Малага Нова Година

цена од
1.099
EUR ,00
сега од
899
EUR ,00
траење
5 дена
Барање
Барање

Малага – Андалузиското сонце, и тоа за Нова Година! 

Замислете Нова Година под палми, со Средоземното море пред вас, тапас во рака и шпански ритам на улиците! Малага – градот на Пикасо, сонцето и бескрајното андалузиско расположение – е совршената дестинација за оние кои сакаат новата година да ја започнат поинаку.

Град со илјадници години историја, маварски тврдини, тесни улички, плоштади полни со живот и долги песочни плажи. Од величествената Алказаба и римскиот театар, преку родниот дом на Пикасо, до пристаништето и модерната Малагета – секој агол носи своја приказна.

А кога ќе падне ноќта, Малага се претвора во огромна прослава! Светлата на центарот, музиката, насмеаните луѓе и традиционалните 12 зрна грозје за среќа во новата година создаваат атмосфера која едноставно мора да се доживее.

Но, ова не е само дочек. Ова е авантура низ Андалузија! Ќе ги почувствуваме шармот на старите андалузиски градови, ќе прошетаме покрај Средоземното море, ќе уживаме во локалната храна и ќе ги откриваме местата каде што Шпанија не се гледа – туку се живее.

Патување за сите оние кои сакаат повеќе од обична туристичка тура. За оние кои сакаат нови пријателства, спонтани вечери, долги прошетки, сонце во декември и приказни што ќе се раскажуваат долго по враќањето дома.

Малага за Нова Година 2027 – затоа што годината треба да се започне со сонце, море, музика и авантура!

 


Рута
Скопје
Истанбул
Малага
Торемолинос
Малага
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Европа, Шпанија
Код на патување
ES90
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines за Малага, со преседнување во Истанбул. Со организиран превоз одиме од аеродромот во Малага до хотелот. Се сместуваме и имаме слободно време за уживање. Ноќевање. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Организиран трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел со 2/3* во Торемолинос 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Малага
  • Торемолинос

Разглед на плоштадот Plaza de la Constitucion и излегуваме на пешачката зона, Calle Marques de Larios. Улицата е полна со разни кафулиња и модни продавници. Малага е град којшто ги инспирирал најголемите светски уметници и неслучајно Пабло Пикасо живеел во овој град. Ќе го посетиме музејот на Пикасо како и неговата куќа Fundacion Picaso. Имаме време да ги посетиме катедралата Catedral de Malaga, римскиот амфитеатар Teatro Romano, плоштадот Merced (Placa de la Merced) и видиковецот Gibralfaro (Mirador de Gibralfaro) од каде се отвора неверојатен поглед на арената, пристаништето и плажата Малагета.. Се враќаме во хотелот. Потоа имаме слободно време за уживање, а вечерта ја дочекуваме Новата 2027 на плоштад! СРЕЌНА НОВА 2027!! Ноќевање.

Сместување

Хотел со 2/3* во Торемолинос 1 ноќ

Место

  • Торемолинос

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот не чека авантура во најбогатиот град на Андалузија и нејзината престолнина - Севиља. Го посетуваме преубавиоит плоштад со симболи од сите градови на Шпанија - Plaza de Espana. Ќе ја посетиме и Златната Кула - Тorre del Oro покрај реката Гвадалкивир Guadalquivir како и арената за борба со бикови Placa de Torros. Не смееме да ја пропуштиме катедралата Catedral de Sevilla во која е закопан најпознатиот морепловец на сите времиња Кристофор Коломбо. Одиме по стапките на шпанските императори во палата Алказар - Alcazar, каде што е снимана познатата серија “Game of Thrones”. Шетаме по преполните улици, уживаме со кафе и сладолед како вистински Андалузијци. Се одмораме покрај реката Гвадалкивир. Вечерта се враќаме во хотел. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 2/3* во Торемолинос 1 ноќ

