Малдиви и Дубаи Авантура

Малдиви и Дубаи Авантура

цена од
1.649
EUR ,00
сега од
1.449
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Кој е за перфектно избалансирано патување? Необично патување кое е комбинација на модерните архитектонски достигнувања на Дубаи и Абу Даби и уживање на најубавите плажи на #целсвет на Малдиви! Звучи совршено нели? 

Нашата авантура ја започнуваме во Дубаи. Со својата смела архитектура и врвен стил, најголемиот град на Обединетите Арапски Емирати е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Дубаи претставува град на невозможното и најдоброто!!! На кратко во Дубаи се е НАЈ!! — НАЈвисоката зграда, НАЈголемата рамка, НАЈголемиот аквариум, НАЈголемата фонтана, НАЈголемиот златен ланец, и може да редиме уште стотици други работи кои го прават Дубаи најдобар! Дубаи не само што ја исполнува својата репутација како најдобриот град на #целсвет туку и целосно ќе ги надмине вашите очекувања. Се сместуваме во совршен хотел со 4* и infinity pool од каде го гледаме хоризонтот на Downtown Dubai. Се искачуваме на највисоката зграда на #целсвет, го посетуваме најмодерниот шопинг центар -- Dubai Mall, музејот на иднината и ја посетуваме најголемата златна рамка на #целсвет -- Dubai Frame!

Кога ќе кажеме одмор од соништа дефинитивно помислуваме на Малдиви (Maldives)! Рајски тиркизни лагуни, бесконечни плажи од бел песок и шаренолик подводен свет е само мал дел од работите кои Малдиви ја прават совршена дестинација за уживање и релаксација. Со сигурност може да кажеме дека е домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот!

Во нашата програма се сместуваме на најпознатиот населен остров на Малдиви - Мафуши (Maafushi). Не си замислувајте голем остров со згради, автомобили, улици. Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 15 минути, а во ширина за 5 минути. Островче со неколку ресторанчиња и барови со жива музика, со насмеани и љубезни локалци, неколку хотели, туристи, авантуристи и нуркачи од #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Дечки, плажа на Малдиви е плажа на Малдиви... Замислете си и Хотел со 4* - Arena Beach во кој што се сместуваме. Хотелот се наоѓа на сама плажа, а има и infinity pool на кровот на хотелот. Имаме и лежалки, пешкири за плажа, опрема за нуркање достапна за време на целиот престој. Освен што уживаме на нашата плажа, што шетаме низ нашето островче и уживаме во некој од локалните “барчиња“ - се плажираме на песочни дини - малечки острови во сред океан кои ги имаме само за нас. Еден од овие денови дочекуваме зајдисонце на песочна дина во сред океан, па палиме оган, свириме гитара и гледаме ѕвезди... Одиме да пливаме со подводни желки и делфини. Храниме ражи. Имаме локални водичи - сертифицирани "free" нуркачи кои со GoPro ни прават незаборавни фотки, над и под вода и истите ни ги префрлаат на телефон/лаптоп, па имаме спомени за цел живот!

За љубителите на малку поавантуристички патувања, "стандардниот" одмор на Малдиви знае да биде малку пасивен. На која плажа и да се наоѓаш, десет дена само лежење на плажа знае да биде малку монотоно. Затоа одлучивме патувањата на Малдиви да ги организираме на малку поавантуристички начин во Jungle стил, впрочем како и сите други наши патувања. Така најмногу може да се види нашата експертиза и по тоа сме познати!

Спремни за незаборавна авантура?


Рута
Скопје
Тирана
Абу Даби
Дубаи
Абу Даби
Мале
Маафуши (Maafushi)
Мале
Абу Даби
Тирана
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Дубаи, Малдиви
Видови патувања
Зимски поаѓања 2024
Код на патување
MV104
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на патниците и организиран трансфер до Аеродромот во Тирана. Попладневен лет од Тирана и пристигнување во Абу Даби во вечерните часови. Трансфер до сместувањето во Дубаи. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Тирана
  • Абу Даби
  • Дубаи

