Јапонија Нова Година

цена од
1.390
EUR ,00
сега од
1.290
EUR ,00
траење
8 дена
Пријави се Барање
Барање

Ве носиме во Јапонија, островска земја во источна Азија која претставува изолиран свет на една единствена култура и пејсажи. Ретко каде на планетата земја може да се види таков контраст на модерното и традиционалното што не е рефлектиран само на архитектурата и уметноста, туку и на луѓето и нивниот дух. Најголемиот дел на територијата на оваа држава го завземаат планините. Дури 70% од површината на Јапонија е покриена со планини, вклучително и преку 100 активни вулкани. Земјата ја сочинуваат преку 6800 острови. Јапонскиот архипелаг содржи 6852 острови од кои најголеми се Хоншу, Хокаидо, Ќушу и Шикоку


Рута
Белград
Доха
Токио
Доха
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хостел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Видови патувања
Далечни дестинации, Нова година
Дестинации
Јапонија
Код на патување
JP2
Тежина
Погодно за деца
Не
Големина на групата
Мин 10

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 29. 12. 2020

Состанок на аеродромот "Никола Тесла" во Белград два часа и половина пред летот. Разговараме за егзотични дестинации и се смешкаме додека го чекаме нашиот лет. Одиме на исток во пресрет на Сонцето. Лет од Белград до Доха (лет QR 232, Белград 11:40 – Доха 18:30). Пристигнување во Доха.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Белград
  • Доха

Конекција на лет за Токио (лет QR 806, Доха 01:55 – Токио 17:45). Пристигнување во Токио во доцните попладневни часови, трансфер со метро до сместувањето. Слободно време за индивидуални активности.

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Дохаво економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативен излет - Разгледување на Токио, престолнината на “Земјата на Изгрејсонцето”. Прво ќе ја посетиме Кралската Палата која не е отворена за посетители, но се наоѓа во исклучително живописен јапонски парк во самиот центар на градот. Потоа следува посета на Мetropolitan Government, третата највисока зграда во Токио, каде ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед на овој неверојатен град. Ќе го посетиме Меиџи храмот (Meiji Shrine) изграден во класичен шинто стил. Потоа со нивното супер брзо метро ќе одиме во прекрасниот живописен дел од градот наречен Ашакуша (Asakusa), место во кое може сеуште да се почувствува атмосферата и духот на старата Јапонија. Тука ќе го посетиме едниот од најважните храмови на Еdo периодот, Asakusa Kanon. Се припремаме за дочекот на Новата 2021. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Ден посветен за продолжување на факултативниот излет - Разгледување на Токио. Го посетуваме паркот Уено каде ќе уживаме во мирот. Вечерта ја посетуваме Шибуја, дел од градот кој е познат по шопинг и вообичаениот метеж на најпознатата раскрница на светот.

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативен излет - Посета на градот Nikko со локален воз. Град кој е ризница на културно-историски знаменитости, но исто така изобилува и со природна убавина. Тука се наоѓа мавзолејот Toshogu, гробното место на основачот на династијата Tokugawa leyasu. Ова е еден од најубавите дворски комплекси во Јапонија и е град под заштита на УНЕСКО. Во рамките на овој комплекс се наоѓаат бројни простории со уметнички дела и резби од дрво, од кои најпознати се Трите мудри мајмуни (едниот не слуша, вториот не зборува, третиот не гледа). Покрај ова, можеме да видиме и бројни пагоди, како и Тајниот мост преку реката Даија. Во близина се наоѓа и храмот на Буда, Rinno-ji. Враќање во Токио во доцните вечерни часови. 

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Факултативен излет - го посетуваме најголемото пристаниште во Јокохама. Посета на “ramen” музејот. Ќе запливаме во пост-воените улици, каде се служи рамен супа, се слушаат стари плочи и се гледаат црно-бели преноси на сумо натпревари. Одиме во шарениот Јамашита парк, исполнет со цвеќиња. Доаѓаме во најголемиот Chinatown во Јапонија. Враќање во Токио.

