Одмор од соништата меѓу кариоките (жителите на Рио), најпознатите плажи на светот Копакабана и Ипанема во комбинација со звуците на боса нова, самба и фудбал на улиците, возбудлив ноќен живот, капирињи... Cidade de Deus!
Bom dia, Рио де Жанеиро! За сите љубители на вистинскиот хедонизам, опуштање во најпосетениот град на јужната хемисфера. Град кој ќе ве импресионира! Атмосферата која во градот ја прават неговите жители, кариоките, не може да се сретне на ниеден друг меридијан. Инаку, бразилската култура е богат микс на португалски влијанија, локални индијански традиции и примеси на културата од африканските робови кои биле тука носени во периодот на колонијализмот.
Главните обележја на градот Рио се секако статуата на Христос Спасилтелот и Шеќерната глава. Најубавиот дел од патувањата е гласното wow што ќе го викнеме кога за прв пат ќе видиме нешто фасцинантно, а статуата на Христот Спасителот е дефинитивно едно од тие гласни wow!
Живописната планина Корковадо го надгледува весело и опуштено населението на Рио. На височина од 700 метри се наоѓа познатата статуа до која се пристига низ прашумата Тижука. Прашума која завзема речиси десеттина од територијата на Рио и ја нарекуваат „белите дробови на градот“. Поминуваме низ егзотичен зелен свет. Ретки билки, необични птици и чудни животинки кои ни го сечат патот како бразилски ракун или капучински мајмуни... Го посетуваме спортскиот бисер на Рио, стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950 година шокантно им избега титулата светски првак. Денот ќе го разведриме со боите на Самбодромо, местото од кое почнува познатото дефиле во Риo односно карневалот кој со децении важи за планетарен спектакл.
Го посетуваме боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови.
Шеќерната глава е интересен момент кој не може да се изостави, бидејќи од каде и да сликате, таа се појавува во кадар. Ги истражуваме спектакуларните места кои нудат незаборавни фотографии како Pedra do Telegrafo каде бескрајно сината и зелена боја се сливаат во раскошна вегетација. Копакабана е причината зошто милиони луѓе се заљубуваат во Рио. Околу нас има илјадници хотели, кафулиња, ресторани, песок и море - идеална комбинација за сите ваши сетила. Се рекреираме на плажа со одбојка или фудбал. Фудбалот се игра од утро до мрак на улиците и плажите. Покрај плажата се наоѓа препознатливото шеталиште чиј мозаици во облик на бранови ги изработил бразилскиот архитект Роберто Маркс.
Рио де Жанеиро или како што уште го нарекуваат cidade maravilhosa – волшебниот град е урбана џунгла, опкружен со ридови, дождовни шуми, рајски плажи и океан. Мешавина на вкусна храна, тропско овошје и каипирињас. Звуци на самба, боса нова и бранови. Велат дека барем еднаш во животот треба да го посетите Рио, затоа што магијата што се чуствува низ градот не може да се опише со слики и зборови, а штом еднаш ќе го посетите, градот остава белег во вас и повторно ќе ве повикува назад на повторна средба, помеѓу бранови, златна светлина, каипириња и самба...
Рута
Скопје
Истанбул
Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
Истанбул
Скопје
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер
- Сместување
-
Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје,
Македонија
- Дестинации
-
Бразил,
Јужна Америка
- Код на патување
- BR2
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Не