Лисабон и Кабо Верде

цена од
1.949
EUR ,00
сега од
1.749
EUR ,00
траење
10 дена
Барање
Барање

Подгответе се за незаборавно летно патување кое ги спојува европскиот шарм и егзотичната убавина на Атлантикот. Оваа уникатна тура ве носи од живописните улици на Лисабон до златните плажи на Кабо Верде – совршен баланс помеѓу култура, релаксација и авантура.

Во Лисабон ќе уживате во магичната атмосфера на градот на седум ридови – прошетки низ старите квартови, погледи што го одземаат здивот, традиционална музика и вкусна португалска кујна.

Патувањето продолжува кон Кабо Верде – вистински рај на Атлантикот. Таму ве чекаат долги песочни плажи, кристално чисто море, и опуштена островска атмосфера која ќе ве натера целосно да се исклучите од секојдневието.

Што ве очекува:

  • Комбинација од градска култура и тропски одмор
  • Разглед на Лисабон со неговите најпознати знаменитости
  • Одмор на плажа и уживање во сонцето на Кабо Верде
  • Идеално патување за парови, пријатели и љубители на егзотика

Лето кое ќе го паметите засекогаш – две дестинации, едно совршено искуство.


Рута
Скопје
Истанбул
Лисабон
Кабо Верде
Лисабон
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Европа 🗼
Дестинации
Португалија
Код на патување
ESPT21
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје до Лисабон со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Лисабон и трансфер до хотелот. Се сместуваме во хотелот и имаме слободно време. Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

HF Fénix Urban 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Лисабон

Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи започнуваме во Belem -- најживиот дел во овој град, не може а да не видиме се! Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Па патот не води кон познатото маало Alfama. Се возиме со познатиот Трамвај 28 -- искуство кое НЕ СМЕЕ да се пропушти на било која посета на Лисабон. Во еден здив? Сте виделе се.

Сместување

HF Fénix Urban 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот го напуштаме нашето сместување и се упатуваме кон аеродромот за нашиот лет до Кабо Верде. Лет од Лисабон до Кабо Верде. Штом слетаме во Кабо Верде, се упатуваме кон нашиот хотел во Сал. Се сместуваме и имаме слободно време. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Лисабон- Кабо Верде во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hotel Odjo d'água 1 ноќ

Место

  • Кабо Верде

Храна

  • Континентален појадок × 1

Се будиме во прекрасниот Кабо Верде! Утрото ни е слободно и можеме да си уживаме на плажа и покрај базен а потоа можеме да одиме на факултативниот излет - Автентичната Санта Марија. Го посетуваме познатиот Pontão, кој некогаш се користел за извоз на сол, а денес претставува пристаниште за пристигнување на рибарски чамци со свеж улов. Шетаме низ улиците на Санта Марија, гледаме шарена улична уметност и како локалци скокаат од мостот на плажата на Санта Марија која воедно е и една од седумте природни чуда на Кабо Верде. Правиме и една пауза во локален ресторан каде дегустираме типични вкусови на Кабо Верде. Посетуваме изложба со стари фотографии и предмети, кабовердиски ракотворби и сувенири. Се враќаме кон хотелот. Ноќевање.

Сместување

Hotel Odjo d'água 1 ноќ

Место

  • Кабо Верде

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за уживање на плажа. Ноќевање.

Сместување

Hotel Odjo d'água 1 ноќ

Место

  • Кабо Верде

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот одиме на авантура! Пловиме со катамаран. Испловуваме на релаксирано полудневно крстарење со катамаран долж прекрасниот брег на островот Sal. Екипажот ќе се погрижи за вас со лесни закуски и пијалаци послужени на бродот, создавајќи пријатна и релаксирана атмосфера погодна за сите – семејства, парови и индивидуални патници. Правиме кратка пауза за пливање или опционално нуркање, во зависност од условите. Само вие, морето и еден поинаков, мирен начин да го доживеете Кабо Верде. Се враќаме во хотелот. Ноќевање.

