Backpacking Iberia: од Лисабон до Барселона

цена од
1.449
EUR ,00
сега од
1.249
EUR ,00
траење
13 дена
Барање
Барање

Подготви се за авантура што ќе ја паметиш долго – патување низ најживописните градови на Пиринејскиот Полуостров, создадено за млади, љубопитни и авантуристички настроени патници.

Ја започнуваме приказната во Lisbon – град на ридови, легендарни трамваи и магични погледи кон океанот. Потоа продолжуваме кон Porto, каде што традицијата и модерниот живот се спојуваат во совршена хармонија, со чаша добро вино во рака.

Со воз ја преминуваме границата и влегуваме во енергичниот Madrid – град што никогаш не спие, исполнет со уметност, атмосфера и незаборавен ноќен живот. Следна станица е Valencia, каде медитеранскиот шарм, плажите, паељата и футуристичката архитектура создаваат совршен баланс помеѓу релакс и истражување.

Авантурата ја заокружуваме во космополитската Barcelona – град на уметност, плажи и уникатната магија на Гауди, каде секој агол раскажува своја приказна.

Што ја прави оваа тура посебна?
– Патување со воз низ Европа – вистинско backpacking искуство
– Сместување во хостели – повеќе од престој, вистинско дружење
– Совршен баланс помеѓу култура, журки и слободно време
– Идеална за млади и динамични патници

Ова не е само патување – ова е искуство, енергија и приказна што ќе ја носиш со себе долго по враќањето.


Рута
Скопје
Истанбул
Лисабон
Порто
Мадрид
Валенсија
Барселона
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер, Воз
Сместување
Хостел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Европа 🗼
Дестинации
Португалија, Шпанија
Код на патување
ESPT24
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците на меѓународниот аеродром во Скопје. Лет од Скопје до Лисабон со преседнување во Истанбул. Пристигнуваме во Лисабон и со организиран превоз се упатуваме спрема сместувањето. Слободно време и ноќевање. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Лисабон

Денот го започнуваме со посета на Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Па патот не води кон познатото маало Alfama. Се возиме со познатиот Трамвај 28 -- искуство кое НЕ СМЕЕ да се пропушти на било која посета на Лисабон. Во еден здив? Сте виделе се. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се будиме во прекрасниот Лисабон. Слободно време или факултативен излет : Costa De Caparica. Costa De Caparica е град во Португалија кој се наоѓа на 20тина минути од Лисабон и те пречекува со километри песочни плажи, сурферска атмосфера - прав Summer Freedom! Ова е место каде времето буквално застанува. Враќање во Лисабон, ноќевање.

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Правиме check-out од нашиот хостел и не очекува нова авантура!!! Патуваме од Лисабон до Порто со воз!!! Ја доживуваме Португалија од една сосема различна перспектива -- не занесуваат живописните пејсажи на една од најдобрите рути со воз во Европа!! Пристигнуваме во Порто и се сместуваме во хостелот. Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер со воз од Лисабон до Порто

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Порто

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок започнуваме со авантура во градот Порто. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити и мурали и azulejos. Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во овој дел на градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и мали кафулиња со само по неколку маси. Се движиме далеку од градската бучава и модерните згради! Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Ја посетуваме и најстарата катедрала во Порто, па продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento и авенијата dos Aliados. Го завршуваме денот на Rua das Flores, најпосетуваната улица во Порто. Седнуваме во некои од локалните вински барови и конечноо го пробуваме највкусното вино на #ЦелСвет!!

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Порто

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се одјавуваме од нашиот хостел и се упатуваме кон аеродромот во Порто. Лет од Порто до Мадрид. По слетувањето се упатуваме кон нашиот хостел. Се сместуваме и имаме слободно време. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет од Порто до Мадрид во економска класа со вклучен багаж од 20кг.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Мадрид

