Јапонија и Кина Експедиција

цена од
3.199
EUR ,00
сега од
2.899
EUR ,00
траење
11 дена
Барање
Барање

Кина и Јапонија – патување низ два фасцинантни света 🐉

Патуваме низ две неверојатни азиски земји, каде древните цивилизации се среќаваат со футуристичките градови, импозантните историски споменици и технологијата на иднината. Од кинеските панди и царските палати до јапонските храмови, неонските улици и брзите возови, ова е патување што ги спојува највпечатливите лица на Јапонија и Кина во едно незаборавно искуство.

Ченгду, градот на пандите 🐼

Нашата азиска авантура ја започнуваме во Ченгду, град познат по својата опуштена атмосфера, богатата гастрономија и најпознатите црно-бели жители на Кина – џиновските панди. Го истражуваме градот и го посетуваме центарот за панди, каде одблизу се запознаваме со овие симпатични животни и напорите за нивна заштита. Ченгду е совршен вовед во кинеската култура, традиција и секојдневен живот.

Пекинг, царската приказна на Кина 🏯

Од Ченгду се упатуваме кон Пекинг, град во кој вековната историја се чувствува на секој чекор. Ја откриваме величествената Забранета палата, некогашниот дом на кинеските императори, и се запознаваме со приказните за династиите што ја обликувале земјата. Пекинг е место каде традиционалната архитектура, широките плоштади и модерниот урбан живот создаваат впечатлив спој на старото и новото.

Кинескиот ѕид, едно од најголемите светски чуда 🧱

Стигнуваме до едно од најпрепознатливите места на планетата – Кинескиот ѕид. Се искачуваме по неговите камени патеки, минуваме покрај стражарските кули и уживаме во погледите кон планините што се протегаат во далечината. Ова е моментот кога историјата што сме ја читале во книгите станува вистинско доживување – искуство што се памети цел живот.

Токио, градот на иднината 🏙️

Од историска Кина се префрламе во Јапонија, земјата на изгрејсонцето, и ја откриваме нејзината динамична престолнина – Токио. Градот нè пречекува со високи облакодери, светлечки реклами, раздвижени улици и технологија што изгледа како да пристигнала од иднината. Ги истражуваме познатите градски квартови и ги откриваме различните лица на Токио – од модерните деловни центри и популарните трговски улици до местата каде сè уште се чувствува традиционалниот јапонски дух.

Осака, градот на светлата и вкусовите 🍜

Продолжуваме кон Осака, еден од најживите градови во Јапонија, познат по својата гастрономија, енергичните улици и модерната атмосфера. Овде Јапонија ја доживуваме преку нејзината урбана култура, локалните специјалитети и динамичниот ноќен живот. Осака е град во кој секој агол нуди нешто ново, а традицијата и современиот начин на живот природно се надополнуваат.

Шангај, каде старата и новата Кина се среќаваат ✨

Последната етапа од патувањето нè носи во Шангај, еден од највпечатливите мегалополиси во Азија. Го откриваме The Bund, познатото шеталиште покрај реката со панорамски поглед кон модерниот градски хоризонт, и Nanjing Road, една од најпознатите трговски улици во Кина. Шангај е град на контрасти – футуристички облакодери, историски градби, традиционални квартови и модерна урбана енергија се спојуваат во една фасцинантна целина.

Две земји, безброј доживувања 💯

Од пандите во Ченгду до царските палати во Пекинг, од величествениот Кинески ѕид до светлечките улици на Токио, од традиционалниот Кјото до динамичната Осака и историската Хирошима, па сè до космополитскиот Шангај – ова патување ги открива различните лица на Азија. Две земји со богата историја, уникатни култури и сосема различни атмосфери, поврзани во една програма исполнета со откритија, нови вкусови и незаборавни моменти.

Сè ти е средено 🤍

Летовите, трансферите, сместувањето, организираните разгледувања и внимателно избраните искуства се поврзани во една комплетна програма. Тебе ти останува само да се препуштиш на авантурата, да ги откриеш контрастите на Јапонија и Кина и да создадеш спомени од патување што спојува два фасцинантни света.


