Тајланд - Бангкок и Ко Самуи

цена од
1.749
EUR ,00
сега од
1.549
EUR ,00
траење
12 дена
Барање
Барање

Одиме во „земјата на насмевките“, во скапоцениот камен на Југоисточна Азија! Авантурата ја започнуваме од една од највозбудливите престолнини на светот - Бангкок (Bangkok) па ја продолжуваме со забава и уживање на плажа на еден од најегзотичните острови на светот, Ко Самуи (Koh Samui)! 

Тајланд (Thailand) со причина е една од најпопуларните дестинации во светот за патување и „патување кое не треба да го пропуштите во текот на животот“!

Тајланд е земја на контрасти, земја без граници.. Земја на бои каде дури и ветерот дува во посебна нијанса. Добредојдовте во царството на зачинета, вкусна и неодоливо мирисна храна. Земја со најубавите плажи на светот, топли и насмеани луѓе, чии насмевки зрачат со некоја добрина, спокојство. Земја во која ноќта и денот мирисаат на живот, вистински, а на моменти и филмски :). Егзотични дождовни шуми, тиркизно сино море, урбани градови и пусти острови, племиња и модерно население…

Самото име на земјата зборува за нејзината уникатност - „thai“ на тајландски значи слобода!

Хедонистички рај, земјата на насмевките и вечната слобода.. Спремни за Jungle Thai Авантура?


Рута
Скопје
Истанбул
Бангкок
Сурат Тани
Ко Самуи
Сурат Тани
Бангкок
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Брод, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Тајланд
Код на патување
TH30
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 23. 7. 2026

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines (ТК1006), со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнуваме во Бангкок во вечерните часови и имаме трансфер до сместувањето. Ноќевање. 

Превоз

  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул-Бангкок (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Twin Towers Hotel 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Бангкок

Се будиме во Бангкок! Авантурата започнува! Започнуваме со факултативен излет и истражување на оваа фасцинантна престолнина. Бангкок или „Градот на ангелите“ кој нуди сосема нова димензија на постоење, нешто сосема различно од сè што сте доживеале досега. Град налик на Њујорк, спакуван во источна филозофија, мирис на зачини и различна атмосфера. Ја посетуваме Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда која е врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во Нирвана. Вечерта ја поминуваме во еден од најпознатите облакодери со поглед на бескрајните светла на Бангкок. Забава и насмевки до раните утрински часови.

Сместување

Twin Towers Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Локален лет од Бангкок до Сурат Тхани. Пристигнување на пристаништето од каде се качуваме на брод што не носи на островот Ко Самуи (Koh Samui). Пристигнување на островот, трансфер до сместувањето. Ко Самуи е остров кој ви нуди безброј можности, од прекрасни плажи и тиркизно топло море до традиционални ресторани како и барови каде додека пиете некој коктел, вниманието ви го привлекува импресивниот настап на играчи со оган.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Сурат Тхани, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер со брод од Сурат Тани до Ко Самуи

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Бангкок
  • Сурат Тани
  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет – Ко Самуи Beach Hopping. Одиме на авантура и разгледување на островот поточно неговите најубави плажи! Денот го започнуваме со Silver Beach, која се смета за една од најубавите на островот! Потоа продолжуваме до плажата Чавенг, најдолгата плажа на островот (7 км), со прашкаст бел песок и тиркизно сино море. Продолжуваме на ручек во Tree House, најинтересниот ресторан на целиот остров, кој се наоѓа токму на плажата Mae Nam, со поглед на островот Koh Phangan! На враќање застануваме на плажата Бопут (Bophut) и познатото Рибарско село (Fisherman’s Village). 

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет - Pig Island. Една од нашите најуникатни и забавни авантури. Пловиме со традиционални longtail бродови до островот Ко Мад-сум, најуникатниот остров во Тајланд! Другото име за овој остров е Островот на свињите (Pig Island), имаме ретка прилика да се дружиме со "локалците" :), фотографираме и уживаме во нереалните плажи и природа на овој остров!

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Поаѓаме од нашето сместување во утринските часови и имаме трансфер до пристаништето, по што имаме ужина за добредојде, овошје, сок и кафе... Запловуваме со бродот и доаѓаме во близина на островот Тао каде имаме слободно време за нуркање, пливање и уживање во тиркизниот рај! Враќање до пристаништето, а потоа во сместувањето во попладневните часови.

