Бразил - Рио де Жанеиро Карневал

цена од
2.849
EUR ,00
сега од
2.599
EUR ,00
траење
11 дена
Барање
Барање

ГО ОСВОЈУВАМЕ РИО ВО РИТАМОТ НА КАРНЕВАЛОТ! 

Тргни со Jungle Tribe на едно од најголемите светски случувања – легендарниот Карневал во Рио де Жанеиро! Подготви се за авантура исполнета со самба, музика, танц, спектакуларни костими, неверојатна енергија и плажи на кои животот има сосема поинаков ритам. Ова не е само патување во Бразил, туку можност одблизу да ја почувствуваш атмосферата на градот што знае како се слави животот!

Рио де Жанеиро е град во кој секој агол крие нова приказна, а за време на карневалот целата магија станува уште поинтензивна. Во ритамот на самбата, меѓу разиграните улици и заразната енергија на локалците, ќе ја доживееме атмосферата на еден од најпознатите фестивали на #целсвет. Ќе уживаме во музиката, танцот и шаренилото што го претвораат Рио во вистинска светска сцена!

За време на карневалската авантура, ќе имаме можност да го посетиме и легендарниот Самбадром – местото каде што се одржуваат спектакуларните паради на школите за самба. Тука ритамот, раскошните костими, танчерите и илјадниците гледачи создаваат доживување што се памети засекогаш. Во зависност од датумот на поаѓање и карневалската програма, ќе имаме можност да бидеме дел од различните карневалски случувања и да ја почувствуваме магијата одблизу.

Но Рио не е само карневал! Овој град е совршена комбинација од тропска природа, урбана енергија и бескрајни плажи. Се искачуваме до едно од најпрепознатливите светски чуда – статуата Христос Спасителот, која гордо се издигнува над градот и ни нуди неверојатен поглед кон Рио. Ја истражуваме и тропската шума Тижука, а ја посетуваме и познатата Планина Шеќерна Глава (Pão de Açúcar), од каде што панорамата на градот, океанот и околните планини изгледа како разгледница.

За крај, ги освојуваме и легендарните плажи Копакабана и Ипанема! Песок, море, палми, коктели и препознатливото шеталиште со мозаични бранови – сè што е потребно за да го почувствуваме вистинскиот дух на Бразил. Уживаме во сонцето, ја впиваме опуштената атмосфера и наздравуваме со кајпириња за сите авантури што нè очекуваат.

Самба, карневал, тропски плажи и незаборавни моменти со Jungle племето – Рио нè повикува! Спремни ли сте да го доживееме Бразил во неговото најразиграно издание?


Рута
Скопје
Истанбул
Саo Паоло (São Paulo)
Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)
Саo Паоло (São Paulo)
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Бразил, Јужна Америка
Видови патувања
Далечни Патувања 🌍
Код на патување
BR20
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците на аеродромот во Скопје. Лет од Скопје со Turkish Airlines. Пристигнување во Истанбул и преседнување на лет за Сао Паоло, Бразил. Одиме во една од најживите држави во Јужна Америка! Авантурата може да започне!!!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Сместување

Хотел во Сао Паоло 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнување во Сао Паоло во раните утрински часови. Трансфер од аеродромот до сместувањето во Саo Паоло. Во хотелот ја плаќаме претходната ноќ, што значи дека веднаш по доаѓање во хотел, можеме да влеземе во собите. Одмараме, се освежуваме, појадуваме, па по појадок, имаме трансфер до аеродром. Локален лет од Саo Паоло до Рио. Пристигнување во Рио. трансфер до сместување. Правиме check-in во нашиот хотел. Имаме слободно време да го истражиме еден од најживите градови на #целсвет. Танцуваме бачата со локалците и пиеме превкусни кајпирињи!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Саo Паоло (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сао Паоло - Рио Де Жанеиро, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување.
  • Трансфер од сместувањето до аеродром.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Саo Паоло (São Paulo)
  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок се упатуваме на факултативниот излет -- Посета на фавела и училиште самба. Започнуваме со посета на една од нашите омилени фавели во Рио де Жанеиро! Се движиме по тесни улички, со шарени куќи и се запознаваме со локалниот живот во Рио. После тоа ја продолжуваме нашата авантура со посета на една од карневалските фабрики, каде ќе имаме можност да ѕирнеме зад сцената на најголемата светска забава на отворено, карневалот во Рио. Гледаме како целиот град се спрема за овој настан и како цела фабрика работи со полн-погон. Време е да танцуваме во ритамот на самбата додека го дегустираме познатиот бразилски коктел Кајпириња, се надеваме дека сте спремни да научите Самба -- посетуваме и училиште каде гледаме како локалците се спремаат за Карневал и го спремаат перформансот на овој познат танц. Ќе имаме можност одблизу да ја почувствуваме карневалската атмосфера која го освојува Рио и да бидеме дел од возбудата и подготовките за еден од најголемите светски спектакли – Карневалот во Рио де Жанеиро! 