Сместување

Хотел Palace Japan 1 ноќ

Место

  • Токио

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето во претпладневните часови и слободно време за индивидуални активности. Трансфер со метро до аеродром. Лет од Токио до Доха во доцните вечерни часови (лет QR 807, Токио 22:20 – Доха 04:50).

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Токио – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Токио

Пристигнување во Доха и преседнување на лет за Белград (лет QR 231, Доха 07:00 – Белград 10:40). Пристигнување во Белград во претпладневните часови. 

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Доха – Белград во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Место

  • Доха
  • Белград
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. По формирање на групата, а најдоцна 60 дена пред пратувањето се уплаќа втората рата од 300€ во денарска противвредност. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 6 недели пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. Потребната документација за виза, потребно е да ја доставите најдоцна 1 месец пред патувањето. Доколку патниците не достават документација за виза во наведениот рок, должни се сами да си обебедат виза за патувањето. Доколку патниците си обезбедуваат виза сами, потребно е најдоцна 20 дена пред патувањето да достават копија од визата.
 

Што е вклучено

Сместување

Хотел Palace Japan Пример 5 ноќи

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Белград – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Дохаво економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Авиобилет со сите такси на релација Токио – Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Доха – Белград во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Трошоци за вадење виза за патниците кои не се државјани на Република Србија

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Факултативен излет - Разгледување на Токио

Разгледување на Токио - Токио е главен и најголем град во Јапонија, ама не само таму, туку и во целиот свет! Ако го погледнеме поширокото подрачје на градот, Токио е најнаселената агломерација на светот со околу 38 милиони жители! Старото име на градот бил Едо, а во 19 век е сменето името во Токио што значи Источна престолнина. На ова место во 15 век имало мала рибарска населба, а градот почнал забрзано да се развива кога царот Меиџи го преселил кралството од Кјото во Токио. Градот официјално, под ова име, има статус на град од 1899 година. Во 20 век, овој град има претрпено големи катастрофи, некои природни, а некои како последица на војна. На почетокот на 20 век бил погоден од катастрофален земјотрес, во кој што животот го изгубиле над 140.000 луѓе, а исто така има претрпено и големи штети за време на Првата и Втората Светска војна. Меѓутоа, после војната, градот започнал забрзано да се развива и целата земја го добива епитетот Економско чудо, затоа што веќе кон средината на шеесетите години на минатиот век, била втора најразвиена економија на светот. Токио бил домаќин на Олимписките игри во 1964 година, а повторно ќе ја има оваа чест да биде домаќин на овој спектакл во 2020 година. Една од главните атракции на градот е храмот Сенсо-ји, најстариот будистички храм во Токио. Овој храм претставува оаза на духовноста, сместена помеѓу реките Sumide и TokioSkyTree, во дистриктот Ашакуша. Посветен е на божицата на милоста. На ова место ќе се запознаеме со приказната за двата големи системи на мислата, Шинтоизмот и Будизмот. Првите податоци за храмот потекнуваат од 645 година, што го прави најстар храм во Токио. За да можеме подобро да го разбереме јапонскиот политички систем и нивната верност и послушност кон Царот, ќе го посетиме Империјал паркот кој е обиколен со средновековен канал. Доколку ни се создаде можност, ќе прошетаме низ Источната градина, а треба да се има во предвид дека Кралскиот Дворец е отворен за посетители само на два датуми, на 23.12. кога е роден Царот и за Нова Година. Ќе бидеме во можност да го видиме и Меиџи храмот кој е посветен на царот реформатор од крајот на 19 век. Царот Меиџи успеал да ја доближи земјата до западниот свет за многу краток период. Далекусежните и темелни промени и дале на Јапонија нов изглед, а царот добил нов храм во Токио. Во времето кога сакура-та цвета, Уено паркот е облечен во најубавото руво и тој станува една од најголемите атракции на градот. Навечер, место кое мора да се доживее е раскрсницата на Shibuyi. Голема концентрација на луѓе, неонски реклами и весели џинглови. Ја преминуваме најпознатата дијагонална раскрсница на светот и се восхитуваме на верноста на кученцето Хачико, покрај неговата статуа.

