Откријте го магичниот Санторини – дестинација што изгледа како од разгледница! Белите куќички, сини куполи и незаборавни зајдисонца создаваат совршена атмосфера за одмор од соништата.
Оваа индивидуална понуда ви дава целосна флексибилност – изберете хотел според ваш стил и буџет, и креирајте го вашето идеално патување. Без ограничувања, само чисто уживање во едно од најромантичните места во Европа. ✨
Напомена:
Сите наведени цени во програмата се со динамичен карактер и важат во моментот на објавување.
Хотелот го задржува правото за нивна измена без претходна најава.
Достапноста на собите зависи од моменталната расположливост во периодот на резервација.
*По барање на патниците може да се изработи индивидуална програма за други термини.
- Код на патување
- GR19
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Поаѓање од аеродромот во Скопје. Лет од Скопје до Санторини со преседнување во Атина. Пристигнување на Санторини и со организиран превоз се упатуваме кон хотелот. Се сместуваме и ноќеваме.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Атина (Aegean Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Атина - Санторини (Aegean Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување
Сместување
Akis Hotel или El Greco Resort & Spa или Sole d'Oro или Aqua Blue Hotel 1 ноќ
Место
- Скопје
- Атина
- Санторини
Слободни денови за уживање во медитеранскиот рај! Можете да ги посетите Фира и Имеровигли, да седнете да пиете кафе и да уживате во прекрасните глетки кои ги нуди островот. Посетете ја и Red Beach како и плажата Камари која е препознатлива по својот црн песок. Осторовот изобилува со локални винарии кадешто момжете да дегустирате некои од познатите вина од островот. И топло ви препорачуваме да појдете на крстарење со катамаран и да се бањате на некои од неверојатните плажи.
Сместување
Akis Hotel или El Greco Resort & Spa или Sole d'Oro или Aqua Blue Hotel 5 ноќи
Место
- Санторини
Се одјавуваме од хотелот и со организиран превоз се упатуваме кон аеродромот. Лет од Санторини до Скопје со преседнување во Атина. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.
Превоз
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Санторини- Атина (Aegean Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Атина - Скопје (Aegean Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Санторини
- Атина
- Скопје
Поаѓања и цени
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.
Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Што е вклучено
Сместување
Akis Hotel Пример или El Greco Resort & Spa Пример или Sole d'Oro Пример или Aqua Blue Hotel Пример 6 ноќиПревоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Атина (Aegean Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Атина - Санторини (Aegean Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместување
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Санторини- Атина (Aegean Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Атина - Скопје (Aegean Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
Сместување
El Greco Resort & Spa
Sole d'Oro
Aqua Blue Hotel
Останати поаѓања за Грција
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.