Балтикот не е само регион – Балтикот е чувство. Северна магија што се доживува со сите сетила. 🌊✨
Сместен на бреговите на Балтичкото Море, овој дел од Европа ги обединува трите фасцинантни држави – Естонија, Летонија и Литванија – во едно патување што комбинира историја, модерност и автентична атмосфера што не се заборава.
Естонија – северната ѕвезда на Балтикот. Талин е како сцена од бајка – калдрмисани улички, средновековни кули и атмосфера што те враќа векови наназад. Но, зад таа стара фасада се крие една од најдигиталните и најиновативни земји во Европа. Контраст што ќе те воодушеви.
Летонија – енергија, стил и култура. Рига е град што живее 24/7 – елегантна сецесија, динамична сцена и vibe што веднаш те вовлекува. Овде архитектурата зборува, а градот пулсира со живот.
Литванија – душа со приказна. Вилнус е скриен бисер – романтичен, историски и неверојатно шармантен. Старото градско јадро под заштита на УНЕСКО е совршен спој на историја, уметност и автентичност.
Од заедничкото минато до модерната европска приказна – Балтикот е симбол на трансформација, слобода и нов почеток.
👉 Ова не е само патување. 👉 Ова е три држави, три карактери, едно незаборавно искуство.
Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје до Талин со преседнување во Истанбул. Пристигнуваме во Талин и се упатуваме кон хотелот. Ноќевање.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Талин (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
По појадокот се упатуваме да го разгледаме средновековниот Талин. Пешки одиме низ калдрмисаните улички, ѕидините и кулите што ја раскажуваат приказната на 14. и 15. век. Ќе ги посетиме најзначајните знаменитости како Toompea Castle, Town Hall Square и Alexander Nevsky Cathedral. По разгледот, имаме слободно време за уживање во градот и индивидуални активности. Ноќвање.
За појадок, од хотелот добиваме breakfast box и се упатуваме кон Хелсинки. Во раните утрински часови одиме со траект преку Балтичкото Море кон Хелсинки. По пристигнувањето, имаме организиран разглед на главните знаменитости и запознавање со уникатниот спој на западна и источна култура. Враќање кон Талин и слободно време за прошетка, за седнување на вечера во некој традиционален ресторан. Ноќевање.
По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Рига. Уживаме во прекрасните глетки, прекрасната природа додека се возиме со автобус. Пристигнуваме во Рига и одиме да го истражиме градот. Пешачиме низ Рига, град каде средновековниот шарм се спојува со раскошот на архитектурата од почетокот на 20. век. Продолжуваме низ калдрмисаните улички на Стариот град, со посета и разглед на значајни знаменитости како Riga Castle, историската Swedish Gate, како и импозантниот Freedom Monument – моќен симбол на латвиската независност. Се упатуваме кон хотелот и се сместуваме. Ноќеќвање.
По појадокот се одјавуваме од хотелот во Рига и се упатуваме кон Вилниус. Попатно го посетуваме величествениот Rundāle Palace, изграден во 18. век – архитектонско ремек-дело и еден од најдобрите примери на барокна и рококо уметност во балтичките земји. Потоа, се упатуваме кон Ридот на крстовите. Една од најавтентичните атракции во Литванија, рид со над сто илјади крстови, кој датира од 19 век. Кратка пауза и продолжуваме кон Вилниус. Се сместуваме во хотелот и имаме слободно време. Ноќевање.
Појадуваме и одиме да го истражиме Вилниус. Шетаме низ тесни, кривулести улички со духот на 16–19 век. Разглед на најзначајните знаменитости: Vilnius Cathedral, Gediminas Castle Tower, St. Anne's Church и Vilnius University. Продолжуваме кон Vilnius Town Hall, Еврејскиот кварт и Gate of Dawn со познатата чудотворна икона. Во попладневните часови, имаме факултативна посета на Тракаиски замок со локален јавен превоз. Сместен на езерото Галве, овој впечатлив замок од 14. век бил резиденција на литванските војводи, а денес е музеј со богата историја. Шетаме и околу полуостровот Тракај, каде се наоѓаат остатоци од стариот замок. Се враќаме во хотелот и имаме ноќевање.
Утрото се ојавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот во Вилниус. Имаме лет кон Скопје со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.
Превоз
Трансфер од сместувањето до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Вилниус- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Талин (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер од аеродром до сместување
Трансфер од Талин до Рига
Трансфер од Рига до Вилниус
Трансфер од сместувањето до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Вилниус- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
6 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Карти за локален јавен превоз
Сите не споменати услуги
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Tallin City Tour -- ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА!
