Тајланд - Бангкок и Ко Самуи

Тајланд - Бангкок и Ко Самуи

цена од
1.649
EUR ,00
сега од
1.379
EUR ,00
траење
13 дена
Пријави се Барање
Барање

Одиме во „земјата на насмевките“, во скапоцениот камен на Југоисточна Азија! Авантурата ја започнуваме од една од највозбудливите престолнини на светот - Бангкок (Bangkok) па ја продолжуваме со забава и уживање на плажа на еден од најегзотичните острови на светот, Ко Самуи (Koh Samui)! 

Тајланд (Thailand) со причина е една од најпопуларните дестинации во светот за патување и „патување кое не треба да го пропуштите во текот на животот“!

Тајланд е земја на контрасти, земја без граници.. Земја на бои каде дури и ветерот дува во посебна нијанса. Добредојдовте во царството на зачинета, вкусна и неодоливо мирисна храна. Земја со најубавите плажи на светот, топли и насмеани луѓе, чии насмевки зрачат со некоја добрина, спокојство. Земја во која ноќта и денот мирисаат на живот, вистински, а на моменти и филмски :). Егзотични дождовни шуми, тиркизно сино море, урбани градови и пусти острови, племиња и модерно население…

Самото име на земјата зборува за нејзината уникатност - „thai“ на тајландски значи слобода!

Хедонистички рај, земјата на насмевките и вечната слобода.. Спремни за Jungle Thai Авантура?


Рута
Скопје
Софија
Дубаи
Патаја (Pattaya)
Бангкок
Ко Самуи
Бангкок
Дубаи
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Брод, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Тајланд
Код на патување
TH30
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 10. 7. 202424. 7. 20247. 8. 202421. 8. 20244. 9. 202418. 9. 2024

Состанокот на патниците. Трансфер до Софија. Попладневен лет од Софија до Патаја (град блиску до Бангкок), со преседнување во Дубаи. Авантурата може да започне!

Превоз

  • Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (Flydubai), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Дубаи

Преседнување на лет за Патаја (Pattaya). Пристигнување во Патаја (Pattaya) претпладне. Трансфер од Патаја до Бангкок. Авантурата започнува! Се запознаваме со урбаната џунгла. Бангкок или „Градот на ангелите“ кој нуди сосема нова димензија на постоење, нешто сосема различно од сè што сте доживеале досега. Град налик на Њујорк, спакуван во источна филозофија, мирис на зачини и различна атмосфера. Вечерта ја поминуваме во еден од најпознатите облакодери со поглед на бескрајните светла на Бангкок. Забава и насмевки до раните утрински часови.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Патаја (Flydubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Asai Bangkok 1 ноќ

Место

  • Патаја (Pattaya)
  • Бангкок

Се будиме и по појдокот започнуваме со факултативен излет и истражување на оваа фасцинантна престолнина. Ја посетуваме Кралската палата, чија изградба започнала во 1782-ра година, за време на владеењето на кралот Рама I, основач на династијата Чакри, која потоа станала резиденција на кралот. Во палатата е сместен и Храмот на Емералд Буда, најголемото светилиште на Тајланд, статуа на Буда која е врежана во зелен жад. Го посетуваме Храмот на Зората (Wat Arun), Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho) со огромна статуа во должина од 46 метри и висина 15 метри, која го претставува преминот на Буда во Нирвана.

Сместување

Asai Bangkok 1 ноќ

Место

  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Локален лет од Бангкок до Сурат Тхани. Пристигнување на пристаништето од каде се качуваме на брод што не носи на островот Ко Самуи (Koh Samui). Пристигнување на островот, трансфер до сместувањето. Ко Самуи е остров кој ви нуди безброј можности, од прекрасни плажи и тиркизно топло море до традиционални ресторани како и барови каде додека пиете некој коктел, вниманието ви го привлекува импресивниот настап на играчи со оган.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Сурат Тхани, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер со брод до Ко Самуи

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Бангкок
  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет – Ко Самуи Beach Hopping. Одиме на авантура и разгледување на островот поточно неговите најубави плажи! Денот го започнуваме со Silver Beach, која се смета за една од најубавите на островот! Потоа продолжуваме до плажата Чавенг, најдолгата плажа на островот (7 км), со прашкаст бел песок и тиркизно сино море. Продолжуваме на ручек во Tree House, најинтересниот ресторан на целиот остров, кој се наоѓа токму на плажата Mae Nam, со поглед на островот Koh Phangan! На враќање застануваме на плажата Бопут (Bophut) и познатото Рибарско село (Fisherman’s Village). 