Сместување

Hotel Odjo d'água 1 ноќ

Место

  • Кабо Верде

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден исполнет со незаборавна авантура! Започнуваме со посета на соленото езеро Salinas de Pedra de Lume – второ најсолено во светот по Dead Sea. Потоа следува посета на Buracona, каде ќе го видите познатото „Сино Око“ – едно од седумте природни чуда на островот. Доколку условите дозволуваат, ќе имаме можност да пливаме во природниот базен со кристално чиста вода. Продолжуваме кон Miragem, каде ќе го доживеете феноменот „фатаморгана“ – визуелна илузија на вода во пустина.Ќе ја посетиме и природната резервација Murdeira Bay, од каде имаме прекрасен поглед кон планината „Лав“.На крајот, ќе ја посетиме Shark Bay, каде одблиску ќе ги доживеете лимон-ајкулите во нивното природно живеалиште. Се враќаме кон хотелот. Ноќевање.

Сместување

Hotel Odjo d'água 1 ноќ

Место

  • Кабо Верде

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден за тотален хедонизам и уживање на плажа или базен. Ноќевање.

Сместување

Hotel Odjo d'água 1 ноќ

Место

  • Кабо Верде

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадокот, се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот. Имаме лет од Сал, Кабо Верде до Лисабон. Слетуваме во Лисабон и имаме трансфер до хотелот. Се сместуваме и имаме слободно време. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Кабо Верде-Лисабон, во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

HF Fenix Lisboa 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок ги напуштаме нашите соби и имаме трансфер до аеродромот во Лисабон. Лет од Лисабон до Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Лисабон - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Лисабон
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализција на патувањето (пр. Лисабон- Сал и Сал- Лисабон). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противредност) се нерефундабилни!
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

HF Fénix Urban Пример 2 ноќи
Hotel Odjo d'água Пример 6 ноќи
HF Fenix Lisboa Пример 1 ноќ

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Лисабон- Кабо Верде во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авио билет со сите такси на релација Кабо Верде-Лисабон, во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Лисабон - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Lisabon City Tour.

Lisabon City Tour.
Цена: 40,00 EUR

Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи го истражуваме најживиот дел на Лисабон -- неговиот центарот, а не може да не видиме сѐ! Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Ai Ai Ai... Па патот не води кон познатото маало Alfama. Улици познати по едни од најдобрите тезги за традиционални ракотворби од златните раце на овие неверојатно насмеани португалци. Имаат и добро кафе! За љубителите на фоткање, би рекле едно од подобрите места за слики! Дали некогаш сте слушнале за познатиот Трамвај 28? Една од најдобрите линии низ Лисабон. Во еден здив? Сте виделе сѐ. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз

Автентичната Санта Марија!

Автентичната Санта Марија!
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 35,00 EUR

Излетот го започнуваме со посета на познатиот Pontão, кој некогаш се користел за извоз на сол, а денес претставува пристаниште за пристигнување на рибарски чамци со свеж улов.Ќе имате можност да ја почувствувате атмосферата на продажба на риба, да видите локалци како скокаат од мостот, како и да уживате во кристално чистата тиркизна вода и песочната плажа на Санта Марија – една од седумте природни чуда на Кабо Верде и една од најубавите плажи во Африка.Потоа ќе ги посетиме историските знаменитости на градот, прошетувајќи низ улиците и восхитувајќи се на шарената улична уметност, која ја отсликува културата и секојдневниот живот на локалното население. Ќе прошетаме низ улиците каде што ќе ги откриете најпопуларните барови и ресторани кои вреди да ги посетите за време на вашиот престој.Во текот на турата ќе направиме пауза во локален ресторан каде ќе дегустираме типични вкусови од Кабо Верде. По оваа пауза, ќе посетиме изложба со стари фотографии и предмети, од каде се пружа прекрасен поглед кон градот.Тука ќе имате можност да се запознаете со автентични кабовердиски ракотворби и сувенири, а вашиот водич ќе ви објасни како да ги препознаете оригиналните производи.

