Ја дочекуваме Новата 2027 на најегзотичните острови на #ЦЕЛСВЕТ!! Новогодишна авантура на Сејшели (Seychelles). Десет дена тропски рај каде ќе уживаме во најмекиот бел песок и во тиркизното пространство на Индискиот океан! Патувањето и доживувањето на Сејшели ќе го комплетираме со највкусните традиционални јадења и купување на рачни уметнички изработки и накит.
Ќе го научиме традиционалниот танц Сега, ќе се препуштиме на ритамот и ќе уживаме во енергијата на островот.
Сместени сме на најголемиот остров, Махе (Mahe).
Ќе го посетиме главниот град Викторија (Victoria) и ќе уживаме на најубавите и најфотогенични плажи на светот - Port Launay, Anse Major, Anse Lazio, Anse Source d'Argent, ќе уживаме во вкусот на најдобриот рум на светот во Такамака и ќе го посетиме Прале (Praslin), еден од најубавите острови на светот, а и La Dique, каде одблизу се запознаваме со неверојатната природа на овие гранитни и корални острови, џунглите, растителниот и животинскиот свет.
10 посети вклучени во цената на аранжманот!!!
- Код на патување
- SC11
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанокот на патниците на Меѓународниот аеродром во Скопје. Лет од Скопје до Махе со преседнување во Истанбул.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Скопје
- Истанбул
Летаме од Истанбул за Махе! Пристигнуваме на Сејшели во раните утрински часови. Добредојдовте во тропскиот рај! Организиран трансфер до сместувањето. Слободно време за одмор на плажа. Сејшели се сместени во Индиски океан, околу 1600 километри од источниот брег на Африка. Најголеми острови се Mahe, Praslin и La Digue. Поради положбата меѓу 4-тиот и 10-тиот степен на јужна географска ширина, островите се под тропска клима преку целата година. Прекрасни плажи, нереални бои и природа, тропски растенија и топли локалци.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Истанбул
- Сејшели
Разгледување на островот Mahe - Главниот град Викторија, Дестилеријата Такамака, и плажата Anse Royale. Го посетуваме главниот град Викторија, историскиот дел на градот. Шетајќи низ градот, уживаме во шареноликата слика која ја прават камените и дрвени куќи од раниот 20-ти век. Викторија има два главни центри - еден од нив е сместен околу “саат-кулата“ - реплика на Big Ben од Лондон која претствува симбол на Сејшелите. Вториот центар се карактеризира со пазарот Sir Selvin Selvin Clarke, кој е одалечен околу 5 минути пешкиод кулата со часовникот. Пазарот е изградено во 1840-та година, а го добива името по францускиот гувернер кој сам ги изградил штандовите за продажба на роба на локалните земјоделци и рибари. Овој пазар е навистина вреден за посета, поготово во сабота наутро, кога се нуди вистинската кошничка со производи - риба, зачини и егзотично овошје. Освен тоа, тука се наоѓа и кафич во кој можете да седннете и да ги впивате интензивните бои, звукови и мириси од пазарот, додека уживате во појадокот или ужинката. Едно од најпосетените места на Сејшелите и едно од омилените, посебно на фотографите, е шарениот хиндуистички храм кој се наоѓа во непосредна близина на пазарот. Оваа живописна градба во улицата Quincy Street е изградена во 1992-ра година и служи како место за молење на околу 5.000 Хиндуисти кои живеат во Викторија. Патниците кои сакаат, можат да ги соблечат патиките, да ги остават на влезот и да го посетат малиот храм. Продолжуваме до Дестилеријата Такамака, каде ќе се запознаеме со процесот на правење на најпознатиот Сејшелски рум. Остатокот од денот го поминуваме на една од рајските плажи на Сејшели - Anse Royale, каде ќе направиме супер фотографии. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Го разгледуваме најголемиот национален парк на Сејшели - Морне, каде уживаме во локалната флора и фауна и одмараме на спектакуларните видиковци на островот. Следната станица ни е Видиковецот Еден од каде се отвора неверојатен поглед на Викторија. Потоа, продолжуваме со посета на некои од најубавите плажи на Махе - Port Glaud Lagoon и Port Launay каде ќе уживаме во зајдисонцето. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Слободен ден за уживање и одмор. Можност за организација на факултативен излет во St. Anne Marine националниот парк кој претставува преубав мал архипелаг од кој некој од помалите острови се поврзани со песочни спрудови, па може од еден до друг да се помине и пешки. Плажите се подиви и зрачат со неверојатна убавина. Враќање во сместувањето. Ноќевање.