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет – Angthong National Marine ParkНационален парк, архипелаг од 42 острови, познат по својата волшебна природна убавина кој се наоѓа во тајландскиот залив. “Златнaта чинија” или “Ангтонг” крие огромен број бели песочни плажи, скриени пештери и корали, совршено сместени во мозаик од островчиња. Денот го поминуваме со нуркање во потрага по ретки видови риби, качувања до видиковци од каде има прекрасен поглед, прошетка и уживање во најубавите плажи во овој парк. 

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет - Pig Island. Една од нашите најуникатни и забавни авантури. Пловиме со традиционални longtail бродови до островот Ко Мад-сум, најуникатниот остров во Тајланд! Другото име за овој остров е Островот на свињите (Pig Island), имаме ретка прилика да се дружиме со "локалците" :), фотографираме и уживаме во нереалните плажи и природа на овој остров!

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Поаѓаме од нашето сместување во утринските часови и имаме трансфер до пристаништето, по што имаме ужина за добредојде, овошје, сок и кафе... Запловуваме со бродот и доаѓаме во близина на островот Тао каде имаме слободно време за нуркање, пливање и уживање во тиркизниот рај! По нуркањето ги истражуваме островите Nang Juan, каде ручаме, уживаме и се качуваме на видиковец од каде се гледаат островите! Враќање до пристаништето, а потоа во сместувањето во попладневните часови.

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Покрај Ко Самуи, еден од најпознатите острови на тајландскиот залив е Ко Панган! Мал опуштен тропски рај.. Одиме на на најпознатата плажа на островот Haad Rin. Од Haad Rin одиме во срцето на Ko Phangan ⎼ Tong Sale, каде ќе го посетиме Food market-от и ќе ја јадеме највкусната тајландска храна! Продолжуваме во барот Амстердам, каде одмараме и уживаме некои од локалните пијалоци, пливаме и се восхитуваме на погледот.. Како јаготка на шлагот е плажата Zen, која има неверојатна енергија! Излет кој никако не смее да се пропушти 

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерно излегување во некои од beach баровите. 

Сместување

Sand Sea Resort & Spa 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето и трансфер до Бангкок. Правиме check-in во нашето сместување. Нашата последна вечер во Тајланд, имаме слободно време да излеземе на пијачка во Бангкок. Дали знаевте дека во Бангкок се наоѓаат некои од најпознатите руфтоп барови и ресторани на #целсвет!

Превоз

  • Трансфер со брод до Сурат Тхани
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сурат Тхани - Бангкок, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Asai Bangkok 1 ноќ

Место

  • Ко Самуи
  • Бангкок

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок, правиме check-out од нашето сместување и започнува нашата последна и една од најуникатните авантури на Тајланд!! Факултативен излет -- Маеклонг пазарот на железничка пруга (Maeklong Train Market) и Пловечкиот пазар (Floating market). Го посетуваме Маеклонг пазарот токму на време да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите брзо ги подигаат тезгите и тргаат сè што спречува да помине возот. Потоа возот заминува, а ние разгледуваме и купуваме најразлични овошја, зеленчук, цвеќиња… Зад не толку познатото име Дамноен Садуак стои една од најпознатите атракции на Тајланд - пловечкиот пазар. Околу 100 километри југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место низ кое поминуваат канали изградени уште во XVIII-тиот век. Во духот на старите тајландски земјоделци, бродчињата се движат низ зеленкастата вода и полека се приближуваат со своите разнолики понуди. Бабички со сламени шешири со широка насмевка нудат најразлични јадења, слатки и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотици години. Имаме слободно време да докупиме уште по некој сувенир и се упатуваме кон аеродромот во Бангкок! Лет од Бангкок за Дубаи.

Превоз

  • Tрансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Дубаи (Flydubai), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Бангкок
  • Дубаи

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Дубаи. Преседнување на лет за Софија. Пристигнување во Софија и трансфер до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Софија (Flydubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Софија до Скопје.

Место

  • Софија
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Asai Bangkok Пример 3 ноќи
Sand Sea Resort & Spa Пример 7 ноќи

Превоз

  • Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (Flydubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Патаја (Flydubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Сурат Тхани, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер со брод до Ко Самуи
  • Трансфер со брод до Сурат Тхани
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сурат Тхани - Бангкок, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Tрансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Бангкок - Дубаи (Flydubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Софија (Flydubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Софија до Скопје.