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Доживејте едно од највпечатливите и најемотивни искуства на Koh Samui со посета на Elephant Jungle Sanctuary, етичко засолниште за слонови. Излетот трае околу 3 часа и вклучува хранење на слоновите, при што одблизу ќе се запознаете со овие величествени животни и ќе научите интересни факти за нивниот живот и заштита. Ќе имате можност за фотографирање и создавање незаборавни спомени во природна, џунгла атмосфера. По активниот дел следува вклучен ручек, подготвен со свежи локални состојки, каде што ќе се релаксирате и ќе уживате во автентични тајландски вкусови. Овој излет е идеален за сите кои сакаат автентично искуство, контакт со природата и одговорен туризам, и претставува уникатна можност да се поврзете со слоновите на еден незаборавен начин.

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Доживејте ја вистинската тропска магија на Тајланд со целодневен излет до Националниот морски парк Ангтонг – спектакуларен архипелаг од над 40 варовнички острови, кристално чисто море и недопрена природа. Патувањето започнува од Koh Samui со комфорен голем брод, a за време на пловидбата ќе уживате во панорамски погледи, тропски пејзажи. Посета на најубавите острови во паркот, Сноркелинг во тиркизни води со богат подводен свет, Слободно време за капење, прошетки и фотографирање. Овој излет е совршен избор за љубителите на природата, фотографијата и морските авантури, нудејќи комбинација од релаксација, активност и незаборавни глетки. Вкусен тајландски ручек.

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до Бангкок. Се сместуваме во хотел и имаме слободно време за истражување на Бангкок. 

Превоз

  • Трансфер со брод до Сурат Тхани
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сурат Тхани - Бангкок, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Twin Towers Hotel 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи
  • Сурат Тани
  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Во утринските часови одиме на факултативниот излет: Маеклонг пазарот на железничка пруга (Maeklong Train Market) и Пловечкиот пазар (Floating market). Го посетуваме Маеклонг пазарот токму на време да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите брзо ги подигаат тезгите и тргаат сè што спречува да помине возот. Потоа возот заминува, а ние разгледуваме и купуваме најразлични овошја, зеленчук, цвеќиња… Зад не толку познатото име Дамноен Садуак стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. Околу 100 километри југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место низ кое поминуваат канали изградени уште во XVIII-тиот век. Во духот на старите тајландски земјоделци, бродчињата се движат низ зеленкастата вода и полека се приближуваат со своите разнолики понуди. Бабички со сламени шешири со широка насмевка нудат најразлични јадења, слатки и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотици години. 

Сместување

Twin Towers Hotel 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во попладневните часови. Последен ден во главниот град на Тајланд и се збогуваме со земјата на насмевки. Попладневен трансфер до аеродром. Лет до Истанбул. 

Превоз

  • Tрансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Бангкок
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Twin Towers Hotel Пример 4 ноќи
Sand Sea Resort & Spa Пример 6 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авиобилет со сите такси на релација Истанбул-Бангкок (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Сурат Тхани, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер со брод од Сурат Тани до Ко Самуи
  • Трансфер со брод до Сурат Тхани
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сурат Тхани - Бангкок, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Tрансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

10 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд и услуга за визирање

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Bangkok City tour

Bangkok City tour
Цена: 75,00 EUR

На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок и да се запознаете со оваа фасцинантна престолнина! Поаѓаме од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет - Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
  • Влезница за Wat Pho
  • Влезница за Wat Arun
  • Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
  • Организиран превоз по предвидениот план и програма

*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.

Koh Samui Island Tour

Koh Samui Island Tour
Цена: 30,00 EUR

Нашиот ден е резервиран за авантура на најубавите плажи на Ко Самуи! Денот го започнуваме со Silver Beach, која се смета за една од најубавите на островот, се освежуваме со кокос и уживаме во егзотичниот рај! Потоа продолжуваме до плажата Чавенг, најдолгата плажа на островот (7 км), со прашкаст бел песок и тиркизно сино море. Одиме на ручек во Tree House, најинтересниот ресторан на целиот остров, кој се наоѓа токму на плажата Mae Nam, со поглед на островот Koh Phangan! На враќање застануваме на плажата Бопут (Bophut) и познатото Рибарско село (Fisherman’s Village). 

*за реализација е потребно пријава на минимум 8 патници

Pig Island Long Tail Boat

Pig Island Long Tail Boat
Цена: 45,00 EUR

Уникатна и забавна егзотична авантура! Утрото пловиме со традиционални тајландски longtail бродови до Oстровот на свињите (Pig Island) -- малo парче рај близу Ко Самуи. На островот Ко Мат Сум ќе имаме можности да се дружиме со "локалците", да се фотографираме и да уживаме во прекрасните плажи со ситен бел песок и тиркизно море!