Рута
Скопје
Истанбул
Пекинг (Beijing)
Токио
Осака
Шангај (Shanghai)
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер, Воз
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Јапонија, Кина
Видови патувања
Далечни Патувања 🌍
Код на патување
JPCH1
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 30. 3. 2027

Состанок на патниците на меѓународниот аеродром во Скопје и лет до Пекинг со преседнување во Истанбул. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје-Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнуваме во Пекинг во попладневните часови и правиме трансфер до нашето сместување. По чек ин, имаме слободно време за прошетка и да ги впиеме првите впечатоци на овој град. Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул-Пекинг (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Приватен трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел со 3* во Пекинг 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Пекинг (Beijing)

По појадокот се упатуваме кон една од најдобрите факултативни излети, излет кој дефинитивно ќе биде highlight на нашата авантура во Кина. Освојуваме уште едно светско чудо, односно познатиот Кинески ѕид. За неговата изградба биле потребни повеќе од 2000 години. Огромниот џиновски змеј се протега низ границата на северна Кина, оваа структура поминува низ планини, шуми и котлини. Градба која ја бранела Кина од армиите на Генгис Кан. Се искачуваме на ѕидот со жичара, потоа започнуваме со нашата авантура на врвот на ѕидот!! Се искачуваме на различнивидоковци, се симнуваме во бунари и ги впечатуваме не-еднаквите скали на овој ѕид (некои од нив се високи самонеколку сантиметри, а некои достигнуваат и до 1 или 2 метри) Ќе уживаме во прекрасната глетка додека слушаме за приказните и историјата на ова светско чудо. Дефинитивно испразнете го вашиот телефон поради тоа што на ѕидот ќе направиме илјадници слики. Ја посетуваме и летната палата која во едно служела како летна резиденција на кинескиот император. Летната палата, денес е најголемиот национален парк во Кина, со површина од 270 хектари. Оваа палата датира од 17 век, а со тек на времето неколку пати била доградувана. Последен пат овој храм бил реновиран во времето на царицата Ци Ши, кога било ископано вештачко езеро. Враќање во сместувањето. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 3* во Пекинг 1 ноќ

Место

  • Пекинг (Beijing)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Тргнуваме на целодневен факултативен излет низ Пекинг. Разгледувањето го започнуваме со плоштадот Тјенанмен, сместен во срцето на Пекинг, каде што се наоѓа мавзолејот на Мао Це Тунг, основачот на Народна Република Кина и еден од најзначајните лидери во историјата на земјата. Влезот е украсен со познатите мермерни лавови, а плоштадот е еден од најголемите и најпознатите во светот. Продолжуваме кон еден од најпрепознатливите симболи на Кина, веднаш по Кинескиот ѕид – Забранетиот град. Овој огромен комплекс од царски палати и храмови со векови бил центар на кинеската царска моќ. Во него живееле и владееле императорите од династиите Минг и Ќинг. За време на посетата ќе ги разгледаме величествените палати и историските простории, исполнети со уметнички дела и сведоштва за раскошот на некогашниот царски двор. По посетата на Забранетиот град, продолжуваме кон паркот Џингшан, еден од најпознатите паркови во Пекинг. Неговата особеност е вештачкиот рид од чиј врв се отвора незаборавна панорамска глетка кон покривите и величествениот комплекс на Забранетиот град. По излетот се упатуваме кон аеродром и имаме лет до Токио. Пристигнување во Токио во вечерните часови и трансфер со воз до нашето сместување. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер до аеродромот во Пекинг
  • Локален лет од Пекинг до Токио
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