Факултативни излети

По појадокот имаме слободно време за да уживаме на плажа. Тука одржуваме краток информативен состанок за подобро да се запознаеме, а и да ви ги раскажеме незаборавните авантурите кои следат во наредните денови! Во попладневните часови одиме во Dubai Mall еден од најголемите шопинг центар во светот полн со активности за забава и одмор. Со повеќе од 1.200 продавници и стотици продавници за храна и пијалоци, Dubai Mall опфаќа повеќе од 1 милион квадратни метри - површина еквивалентна на 200 стадиони. Имаме слободно време за шопинг и разгледување. Дефинитивно не го пропуштајте аквариумот (кој има повеќе од 15,000 риби меѓу кои и ајкули), “човечкиот” водопад (скулптура која е 24 метри висока и 30 метри широка), внатрешното лизгалиште, или картингот кој се наоѓа на кровот на центарот… Продолжуваме кон Burj Khalifa, највисоката зграда на #целсвет, која “држи” вкупно 6 светски рекорди. Fun fact: Burj Khalifa е толку висока што сонцето заоѓа 2-4 минути подоцна на повисоките спратови. Имате можност да се искачите на 124-тиот и 125-тиот кат. Каде имаме панорамски поглед од 360 степени над Арапскиот Залив. Потоа одиме да се восхитуваме на танцувачките фонтани. Ќе бидеме сведоци на највисоката фонтана во светот која има волшебен перформанс со вода, музика и светлина. Имаме слободно време во Souk Al Bahar кој е модерен пресврт на традиционалниот пазар на Блискиот Исток. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на фонтаната Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот. Враќање во сместувањето околу во вечерните часови. Слободно време за посетување на некои од нашите омилени руфтоп барови и ноќни клубови во Дубаи!!

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Во Дубаи сѐ е возможно, дури и цвеќиња растат во пустина :). Потоа продолжуваме кон Emirates Mall каде што ќе ги видиме прочуените скијачки терени на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. А доколку сакате уникатно искуство ви препорачуваме да влезете во Dreamscape, Virtual Reality (VR) искуство кое ќе ве воодушеви! Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. А на оваа локација се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи — бродското едро Burj Al Arab. Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа, овој ден ја посетуваме плажата La Mer. Се враќаме во сместувањето околу 19:00 часот. Слободно време и можност за посета на Global Village. Global Village не' запознава со културата на околу 90 држави. Исто така имаме и прилика да пробаме традиционална храна, или пак да видиме некој традиционален танц и перформанс. А секој вторник и четврток нашата вечер завршува со фасцинантен огномент!!

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel 1 ноќ

Место

  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот се одјавуваме од хотелот и имаме трансфер до Абу Даби. Лет од Абу Даби до Мале. Пристигнуваме во Мале во попладневните часови. Трансфер со брз брод до нашиот остров на Малдиви – Мафуши. Правиме check-in во собите, a потоа имаме организиран Traditional Tea Ceremony за добредојде на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед. Островот Мафуши е еден од поголемите населени острови на Малдиви со околу 2.500 жители. Мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби - Мале, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер со брз брод од аеродром до сместување

Сместување

Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ

Место

  • Дубаи
  • Абу Даби
  • Мале
  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Вечера (услуга полу-пансион) × 1

Факултативни излети

По појадокот земаме пешкири и опрема за нуркање од рецепција и одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Нè чека speed boat на локалното пристаниште и заминуваме на една вистинска тиркизна авантура! Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце.

Сместување

Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ

Место

  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Вечера (услуга полу-пансион) × 1

Факултативни излети

Првиот дел од денот го започнуваме со нуркање на локалниот корален гребен на островот Мафуши. Тие што не се веќе заразени со нуркање, после патувањето на Малдиви, сигурно ќе бидат. Убавините на подводниот свет на Малдиви се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода. Вториот дел од денот е планиран за Факултативниот излет - Плажирање на песочен насип, нереално зајдисонце со логорски оган. Време е за опуштање со Jungle екипата на песочнен насип (пуст остров) од нереално бел песок, опкружен со сината боја на Индискиот океан. Го чекаме зајдисонцето, палиме логорски оган и потоа гледаме милион ѕвезди над нас. Музика пуштаме од JBL, или гитара - ако некој од групата знае да свири :) Имаме наша гитара на Малдиви! :) Со нула светлосно загадување, небото изгледа буквално како на дофат. Стигнуваме два часа пред зајдисонце, за да имаме време и да уживаме на плажата и да уживаме во пливањето. Нереално доживување! Враќање во сместувањето.

