Мексико Авантура

Мексико Авантура

цена од
1.799
EUR ,00
сега од
1.299
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Насмеаното племе ги избегнува бетонските височини и зградите на Канкун и жедни за авантура и егзотика, стигнавме до сржта на Мексико (Mexico)!

Сместени сме во Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), душата на Мексико на брегот на Карипското море.. Каде вкусот на Мексико е најинтензивен.. Мексикански кантини, ресторанчиња и барови, превкусна храна, музика, маријачи, весели локалци. Далеку од ресортите за туристи, сместени сме во градче каде навистина се чувствува и се доживува Мексико и неговата моќна енергија.. Полно со живот и во шарени бои, сé се врти околу прочуената 5-та авенија разиграна и весела, која лежи паралелно со една од најубавите плажи на светот! Бескрајна бела песочна плажа и тиркизно море, убави барови и многуу танцување во латино ритам. 

Но, за вистински да се вкуси Мексико, потребно е многу повеќе од такоси, текила и маргарити! Од Плаја дел Кармен го истражуваме целиот Јукатански полуостров и ова патување станува една голема авантура во Jungle стил! Ја посетуваме Чичен Ица (Chichen Itza) едно од новите светски чуда, ги истражуваме божествата на Маите и се восхитуваме на нивните достигнувања. Го учиме мајанскиот календар и нивните обичаи. Необичните симболи, ткаенини, бои и звукови се важен детал во возбуливите моменти на исчекување на средбата со ова чудо, Кукулкановата пирамида и одразот на совршената симетрија.. Моментот пред пирамидата е мост помеѓу две димензии, материјалниот и духовниот свет.. Кога стоиш пред неа и ракоплескаш со ехото кое се слуша поврзан си со пирамидата, комуницираш..

Мајанската приказна продолжува со фасцинантните сеноти, најпознатите природни подземни базени што ги има само тука, каде Маите им принесувале дарови на нивните богови и биле портал кон подземниот свет! Мистична енергија и чудесно искуство е сé што може да кажеме за моментот кога лебдиме во ваква мала оаза со слатка тиркизна вода, гледаме кон синото небо и како од него да паѓаат лилјани.. 

Одиме во Коба (Coba) или градот изгубен во џунгла... Среде густа тропска џунгла се појавува бисерот на Коба од кое ни застанува здивот- пирамидата која штом се искачиме гледаме како бујната зелена вегетација го проголтала овој град и се протега до недоглед. На местото каде сé и припаѓа на природата приказните кои ги слушаме, можеме да ги доживееме да ги допреме, да ги почувствуваме. Со првиот чекор во оваа џунгла се чувствува магичниот вртлог на ова место.

Добредојдовте и во Ваљадолид (Valladolid), шаренолико градче во шпански колонијален стил како од филм! Несомнено за сите е љубов на прв поглед со своите ниски пастелни куќички кои водат до прекрасниот плоштад спроти катедралата која како убавица го краси и го чува ова место. Задржувајќи си го традиционалниот дух, се отсликува шармот каде жените во традицонална облека ги продаваат своите автентични ракотворби. Дефинитивно автентично е зборот што се провлекува во секој опис за Ваљадолид! И да, тука се највкусните маркезити :)

Aaaand *drumrolls* фамозниот Тулум (Tulum)! Мноогу егзотика измешана со бохо стил, eco-chic хотели, барови и ресторани, бели песочни плажи, тиркизното Карипско море како од разгледница, laid back атмосфера и високи палми кои ги допираат облаците се совршен призор за еднакво совршени инстаграмски фотографии. Центарот на најдобрите забави и фестивали!

Пловејќи со катамаран по тиркизното Карипското море и делфините како неизбежни пратители, пристигнуваме до Исла Мухерес (Isla Mujeres) и Playa Norte, една од плажите која редовно е прогласувана за најубава плажа на светот! Вистинско Мексиканско уживање!

И Исла Холбош (Isla Holbox) островот за кој можеме да се потпишеме дека е рајот на светот, недопрен Карипски бисер без асфалтрани улици, автомобили, масовен туризам и бука.. Возиме велосипеди или голф колички и го истражуваме ова малечко островче кое засекогаш ќе остане место на кое би му се враќале каде и да одиме.. Мурали и шарени куќички, хипстерски/бохо барови, палми, палми, палми.. Затворете ги очите и замислете си ја најубавата плажа на светот :)

Рамо до рамо на овие Карипски острови е и познатиот остров Козумел (Cosumel). Веднаш спроти Плаја дел Кармен, се наоѓа Козумел, најголемиот остров на Мексиканските Кариби и задолжителна станица на сите светски луксузни крузери, заради прекрасните егзотични плажи. Рајска и живописна природа, плажи со бел мек песок, карипско сина вода и совршеното место за релаксирање, забава, вкусна храна и полнење со позитивна енергија. Како круна на островот е шареното мексиканско градче Сан Мигел де Козумел од каде ги започнуваме авантурите на островот..