APA Hotel Asakusabashi Ekikita 1 ноќ

Место

  • Пекинг (Beijing)
  • Токио

Храна

  • Континентален појадок × 1

Ја започнуваме нашата авантура со истражување на престолнината на “Земјата на Изгрејсонцето” - Токио. Имајте на ум дека во Токио има толку многу да се види што не е возможно да видиме се’ во само еден ден, па нашето истражување го имаме поделено во два дена. Започнуваме во прекрасниот живописен дел од градот наречен Асакуса (Asakusa), место во кое може сеуште да се почувствува атмосферата и духот на старата Јапонија. Тука ќе посетиме еден од најважните храмови на Еdo периодот, Сенсо-џи (Sensō-ji) или Asakusa Kanon. Во непосредна близина се наоѓа и улицата Накамисе (Nakamise), позната по нејзините автентични продавници за сувенири и начичкани тезги каде имаме прилика да пробаме превкусни традиционални јапонски слатки. Продолжуваме во Ueno паркот каде го наоѓаме нашиот зен и уживаме во мирот и спокојот опколени со илјадници јапонски цреши!! Правиме кратка пауза и продолжуваме кон познатата Кралска Палата која не е отворена за посетители, но се наоѓа во исклучително живописен јапонски парк во самиот центар на градот. Потоа следува посета на Мetropolitan Government (Tochō), третата највисока зграда во Токио, каде ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед на овој неверојатен град. Во попладневните часови одиме во областа Шинџуку (Shinjuku), позната како област која „не спие“. Област со високи облакодери, широки трговски улици и безброј кафулиња, барови и ресторани. А нашата вечер ја завршуваме во областа Кабукичо (Kabukicho), една од најживите области во Токио, полна со уникатни барови (на пример, робот ресторани) и безброј дискотеки во кои танцуваме цела ноќ!!! Ноќевање.

Сместување

APA Hotel Asakusabashi Ekikita 1 ноќ

Место

  • Токио

Нашата авантура во Токио продолжува и следниот ден со посета на квартот Цукиџи (Tsukiji), јапонскиот „град на храната“ каде ќе наидеме на секаков вид традиционална јапонска храна. Уживаме во вкусот на оригиналното јапонско суши и други специјалитети од свежа риба. По ручек, ја продолжуваме нашата авантура кон Гинза, најстариот и најпознат шопинг кварт во Токио. Посетуваме традиционален Кабуки (Kabuki) театар. Кабуки претставува традиционална јапонска форма на театар чии корени датираат од Едо периодот. Продолжуваме во Шибуја, една од најживописните во Токио, област позната по шопинг и вообичаениот метеж на најпознатата раскрница на #целсвет!! Уживаме во шопинг во една од стотиците стоковни куќи и трговски центри во оваа област. Fun fact: во оваа област се започнати многу познати јапонски модни трендови! Како дел од нашата посета на Шибуја, ќе ја посетиме и областа Харајуку (Harajuku), која го претставува срцето на јапонската младинска култура и Омотесандо (Omotesandō), најскапиот кварт во Токио. Вечерта продолжуваме на пијачка во некои од локалните барови во Шибуја! Ноќевање. 

Сместување

APA Hotel Asakusabashi Ekikita 1 ноќ

Место

  • Токио

Го напуштаме сместувањето во Токио во утринските часови и се упатуваме кон Осака со воз. Правиме чек ин во нашето сместување и ја започнуваме прошетката низ овој град. .Шетајќи низ Осака, носиме заклучок дека ова е еден одлично уреден град со 9 милиони жители. Ручаме во Дотонбори кварт во градот, која е гастрономски центар во Јапонија поради големиот број на ресторани. Тука се наоѓа Кани Дораку, познатиот “краба знак” – покрај кој секој турист се фотографира. Не пропуштајте да ги пробате такојаки куглите и окономијаки палачинките. Градот изгледа футуристички. Тука настанал првиот робот на светот, а ние ќе запознаеме уште една димензија на Осака. Ќе ја посетиме внатрешноста на дворецот во Осака, која е сега музеј од времето на самураите. Во прашање е исклучителна градба од 17-тиот век. За дворецот е заслужен шогунот Хидејоши Тојотоми, итар владетел кој повеќе од се’, сакал жени и чај. Како таков бил и запамтен – необичен хедонист, што од него наследиле и сегашните жители на Осака, кои ги бие ист глас. Специфично за замокот е што тој монументално се издигнува над сакура крошните. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Токио до Осака