Сместување

Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ

Место

  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Вечера (услуга полу-пансион) × 1

Факултативни излети

Овој ден е можеби највозбудливиот, најочекуваниот и омилениот ден на повеќето наши патници! Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Но, и покрај тоа што не се опасни, адреналинот кој се чувствува додека влегуваме во вода само се зголемува кога се нурнуваме да пливаме меѓу нив. Буквално соочување со ајкула очи во очи. Веруваме дека тоа ќе биде најчесто прераскажувано искуство кое сте го доживеале. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Овој пат одиме на уште помал песочен насип кој изгледа буквално како нафрлен куп песок од неколку метри во ширина и должина сред отворен океан. Враќање на Маафуши по што се впуштаме во уште една авантура -- го истражуваме островот со SUP даски или кајаци! 

Сместување

Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ

Место

  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Вечера (услуга полу-пансион) × 1

Факултативни излети

Следи уште еден ден за интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет - Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во слатното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга - вклучен ручек и пијачки за време на престојот. Вечерта ни е наменета за романтична вечера на плажа. Ѕвезди, свеќи на песок, тивка музика и убаво друштво.

Напомена: Услугата (All Inclusive) во различните ресорти кои може да се посетат е секогаш различна. Истата ќе биде искомуницирана од водичот на лице место, кога ќе го знаеме името на ресортот кој би можеле да го посетиме како "day visitors". Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.

Сместување

Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ

Место

  • Маафуши (Maafushi)

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Вечера (услуга полу-пансион) × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето, а потоа следи уште еден ден за интересни активности. Овој ден го посетуваме островот Gulhi. Тоа е населен остров, многу помал од Мафуши, каде што туризмот сè уште не е развиен воопшто и каде што ја имаме целата плажа само за нас. Пред поаѓање не заборавајте да си земете опрема за нуркање од хотел, зашто и на овој остров, како и на сите други, коралниот гребен е прекрасен и сигурно ќе сакате да го истражите малку повеќе. Уживање во магијата на овој прекрасен остров и неговите најубави плажи! Се враќаме на Маафуши и пополека се збогуваме со нашиот нов омилен остров! Трансфер со брод до аеродромот во Мале. Вечерен лет од Мале за Абу Даби. По пристигнување во Абу Даби имаме трансфер до нашето сместување. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 3*/4* во Абу Даби 1 ноќ

Место

  • Маафуши (Maafushi)
  • Мале
  • Абу Даби

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот започнуваме со незаборавна авантура во главниот град на ОАЕ - Абу Даби. Започнуваме во Emirates Palace најлуксузниот комплекс во Абу Даби. Палатата е изградена од злато и мермер и е опколена со неколку градини и фонтани. Денот го продолжуваме во The Louvre Abu Dhabi кој е е најголемиот културен проект на Франција во странство, музеј со неверојатна архитектура -- специфично за овој музеј е што е изграден над вода, па до него можеме да стигнеме преку мост или со брод. Потоа продолжуваме кон Ferrari World Abu Dhabi, забавен парк кој има срушено неколку светски рекорди. Во попладненвите часови се качуваме во џипови 4x4 и тргнуваме накај пустината. За време на возбудливото возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација каде го гледаме прекрасното зајдисонце над пустинските дини. Застануваме, правиме незаборавни фотографии со зајдисонцето и продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот бедуински камп сред пустината. Овде имате можност да јавате камила или да го испробате традиционалниот дизајн на Хена на вашите раце. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле) околу камперскиот оган на ѕвездената светлина

Сместување

Хотел со 3*/4* во Абу Даби 1 ноќ

Место

  • Абу Даби

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот се одјавуваме и имаме трансфер до аеродромот во Абу Даби. Лет од Абу Даби до Тирана. Пристигнување во Тирана во попладневните часови. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Тирана до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Локален трансфер од сместување до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm

Место

  • Абу Даби
  • Тирана
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel Пример 3 ноќи
Arena Beach Hotel, Maafushi Пример 5 ноќи
Хотел со 3/4 во Абу Даби Пример 2 ноќи

Превоз

  • Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Тирана.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Абу Даби, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер од Абу Даби до сместувањето во Дубаи
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби - Мале, во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm
  • Трансфер со брз брод од аеродром до сместување
  • Локален трансфер од сместување до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Абу Даби -Тирана , во економска класа со вклучен рачен багаж од 10kg со димензии 40х30х20cm

Храна

9 × Континентален појадок , 5 × Вечера (услуга полу-пансион)

Останато

  • Виза за влез во Дубаи

Не е вклучено

  • 100€ доплата за Wizz Priority (10kg кабински куфер) за сите 4 летови. Препорачуваме да купите куфер при пријава поради променливоста на цените!
  • Опционална доплата од 60 ЕУР по лице за SEAVIEW ROOM – соби од повисока категорија со поглед на океан.
  • Туристичка такса за Дубаи која изнесува 4.08$ дневно по соба (или 2.04$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

