Санкт Петербург City Tour

Санкт Петербур, порано познат како Ленинград или Петроград. Центарот на најголемите истористи случувања во раниот 20ти век и империјалната престолнина на Царска Русија. Овој град е изграден од страна на Цар Петар Велики инспириран од француската архитехтура и престиж во 18ти век. Денес Санк Петербург е културниот центар на Русија и убедливо најпосетениот град. Почнуваме ние со Невски проспект или Невска авенија - најдолгата и најважната улица во градот, на брегот на реката Нева со бројните палати и продавници, Казањската црква од 19-ти век изградена по примерот на базиликата Св. Петар во Рим која претставува монументален споменик на руската победа над Наполеон, Продолжуваме со Дворскиот плоштад со столбот на рускиот цар Александар и Зимскиот замок кој бил официјална резиденција на руските цареви цели два века и кој во 1922 година е припоен со Ермитаж, Ермитаж - музејот и еден од најзначајните музеи на светот чија основна поставка ја сочинува збирката на руската царица Катарина Велика, Исакијевската соборна црква и градската палата, Споменикот на Петар Велики - брозен коњаник на Сенатскиот плоштад и првиот споменик поставен во Русија на барање на Катарина II. Завршуваме со посетата на Петропавловската тврдина во историското јадро на градот, во чии ѕидови се наоѓа и Петропавловската црква - гробницата на Романови.