Сместување
Divers Lodge Guest House Seychelles или Coral Strand Smart Choice Hotel 4* 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Слободен ден или факултативен излет на плажата Anse Major, една од најубавите плажи на Махе. По излетот, враќање во сместувањето. Имаме слободно време да се спремиме и да ја дочекаме Новата 2027 во типичен Jungle стил на една од најегзотичните плажи на #ЦЕЛСВЕТ! Неизбежно е да не си посакаме секоја наредна Нова Година да ја дочекаме на вакво магично место!!! Ноќевање
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Ден резервиран за капење и сончање на најубавите плажи на Сејшели! Првата станица ни е плажата Petite Anse, потоа Anse Soleil, па Anse Intendance. Се сончаме, бањаме и уживаме во локалните јадења и коктели во beach баровите. Се враќаме во сместувањето. Ноќевање.
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Денот го започнуваме со утринско крстарење до соседниот остров - Praslin, втор по големина на Сејшели каде прво ќе го посетиме Valle de Mai.
Valle de Mai е “срцето на Praslin” и остаток од првобитните џунгли со палми на Сејшели. Често е опишуван како “рајска градина” благодарение на својата изолирана и мистична природа. Паркот е ставен под заштита уште во далечната 1966 година со преку 1400 стебла од уникатната палма Coco de Mer заради својата локација и уникатност. Во оваа недопрена џунгла, непроменета милиони години може да се пронајдат сите шест ендемски видови на палми од кои најпозната е Coco de Mer. Расте само на островите Praslin и Curieuse. Најстариот примерок е стар околу 300 години, висок e 27м, со совршено исправено стебло и лепезасти листови. Женските стебла произведуваaт плодови во облик на срце и тежат до 25кг. – најголемиот и најтежок плод на светот. Палмата Coco de Mer е денес загрозен вид и се наоѓа на црвена листа бидејќи во изминатите 50 години нејзиниот број се намалил за 30%. Valle de Mai е исто така дом на реткиот вид на папагал – црн папагал. Иако го носи тоа име, не е во потполност црн, туку повеќе кафеаво-сив. Многу се срамежливи и најчесто може само да се слушнат.
По разгледувањето на Praslin, се враќаме на бродот и крстариме кон La Digue. Ако барате опуштена островска атмосфера, со прекрасни плажи, каде ќе бидете во допир со локалниот живот, La Digue е совршено место за вас. Најмалиот од трите главни населени острови, La Digue има население од само 2.000 жители. Без аеродроми, и со само мал број патни возила, ова е исклучително лежерно место со некои од најфасцинантните плажи на Сејшели. Плажите на La Digue се нешто што не треба да се пропушти. Без разлика дали ги сакате долгите сводови на беспрекорен бел песок или убавото крајбрежје, врамено од масивни гранитни карпи, овие плажи го одземаат здивот. На југот на градот, во рамките на L'Union Estate, се наоѓа Anse Source D'Argent - најпознатата плажа на Сејшели. На оваа плажа има и парк каде можеме да видиме музеј, стари мелници за кокос и џиновски желки. Уникатниот спој на кристално чиста вода, бел песок и импресивни гранитни карпи носат вистинско уживање, кое сите долго ќе го паметат. Покрај тоа, тука ќе имаме можност да возиме традиционално камионче и да уживаме во вкусна креолска кујна.
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4* или Divers Lodge Guest House Seychelles 1 ноќ
Место
- Сејшели
Храна
- Континентален појадок × 1
Факултативни излети
По појадокот, се одјавуваме од хотелот и имаме организиран трансфер до аеродромот. Лет од Махе до Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.
Превоз
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Сејшели
- Истанбул
- Скопје
Храна
- Континентален појадок × 1
Поаѓања и цени
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Што е вклучено
Сместување
Coral Strand Smart Choice Hotel 4 Пример или Divers Lodge Guest House Seychelles Пример 7 ноќиПревоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Махе (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување
- Трансфер од сместување до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Махе - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
7 × Континентален појадокОстанато
- Пакет од 10 факултативи/активности на Сејшели
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Авторизација за влез на Сејшели (10 ЕУР)
- Туристичка такса за Сејшели која изнесува 5€ (за Divers Lodge) или 7€ (за Coral Strand Hotel/Savoy) од ноќевање/по лице.
- Задолжителна доплата за Новогодишна гала вечера во Coral Strand Smart Choise Hotel во износ од 200€ по човек (се доплаќа при уплата на аранжман)
Факултативни излети
ST. ANNE MARINE NATIONAL PARK
Плажата Anse Major
Praslin и La Digue
Сместување
Divers Lodge Guest House Seychelles
Coral Strand Smart Choice Hotel 4*
Останати поаѓања за Африка
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.