МАЛДИВИ - ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА

МАЛДИВИ - ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ

  • ПОСЕТА НА SANDBANK (ПЕСОЧЕН НАСИП) ПРЕКУ ДЕН – НАЈЕГЗОТИЧНАТА “ПЛАЖА“ ШТО НЕКОГАШ СТЕ ЈА ВИДЕЛЕ!
  • НУРКАЊЕ И ПЛИВАЊЕ СО ДЕЛФИНИ!
  • НУРКАЊЕ НА КОРАЛНИОТ ГРЕБЕН BIYADHOO – ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ НА МАЛДИВИ! 
  • НУРКАЊЕ СО ПОДВОДНИ ЖЕЛКИ
  • ВОЗЕЊЕ СО КАЈАЦИ / SUP ДАСКИ
  • НУРКАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОРАЛЕН ГРЕБЕН (МАФУШИ)
  • РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА НА ПЛАЖА (ПАТНИЦИТЕ СО ПОЈАДОК ДОПЛАЌААТ 12$ ПО ЛИЦЕ ЗА ВЕЧЕРАТА)
  • НУРКАЊЕ СО МАНТА-РАЖИ!
  • ТРАДИЦИОНАЛЕН TEA CEREMONY!

Dubai Highlights

Dubai Highlights
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

*****ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ*****

  • Dubai Mall - најголемиот шопинг центар во светот. Шопинг центар кој изобилува со активности за забава и одмор. Има повеќе од 1.200 продавници и огромен избор на храна и пијалоци. Имаме слободно време за шопинг и истражување на овој центар.
  • Burj Khalifa - е највисоката зграда на светот. За нејзината изградба биле потребни 5 години, има 163 ката и има срушено 6 светски рекорди. Изградена е во облик на хименокалис крин -- цвеќе кое расте во пустините на Дубаи. Можност да се искачите на 124 и 125-тиот кат на Burj Khalifa каде што има панорамски поглед 360° на целиот Дубаи – се качуваме на врвот на светот.

*Во излетот не е вклучена влезница за качување на 124ти и 125ти кат на Burj Khalifa, која чини 45 по-човек (влезницата треба да се обезбеди однапред -- при пријава или доплата на целосниот аранжман)

  • Souk Al Bahar - е модерен осврт на традиционален арапски пазар. Сместен во срцето на градот, овој популарен центар комбинира шопинг, забава и јадење. Со поглед на танцувачката фонтаната во Дубаи и Burj Khalifa оваа локација е совршена за впивање на погледот на највисоката кула во светот.
  • Palace Downtown - Eден од најубавите хотели во Дубаи кои ни нуди неверојатен поглед кон Burj Khalifa. Изграден во традиционален арапски стил, претставува уникатен спој на минатото и сегашноста на Дубаи.
  • Wings of Mexico - скулптура дизајнирана од мексиканскиот уметник Хорхе Марин и е стратешки лоцирана пред Burj Khalifa, давајќи спектакуларна позадина за фотографии и спомени од Дубаи. Оваа скулптура го претставува сонот на луѓето да летаат слободно, потпирајќи се на нивните желби, верувања и страсти!
  • Burj Park - е совршено место за одмор во центарот на Дубаи, парк сместен на мало островче покрај езерото Burj. Паркот нуди неспоредлив поглед на Burj Khalifa и волшебната танцувачка фонтана во Дубаи.
  • Dandelion light sculpture - Оваа спектакуларна инсталација е најголема од ваков вид во светот. Се восхитуваме на суптилната убавина на 14 глуварчиња идеално поставени покрај патот до операта во Дубаи.
  • Dubai Opera - Иконската архитектура на операта во Дубаи е во облик на Dhow (традиционален чамец). Ремек-дело на современиот дизајн и стилска почит на наследството на Дубаи -- како што овие традиционални чамци придонеле кон напредокот на овој динамичен град, така и операта во Дубаи го остава својот белег на растот, гордоста и квалитетот на животот во Дубаи.
  • Dubai Fountain - Се восхитуваме на најголемата фонтана на светот која не маѓепсува со нејзиниот перформанс со вода, музика и светлина.
  • Dubai Frame – Посета на Dubai Frame, една од најпознатите атракции во градот! Правиме фотографии за паметење :) !
  • Museum of Future – Photostop пред Museum of Future! Дизајниран како асиметричен торус обложен со челик и стакло, Музејот на иднината е признат од National Geographic како еден од 14-те најубави музеи во светот. Фасцинатна футуристичка глетка! Добредојдовте во иднината!