Храна

10 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд и услуга за визирање
  • Опционална доплата од 70 ЕУР по лице за DELUXE GARDEN VILLA – приватна вила од повисока категорија, со балкон и поглед кон градината.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Bangkok City tour

Bangkok City tour
Цена: 75,00 EUR

На овој излет ќе имате прилика да ги видите сите најважни и најубави знаменитости на Бангкок и да се запознаете со оваа фасцинантна престолнина! Поаѓаме од хотелот во утринските часови и трансфер до Кралската палата (Grand Palace) и храмот на смарагдниот буда (Wat Phra Kaew). Кралската палата претставува најголема туристичка атракција во Бангкок. Кратка прошетка до следниот локалитет - Храмот на лежечкиот Буда (Wat Pho). Овој храм се наоѓа веднаш до Кралската палата, а е еден од најстарите и најголеми храмови во Бангкок со површина од 8 хектари. Во Wat Pho можете да видите преку 1000 прикажувања на Буда! Сепак, најголемата атракција е статуата “Лежечки Буда“ по која целиот комплекс го носи името. Статуата е долга 46 метри и висока 15 метри, а го претставува Буда во состојба на нирвана, на крајот на своите реинкарнации. Wat Pho е исто така познат по своето традиционално училиште за Тајландска масажа. Кратка прошетка до реката и преоѓање на другата страна со бротче, до Храмот на зорите (Wat Arun). Овој храм е еден од најпознатите симболи на целиот Тајланд. 

Во цената на излетот е вклучено:

  • Влезници за Grand Palace и Wat Phra Kaew
  • Влезница за Wat Pho
  • Влезница за Wat Arun
  • Стручен лиценциран водич на англиски јазик за време на целиот излет
  • Организиран превоз по предвидениот план и програма

*За овој излет е потребно да понесете гардероба прикладна за влез и посета на будистички храм.

Ко Самуи Beach Hopping

Ко Самуи Beach Hopping
Цена: 30,00 EUR

Нашиот ден е резервиран за авантура на најубавите плажи на Ко Самуи! Денот го започнуваме со Silver Beach, која се смета за една од најубавите на островот, се освежуваме со кокос и уживаме во егзотичниот рај! Потоа продолжуваме до плажата Чавенг, најдолгата плажа на островот (7 км), со прашкаст бел песок и тиркизно сино море. Одиме на ручек во Tree House, најинтересниот ресторан на целиот остров, кој се наоѓа токму на плажата Mae Nam, со поглед на островот Koh Phangan! На враќање застануваме на плажата Бопут (Bophut) и познатото Рибарско село (Fisherman’s Village). 

*за реализација е потребно пријава на минимум 8 патници

Angthong National Marine Park

Angthong National Marine Park
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 65,00 EUR

Angthong Marine е национален парк, архипелаг од 42 острови, познат по својата неверојатна природна убавина. Се наоѓа на тајландскиот залив, недалеку од Ко Панган. “Златната чинија“ или “Angthong“ крие мноштво бели песочни плажи, скриени пештери и корални смреки, совршено вклопени во мозаикот од варовни острови. Денот ќе го поминеме нуркајки во потрага по ретки видови риби, се искачуваме на видиковци, ги посетуваме и уживаме на најубавите плажи. Поаѓање од сместувањето во утринските часови и трансфер до пристаништето. Мала пауза за ужинка, овошје, сокови и кафе за добредојде. Поаѓање со брод. Капење или нуркање на Koh Wao или на Koh Tay Plow. Одиме во потрага на шарени тропски рипчиња. Пауза за ручек. Факултативно пловење со кајак на Ao Ka Beach, и смарагдното езеро Talay Nai. Со кајакот пловиме се до Koh Mae Koh. Уживаме во погледот на езеро опкружено со високи варовни гребени и се искачуваме на преубавата панорама на архипелагот. Продолжуваме кон нашиот втор остров Koh Wua Talap. Избор за прошетка и посета на мистичните варовни пештери или искачување на најубавиот видиковец на тајландскиот залив или одмор на плажата и дружење со мајмуни. Враќање на пристаништето, а потоа во сместувањето во доцните попладневни часови.

*За овој излет е потребно да понесете: костим за капење, шешир/капа, вода, крема за сончање, резервна облека, патики за искачување.