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Пешачки разглед на средновековниот Талин (околу 2–2,5 часа), каде ќе ја почувствувате автентичната атмосфера на 14. и 15. век, зачувана низ лавиринтот од средновековни ѕидини и кули, високите црковни кули и тесните, кривулести улички. Разгледот ги опфаќа главните историски и архитектонски знаменитости, меѓу кои Toompea Castle и палатата Тоомпеа, плоштадот Town Hall Square, како и руската православна катедрала Alexander Nevsky Cathedral и други значајни објекти.
По разгледот, следува слободно време. Попладнето е предвидено за релаксација и индивидуални активности во Талин – еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Северна Европа.
Хелсинки
Цена:
130,00 EUR
Во раните утрински часови следува поаѓање со траект (околу 2 часа) преку Балтичко Море кон Хелсинки – динамичен и модерен град сместен на раскрсницата меѓу Западна и Источна Европа. По пристигнувањето, следува организиран разглед на главните знаменитости на градот. Хелсинки навистина го отсликува спојот на западната и источната култура, што може да се забележи на секој чекор – од архитектурата до живата и зелена урбана атмосфера на финската престолнина.
Riga City Tour - ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА!
Пешачки разглед на Рига (околу 3 часа), град каде средновековниот шарм се спојува со раскошот на архитектурата од почетокот на 20. век. Разгледот продолжува низ калдрмисаните улички на Стариот град, со посета и разглед на значајни знаменитости како Riga Castle, историската Swedish Gate, како и импозантниот Freedom Monument – моќен симбол на латвиската независност.
Rundale Palace & Hill of Crosses - ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА!
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Посета на величествениот Rundāle Palace, изграден во 18. век – архитектонско ремек-дело и еден од најдобрите примери на барокна и рококо уметност во балтичките земји. Палатата е дело на прочуениот архитект Bartolomeo Rastrelli, познат и по Winter Palace во Санкт Петербург, а со својата елеганција и раскош го отсликува животот на европската аристократија. По преминувањето во Литванија, следува кратка пауза (без водич) кај импресивниот Hill of Crosses, лоциран во близина на Шјаулијај – едно од најнеобичните аџилак-места во Европа. На мал рид се издигнуваат повеќе од 100.000 крстови, поставувани низ генерации како симбол на вера, надеж и благодарност. И покрај повеќекратните обиди за негово уништување за време на советскиот период, ова место прераснало во силен симбол на мирен отпор и духовна издржливост. Ридот на крстовите е и идеално место за запознавање со уникатната литванска традиција на изработка на крстови – специфична форма на народна уметност призната од UNESCO како нематеријално културно наследство.
Vilnius City Tour - ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА!
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Пешачки разглед на Вилнус (околу 3 часа), чиј Стар град со гордост е впишан на листата на светско наследство на UNESCO. При прошетката низ тесните и кривулести улички ќе ја почувствувате атмосферата на богатата историја на градот од 16. до 19. век. Во разгледот се вклучени најзначајните архитектонски и историски знаменитости: Vilnius Cathedral, изградена на место каде некогаш се почитувале пагански божества и каде датира основањето на градот уште од 13. век; ридот со Gediminas Castle Tower кој се издига над центарот на градот; ремек-делото на литванската готика – St. Anne's Church од 16. век; престижниот Vilnius University, познат центар на науката и просветителството уште од неговото основање во 1579 година.
Разгледот продолжува со Vilnius Town Hall, Еврејскиот кварт, како и Gate of Dawn, каде се наоѓа чудотворната икона на Пресвета Богородица.
Тракаи
Цена:
80,00 EUR
Во попладневните часови факултативна посета на Тракаиски замок со локален – јавен превоз. Тракај е град во југоисточна Литванија, западно од главниот град Вилнус. Дел од историскиот национален парк Тракај, замокот Остров Тракај е тврдина од 14 век во средината на езерото Галве изграден за големиот војвода и основач на Вилнус – Гедиминас. Некогашен дом на големите војводи во Литванија, а денес е историски музеј Тракај, со археолошки предмети, монети и занаети. На јужниот брег на езерото се наоѓаат камени урнатини од Замокот на полуостровот Тракај.
Сместување
Hotel Metropol
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелот Metropol е хотел со 3* по локална категоризација во Талин, Естонија. Хотелот располага со спа центар, ресторан и бар. Се сместуваме во двокреветени соби со сопствен тоалет, бесплатен интернет, ТВ.
Услугата е на база ноќевање со појадок.
Wellton Centrum
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелот Wellton Centrum е сместувачки објект со 4* по локална категоризација. Хотелот располага со спа, базен, ресторан и бар. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, бесплатен интернет, ТВ, клима уред.
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотелот Amberton Cathedral Vilnius е хотел со 4* по локална категоризација во Вилниус, Литванија. Хотелот располага со ресторан, бесплатен интернет и бар. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, ТВ, клима уред.
Адреса
L.Stuokos-Gucevičiaus g.1
Vilnius Old Town
LT-01122 Vilnius
Lithuania
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.