Во цената е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата.

Miracle Gardens, Emirates Mall, Madinat Jumeirah и La Mer.

Miracle Gardens, Emirates Mall, Madinat Jumeirah и La Mer.
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 70,00 USD

Одиме да видиме милиони цвеќиња и егзотични аранжмани во расцут. Свет на цветни чуда ве очекува во Dubai Miracle Garden, најголемата природна цветна градина во светот. Паркот од 72.000 квадратни метри има импресивна постава на познати згради и градби целосно трансформирани во шарени цветни експонати. Потоа одиме во Emirates Mall каде што ќе видиме скијачки патеки на затворено и ќе имаме слободно време за шопинг и разгледување. Продожуваме кон Madinat Jumeirah. Инспириран од арапските градови, Madinat Jumeirah е мини-град во Дубаи, кој се состои од хотели со пет ѕвезди, раскошни пазари и прекрасни плажи. Постои цел речен систем, во должина од пет километри, полн со сопствена флота од традиционални чамци Абра. Во Madinat Jumeirah се наоѓа и познатиот симбол на Дубаи Burj Al Arab — хотелот изграден во форма на бродско едро! Имаме слободно време за разгледување и за уживање на плажа, а овој ден ја посетуваме една од нашите омилени плажи во Дубаи -- La Mer!! 

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата и влезница за Dubai Miracle Garden.

Sunset Fishing

Sunset Fishing
Цена: од 30,00 USD до 40,00 USD

Искусете ноќен рибилов во малдивски стил, користејќи ги само рацете и сирова риба како мамец. Уметност со која локалците се занимаваат со генерации, а денес привлекува љубопитни патници кои и сами сакаат да учествуваат во авантурата. Прекрасен излет, незаборавна вечер и прилика да ловите риби под ѕвезденото небо на Малдиви. Во цената на излетот е вклучено: услуга претставник на агенцијата, организиран превоз по предвидениот план и програма, опрема за ловење, вечера од тоа што сме го уловиле послужена со ориз и салата. 

Песочен насип, нереално зајдисонце со логорски оган

Песочен насип, нереално зајдисонце со логорски оган
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 30,00 USD

Опуштање со Jungle екипата на песочнен насип (пуст остров) со нереално бел песок, опкружен со сината боја на Индискиот океан. Го чекаме зајдисонцето, палиме логорски оган и потоа гледаме милион ѕвезди над нас. Музика пуштаме од JBL, или гитара - ако некој од екипата знае да свири :) Имаме наша гитара на Малдиви! :) Со нула светлосно загадување, небото изгледа буквално како на дофат. Стигнуваме два часа пред зајдисонце, за да имаме време и да уживаме на плажата и да уживаме во пливањето.

Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип

Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 60,00 USD

За многумина ова е омилениот и најубав излет на Малдиви, па никако не треба да се пропушти. Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. 
Во цената на излетот е вклучено: организиран превоз според предвидената програма, овошје, опрема за нуркање, локален водич и претставник од агенцијата.

Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort).

Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort).
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: од 100,00 USD до 120,00 USD

Еднодневна посета на еден од најубавите приватни острови на Малдиви каде ќе уживате на белата песочна плажа опкружена со кристално чистата тиркизна вода и богата зелена вегетација. Ќе ја почувствувате магијата која овој прекрасен ресорт ја нуди на своите гости. Во цената на излетот е вклучено: oрганизиран превоз по предвидениот план и програма, влез на островот, лежалка, ручек (шведска маса) и безалкохолни и алкохолни пијалоци. 

Напомена: Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на "day-visitors" и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден "Resort Visit" како факултативен излет.

Островот Gulhi

Островот Gulhi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 20,00 USD

Посетуваме локален остров недалеку од Маафуши со прекрасна плажа, прашкаст бел песок и незаборавен малдивски тиркиз. Плажа во која навистина ќе се заљубите! Уживаме во глетката, се качуваме на познатата водена лулашка и правиме совршени фотографии. За љубителите на морскиот живот, постои можност за нуркање и истражување на коралниот гребен!

