскиот центар е и познатата црква Свети Франциско (San Francisco) со катакомби во внатрешноста на нејзините ѕидови. Истражување на Мирамар (Miramar)дел од Лима кој се наоѓа покрај брегот на Пацификот, паркот Кенеди (Kennedy), паркот и плоштадот на Љубовта (Plaza y parque del Amor) и преубавиот Баранко (Barranco).  

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Сао Паоло - Лима, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел *** во Лима 1 ноќ

Место

  • Лима

Факултативни излети

Лет LA 2123 во 09:07 до Куско (Cusco). Пристигнување во Куско во 10:34 - некогашна престолнина на Инките, денес бисер на Андите кој ги чува украсните балкони на шпанската архитектура и опколен е со складно поврзаните блокови на Инките.  Факултативен излет – разгледување на градот – Plaza del Armas, Плоштадот Сан Фанциско (San Francisсо), локалниот пазар, катедралата Санто Доминго (Santo Domingo), боемската четврт Сан Блас (San Blas)... Враќање во сместувањето

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Лима - Куско, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Светата долина на Инките: факултативен излет. Древни градови во долината на Инките кои се наоѓаат во цврста прегратка на реката Урубамба (Urubamba): Писак (Pisaс), Олантајтамбо (Ollantaytambo) и Чинчеро (Chinchero), живописни и во некои аспекти поинтересни градови на Инките и од самиот Мачу Пикчу (Machu Picchu). Се запознаваме со традицијата и наследството од времето на Инките: земјоделски лаборатории, градежни потфати, занаетите како ткаење и изработка на сребро итн. Запознаваме голем број туристи од сите делови на светот. Пиеме јаки растителни чаеви кои треба да нѝ дадат сила да ја издржиме височината. Одиме подалеку кон небото... Враќање во Куско. 

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Факултативни излети

Факултативен излет за планината Виникунка (Vinicunca) – или како што ја нарекуваат – Rainbow Mountain. Целодневен трекинг на височина од 5.000 метри и восхитување на природата која нѐ опкружува – стада на алпаки, снежни врвови и разлижни бои кои се прелеваат во зависност од минерализацијата на почвата. Враќање во Куско.

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Факултативни излети

Дводневен факултативен излет на Мачу Пикчу (Machu Picchu). Трансфер од Куско до Олантајтамбо каде се качуваме на познатиот воз за Аквас Калиентес (Aguas Calientes), бајковито место низ кое тече реката Урубамба, чиј назив во превод значи Света река. Трансфер до сместувањето. 

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Факултативни излети

Продолжение на излетот на Мачу Пикчу. Влез во историското наоѓалиште и градот кој бил центар на Инките. Луѓе од виското општество на Инките доаѓале тука на одмор! Чувството е неверојатно. Го истражуваме мистериозниот град на Инките, ги разгледуваме тврдините и рушевините, ја слушаме приказната за големото царство на Инките. Попладне се качуваме на воз и се враќаме во Олантајтамбо, а потоа и во Куско.

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Факултативни излети

Слободен ден или можност за факултативен излет zip line над долината на реката Урубамба. Попладне имаме слободно време за купување на џемпери од волна од лама, чудотворни лековити производи, сувенири со мотиви од Инките... Тонеме во мисли за овие древни и чудесни цивилизации! Подготовка за дочекот на на Новата Година. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА 

Сместување

Guesthouse во Куско 1 ноќ

Место

  • Куско (Cusco)

Факултативни излети

Одјавување од сместувањето. Трансфер односно целодневно возење до Пуно. Пристигнување во Пуно.

Превоз

  • Трансфер од Куско до Пуно

Сместување

Хотел *** во Пуно 1 ноќ

Место

  • Пуно

Факултативен излет на пловечките острови, изградени од трски тотори, кои се населени од народот Урос (Uros) и островот Такиле (Taquile) каде ќе видиме како овие народи живеат на височина од преку 4.000 метри. Денот го поминуваме со заедниците на луѓе кои живеат на еден несекојдневен и традиционален начин. По завршување на излетот имаме уште малку  време за купување на сувенири и враќање во Пуно.

Сместување

Хотел *** во Пуно 1 ноќ

Факултативни излети

Одјавување од сместувањето и трансфер до Ла Паз, една од трите престолнини на Боливија. 