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се будиме во магичниот Мадрид. По појадокот, се упатуваме кон „Madrid de los Austrias“. Чекориме низ калдрмисаните улици, помеѓу малите продавници и кафулиња, и секој агол носи мирис на минатото и шепот на некогашните жители. Продолжуваме кон Plaza Mayor – плоштад што со векови е сцена на животот во Мадрид. Седнуваме во некое од многуте кафулињата и уживаме во звукот на чекори по каменот, шепот на минатото и мирисот на свежо испечено кафе. Се упатуваме кон Palacio Real, кралската палата што се издига над градот со величествена елеганција. Веднаш до палатата се простираат Jardines de Sabatini, градини од симетрична убавина каде сенките на дрвјата се преплетуваат со мирот на фонтаните, создавајќи совршено место за прошетка. Од таму, погледот се пренесува на Campo del Moro, пространа градина со раскошни патеки, езерца и зеленила, каде некогаш се шетале кралските дворови, а денес тивко ве пречекува да ги почувствувате тајните на минатото. Нашата прошетка завршува со Templo de Debod, египетски храм донесен во Мадрид, каде залезот сонце создава магични сенки и боите на небото се огледуваат во неговите камења. Место каде историјата од далечниот Египет се среќава со срцето на шпанската престолнина, и каде секој момент ве потсетува дека времето е само континуум на убави приказни. Се враќаме кон хостелот. Ноќевање.

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Мадрид

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Во раните утрински часови, по појадокот, се упатуваме кон Валенсија. Шром пристигнеме во Валенсија, се упатуваме кон хостелот и вечерта имаме можност за слободно истражување на градот, да седнеме на некоја вечера и да испиеме по некоја чаша вино. 

Превоз

  • Локален трансфер со воз од Мадрид до Валенсија

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Валенсија

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот, одиме да ја истражиме магичната Валенсија – град кој совршено ја спојува традицијата и модерниот дух. Ќе прошетаме низ стариот дел на градот, да ги видиме најпознатите знаменитости, како и да уживаме во уникатната архитектура и медитеранската атмосфера. Слободно време за индивидуални активности, кафе или шопинг. Се упатуваме назад кон хостелот. Ноќевање.

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Валенсија

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, се упатуваме со воз кон Барселона! Се упатуваме во хостелот, се сместуваме и имаме слободно време за шетање и шопинг. Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер со воз од Валенсија до Барселона

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Барселона

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се упатуваме да ги посетуваме бројните знаменитости како и ремек делата на Гауди: Sagrada Familia, Casa Mila, Casa Batllo, Park Guelj, ридовите Монжуик и Tibidabo, Магичните фонтани, плоштадите España и Catalunya, главното шеталиште La Rambla и плажата Барселонета. Град на уметниците и неисцрпната инспирација, градот на сите стилови, град на хедонизмот...Враќање кон хостелот и ноќевање. 

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Барселона

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање во Барселона. 

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија 1 ноќ

Место

  • Барселона

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот се одјавуваме од хостелот и се упатуваме кон аеродромот. Лет од Барселона до Скопје со преседнување во Истанбул. Слетуваме во Скопје и крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Барселона - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје(Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Барселона
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија Пример 12 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер со воз од Лисабон до Порто
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет од Порто до Мадрид во економска класа со вклучен багаж од 20кг.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален трансфер со воз од Мадрид до Валенсија
  • Трансфер со воз од Валенсија до Барселона
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Барселона - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје(Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

12 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Туристичка такса за Португалија која изнесува: 2€ (Porto) и 4€ (Lisabon) дневно по лице.
  • Туристичка такса за Барселона која изнесува: 1-2€ дневно по лице.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Sunset Cruise!

Sunset Cruise!
Цена: 75,00 EUR

Доживејте го шарениот Лисабон од една поинаква перспектива!

Се упатуваме кон марината, каде не чекаат нашиот капетан и нашата едрилица – авантурата може да започне. Уживаме во прекрасните панорами на градот додека поминуваме покрај кулата Белем, Споменикот на Откривачите, Плоштадот Комерсио – повторно се заљубуваме во Лисабон!

Пловиме под Португалскиот Golden Gate -- мостот „25-ти Април“ и ќе се приближиме до статуата Cristo Rei. Додека пловиме нашиот капетан не запознава со историјата на градот, интересни и забавни приказни за секој локалитет што го минуваме.

Свежиот океански воздух не разладува, додека ја пиеме нашата омилена пијачка и го чекаме зајдисонцето на нашата едрилица!

Lisabon City Tour.