Pig Island

Pig Island
Цена: 40,00 EUR

Уникатна и забавна егзотична авантура! Утрото пловиме со традиционални тајландски longtail бродови до Oстровот на свињите (Pig Island) -- малo парче рај близу Ко Самуи. На островот Ко Мат Сум ќе имаме можности да се дружиме со "локалците", да се фотографираме и да уживаме во прекрасните плажи со ситен бел песок и тиркизно море!

Прекрасен остров со нереална природа!

*за реализација е потребно пријава на минимум 8 патници

Островите Koh Tao и Nang Juan

Островите Koh Tao и Nang Juan
Цена: 55,00 EUR

Островот Тао или островот на желките е дел од архипелагот Chumphon и се наоѓа во Тајландскиот залив. Познат е како живеалиште на ретки видови желки и нуркачки рај заради богатиот подводен свет и прекрасните корали! Островите Nang Juan е уште еден скриен скапоцен камен на Тајландскиот Залив! Трите мали острови се целосно поврзани со песочни плажи и формираат триаголник кога се гледаат од видиковец. 

Поаѓаме од сместувањето во утринските часови и имаме трансфер до пристаништето по што имаме ужина за добредојде, овошје, сок и кафе...Запловуваме со бродот и доаѓаме во близина на островот Тао каде имаме слободно време за нуркање, пливање и уживање во тиркизниот рај! По нуркањето ги истражуваме островите Nang Juan, каде ручаме, уживаме и се качуваме на видиковец од каде се гледаат островите! Враќање до пристаништето, а потоа во сместувањето во попладневните часови.

Цената на излетот вклучува: превоз до пристаниште и возење со брз брод, влезница за националниот парк, закуска и пијалок за добредојде, ручек, маски за нуркање и елеци

Островот Koh Phangan

Островот Koh Phangan
Цена: 60,00 EUR

Покрај Ко Самуи, еден од најпознатите острови на тајландскиот залив е Ко Панган! Мал опуштен тропски рај.. Одиме на најпознатата плажа на островот -- Haad Rin. Преку ден прекрасна плажа за уживање, а навечер станува лудо место за забава, особено за време нa Full moon забавите по кој овој остров е познат! Од Haad Rin одиме во срцето на Ko Phangan ⎼ Tong Sale, каде ќе го посетиме Food market-от и ќе ја јадеме највкусната тајландска храна! По ова гастрономско доживување продолжуваме во барот Амстердам, каде одмараме и уживаме некои од локалните пијалоци, пливаме и се восхитуваме на погледот..  Излет кој никако не смее да се пропушти!

*за реализација е потребно пријава на минимум 8 патници

Пловечки пазар и Train Market

Пловечки пазар и Train Market
Цена: 45,00 EUR

Поаѓање во утринските часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Сите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, го разгледуваме пазарот и купуваме!

Потоа одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои еден од најпознатите обележја на Тајланд - пловечкиот пазар! На околу 100 км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање назад во сместувањето во попладневните часови.

Во цената на излетот е вклучено: преставник од агенцијата, локален водич, организиран превоз по предвидената агенда, возење со чамец, влезници за сите локалитети.

Сместување

Asai Bangkok

Asai Bangkok
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Asai Bangkok е хотел со 3* (по локална категоризација) сместен во срцето на Chinatown во Бангкок, во близина на Yaowarat Road. Asai Bangkok by Burasari е лоциран на еден од најинтересните и најдинамичните делови на Бангкок со прекрасни пазари и неверојатна улична храна. Asai е во непосредна близина до Soi Nana, познат по својот ноќен живот со забавни хипи барови, ресторани, кафулиња. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сеф, клима уред, телевизор, интернет и сопствен тоалет. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.asaihotels.com/locations/bangkok-chinatown/?utm_source=GMB&utm_medium=GoogleBusinessProfil&utm_campaign=ABCT-Website

Адреса 531 Charoen Krung Road
Khwaeng Pom Prap
Pom Prap Sattru Phai
Bangkok 10100
Thailand

Sand Sea Resort & Spa

Sand Sea Resort & Spa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Sand Sea Resort & Spa се наоѓа на само неколку чекори од плажата Lamai -- една од најубавите плажи во Ко Самуи. 

Хотелот се наоѓа на само 10 минути од ноќниот живот на Lamai!

Располага со базени, beach бар и сопствена плажа. 

Сите соби се климатизирани, поседуваат мини бар и сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.sandseabeachresort.com/

Адреса 155 Moo 4
Maret
Koh Samui
Surat Thani
84310 Lamai
Thailand

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.