Куала Лумпур и Бали

Куала Лумпур и Бали

цена од
1.799
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Jungle авантура во две прекрасни Азиски земји -  започнуваме во Малезија (Malaysia) односно нејзиниот главен град Куала Лумпур (Kuala Lumpur), а потоа уживаме на рајските плажите на магичниот Бали (Bali). Необично патување кое е комбинација на модерните архитектонски достигнувања на Малезија (Malaysia), а потоа релаксирачки денови на магичниот остров -- Бали (Bali). Денови исполнети со плажи, релакс масажи, бранови, сурфање, морски специјалитети, традиционални храмови, живописни џунгли, лулашки, chill и одмор...


Рута
Скопје
Истанбул
Куала Лумпур
Легијан
Куала Лумпур
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Бали, Малезија
Видови патувања
Зимски поаѓања 2024
Код на патување
MIS5
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines, со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Куала Лумпур (Kuala Lumpur). Пристигнување во Куала Лумпур (Kuala Lumpur) во попладневните часови.. Трансфер до сместувањето и слободно време за истражување на градот. Куала Лумпур е град кој во претходната деценија прераснал од мал и неразвиен јужноазиски град во џунгла до метропола од незамисливи размери. Град во кој подеднакво се мешаат културите, религиите и влијанието на Кинезите, Хиндусите и Малезијците. Нашата авантура во Куала Лумпур ја започнуваме со прошетка по познатиот дистрикт Bukit Bintang. Го посетуваме познатиот ноќен пазар Jalan Alor - најпознатата кулинарска дестинација во Куала Лумпур. Некои од најдобрите кулинарски задоволства во Малезија не се наоѓаат во прескапите ресторани, туку токму на тротоарите и тезгите на овој пазар. Пробуваме Индиска, Тајландска, Малезиска или Кинеска традиционална храна.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Куала Лумпур (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Куала Лумпур

Авантурата започнува со пештерите Бату, големо хинду светилиште сместено во пештера, а потоа продолжуваме до Националната Палата, Споменикот на независноста, Плоштадот Мердекa на кој се наоѓа едно од најголемите знамиња на светот, место на кое за прв пат било развиено знамето на независна Малезија, Кинескиот кварт, Kuala KL и ги посетуваме кулите Петронас - славните кули близначки, познати ширум светот.

Превоз

  • Локален лет Куала Лумпур - Денпасар (Бали) во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts 1 ноќ

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Појадуваме и го напуштаме нашето сместување во Куала Лумпур. Трансфер до аеродром и лет кон Бали (Denpasar). Продолжуваме кон Убуд - уметничка колонија и преубаво место кое изобилува со уметнички дела од културата на Бали. Некогаш спокојна хипи дестинација за вљубениците во јога, здрава храна и свеж воздух, книгата на Елизабет Гилберт „Јади, моли се, уживај” ја става на туристичкиот радар, а по истоимениот филм прерасна во една од најпопуларните дестинации на Бали. Сепак Убуд е најпознат по уметничките работилници кои се распослани по неговите улици, како и на најголемиот пазар – Ubud Market. Недалеку од центарот на Убуд се наоѓа големприроден резерват во кој живеат долгоопашести мајмунчиња Макаки. Оваа неверојатно голема шума која е целата обрасната во мов, крие остатоци на стари храмови, а во неа живеат преку 600 мајмуни, и растат околу 150 различни видови на дрвја. На почетокот предвидено е дружење со разиграните весели мајмунчиња во нивното природно опкружување во големата шума. Следна станица е Elephant Cave (Goa Gajah), храм чиј влез е во облик на глава од слон, од каде што потекнува и неговото име. Почетоците на храмот датираат од XI век, а посветен е на божицата која се смета за заштитничка на децата, раѓањето и за исцелителка на жените. На овој излет ќе ја имате уникатна можност да го пиете најнеобичното и најскапото кафе на светот - Kopi Luwak! Шетајќи низ градината се запознаваме со бројни билки и зачини, но и со малите животинки кои сезаслужни за произведување на споменатото кафе. За крај, по уживањето во паузата која ќе ја направиме во близина на најактивниот вулкан Батур и истоименото езеро кое е најголемо на островот, пристигнуваме во Убуд, градот на уметноста и на неверојатни галерии, пазари, луѓе и на енергија. Еден совршен ден на Бали! Враќање во хотел.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Храмот Besakih е дел од големиот комплекс составен од 22 хиндуистички храмови. Комплексот се наоѓа на падините на планината Агунг, се простира на три квадратни километри, а според локалните верувања овде почиваат предците на денешните жители на Бали. Храмот Besakih го нарекуваат и „мајка на сите храмови”, се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсвето место за хиндусите кои живеат на Бали. Ја посетуваме прочуената палата Тирта Ганга чие име во превод значи „Светата вода од Ганг” , а која претставува најдобар пример на вистинска кралска водена палата. Самиот комплекс се состои од свети извори, базени со студена вода и од неколку мали езерца, а во центарот на самата палата се наоѓа импозантна фонтана на 11 катови. Уживаме во вистинска балинезиска култура. За крај на излетот одиме на плажа – популарната Virgin Beach, каде што ќе лежиме на песокот и ќе се одмараме. 