Прекрасен остров со нереална природа!

*за реализација е потребно пријава на минимум 8 патници

Koh Tao

Koh Tao
Цена: 75,00 EUR

Излетот започнува со пловидба со speedboat од островот Koh Samui кон магичниот Koh Tao, еден од најпознатите острови во Тајланд поради кристално чистото море и богатството од корални гребени. За време на излетот посетуваме локации во рамките на националниот морски парк, со вклучена влезница, каде ќе имате можност за пливање и нуркање, како и уживање во неверојатните природни пејзажи и тиркизното море. Следува организиран ручек, каде што ќе се смирите и ќе уживате во локални вкусови по активниот дел од денот. По ручекот има слободно време за релаксација, прошетка по плажите или дополнително капење. Излетот е идеален за љубителите на море, природа и авантура, и претставува совршен начин да се доживее убавината на тајландските острови во еден ден

Elephants Jungle Sanctuary

Elephants Jungle Sanctuary
Цена: 80,00 EUR

Доживејте едно од највпечатливите и најемотивни искуства на Koh Samui со посета на Elephant Jungle Sanctuary, етичко засолниште за слонови. Излетот трае околу 3 часа и вклучува хранење на слоновите, при што одблизу ќе се запознаете со овие величествени животни и ќе научите интересни факти за нивниот живот и заштита. Ќе имате можност за фотографирање и создавање незаборавни спомени во природна, џунгла атмосфера. По активниот дел следува вклучен ручек, подготвен со свежи локални состојки, каде што ќе се релаксирате и ќе уживате во автентични тајландски вкусови. Овој излет е идеален за сите кои сакаат автентично искуство, контакт со природата и одговорен туризам, и претставува уникатна можност да се поврзете со слоновите на еден незаборавен начин.

Angthong National Park

Angthong National Park
Цена: 65,00 EUR

Доживејте ја вистинската тропска магија на Тајланд со целодневен излет до Националниот морски парк Ангтонг – спектакуларен архипелаг од над 40 варовнички острови, кристално чисто море и недопрена природа. Патувањето започнува од Koh Samui со комфорен голем брод, a за време на пловидбата ќе уживате во панорамски погледи, тропски пејзажи. Посета на најубавите острови во паркот, Сноркелинг во тиркизни води со богат подводен свет, Слободно време за капење, прошетки и фотографирање. Овој излет е совршен избор за љубителите на природата, фотографијата и морските авантури, нудејќи комбинација од релаксација, активност и незаборавни глетки. Вкусен тајландски ручек. 

Пловечки пазар и Train Market

Пловечки пазар и Train Market
Цена: 45,00 EUR

Поаѓање во утринските часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Сите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, го разгледуваме пазарот и купуваме!

Потоа одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои еден од најпознатите обележја на Тајланд - пловечкиот пазар! На околу 100 км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање назад во сместувањето во попладневните часови.

Во цената на излетот е вклучено: преставник од агенцијата, локален водич, организиран превоз по предвидената агенда, возење со чамец, влезници за сите локалитети.

Сместување

Twin Towers Hotel

Twin Towers Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Twin Towers Hotel е хотел со 4* (по локална категоризација) во Бангкок, Тајланд. Twin Towers Hotel е лоциран на еден од најинтересните и најдинамичните делови на Бангкок. Познат по својот ноќен живот со забавни хипи барови, ресторани, кафулиња. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сеф, клима уред, телевизор, интернет и сопствен тоалет. 

Вебсајт https://www.thetwintowershotel.com/

Адреса 88 Rama VI Rd
Rong Muang
Pathum Wan
Bangkok 10330
Thailand

Sand Sea Resort & Spa

Sand Sea Resort & Spa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Sand Sea Resort & Spa се наоѓа на само неколку чекори од плажата Lamai -- една од најубавите плажи во Ко Самуи. 

Хотелот се наоѓа на само 10 минути од ноќниот живот на Lamai!

Располага со базени, beach бар и сопствена плажа. 

Сите соби се климатизирани, поседуваат мини бар и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.sandseabeachresort.com/

Адреса 155 Moo 4
Maret
Koh Samui
Surat Thani
84310 Lamai
Thailand

Останати поаѓања за Тајланд

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.