Превоз

  • Трансфер од Пуно до Ла Паз

Сместување

Hotel *** во Ла Паз 1 ноќ

Место

  • Ла Паз

Слободен ден или можност за организирање на факултативен излет на „death road“, познатиот Пат на смртта – Јунгас (Jungas). Спуштање со велосипеди од 5.000 метри на 1.300 метри низ планината со невидена брзина! Доколку сакате можете да брзате низ нереалните пејзажи или полека да се возите низ шуми, водопади, карпи итн. Во деведесеттите години овој пат е прогласен за најопасниот пат на светот. Денес од тука повеќе не поминуваат камиони како некогаш, но затоа се тука љубителите на брзина на downhill велосипеди. Самиот пат исто така крие бројни мистерии. Изграден е во триесеттите години од минатиот век од парагвајски заробеници, а во периодот на Студената војна служел како прибежиште на злогласниот нацист кој станал најголемиот narco boss во Боливија. Враќање во Ла Паз. Луд ноќен живот во баровите. 

Сместување

Hotel *** во Ла Паз 1 ноќ

Место

  • Ла Паз

Напуштање на сместувањето и факултативен излет – разгледување на Ла Паз, еден од највисоките градови на светот. Ги разгледуваме вештерските пазари и центарот на градот. Чудни Индијанци кое се облекле во одела и живеат во големата метропола. Продолжуваме со излетот со посета на Долината на Месечината. Вечерта се упатуваме кон Салар де Ујуни.

Превоз

  • Ноќно возење од Ла Паз до Салар де Ујуни

Место

  • Ла Паз

Факултативни излети

Пристигнуваме во Салар де Ујуни, се качуваме во џипови и тргнуваме во тридневна авантура. Го преминуваме најголемото по површина солено земјиште на светот кое се простира на површина од преку 10 илјади квадратни километри. Облаците се рефлектираат во непрегледната белина, а ние го посетуваме споменикот Дакар и ги правиме најлудите фотографии. 

Превоз

  • Тридневно возење со џипови преку Андите

Сместување

Сместување во Салар де Ујуни 1 ноќ

Место

  • Салар де Ујуни

Храна

  • Ручек × 1
  • Вечера × 1

Обиколка на езера со необични бои и нереални предели – Лагуна Верде (Laguna Verde), Лагуна Роха (Laguna Roja), вулкани и гејзери, кањони и природа каква досега не сме имале можност да видиме... Се упатуваме кон Чиле. 

Сместување

Сместување во Салар де Ујуни 1 ноќ

Место

  • Салар де Ујуни

Храна

  • Појадок × 1
  • Ручек × 1
  • Вечера × 1

Преминување преку Андите, необични бои, облаци на дофат на раката, фламингоси и нестварен свет околу нас. Стигнуваме во Сан Педро де Атакама во Чиле.

Сместување

Хостел во San Pedrо de Atacamа 1 ноќ

Место

  • San Pedro de Atacama (Атакама)

Храна

  • Појадок × 1

Трансфер до Калама и лет LA 349 во 10:39 за Сантјаго де Чиле. Пристигнување во Сантјаго де Чиле во 12:41. Главниот град на Чиле кој е сместен во централната долина на земјата на височина од 520 метри. Трансфер до сместувањето. Факултативен излет – разгледување на градот од кој од секој дел можат да се видат врвовите на Андите, ќе ги посетиме знаменитостите од колонијалниот период, Зградата на театарот, Националната библиотека, Музејот на ликовни уметности, старата зграда на Конгресот, но и модерни згради како што е Gran Santiago Torre која е највисоката зграда во цела Латинска Америка

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Калама - Сантјаго де Чиле, во економска класа

Сместување

Хостел во Сантјаго 1 ноќ

Место

  • Сантјаго де Чиле

Факултативен излет до Валпраисо (Valparaiso), прекрасен град на брегот на Пацификот, кој е преполн со шарени куќички и е под заштита на УНЕСКО. Враќање во Сантјаго. 