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден за посета на најпознатиот остров во близина на Бали - незаборавниот Нуса Пенида (Nusa Penida). Се возиме со катамаран по тиркизното море до овој рајски остров. Го посетуваме природниот базен Angel Billabong, формација од карпи на кој претставува вистинско чудо на природата и фасцинира со тиркизниот контраст на океанот и зелени пејсажи. 5 минути пешки е плажата Broken beach, уште една светски позната атракција која остава без здив! Ручаме во локален ресторан, а потоа продолжуваме до плажата Kelingking, чии карпи потсетуваат на диносаурус кој пие морска вода :). Се одмараме на плажите и уживаме во природата на овој . Враќање на Бали во попладневните часови. Ноќевање.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Време е за авантура и highlight на нашето патување! Денот го започнуваме симнувајќи се низ 300 скалила сé до реката, а потоа се спуштаме со чамци по брзаците и уживаме во неверојатната природа и во зеленилото. А потоа не чека најголемата лулашка на светот, Bali Swing. Седејќи на неа ќе имате чувство дека летате високо над прашумата. Фотографирање и уживање на лежалки до ручекот. Последната станица е Паркот на птиците. Се дружиме со голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет кои живеат овде. 

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден во кој го запознаваме Бали! Храмот Tanah Lot е најпрепозатливата атракција и симболот на Бали. Изграден е на карпа во морето, на само 100 метри од брегот, а потекнува од XVI век. Слушаме интересни приказни и уживаме во неверојатната глетка. Патот понатаму не води кон оризовите полиња каде се опуштаме гледајќи во неверојатните пејсажи и во бескрајното зеленило на терасите со ориз. Одиме кон внатрешноста на островот, каде на висина од 1000 метри се наоѓа храмот Ulun Danu Bratan. Преубавиот храм се наоѓа покрај брегот на езерото за чија вода локалците веруваат дека е света, а неговата слика стои и на националната валута. Враќање во хотел.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во некои од beach баровите.

Сместување

Fairfield by Marriott Bali Legian 1 ноќ

Место

  • Легијан

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме сместувањето, трансфер до аеродром и лет за Куала Лумпур. Трансфер до сместувањето и слободно време за истражување на градот. Се шетаме по познатиот дистрикт Bukit Bintang и докопуваме сувенири за нашите блиски. Го посетуваме познатиот ноќен пазар Jalan Alor - најпознатата кулинарска дестинација во Куала Лумпур. Некои од најдобрите кулинарски задоволства во Малезија не се наоѓаат во прескапите ресторани, туку токму на тротоарите и тезгите на овој пазар. Пробуваме Индиска, Тајландска, Малезиска или Кинеска традиционална храна. А денот го завршуваме на руфтопот на W Хотелот еден од најубавите руфтоп барови на #целсвет со прекрасен поглед кон кулите близначки Petronas!!

Превоз

  • Локален лет Денпасар (Бали) - Куала Лумпур во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts 1 ноќ

Место

  • Легијан
  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на собите во претпладневните часови и слободно време до поаѓање. Трансфер до аеродромот во Куала Лумпур. Лет за Истанбул.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Куала Лумпур

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје во 08:25 часот (TK1003). Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts Пример 3 ноќи
Fairfield by Marriott Bali Legian Пример 6 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Куала Лумпур (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален лет Куала Лумпур - Денпасар (Бали) во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален лет Денпасар (Бали) - Куала Лумпур во економска класа
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Куала Лумпур - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Туристичка такса за Куала Лумпур која изнесува 10RM дневно по соба (околу 2.30$) и истата се плаќа во хотелот на рецепција.
  • Виза за влез во Индонезија - 130€

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Куала Лумпур - City Tour

Куала Лумпур - City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 35,00 USD

Ги посетуваме најзначајните локалитети во Куала Лумпур. 