Сместување

APA Hotel Higashi Umeda Minami Morimachi Ekimae 1 ноќ

Место

  • Токио
  • Осака

Овој ден е резервиран за незаборавна авантура во Кјото. Градот, кој од 794 година, па се’ до 19-тиот век бил престолнина на Јапонија и кралски град, е исполнет со традиција и го носи содветниот прекар „градот на илјада години“. Се враќаме во минатото, во традиционална Јапонија, а контрастот помеѓу футиристичкиот Токио и Осака навистина ќе не остави без здив! Кјото е еден од ретките градови каде што можете сеуште да видите Јапонски традиционални куќи. Денот го започнуваме со посета на Kiyomizudera, еден од најпознатите храмови во Кјото, познат по својата импресивна дрвена тераса и прекрасниот поглед кон градот. Продолжуваме со прошетка низ историската област Higashiyama, каде што традиционалната јапонска архитектура и автентичната атмосфера на старото Кјото нè враќаат во минатото. Потоа го посетуваме Gion, познатиот кварт на гејшите, препознатлив по традиционалните дрвени куќи и тесните улички што го чуваат духот на старото Јапонско царство. За крај, го посетуваме Kinkakuji – Златниот павилјон, еден од најпознатите симболи на Кјото.  Храмот се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско културно наследство. Специфично за овој храм е тоа што покривот на овој храм е прекриен со златни лисја. Првобитно е изграден како вила на шогунот Јошимичуа. По неговата смрт, станал зен храм, а денес зен градина го опкружува овој блескав павиљон кој во себе крие необични приказни за сопственото совршенство. Неколку пати е запален до темел, дури два пати во Онинската војна во 15-ти век, но и во неодамнешната историја. Имено, во 1950 година, еден монах фанатик го запалил храмот и пробал да се самоубие. Храмот е обновен во 1955 година. Уживаме во средни дрвца, езерце и бесконечно зеленило кое нѐ транспортира во едно поинакво време. Имаме слободно време за прошетка а потоа се враќаме кон нашето сместување во Осака. Ноќевање. 

Сместување

APA Hotel Higashi Umeda Minami Morimachi Ekimae 1 ноќ

Место

  • Осака

Го напуштаме нашето сместување во утринските часови и се упатуваме кон аеродромот во Осака. Имаме локален лет до Шангај. По пристигнување, се упатуваме кон нашето сместување и започнуваме со истражување на модерните достигнувања на Шангај, односно неговите најпознати улици -- Xintiandi, The Bund и Nanjing. Xintiandi e поранешна населба на стариот Шикумен и е реинкарнирана во блескава и современа област во Шангај со одлични ресторани, луксузни клубови и бутици. Потоа се упатуваме кон познатнто пристаниште The Bund -- луксузно место, со ресторани и преубава глетка над Shanghai-waterfront. Нашата прошетка ја завршуваме со модерна, осветлена улица полна со продавници и ресторани, една од најскапите шопинг улици на светот која се носи рамо до рамо со познатата Takeshita (Harajuku) во Јапонија, Champs-Élysées во Франција и Oxford Street во Лондон -- Nanjing Road. По излетот се враќаме во сместувањето. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродромот во Шангај
  • Локален лет од Осака до Шангај
  • Приватен трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел со 3* во Шангај 1 ноќ

Место

  • Осака
  • Шангај (Shanghai)

Започнуваме со градините Ју Јуан (или само градините Ју - што во превод значи градините на задоволството) се едни од најубавите градини во цела Кина. Овие градини се наоѓаат во срцето на стариот дел на Шангај. Јујуан е област која е сокриена меѓу куп облакодери, област со мали традиционални куќички и бујно зеленило. Улиците се полни со луѓе, продавници и прекрасни кинески куќички. Градините Ју Јуан се изградени во 16тиот век и се отворени за јавноста во 1961 година. На површина од околу 20.000 квадратни метри се наоѓаат традиционални кинески павилјони, неколку езерца, егзотични карпи, стари дрвја и шарени цвеќиња. Градината е поделена на шест тематски зони. Еден од најпознатите делови на градините Ју Јуан е карпата Жад, која се наоѓа спроти обзерваторијата Јухуа од каде и всушност се набљудува оваа карпа. Станува збор за прекрасна карпа висока над три метри, која има 72 дупки. Посебната карактеристика на оваа карпа е што ако под неа запалите темјан, чадот магично ќе излезе од сите 72 дупки. Ако преку врвот се истури вода во карпата, таа ќе тече од сите дупки и ќе создаде прекрасна глетка. Ја посетуваме и улицата Ченгхуангмиао, како и округот Ксинтианди. Оттаму продолжууваме кон градот Тианзифанг, мини-град кој има само станбени згради и фабрики кои се претворени во уметнички инсталации, каде има хипстерски барови, кафулиња, продавници, дизајнерски студија, и галерии. По излетот се враќаме во нашето сместување. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 3* во Шангај 1 ноќ