Место

  • Торемолинос

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок, факултативна екскурзија низ бисерите на Коста Дел Сол. Ќе започнеме со посета на Марбеља, едно од најпознатите и најелитни летувалишта. Ова живописно место, сместено во срцето на регионот, долго време е омилена дестинација на светскиот џет-сет. Луксузните вили изградени од страна на аристократи и филмски ѕвезди, познатата марина Puerto Banús со своите јахти и бутици од светски брендови, како и бројните терени за голф, ѝ даваат на Марбеља печат на ексклузивност и префинетост. Оваа екскурзија ќе нè однесе и во Ронда, град сместен на 750 м.н.в., на работ од длабок кањон, со спектакуларниот мост Пуенте Нуево – една од најфотографираните атракции во Шпанија со поглед кој не се заборава. Ронда е и колепка на борбите со бикови (Корида), со најстарата арена што и денес сведочи за оваа традиција. Враќање во хотел. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 2/3* во Торемолинос 1 ноќ

Место

  • Торемолинос

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон Аеродромот во Малага. Лет од Малага до Скопје со преседнување во Истанбул. Пристигнуваме во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Малага - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Торемолинос
  • Малага
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

За поаѓање на 30. 12. 2026.

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Хотел со 2/3 во Торемолинос Пример 4 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Организиран трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Малага - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

4 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Карти за локален јавен превоз

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Malaga City Tour

Malaga City Tour
Цена: 40,00 EUR

Разглед на плоштадот Plaza de la Constitucion и излегуваме на пешачката зона, Calle Marques de Larios. Улицата е полна со разни кафулиња и модни продавници. Малага е град којшто ги инспирирал најголемите светски уметници и неслучајно Пабло Пикасо живеел во овој град. Ќе го посетиме музејот на Пикасо како и неговата куќа Fundacion Picaso. Имаме време да ги посетиме катедралата Catedral de Malaga, римскиот амфитеатар Teatro Romano, плоштадот Merced (Placa de la Merced) и видиковецот Gibralfaro (Mirador de Gibralfaro) од каде се отвора неверојатен поглед на арената, пристаништето и плажата Малагета. 

Цената вклучува: Разглед со локален водич.

Цената НЕ вклучува: локален превоз до/од Малага,влезници во културно историски споменици, индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 2-3 часа.

Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 12 пријавени патници

Seville City Tour

Seville City Tour
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 125,00 EUR

Севиља е раскрсница меѓу истокот и западот сместена на реката Гвадалкивир. Легендата вели дека градот го основал грчкиот херој Херакле. Го посетуваме преубавиоит плоштад со симболи од сите градови на Шпанија - Plaza de Espana. Ќе ја посетиме и Златната Кула - Тorre del Oro покрај реката Гвадалкивир Guadalquivir како и арената за борба со бикови Placa de Torros. Не смееме да ја пропуштиме катедралата Catedral de Sevilla во која е закопан најпознатиот морепловец на сите времиња Кристофор Коломбо. Одиме по стапките на шпанските императори во палата Алказар - Alcazar, каде што е снимана познатата серија “Game of Thrones”. Шетаме по преполните улици, уживаме со кафе и сладолед како вистински Андалузијци.

Цената вклучува: Организиран превоз од-до хотел, разглед со локален водич.

Цената НЕ вклучува: влезници во културно историски споменици, индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 11-12 часа.

Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници

Marbella, Puerto Banus & Ronda

Marbella, Puerto Banus & Ronda
Цена: 85,00 EUR

Ќе започнеме со посета на Марбеља, едно од најпознатите и најелитни летувалишта. Ова живописно место, сместено во срцето на регионот, долго време е омилена дестинација на светскиот џет-сет. Луксузните вили изградени од страна на аристократи и филмски ѕвезди, познатата марина Puerto Banús со своите јахти и бутици од светски брендови, како и бројните терени за голф, ѝ даваат на Марбеља печат на ексклузивност и префинетост. Оваа екскурзија ќе нè однесе и во Ронда, град сместен на 750 м.н.в., на работ од длабок кањон,со спектакуларниот мост Пуенте Нуево – една од најфотографираните атракции во Шпанија со поглед кој не се заборава. Ронда е и колепка на борбите со бикови (Корида), со најстарата арена што и денес сведочи за оваа традиција.

Цената вклучува: Организиран превоз од-до хотел, разглед со локален водич.

Цената НЕ вклучува: влезници во културно историски споменици, индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 8-9 часа.

Минимален број на учесници: 10 лица.

Сместување

Хотел со 2/3* во Торемолинос /

Хотел со 2/3* во Торемолинос
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел со 2/3* (по локална категоризација) во Торемолинос е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.

Останати поаѓања за Европа

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.