Сместување

Хостел во Сантјаго 1 ноќ

Место

  • Сантјаго де Чиле

Факултативни излети

Слободно време во Сантиаго до поаѓањето на аеродром. Лет LA 8041 во 18:50 зa Сао Паоло. Пристигнување во Сао Паоло во 22:55.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Сантјаго де Чиле - Сао Паоло, во економска класа

Место

  • Сантјаго де Чиле

Трансфер за лет за Доха. Лет QR 774 во 03:20 од Сао Паоло за Доха. Пристигнување во Доха во 23:55.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Сао Паоло - Доха, во економска класа

Место

  • Доха

Трансфер на лет за Белград. Лет QR 231 во 07:00 од Доха. Пристигнување во Белград во 10:40. Крај на патувањето.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа

Место

  • Доха
  • Белград

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Хотел/Хостел Пример 1 ноќ
Хотел во Лима Пример 1 ноќ
Guesthouse во Куско Пример 6 ноќи
Хотел во Пуно Пример 2 ноќи
Hotel во Ла Паз Пример 2 ноќи
Сместување во Салар де Ујуни Пример 2 ноќи
Хостел во San Pedrо de Atacamа Пример 1 ноќ
Хостел во Сантјаго Пример 2 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Доха - Сао Паоло, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Сао Паоло - Лима, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Лима - Куско, во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Куско до Пуно
  • Трансфер од Пуно до Ла Паз
  • Ноќно возење од Ла Паз до Салар де Ујуни
  • Тридневно возење со џипови преку Андите
  • Авионски билет со сите такси на релација Калама - Сантјаго де Чиле, во економска класа
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Сантјаго де Чиле - Сао Паоло, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Сао Паоло - Доха, во економска класа
  • Авионски билет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа

Храна

2 × Ручек , 2 × Вечера , 2 × Појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Боливија
  • Излезна такса за Боливија (25 УСД)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Лима City Tour

Лима City Tour
Цена: 45,00 EUR

После прошетката во паркот Кенеди (Kennedy) кој уште го нарекуваат и Паркот на мачките одиме со автобус до историскиот центар на Лима. Тука за прв пат се среќаваме со шпанското колонијално наследство и дознаваме зошто речиси секој плоштад во Јужна Америка се вика Plaza del Armas. Доколку нѝ се укаже прилика ќе присуствуваме на смената на стража на плоштадот каде со сета помпа Перуанците потсетуваат на својата борба за независност во XIX век. Потоа се упатуваме кон колоритниот дел на градот покрај брегот кој се вика Баранко (Barranco). Доколку сакате може да уживате во свежата морска храна во рестораните со најубавиот поглед на Тихиот Океан во Лима. Tука нѐ чекаат бројни специјалитети како chicha morade и ceviche. Попатно, се фотографираме пред многубројните графити кои го красат овој крај. Ќе одиме и до романтичниот Мост на воздишките. Подоцна ќе се прошетаме и низ Паркот на љубовта каде ќе го дочекаме залезот на сонцето.

Светата долина на Инките

Светата долина на Инките
Цена: 75,00 EUR

Светата долина на Инките – целодневен излет – На овој целодневен излет се запознаваме со древната цивилизација на Инките. Посетуваме три големи археолошки наоѓалишта. Писак (Pisaс), Олантајтамбо (Ollantaytambo) и Чинчеро (Chinchero) се места на кои ќе го разбереме секојдневниот живот на Инките и на нивните поданици. Ќе ги слушаме приказните на нашиот локален водич за боговите кои ги обожавале, како ја чувале храната, како транспортирале стоки, како комуницирале итн. Оваа цивилизација го доживеала својот зенит во текот на XV век, а веќе во средината на XVI век била покорена од страна на шпанските конкистадори. Сите споменати локалитети се наоѓаат во магичната природа околу реката Урубамба (Urubambа). Писаксе наоѓа покрај реката Урубамба, која на Кечуа (Quechua) и Ајмара (Aymara) јазиците се вика Вилканота (Vilcanota), а денес на локалитетот може да се видат тераси кои Инките ги користеле за одгледување на различни култури на големи надморски височиниOлантајтамбо е стара престолнина која ја основал владетелот Пачакути (Pachacuti) и во неа изградил куќи и церемонијален центар. Поголемиот дел од населението кое живее во Чинчерo се потомци на стариот народ Кечуа и тука ќе имаме можност да се запознаеме со деталите за нивниот живот и уредување. На овој излет освен со археолошките локалитети ќе се запознаеме и со конкретни занаети, па ќе научиме на пример како се бојат ткаенините или како се препознава вистинско сребро. Исто така, ќе посетиме и селски пазар каде покрај сувенирите ќе можеме да се сликаме и со припитомени лами. Во текот на овој ден имаме и вклучен ручек во најпознатиот ресторан во оваа долина. Тука нѐ чека неограничено јадење на разновидна перуанска храна, а за ваквата разновидноста најдобро говори фактот дека само андските култури познаваат преку 3800 видови на компир.