Lisabon City Tour.
Цена: 40,00 EUR

Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи го истражуваме најживиот дел на Лисабон -- неговиот центарот, а не може да не видиме сѐ! Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Ai Ai Ai... Па патот не води кон познатото маало Alfama. Улици познати по едни од најдобрите тезги за традиционални ракотворби од златните раце на овие неверојатно насмеани португалци. Имаат и добро кафе! За љубителите на фоткање, би рекле едно од подобрите места за слики! Дали некогаш сте слушнале за познатиот Трамвај 28? Една од најдобрите линии низ Лисабон. Во еден здив? Сте виделе сѐ. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз

Costa De Caparica - Beach & Surf Vibes

Costa De Caparica - Beach & Surf Vibes
Цена: 30,00 EUR

Еден ден бегање од градската гужва и директно во океанска авантура.
Само 20-тина минути од Лисабон, Costa da Caparica те пречекува со километри песочни плажи, сурферска атмосфера и она “summer freedom” чувство што сите го бараме.Денот го стартуваме опуштено – кафе на плажа, сонце и прв допир со Атлантикот.Сурфањето е една од работите по кои ова место е најпознато. По должината на плажата има бројни surf школи, па за сите кои сакаат дополнителна авантура, постои можност на лице место да изнајмат опрема и со локални инструктори да ги научат основите на сурфањето (опционално, со доплата).

Остатокот од денот е резервиран за уживање во свој ритам:
лежалки и коктели, музика од beach барови, капење и сончање, фотки за Instagram.
Ова е местото каде времето буквално застанува.Ручек во некој од локалните beach барови – свежа морска храна, бургери или нешто лесно, со ладно пиво и поглед кон океанот.Како што денот оди кон крај, атмосферата се менува – музиката станува погласна, луѓето се собираат, а зајдисонцето прави магија.
Сонцето заоѓа над Атлантикот – момент за кој вреди целиот ден. Ова не е само излет.
Ова е ден кога пробуваш нешто ново (ако сакаш), запознаваш луѓе, се исклучуваш од сè и едноставно уживаш.

Porto City Tour и посета на винарска визба

 Porto City Tour и посета на винарска визба
Цена: 40,00 EUR

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Порто. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити, мурали и azulejos (познатите португалски плочки). Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и стотици мали кафулиња. Транспортирани сме далеку од градската бучава и огромните згради. Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Стигнуваме до најголемата катедрала во Порто, изградена во XII век. Во катедралата се чуваат непроценливи уметнички дела и артефакти, кои го претставуваат наследството на оваа прекрасна земја. Продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento. Прво нешто што ќе забележиме е влезот на оваа станица кој е декориран со 20,000 azulejos. Пристигнуваме до Avenida dos Aliados, најголемата авенија на овој град. Како што пешачиме низ овој прекрасен град, пред нас се појавува најголемата камбанарија во Порто, изградена во XVIII век. Време е за опуштање, пристигнуваме во еден од најживописните паркови во Португалија -- Jardim de Cordoaria, оттука се движиме по кејот на реката Douroa. Поминуваме по една од најпосетените улици во Порто -- Rua das Flores. A на крај нашата прошетка ја завршуваме во Институтот за Вино, каде имаме шанса да научиме повеќе за најпознатото вино во Европа! Спремни со ново знаење одиме да посетиме традиционална винарска визба, каде што имаме шанса да дегустираме стотици видови традиционално вино од порто. Вино кое традиционално се меша со бренди за да се добие неговиот најуникатен вкус.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз.

Фадо вечера во Порто

Фадо вечера во Порто
Цена: 60,00 EUR

Одиме на традиционално fado шоу -- музиката каде што секоја нота длабоко метастазира во нашиот организам и must-see без кој ниедна посета на Португалија не би била целосна. Ги слушаме нотите на гитара додека уживаме во прекрасно порт вино и вечера. 
 

Во цената на излетот се вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци и вечера.