Авантурата продолжува до границата со Белизе, во Бакалар (Bacalar)! Или како што би кажале сите - Мексиканските Малдиви! Бакалар е неискомерцијализирано место и Jungle тајна (шшш...)! Најубавото езеро на светот - "Лагуната во седум бои" кое се прелива во седум нијанси сино и се менуваат во текот на денот и на различни длабочини. Се восхитуваме на чистината и убавината на езерото и уживаме во спокојот кој маѓепсува!

Jungle Мексико е искуство, многу години истражување, менување, додавање-одземање и voila ја имаме совршената програма за full Mexican experience! Vamos?


Рута
Скопје
Софија
Истанбул
Канкун (Cancun)
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Канкун (Cancun)
Истанбул
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Мексико
Код на патување
MX9
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 17. 7. 2024

Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија за Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Канкун, Мексико. Авантурата може да започне! 

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Аеродромот во Софија.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со чекиран и рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со чекиран и рачен багаж

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Истанбул

Пристигнување во Канкун. ¡Hola Mexico! Трансфер до Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), преубаво место на брегот на Карипското Море во државата Кинтана Ро (Quintana Roo). Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови... Сместување во хотел. Вечерта, по желба, одиме на традиционална мексиканска вечера, а потоа во бар на неколку пијачки (текила, пиво или коктели, одлучете сами). 

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Канкун (Cancun)
  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Слободен ден во Плаја дел Кармен. По желба, може да се организира факултативен излет и капење во трите најпознати сеноти на Јукатан. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата, атракции. Овие природни јами настанати со пропаѓање на варовникот се најпопуларните природни базени на светот. Враќање во Плаја дел Кармен.

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Факултативни излети

Факултативен излет во Чичен Ица (Chichen Itza), градот на Маите и едно од новите светски чуда. Ова сигурно ќе биде едно од најимпресивните места кои ќе ги видите во животот, а приказната за Маите, нивната култура и начин на живот ќе ве допрат и ќе ве натераат на длабоко размислување. Ќе имаме прилика и да се искапеме во сенотите – природни езера кои се наоѓаат во пештери. На враќање од излетот правиме кратка пауза за да го видиме градот Ваљадолид (Valladolid). Враќање во Плаја дел Кармен. Слободно време.

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Факултативни излети

Факултативен излет и запознавање на Карипските острови! Одиме на островот Исла Холобош (Isla Holbox) за кој без двоумење можеме да кажеме дека е рајот на земјата. Сеуште неистражениот остров е познат по kite boarding, убавите плажи и чудесниот биодиверзитет. Пред самиот остров се наоѓаат лагуните кои се дом на фламинга и пеликани. Враќање во Плаја дел Кармен.

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Факултативни излети

Факултативен излет и одлична прилика да го посетиме познатиот остров на жените односно Исла Мухерес (Isla Mujeres). Уживање во магијата на островот кој е посветен на мајанската божица на раѓањето Ишел. Овој остров е оддалечен само тринаесет километри од Јукатанскиот Полуостров и е лесно пристапен за љубителите на одлично капење во водите на тиркизните Кариби. Целиот остров може да се разгледа со голф количка со оглед на тоа што голф количките се единственото превозно средство на овој мирен остров. За љубителите на адреналински авантури постои и можност за нуркање со ајкули! Враќање во Плаја дел Кармен.

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Факултативни излети

Факултативен излет во Тулум (Tulum), градот на Маите на брегот на Карибите. Игуани во разни бои и со различна големина слободно ќе се шетаат покрај вас, а после разгледувањето на археолошкиот локалитет Коба (Сoba), одиме на една од најубавите плажи на Карипското Море и сигурно една од најубавите плажи на светот. Го имаме цело попладне за уживање во овој рај. Вечерта се враќаме во Плаја дел Кармен. 

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Факултативни излети

Совршено intermezzo на нашата Мексиканска авантура! - Козумел (Cozumel)! Веднаш спроти брегот на Плаја дел Кармен, се наоѓа Козумел, најголемиот остров на Мексиканските Кариби, или за многумина неизбежната точка при посета на Карипско море. Задолжителна станица на сите светски луксузни крузери, заради прекрасните егзотични плажи. Козумел го краси рајска и живописна природа, плажи со бел мек песок, карипско сина вода и е совршеното место за релаксирање, забава, вкусна храна и полнење со позитивна енергија. Засолниште за љубителите на природата, риболовците, нуркачите и романтичарите, Козумел е сметан од античките Маите како дом на божицата на љубовта и плодноста. Освен прекрасните плажи по кои надалеку е познат, како круна на островот е шареното мексиканско градче San Miguel de Cozumel од каде започнува нашата авантура на островот.