*Во цената на излетот не е вклучена влезница и таа чини 70 PEN

Rainbow Mountain

Rainbow Mountain
Цена: 60,00 EUR

Rainbow Mountain – Најколоритниот ден на нашата експедиција е на 5000m надморска височина! Виникунка (Vinicunca), односно планината во седум бои на Квечуа (Quechua) јазикот, е новооткриен феномен кој никого не остава рамнодушен. Пејзажот надополнет со стадата алапаки и снежните врвови е идеален за уживање во искачувањето и набљудување на боите на оваа планина. Најживописниот детал од нашето патување нѐ чека после раноутринското поаѓање од Куско, поранешната престолнина на Инките. За да стигнеме до врвот на Виникунка потребно е со бавно темпо, џвакајќи листови кока кои помагаат против висинската нелагодност, да се искачиме совладувајќи неколку стотини метри во зависност од базата на која ќе бидеме стационирани. За оние кои ќе се изморат постои опција за изнајмување на коњ кој полека ќе ве пренесе низ магичната планина со нестварни бои и нијанси на Виникунка. Во цената на излетот е вклучено: трансфер според планот и програмата, локален водич на англиски јазик, влезници за Rainbow Mountain, оброк.

Мачу Пикчу

Мачу Пикчу
Цена: 105,00 EUR

Најпознатиот град на Инките, во долината на реката Урубамба, недалеку од Светата долина, бил непознат за шпанските конкистадори и западната цивилизација до 1911 година. На списокот на светско наследство на УНЕСКО е од 1983 година. Скриената престолнина на Инките била изградена околу 1450 година, а напуштена 100 години подоцна, со доаѓањето на шпанските конкистадори. На самиот локалитет има делови каде што живееле, храмови посветени на богот на сонцето, разни скулптури, астрономски часовници, па дури и гробници, како и патеки по кои гласниците (гласниците) минувале низ планинските сртови. Во цената на патувањето е вклучено: локален водич на англиски јазик, организиран превоз според планираниот план, услуги на претставник на нашата агенција.

Zip Line над Урубамба (Urubambа)

Zip Line над Урубамба (Urubambа)
Цена: 30,00 EUR

Zip Line над Урубамба (Urubambа) – За љубителите на адреналински доживувања (а и за оние кои сега ќе станат). Летате како кондор по четири ленти над магичната долина Урубамба. Не пропуштајте да го победите стравот од височина на најубавиот начин. Спуст кој ќе го паметите и прераскажувате целиот живот! Можност од птичја перспектива да ги видите и да уживате во погледот на зелените Анди. Природата околу нас во нејзиното најубаво руво. Авантура која дополнително ќе го обележи вашето патување низ магичното Перу. Во цената на излетот е вклучено: трансфер според планот и програмата, инструктори.

Пловечки острови Урос (Uros) и Такиле (Taquile)

Пловечки острови Урос (Uros) и Такиле (Taquile)
Цена: 60,00 EUR

Пловечки острови Урос (Uros) и Такиле (Taquile)Незаборавна авантура на највисокото пловно езеро на светот – Титикака (Titicaca). Ќе зачекориме на пловечките острови од трска и ќе им бидеме гости на Уру народот кој сеуште живее во духот на својата традиција. Свет на Индијанците во кој само сте можеле да прочитате во книгите! На островот Такиле нѐ чека медитативна природа (остров на 4000 метри надморска височина), но и бројни изненадувања за занаетите на локалните жители. На островот ќе одиме на интересна трекинг авантура веднаш под синиот свод кој во далечината се спојува со самото езеро. Нѝ следи богата трпеза на сред езерото кое дише со посебна енергија и по кое пловат необични чамци со насмеана посада во народни носии. Во цената на излетот е вклучено: трансфер – пловење со брод, локален водич на англиски јазик, ручек.

