Мистична тура
Факултативниот излет го започнуваме во 09:30ч. Го посетуваме видиковецот во Гореме (Göreme Panorama) од каде ни се отвора најубавиот поглед на целиот регион. Оттука ја започнуваме нашата авантура, од каде буквално на дланка ги гледаме прекрасните предели, додека водичот ни ја “доловува“ магијата на овој регион. Продолжуваме кон замокот Учхисар (Uçhisar Castle). Овој прекрасен и историски замок се наоѓа во градот Учисар и претставува највисоката точка во Кападокија. Се упатуваме кон подземниот град Мази (Mazi Underground City), еден од најпознатите подземни градови во Кападокија. Овој комплекс бил исклесан под земјата и бил населен стотици години од страна на локалците кои се засолнувале и се бранеле од опасносните на Романите, Персијците и Арапите. Внатре посетуваме простории и објекти кои се достапни и отворени за посетители, додека водичот ни ги раскажува приказните и историјата која се крие позади нив. По Деринкују правиме пауза за ручек. По паузата за ручек за крај ја посетуваме долината на гулабите (Pigeon Valley).
Во цената на излетот е вклученo: трансфер со комбе, локален водич на англиски јазик, влезници на наведените локалитети, ручек, услуги од претставник на агенцијата.
Во цената на излетот не е вклучено: пијалоци за време на ручекот