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Слободен ден или прилика за посета на неоткриените делчиња на Јукатан. Факултативниот излет Las Coloradas и Rio Lagartos е посебно доживување во Мексико! Розевите лагуни каде живеат фламингоси, возење со чамци низ мангровите шуми, крокодили, лековита кал која ја користат Мексиканците како и туристиите, а потоа следи вистинската мексиканска приказна – градот Тизимин. Враќање во сместувањето.

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Канкун до Истанбул.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Канкун - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со чекиран и рачен багаж

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
  • Канкун (Cancun)

Пристигнување во Истанбул, преседнување на лет за Софија. Пристигнување во Софија и трансфер од Софија до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Софија (Turkish Airlines), во економска класа со чекиран и рачен багаж
  • Трансфер од аеродромот во Софија до Скопје

Место

  • Истанбул
  • Софија
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

ВАЖНА НАПОМЕНА: СИТЕ ПАТНИЦИ КОИ ТРЕБА ДА ВАДАТ ВИЗА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО МЕКСИКО СЕ ОБВРЗАНИ ДА ЗАКАЖАТ ТЕРМИН ЗА ВИЗИРАЊЕ МЕКСИЧКА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД ВО НАЈБРЗ МОЖЕН РОК ПО ПРИЈАВА. ДОБИЕНИОТ ТЕРМИН ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА СЕ СПОДЕЛИ СО НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ. НАШАТА АГЕНЦИЈА НЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ВО СЛУЧАЈ НА НЕМОЖНОСТ НА ДОБИВАЊЕ ВИЗА ПОРАДИ НЕНАВРЕМЕНО ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИН И ВО ТАКВИ СЛУЧАИ - ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Што е вклучено

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen Пример 8 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Аеродромот во Софија.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со чекиран и рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со чекиран и рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Канкун - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со чекиран и рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Софија (Turkish Airlines), во економска класа со чекиран и рачен багаж
  • Трансфер од аеродромот во Софија до Скопје

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мексико

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Четири сеноти

Четири сеноти
Цена: 70,00 EUR

Во оваа авантура ќе посетиме уникатните природни подземни базени кои ги има само тука на светот! Ќе уживаме во длабокото синило и освежителната вода. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, и биле портал кон подземниот свет. Сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата атракции и се совршено место за уживање. Потоа одиме на една од најубавите плажи на Карибите. Во цената на излетот е вклучено: превоз, посета на сенотите, претставник од агенцијата и ручек.

Чичен Ица (Chichen Itza)

Чичен Ица (Chichen Itza)
Цена: 95,00 EUR

Ја посетуваме една од најпознатите Мајански пирамиди која е прогласена за едно од Седумте Светски Чуда! На овој излет ќе научиме нешто повеќе за културата на Маите, ќе го разгледаме целиот комплекс, кој освен пирамдата вклучува и терен за „мајански фудбал“, опсерваторија и други храмови. А како доказ, во пасошот добиваме печат дека сме посетиле светско чудо! :) Исто така, ќе имаме прилика да се избањаме и во една од најубавите сеноти на полуостровот Јукатан. На враќање од излетот правиме кратка пауза за да го видиме градот Ваљадолид (Valladolid). Шаренолико градче во шпански колонијален стил како од филм! Несомнено за сите е љубов на прв поглед со своите ниски пастелни куќички кои водат до прекрасниот плоштад спроти катедралата која како убавица го краси и го чува ова место. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за археолошкиот комплекс и сенотите, локален водич и ручек.

Исла Холбош (Isla Holbox)

Исла Холбош (Isla Holbox)
Цена: 105,00 EUR

Малечко островче како мал рај среде Карипско море, без асфалтирани улици, автомобили, бука и масовен туризам. Шармира со ниските шарени мали куќички, мурали и хипстерски/бохо барови и ресторанчиња. На островот не се дозволени автомобили, па го истражуваме со велосипеди и голф колички. Уживаме во неговите плажи за кои со сигурност можеме да потврдиме дека се едни од најубавите на #ЦЕЛСВЕТ. Кристално чиста тиркизна вода со бел песок и песочни насипи среде море кои наѕираат во бескрајното синило. Кога некој ќе не праша кој факултативен излет не смее да се пропушти во Мексико, одговараме дефинитивно Исла Холбош! :). Попатно застануваме и на Isla Pasion, ненаселено малечко островче познато по чудесниот биоверзитет. Пеликани, фламингоси, егзотични птици - вистински тропски рај. Во цената на излетот е вклучено: превоз, претставник од агенцијата и ручек.