Ла Паз и Долината на Месечината

Ла Паз и Долината на Месечината
Цена: 35,00 EUR

Со овој излет го запознаваме највисокиот главен град на светот кој се наоѓа на околу 3650m височина, како и неговата околина. Денот го започнуваме со осврт на шпанското колонијално наследство. На плоштадот Муриљо (Murillo) е погубен најголемиот борец за независност од мадридската круна, Педро Муриљо. На самиот плоштад се наоѓаат Катедралата, Конгресот, како и Претседателската палата. На ова место се запознаваме со политичкиот живот на Боливија и како во последните години го обележуваат кокаљеросите (Cocaleros) и претседателот Моралес. Ќе ја разгледаме и црквата Сан Франциско (San Francisco) која е специфична по тоа што иако е градена во барокен стил, содржи детали од автохтоните народи. При разгледувањето на Ла Паз ќе ги посетиме со автобус и видиковците на овој несекојдневен град меѓу кои и Киљи Киљи (Killi Killi) од кој ја има најубавата панорама и поглед од речиси 360 степени на планината Иљимани (Illimani). Ќе имаме можност да се возиме и со највисоката жичарница на светот која поминува низ еден град. Незаборавното искуство над Ла Паз ќе го надополниме со посета на Долината на Месечината. Таа  претставува чудесно обликуван релјеф кој потсетува на површината на Месечината што го потврдил и самиот Нил Армстронг. Поради силниот ветар и дожд, песокот и глината се поиграле со овој предел оставајќи ги посетителите без здив. Како со орнаменти просторот е украсен и со по некој кактус, единствената вегетација што може да опстане на ваков терен. Денот го завршуваме на Вештерскиот пазар. Тука може да се најдат многу необични предмети и сувенири како фетуси од лама кои локалното население ги жртвува на божицата на земјата, Пачамама.

Валпараисо (Valparaiso)

Валпараисо (Valparaiso)
Цена: 40,00 EUR

Посета на Валпараисо, живописно гратче на брегот на Пацификот кое е под заштита на UNESCO, а кое одишува со боемска и уметничка енергија, со бројни кафулиња, видиковци и шарени куќички. Овој град со право се нарекува „Бисер на Пацификот“ и денес има околу 275 000 жители. Градот претставува родно место на модерното Чиле со оглед на тоа дека тука се основани бројни институции како и најстариот весник на шпански јазик “El Mercurio”. Валпраисое местото во кое свое засолниште од прогонот нашол и славниот чилеански поет Пабло Неруда. Потоа го посетуваме Вино дел Мар (Vinо del Mar), познато летувалиште каде ги впиваме зраците на сонцето додека нозете нѝ ги заплискува водата на Тихиот Океан.

Сместување

Хотел/Хостел

Хотел/Хостел
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат тоалет.

Хостел е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација, но и за оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се повеќекреветни 1/2, 1/3, 1/4 со заеднички тоалети на секој спрат.

Хотел *** во Лима /

Хотел *** во Лима
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Лима е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Guesthouse во Куско

Guesthouse во Куско
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Гестхаус (Guesthouse) во Куско е сместувачки објект каде собите се генерално помалку пространи, со два кревети и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Хотел *** во Пуно

Хотел *** во Пуно
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Пуно е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Hotel *** во Ла Паз

Hotel *** во Ла Паз
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Ла Паз е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Собите поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање.

Сместување во Салар де Ујуни

Сместување во Салар де Ујуни
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместување во Салар де Ујуни е во базични шесткреветни соби во guestohouse (hospedaje) карактеристичен за пустинската област. Тоалетите се заеднички на секој кат.

Хостел во San Pedrо de Atacamа

Хостел во San Pedrо de Atacamа
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хостел во San Pedrо de Atacamа е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација, како и за оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се двокреветни. Услугата е на база ноќевање.

Хостел во Сантјаго

Хостел во Сантјаго
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хостелот во Сантјаго е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација, но и за оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се двокреветни. Услугата е на база ноќевање.

Останати поаѓања за Јужна Америка

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

*Za ovo putovanje neophodna je vakcina protiv žute groznice.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)