Излет во Никко

Цена: 90,00 EUR

Ќе се упатиме кон руралниот север на Јапонија. Далеку од метежот на пацифичкото крајбрежје, одиме во затскриено е гратчето Никко. Влегуваме во грандиозниот храм на големиот шогун Ieajasu Tokugawa и и ја гледаме познатата скулптуа: Трите мудри мајмуни - едниот не слуша, другиот не зборува, третиот не гледа. Овој храм е и еден од најубавите и најживописните храмови во Јапонија. Го изградил во 1617 година, синот на шогунот Iejasua Tokugawa, а е надограден од неговиот внук. Шонгунот ја воспоставил својата власт во 1603 година. Неговото семејство владеело со Јапонија над 250 години, т.е. до прекинот на феудализмот во 1868 година. Всушност, тоа е причината што овој храм претставува големо светилиште. Исто така во овој храм може да се види ретката комбинација на будистички и шинтоистички елементи. До воспоставување на Меиџи периодот ова била честа комбинација, иако станува збор за две религии. Со тоа што, од 1868 година од храмовите се отстранети елементите од едната религија, па така се останати или само будистички или само шинтоистички елементи. Околу храмот се наоѓа бајковита шума и пешачки стази кои пружаат вистинска релаксација во природата. Исто така во овој град се наоѓа и Rinno-ji храмот, кој го подигнал будистички монах во 8 век. Во овој храм се наоѓаат и дрвените статуи на трите планински божества - Amida, Senju-Kannon и Bato-Kannon. Во Никко се наоѓаат многу занаетчиски работилници, места каде можете да присуствувата на создавање на змеј во еден потег.

Излет во Јокохама

Цена: 60,00 EUR

Го посетуваме најголемото пристаниште во Јапонија и вториот најнаселен град, после Токио. За време на Едо периодот на самоизолација на Јапонија (1603-1867), Јокохама како пристаниште, била единствена точка во допир со останатиот свет. Затоа и толку брзо се развивала, па денес е вториот најголем град во Земјата на изгрејсонцето. Се сликаме на доковите, покрај реновираните складишта и моќните бродови. Минато Мираи всушност значи “Пристаниште на иднината”. Високите футуристички згради ќе ве однесат неколку векови во иднина, додека пред вас се врти „Cosmo World”. Атракциите во него се движат од 400-800 јени по лице. Покрај прекрасните цветни паркови, го посетуваме и музејот на „рамен” супата. Се запознаваме со сите варијации на супата, во зависност од регионот на Јапонија. Ќе запловиме во светот на пост-воена Јапонија, ќе го почуствуваме мирисот и вкусот на улиците на древната Јапонија, која е оживеана во овој несекојдневен музеј. Присутни се и стари вендинг машини на кои може да се пазари прочуената супа. Несекојдневно доживување и прилика да се вратиме во Шитамачи, стариот центар. Во Јокохама се наоѓа и најголемиот Chinatown во Јапонија. Јапонците и Кинезите имаат испреплетена историја како во конфликти, така и во културни влијанија. Слушаме приказни и овој кварт кој ни покажува дел од Кина, ни повеќе ни помалку, во Јапонија. Во цената на излетот е вклучено: трансфер со метро и влезници за наведените локалитети. 

Сместување

Хотел Palace Japan

Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел Palace Japan е сместувачки капацитет кој се наоѓа во Токио во близина на метро станицата Minami – Senju Subway Station. Располага со двокреветни и четирикреветни соби, со кревети на спрат. Сите соби поседуваат клима уред, фрижидер и TV, а тоалетите се заеднички - на секој кат. Хотелот има услужна кујна и сервис за перење алишта. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт http://www.palace-japan.com/english/index.html

Адреса 111-0022 Tokyo-to
Taito-ku Kiyokawa 2-31-6
Japan

Превоз

Авион

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички авион (линиски авион или комерцијален транспортен авион) е голем авион првенствено наменет за комерцијален превоз на патници и товар.

Воз

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Патнички воз е тип на железнички сообраќај кој веќе неколку векови се користи за патување.

Метро

Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Јавен железнички транспорт.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)