Исла Мухерес (Isla Muјeres)

Исла Мухерес (Isla Muјeres)
Цена: 100,00 EUR

Самото пристигнување до Исла Мухерес е вистинско доживување, а за островот мора да се уверите сами, бидејќи со ниедна слика не може да се долови убавината и енергијата на овој остров чија најпозната плажа Playa Norte е со години прогласувана за ТОП10 најубави плажи на светот. Пловиме со катамаран по тиркизното Карипско море со коктели во рака додека не милува карипското сонце и се забавуваме на бродот до пристигнување на островот. По пристигнувањето ја истражуваме Исла Мухерес и време е за уживање на островот кој е посветен на мајанската божица Ишел, островот на љубовта и плодноста. Овој остров, светски познат е оддалечен од Јукатанскиот полуостров само тринаесет километри и е совршено место за вистинско доживување на Мексиканските Кариби! По пристигнувањето на островот имаме buffet ручек, пливаме, танцуваме и пиеме коктели. Потоа одиме на плажата Плаја Норте (Playa Norte) која е најпознатото место на островот. Купуваме сувенири на локалното пристаниште и го шетаме шармантното шарено градче. Во цената на излетот е вклучено: превоз, возење со катамаран, алкохолни и безалкохолни пијалоци на катамаранот, ручек, претставник од агенцијата.

Тулум (Tulum) и Коба (Coba)

Тулум (Tulum) и Коба (Coba)
Цена: 100,00 EUR

Тулум е еден од последните изградени мајански градови пред доаѓањето на Шпанците и еден од последните мајански градови кој се наоѓа на самиот брег. Град кој останал релативно зачуван и сеуште тука може да се видат кули за набљудување, храмови посветени на богот Чак и резервоари со вода која ја користеле Маите. Слушаме приказни и се соживуваме со еден цел нов свет и нова култура. Авантурата продолжува во Коба или градот изгубен во џунгла.. Во среде густа тропска џунгла се појавува бисерот на Коба од кое ни застанува здивот- пирамидата која штом се искачиме гледаме како бујната зелена вегетација го проголтала овој град и се протега до недоглед. Се возиме низ џунглата со точаци или со не возат со трикцикли за доживувањето да е уште позабавно! Доколку е дозволено ќе имаме прилика и да се искачиме на пирамидата висока 42m (во останатите археолошки наоѓалишта забрането е качување по пирамидите) и да уживате во погледот на непрегледната џунгла. Денот го завршуваме во Тулум на плажа! Една од најубавите плажи и места на Карибите. Мноогу егзотика измешана со бохо стил, eco-chic хотели, барови и ресторани, бел песок, тиркизното Карипско море како од разгледница, laid back атмосфера и високи палми кои ги допираат облаците. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за археолошките наоѓалишта, локален водич и ручек

Rio Lagartos и Las Coloradas

Rio Lagartos и Las Coloradas
Цена: 70,00 EUR

Истражете го прекрасниот пејзаж на Јутакан. Ве очекува спектакуларна розева лагуна со своите фламингоси, возење со чамци низ мангрова шума и големи површини прекриени со сол. Вистинско уживање претставува и посетата на Тизимин, градот каде може да го видите вистинското мексиканско секојдневие, далеку од туристичките центри на полуостровот. Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и оброк.

Сместување

Hotel 52 Playa del Carmen

Hotel 52 Playa del Carmen
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel 52 Playa del Carmen e хотел со 4* (по локална категоризација) кој се наоѓа на една од најдобрите локации во Плаја дел Кармен. Позициониран веднаш до 5-та авенија, најважната улица за ова Мексиканско градче, пешачка зона со многу кантини, ресторани, кафичи и продавници и улица која лежи паралелно со плажата. Се наоѓаме на еден блок (2 мин.) од 5-та авенија и на два блока (5 мин.) од плажа. Одлична локација за сé да ни е блиску. Веднаш до хотелот има голем трговски центар (Quinta Alegria Shopping Mall), маркети, аптека, менувачница, барчиња и ресторанчиња. Значително помирна улица од 5-та авенија без бука за одмор.
Руфтоп базенот и прекрасната руфтоп градина ни создаваат одлична "оаза" за дружење и релаксирање по дневните активности. Собите се уредени во автентичен стил, пространи и чисти. Располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, TV, сеф и wi-fi. 

Услугата е на база на ноќевање.

Вебсајт https://www.hotel52playa.com/

Адреса Calle 52 Nte S/N
Luis Donaldo Colosio
77728 Playa del Carmen
Q.R.
Mexico

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

За влез во Мексико на Македонски граѓани им е потребна виза. Повеќе информации за вадењето на виза можете да добиете во нашите канцеларии.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.