Нашата авантура ја започнуваме со Бату пештерите, пештери кои се стари 400 милиони години, а во нив се наоѓаат 6 будистички храмови. За да стигнеме до нив треба да искачиме 272 скали обоени во боите на виножитото. Продолжуваме кон центарот на градот и се упатуваме кон Кинескиот кварт -- еден од нашите омилени квартови во Куала Лумпур. Поминуваме низ раздвижени пазари, улични кујни и се восхитуваме на традиционалната архитектура на овој предел. Преку ден во овој кварт посетуваме традиционални храмови, додека преку ноќ улиците живнуваат со ноќни пазари и забави. Потоа продолжуваме до плоштадот на Независноста -- Мердека, каде е сместено највиското знаме на светот и каде што за првпат е провеано и знамето на независна Малезија. Ја посетуваме и познатата Султан Палата -- која била седиштето на британската колонијална администрација во Малезија. За крај, продолжуваме кон скапоцениот камен на Куала Лумпур -- кулите близначки Петронас. Високи се 451.9 метри и имаат 81 спрат. Кулите ја симболизираат храброста, генијалноста, самодоверба и оптимизмот на Малезиците. 

Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенција, организиран превоз според предвидениот план и програма и стручен локален водич (на англиски јазик).

Убуд, Шума со мајмуни, Elephant Cave, Плантажа на зачини

Убуд, Шума со мајмуни, Elephant Cave, Плантажа на зачини
Цена: 40,00 USD

Целодневен излет и ден посветен на природата! Мајмуни, уметност, вулкан, зачини и храмови... За почеток, предвидено е дружење со разгираните и весели мајмуни во нивното природно опкружување – голема шума со остатоци од стари храмови. Следна дестинација: Elephant Cave (Goa Gajah), храм на чиj влез се изрезбани глави со заканувачки изглед, а главната резба се смета дека е глава на слон – од каде и потекнува називот на местото. Почетоците датираат од 11-от век, а посветен е на божицата, заштитничка на децата, раѓањето и “исцелувачка на жените”. На овој излет имате и единствена прилика да го пробате најнеобичното и најскапото кафе на светот, Kopi Luwak! Шетајќи низ градините со зачини, запознаваме бројни билки и зачини, но и животинчињата кои се заслужни за производство на гореспоменатото кафе. За крај, после паузата и уживање во близина на најактивниот вулкан на Бали – Batur и истоименото езеро (кое е најголемо на островот), пристигнуваме во Убуд – град на уметноста и неверојатни галерии, пазари, луѓе и енергија. Совршен ден на Бали!

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезеници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin beach
Цена: 40,00 USD

Храмот Бесаки, Тиртаганга и Virgin Beach – Целодневен излет на кој се посетуваат храмови, но и се ужива на една од најубавите, прикриени и мирни плажи на Бали. Бесаки храмот се наоѓа подножјето на вулканот Agung кој последен пат еруптирал во Ноември 2017 година. Се вика и “храмот на сите храмови” или “мајката на храмовите”. Се наоѓа под заштита на UNESCO и претставува најсветото место за целокупната хиндуистичка популација на Бали. Тиртаганга, или “водена палата” – воодушевува со своите градини и базен, низ кој има камена стаза, по која може да се шета. Во водата живеат портокалови шарани кои можете да ги храните. Оваа вода се смета за света, па кој сака, може и да се избања во неа. 

Во цената на излетот е вклучено: 

  • Организиран превоз по предвидениот план и програма
  • Сите влезници во наведените локалитети
  • Стручен локален водич на англиски јазик.