Abu Dhabi Highlights

Abu Dhabi Highlights
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: од 35,00 USD до 45,00 USD

Ги посетуваме најважните знаменитости во главниот град на Обединетите Арапски Емирати -- Абу Даби. Започнуваме во Emirates Palace најлуксузниот комплекс во Абу Даби, а и еден од најлуксузните на #целсвет. Палатата е изградена од злато и мермер и е опколена со неколку градини и фонтани. Продолжуваме во The Louvre Abu Dhabi кој е е најголемиот културен проект на Франција во странство, музеј со неверојатна архитектура -- специфично за овој музеј е што е изграден над вода, па до него можеме да стигнеме преку мост или со брод. Потоа продолжуваме кон Ferrari World Abu Dhabi, забавен парк кој има срушено неколку светски рекорди. Впечатливо за Ferrari World е тоа што неговиот покрив е во форма на иконското црвено лого на Ferrari. На крај завршуваме во Џамијата Шејк Зајед -- една од најголемите џамии на #целсвет, нејзината уникатна архитектура е создадена од испреплетеноста на повеќе исламски архитектонски школи. Има 82 куполи, повеќе од 1.000 столбови, позлатени лустери од 24-каратно злато и најголемиот рачно изработен тепих во светот. А еден интересен факт е дека дел од мермерот кој е користен во градбата на оваа џамија потекнува од Прилеп!!!

Пустинско џип сафари, јавање камили и бедуински камп.

Пустинско џип сафари, јавање камили и бедуински камп.
Цена: 65,00 USD

Излетот започнува попладне низ пустината на Абу Даби со неколку постојки за фотографирање. За време на возбудливо возење низ пустинските дини, пристигнуваме на првата дестинација каде го гледаме прекрасното зајдисонце. Потоа продолжуваме со возењето низ дините за конечно да стигнеме до нашиот камп. Овде имаме можност да јаваме камила и да го испробаме дизајнот на Хена на рака или на нога. Продолжуваме со вкусна традиционална вечера и шиша (познатото арапско наргиле) околу камперскиот оган на ѕвездената светлина.

Во цената на излетот е вклучено: Организиран превоз со џип 4x4 по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата, вечера и сите активности предвидени во програмата.

Сместување

Al Khoory Courtyard Hotel

Al Khoory Courtyard Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Al Khoory Courtyard Hotel се наоѓа во Al Qouz областа во Дубаи. Хотелот се наоѓа на совршена местоположба -- на само 15 минути со такси од Downtown Dubai и Dubai Marina (најживите и најважните области во Дубаи). Имајте на ум дека такси превозот во Дубаи е многу евтин -- од 2-5 евра од човек во еден правец. Дополнително, Al Qouz е област позната по живописни уметнички и културни центри, уметнички галерии, безброј ресторани и хипстерски кафулиња. А доколку сте фанови на уметност во слободно време дефинитивно прошетајте по една од најпознатите авении во Дубаи — Alserkal, која е домот на 13 меѓународни уметнички галерии и безброј уникатни кафулиња!

Хотелот располага со прекрасна руфтоп тераса и infinity базен со панорамски поглед на Дубаи, два ресторани, комплетно опремен фитнес центар, велнес и спа центри идеални за вашата релаксација.

Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Дополнително сите соби имаат и мини-бар, електричен kettle и сеф. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://alkhooryhotels.com/courtyard/

Адреса Al Waha St - Al Quoz - Al Quoz 3 - Dubai - United Arab Emirates

Arena Beach Hotel, Maafushi

Arena Beach Hotel, Maafushi
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Arena Beach е дефинитивно најдобриот хотел на Мафуши, Малдиви. Сместувачки објект кој располага со двокреветни и трокреветни соби. Хотелот се наоѓа на прекрасна плажа со бел песок и тиркизна вода на океанот, сопствени лежалки - бесплатни за гостите на хотелот. Хотелот нуди и бесплатна опрема за нуркање и пешкири за плажа, достапни секој ден, за секој гостин на хотелот. На кровот на хотелот има и infinity pool достапен за гостите. Секоја соба е климатизирана, со сопствен тоалет и достапно Wi-Fi во целиот хотел. Услугата е на база ноќевање со појадок или појадок и вечера (полупансион).

Вебсајт http://www.arenabeachmaldives.com/

Адреса Ziyaaraiy Magu Road
Maafushi 08090
Maldives

Хотел со 3*/4* во Абу Даби /

Хотел со 3*/4* во Абу Даби
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел 3*/4* (по локална категоризација) е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби имаат сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотел ќе биде потврдено најдоцна четри недели пред патувањето.

Останати поаѓања за Малдиви

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.