Место

  • Шангај (Shanghai)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Го напуштаме сместувањето рано наутро и се упатуваме кон аеродром. Лет од Пекинг до Скопје со преседнување во Истанбул. Крај на патувањето. 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Шангај-Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул-Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Шангај (Shanghai)
  • Истанбул
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 600€ (37.200,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализација на патувањето (пр. Кина - Јапонија и Јапонија - Кина). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (600€ по лице, во денарска противвредност) се нерефундабилни!

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

Хотел со 3 во Пекинг Пример 2 ноќи
APA Hotel Asakusabashi Ekikita Пример 3 ноќи
APA Hotel Higashi Umeda Minami Morimachi Ekimae Пример 2 ноќи
Хотел со 3 во Шангај Пример 2 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје-Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул-Пекинг (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Приватен трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер до аеродромот во Пекинг
  • Локален лет од Пекинг до Токио
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Токио до Осака
  • Трансфер од сместување до аеродромот во Шангај
  • Локален лет од Осака до Шангај
  • Приватен трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Шангај-Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул-Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

3 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Сместување

Хотел со 3* во Пекинг

Хотел со 3* во Пекинг
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместувачки објект кој располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 7 дена пред поаѓање.

APA Hotel Asakusabashi Ekikita

APA Hotel Asakusabashi Ekikita
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

APA Hotel Asakusabashi Ekikita e сместувачки објект во Токио, Јапонија. Хотелот се наоѓа во населбата Asakusabashi, на само 15 минути пешки од Сенсо-џи храмот и 10 минути пешки од Electric Town. Метро станицата се наоѓа на само 3 минути од нашето сместување, а на само 2 минути се наоѓаат маркетите -- 7/11 и Family Mart. Во склоп на хотелот има и ресторан кој служи јапонска и интернационална храна. Се сместуваме во двокреветни соби со брачен кревет, сопствено купатило, клима уред, телевизор со сателитски канали и бесплатен WIFI интернет. 

Услугата е на база ноќевање. 

Вебсајт https://www.apahotel.com/hotel/syutoken/tokyo/asakusabashi-ekikita/?utm_source=google&utm_medium=maps

Адреса 3 Chome-1-10 Asakusabashi
Taito City
Tokyo 111-0053
Japan

APA Hotel Higashi Umeda Minami Morimachi Ekimae

APA Hotel Higashi Umeda Minami Morimachi Ekimae
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

APA Hotel Higashi Umeda Minami Morimachi Ekimae е сместувачки објект со 3* во Осака, Јапонија. Хотелот се наоѓа на одлична локација во Осака -- на само неколку минути од метро-станицата. Хотелот располага со сопствен ресторан, и летна тераса. Се сместуваме во двокреветни соби со брачен кревет, сопствено купатило, телевизор со сателитски канали, и бесплатен WI-FI интернет. 
Напомена: Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт https://www.apahotel.com/hotel/kansai/osaka/higashiumeda-minamimorimachi-ekimae/?utm_source=google&utm_medium=maps

Адреса Osaka Prefecture
Osaka
Kitaku Minamimorimachi 2-4-36
Japan

Хотел со 3* во Шангај

Хотел со 3* во Шангај
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелско сместување со 3 ѕвезди по локална категоризација. Хотелот располага со двокреветни соби. Сите соби имаат сопствен тоалет. Услугата е на база на ноќевање со доручек (континентален доручек).

Останати поаѓања за Јапонија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.