Нуса Пенида (Nusa Penida)

Нуса Пенида (Nusa Penida)
Цена: од 70,00 USD до 80,00 USD

Одиме на факултативен излет и посета на драгоцениот бисер на Бали! Нашата авантура ја започнуваме од пристаништето во Санур, отприлика 20 км. од Нуса Дуа од каде ќе запловиме кон островот Нуса Пенида. Пловењето со брз брод трае околу 45 минути. Го посетуваме природниот базен Angel Billabong, формација од карпи на кој претставува вистинско чудо на природата и фасцинира со тиркизниот контраст на океанот и зелени пејсажи. 5 минути пешки е плажата Broken beach, уште една светски позната атракција која остава без здив! Ручаме во локален ресторан, а потоа продолжуваме до плажата Kelingking, чии карпи потсетуваат на диносаурус кој пие морска вода :). Оттука го посетуваме Crystal Bay, 200 метри долга песочна плажа со кристално чиста тиркизна вода и уживаме во остатокот на денот.

Рафтинг, Bali Swing и Паркот на Птиците

Рафтинг, Bali Swing и Паркот на Птиците
Цена: 80,00 USD

Целодневен излет и ден за авантура! Со целосна опрема, денот го започнуваме со спуштање низ скоро 300 скали до реката. Влегуваме во нашите чамци за рафтинг и се впуштаме во авантура, уживаме во прекрасната природа, зеленило и дивите брзаци. Забавата продолжува со лулање на една од најголемите лулашки на светот, каде добивате впечаток дека летате над прашумите на Бали. Се фотографираме и се опуштаме на лежалките, се до ручекот. Нашата последна станица за овој ден е паркот на птиците каде што се наоѓаат голем број на шарени и необични видови на птици од целиот свет! Се дружиме и уживаме со пердувестите жители на Бали! Цената на излетот вклучува: организиран превоз по предвидениот план и програма, сите влезници во наведените локалитети, рафтинг со целата неопходна опрема, ручек (без пијалок) и стручен локален водич на англиски јазик.

Храмот Танах Лот, оризови полиња и храмот Улун Дану Братан

Храмот Танах Лот, оризови полиња и храмот Улун Дану Братан
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 65,00 USD

Целодневен излет. Посета на необични локалитети, уште понеобични храмови и опуштање во зеленилото на оризовите полиња. Tanah Lot –највпечатливата атракција на Бали, храм на вода кој датира од 16-тиот век. Поточно, храмот се наоѓа на карпа во сред море (100 метри од копно). Излетот продолжува со посета на типичните за Бали - оризови полиња. Опуштање на зелените тераси и неверојатните пејсажи. Се посетува и храмот Ulun Danu Bratan, лоциран во внатрешноста на островот, на висина од 1000 метри! Преубав храм кој своето место го наоѓа и на една од локалните банкноти. Храмот е сместен на брегот на езеро, за кое се верува дека има света вода.

Во цената на излетот е вклучено:

  • организиран превоз по предвидениот план и програма
  • сите влезници во наведените локалитети
  • стручен локален водич на англиски јазик

Сместување

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts

AnCasa Hotel Kuala Lumpur by Ancasa Hotels & Resorts
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Централно лоциран веднаш до раздвижениот Chinatown, Pudu Sentral и Plaza Rakyat LRT Station, AnCasa Hotel & Spa е елегантен и модерен современ хотел во Куала Лумпур.

Лоциран во историскиот кварт, хотелот е лесно достапен од станицата Plaza Rakyat LRT и Центарот за урбана трансформација (UTC), порано познат како автобуска станица Пудураја. 

Собите се опремени со фрижидер и сателитска ТВ и сопствена бања.

За погодност, персоналот обезбедува 24-часовна рецепција.

Вебсајт https://www.ancasahotels.com.my/

Адреса Jalan Tun Tan Cheng Lock
50500
Kuala Lumpur.

Fairfield by Marriott Bali Legian

Fairfield by Marriott Bali Legian
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Fairfield by Marriott Bali Legian 4* (по локална категоризација) е сместувачки објект кој се наоѓа во областа Legian на Бали. Хотелот има сопствена градина, тераса, внатрешен и надворешен базен, ресторан, бар и фитнес центар. Располага со двокреветни соби со сопствено купатило. Сите соби се климатизирани, имаат телевизор со сателитски канали и бесплатен интернет. Сместувањето е на база ноќевање со континентален појадок.

Вебсајт https://www.marriott.com/en-us/hotels/dpsfi-fairfield-by-marriott-bali-legian/

Адреса Jalan Sri Rama 8 C
Legian
80361 Legian
Indonesia

Останати поаѓања за Бали

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.