Вклучено во цената: транспорт согласно планот и програмата, локален водич, закуски и пијалоци, претставник од агенција

Пловење со катамаран

Пловење со катамаран
Цена: 70,00 EUR

Испловуваме на релаксирано полудневно крстарење со катамаран долж прекрасниот брег на островот Sal. Екипажот ќе се погрижи за вас со лесни закуски и пијалаци послужени на бродот, создавајќи пријатна и релаксирана атмосфера погодна за сите – семејства, парови и индивидуални патници. Ќе направиме кратка пауза за пливање или опционално нуркање, во зависност од условите. Само вие, морето и еден поинаков, мирен начин да го доживеете Кабо Верде. 

Вклучено во цената: транспорт согласно планот и програмата, лиценциран скипер, пијалоци за освежување, претставник од агенција

Salt Lake, Blue Eye and Shark Bay

Salt Lake, Blue Eye and Shark Bay
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 70,00 EUR

Возбудлива разгледна тура идеална за откривање на пустинскиот пејзаж и скриените богатства на островот Sal.

Започнуваме со посета на соленото езеро Salinas de Pedra de Lume – второ најсолено во светот по Dead Sea. Ова е уникатно место каде можете да легнете и да плутате на водата, додека вашата кожа ќе стане мека како по природен пилинг.Потоа следува посета на Buracona, каде ќе го видите познатото „Сино Око“ – едно од седумте природни чуда на островот. Доколку условите дозволуваат, ќе имаме можност да пливаме во природниот базен со кристално чиста вода.Продолжува кон Miragem, каде ќе го доживеете феноменот „фатаморгана“ – визуелна илузија на вода во пустина.Ќе ја посетиме и природната резервација Murdeira Bay, од каде имаме прекрасен поглед кон планината „Лав“.На крајот, ќе ја посетиме Shark Bay, каде одблиску ќе ги доживеете лимон-ајкулите во нивното природно живеалиште.Уживајте во оваа полудневна тура која ги комбинира најзначајните атракции на островот – „Сино Око“, Мираж, соленото езеро и Шарк Беј, со можност за капење и вистинско авантуристичко искуство.

Вклучено во цената: транспорт согласно планот и програмата, локален водич, влезница за “Сино око”, влезница за Salinas Salt Lake, претставник од агенција

Сместување

HF Fénix Urban

HF Fénix Urban
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

HF Fénix Urban е сместувачки со 4* (по локална категоризација) во Лисабон, Португалија. Хотелот се наоѓа нa неколку чекори од познатиот парк Eduardo VII. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствено купатило, телевизор, бесплатен Wi-fi интернет и клима уред. Хотелот располага со сопствен ресторан за појадок, и летна руфтоп тераса.

Вебсајт https://www.hfhotels.com/en/hotels-en/hf-fenix-urban-en/

Адреса Avenida Antonio Augusto De Aguiar
14
Avenidas Novas
1050-016 Lisbon
Portugal

Hotel Odjo d'água

Hotel Odjo d'água
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот Odjo d'água е сместувачки објект со 4* по локална категоризација. Сместен во Сал, Кабо Верде на плажата Санта Марија, хотелот располага со ресторан во кој често има музика во живо, спа, базен. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет, клима уред, фен, пешкири, сеф и телевизор.

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.odjodagua-hotel.com/

HF Fenix Lisboa

HF Fenix Lisboa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

HF Fenix Garden Hotel е сместувачки со 4* (по локална категоризација) во Лисабон, Португалија. Хотелот се наоѓа на предобра локација во центарот на Лисабон, веднаш на плоштадот Marquês de Pombal. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствено купатило, телевизор, бесплатен Wi-fi интернет и клима уред. Хотелот располага со сопствен ресторан за појадок, и летна руфтоп тераса.

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.hfhotels.com/en/hotels-en/hf-fenix-lisboa-en/

Останати поаѓања за Португалија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.