Moscow City Tour

Започнуваме со Кремљ, најстариот дел на Москва и нејзиниот политички, духовен и историски центар. Огромен комплекс неповторлив по својата архитектонска и уметничка убавина. Влегуваме во еден од најважните политички и историски центри на #целсвет! Започнуваме со Успенската (соборна) црква, каде што биле крунисани сите руски цареви. Изградена е од италјанскиот архитект Аристотел Фиораванти, кој бил киднапиран од Царот Иван III Велики за да го дизајнира еден од најголемите симболи на Москва и Русија воедно. Продолжуваме со посета на Архангелската црква, Цар-ѕвоното и Цар-топот. Дали знаевте дека Цар-ѕвоното е најголемото ѕвоно на #целсвет, кое ни еднаш не било засвирено. Не го пропуштаме ниту музејот Панорама на Бородинската битка, посветен на војната со Наполеон во 1812 година. Главниот експонат на музејот е панорамата, огромно насликано платно со димензии 115x15м -- кое е насликано во затворен круг (360 степени) и претставува еден од најтешките моменти од битката на Бородинското поле. По нашиот целодневен излет се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време да се напиеме по некоја водка во некој од локалните барови
Напомена: Излетот се реализира со јавен превоз.