Напомена: превозот до ресторанот не е вклучен во цената на излетот

Madrid City Walking Tour

Madrid City Walking Tour
Цена: 40,00 EUR

Овој ден го посветуваме на срцето на Мадрид – „Madrid de los Austrias“, дел од градот каде историјата се чувствува во секој камен, каде фасадите и плоштадите раскажуваат приказни од минати векови. Чекориме низ калдрмисаните улици, помеѓу малите продавници и кафулиња, и секој агол носи мирис на минатото и шепот на некогашните жители. Нашето патување започнува на Plaza Mayor – плоштад што со векови е сцена на живототво Мадрид. Со својата симетрична убавина и импресивни арки, тој ве пречекува како амфитеатар на историјата, каде некогаш се одржувале трговски пазари, фестивали, па дури и јавни церемонии. Денес, тивко ве поканува да седнете во едно од кафулињата и да ја впиете атмосферата – звукот на чекори по каменот, шепот на минатото и мирисот на свежо испечено кафе. Продолжуваме кон Palacio Real, кралската палата што се издига над градот со величествена елеганција. Огромните врати, раскошните сали и галериите исполнети со уметност создаваат чувство дека времето е застанато. Веднаш до палатата се простираат Jardines de Sabatini, градини од симетрична убавина каде сенките на дрвјата се преплетуваат со мирот на фонтаните, создавајќи совршено место за прошетка и размислување. Од таму, погледот се пренесува на Campo del Moro, пространа градина со раскошни патеки, езерца и зеленила, каде некогаш се шетале кралските дворови, а денес тивко ве пречекува да ги почувствувате тајните на минатото. Нашата прошетка завршува со Templo de Debod, египетски храм донесен во Мадрид, каде залезот сонце создава магични сенки и боите на небото се огледуваат во неговите камења. Место каде историјата од далечниот Египет се среќава со срцето на шпанската престолнина, и каде секој момент ве потсетува дека времето е само континуум на убави приказни. Низ овој дел од Мадрид, секој чекор е како врата кон минатото, а секоја улица е како разгледница од времето. Од „Madrid de los Austrias“ до Plaza Mayor и Palacio Real, градот се открива со својата душа – истовремено величествена, интимна и безвременска.

Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенцијата, локален водич

Valencia Highlights

Valencia Highlights
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 50,00 EUR

Денот го започнуваме со прошетка низ шармантниот стар дел на Valencia, каде секој агол раскажува приказна. Ќе ги откриете најпознатите знаменитости – катедралата, централниот плоштад и живописните улички исполнети со локален дух, додека низ интересни приказни ќе ја почувствувате историјата што сè уште живее тука.

Потоа правиме контраст со модерната страна на градот – впечатливиот City of Arts and Sciences, вистински симбол на современа Валенсија. Овде, футуристичката архитектура и иновацијата создаваат искуство што изгледа како да сте зачекориле во иднината.

Излетот продолжува со релаксирачка панорамска тура покрај зеленото срце на градот – поранешното корито на реката Туриа, денес претворено во еден од најубавите урбани паркови во Европа, совршено место за пауза и уживање.

Секако, ќе имате и слободно време за она што сите го сакаме – храна. Ова е вистинската прилика да ја пробате оригиналната паеља, токму таму каде што е родена.

Овој излет е идеален баланс помеѓу култура, опуштање и автентично шпанско доживување – совршен начин да ја почувствувате Valencia во нејзиното најдобро издание.

Barcelona City Tour

Barcelona City Tour
Цена: 40,00 EUR

Ги посетуваме: Статуата на Колумбо (Mirador de Colom) околу која се води полемика кон кој град, најпознатиот морепловец на сите времиња, покажува со прст, плажата Барселонета која настанала во 1992 година заради Олимписките игри на место на некогашната индустриска зона, паркот Citadela - место на кое по легендите настанала Барселона, парламентот на Каталонија и езерото со галеби, Саграда Фамилија - симболот на градот и недовршеното ремек дело на Гауди, паркот Гуељ, кој требало да биде потполно нова населба, но соѕидани се само 4 куќички. Го посетуваме Камп Ноу - најголемиот стадион во Европа, Монжуик - ридот на кое се наоѓа Шпанското село, Магичните фонтани пред Музејот на каталонска уметност и Олимпиското село со обновениот стадион.

Сместување

Хостел во Португалија и Шпанија

Хостел во Португалија и Шпанија
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Заборави на класично сместување. Ова не е само место за спиење ова е дел од авантурата!
Во Лисабон, Порто, Мадрид и Барселона ќе бидеш сместен/а во внимателно избрани хостели со одлична локација, модерeн дизајн и vibe кој веднаш те внесува во приказната на градот.
Собите се shared (со повеќе кревети), но тоа е токму поентата тука се создаваат нови пријателства, се споделуваат приказни и започнуваат ноќи што не се забораваат.
Хостелите располагаат со chill зони, rooftop тераси, барови или заеднички простории каде што дружбата почнува уште пред да излезеш во град.

Очекувај: интернационална атмосфера, луѓе од целиот свет, pre-party загревања во хостел, организирани активности
Локацијата? Центар. Секогаш блиску до најдобрите барови, клубови и знаменитости буквално чекор од сè што се случува.
Ова е сместување за оние што не сакаат да бидат туристи туку дел од енергијата на градот.

Името на Хостелот ќе биде објавено најмалку 2 недели пред поаѓање!

Останати поаѓања за Португалија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.