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок, време е за нова авантура. Заминуваме на другата страна на Рио и ја посетуваме прочуената Шеќерна Глава.  Планината го добила ова име поради нејзиниот облик, а Бразил е најголемиот извозник во светот токму на шеќер. Баш оттука е и прочуениот поглед на областа Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа следи посета на боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови. Одиме на обилен бразилски ручек каде можете да вкусите автентични јадења како што се на пример феижоаде (црн грав), мокеке (“бразилска паеља“), pao de queijao (пециво со сирење), но и многу други Бразилски деликатеси. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. Некогаш големите хангари, неодамна се искористени за израз на алтернативна уметност. Графитите го отсликуваат олимпискиот дух и планетарно заедништво во автохтон стил. Тука и ги посетуваме познатите шарени скали -- Selaron Steps. Продолжуваме кон спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти -- стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Маракана" со трагедијата„ кога во 1950. година шокантно им избега титулата светски првак.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден го започнуваме со статуата на Исус Христос Искупителот на ридот Корковадо која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е сместена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од која се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Потоа продолжуваме до двата најубави видиковци во Рио -- Visa Chinesa и Donna Marta. Нашата авантура ја завршуваме во пакот Лага, одмараме по напорниот ден во бескрајното зеленило на овој живописен парк. Враќање во сместувањето.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Место кое доживеа светска популарност благодарение на фотографиите кои се прават тука! На ова место некогаш постоела опсерваторија која ја користеле морнарите во текот на Втората светска војна. Денес ова место го посетуваат бројни туристи и уживаат во автентичниот трекинг до видиковецот. Погледот и фотографиите кои ќе ги направите со сигурност ќе Ве остават без здив. Бујното зеленило и магичната вегетација, океанот и плажите го прават овој предел многу живописен. На враќањето ќе поминеме до најшарената продавница Havainas и на освежувачко асаи.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време кое можеме да го искористиме за уживање на најпознатите плажи во градот -- Копакабана и Ипанема. Пиеме кајпирињи како вистински бразилци и ја впиваме енергијата на оваа прекрасна држава. 
А кога сонцето ќе почне да заоѓа, се подготвуваме за она поради што Рио во овој период станува светска престолнина на забавата! Вечерва нè очекува врвот на нашата карневалска авантура – Парадата на шампионите на легендарниот Самбадром! Се препуштаме на ритамот на самбата, спектакуларните костими, музиката и неверојатната енергија на најдобрите школи за самба во Бразил. Нè очекува ноќ исполнета со бои, танц и еуфорија, доживување што се памети засекогаш! Рио, вечерва танцуваме во твојот ритам!

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го користиме за посета на царскиот град Петрополис. Гратче на периферијата на Рио кое важи за најбогато и најбезбедно место во Бразил. Подигнат е во чест на Педро II, последниот бразилски цар, кој со Бразил владеел 58 години. Овој град го красат мноштво театри, музеи, галерии и палати. Дури и најпознатата бразилска пивара се наоѓа во овој град. Градот е познат и по својот мултикултурализам со оглед на тоа што таму живеат големи заедници на германци, јапонци, италијани, и сл.. Во овој град се чуваат и спомените на бројните познати граѓани како книжевникот Стефан Цвајг или пионерот на авијацијата Алберт Сантос - Димон и нивните куќи биле претворени во вистински музеи. По прошетка во овој град ги посетуваме царскиот музеј и претседателската палата Рио Негро.

Сместување

Хотел *** во Рио де Жанеиро 1 ноќ

Место

  • Рио де Жанеиро (Rio de Janeiro)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок го напуштаме нашето сместување во Рио, имаме трансфер до аеродром и лет до Саo Паоло. Правиме check-in во нашето сместување и време е да го истражиме и најголемиот град во Бразил. Ги посетуваме некои од најважните локации на овој град -- од огромни облакодери, до историски згради и уметнички инсталации. Го посетуваме мостот Estalada Octavio Frlas de Oliviera кој го среќаваме на сите разгледници на овој незаборавен град, мост кој се носи рамо до рамо со некои од најпознатите мостови на #целсвет, како Golden Gate Bridge. Оттука продолжуваме кон нашиот прв photo-stop Edifício Pátio Victor Malzoni. Оттука продолжуваме кон паркот Ibirapuera, прекрасен парк кој се наоѓа во центарот на градот. Овој парк е прогласен за најдобриот парк на #целсвет од познатото светско списаније "The Guardian". Потоа продолжуваме кон катедралата Sé -- најпознатата катедрала во овој град изградена во готски стил. Оттука продолжуваме до пазарот во Саo Паоло -- каде гледаме илјадници тезги преполни со различно егзотично овошје, локални вина, кашкавали и пива, на скратено местото каде што вистински го доживуваме Бразил. Нашиот ден го завршуваме во срцето на овој град, на познатата улица Batman. Улица каде што буквално секој ќош е покриен со графити направени од локални уметници. Нашата авантура ја завршуваме на пијачка на некој од локалните руфтоп барови. Враќање во сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рио Де Жанеиро - Сао Паоло, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел во Сао Паоло 1 ноќ

Место

  • Саo Паоло (São Paulo)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок правиме check-out од нашето сместување и имаме слободно време да прошетаме во Саo Паоло, докупуваме уште по некој сувенир, јадеме традиционална храна и пиеме кајпириња за довидување. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Саo Паоло - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Саo Паоло (São Paulo)
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул. Лет од Истанбул за Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализација на патувањето (пр. Сао Паоло - Рио и Рио - Сао Паоло). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противвредност) се нерефундабилни!

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

Хотел во Сао Паоло Пример 2 ноќи
Хотел во Рио де Жанеиро Пример 7 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Саo Паоло (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сао Паоло - Рио Де Жанеиро, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување.
  • Трансфер од сместувањето до аеродром.
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Рио Де Жанеиро - Сао Паоло, во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Саo Паоло - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Фавела, фабрика за маски и училиште за Самба

Фавела, фабрика за маски и училиште за Самба
Цена: 85,00 EUR

Започнуваме со посета на една од нашите омилени фавели на јужната зона на Рио де Жанеиро! Се движиме по тесни улички, со шарени куќи и се запознаваме со локалниот живот во Рио. После тоа ја продолжуваме нашата авантура со посета на една од карневалските фабрики, каде ќе имаме можност да ѕирнеме зад сцената на најголемата светска забава на отворено, карневалот во Рио. Гледаме како целиот град се спрема за овој настан и како цела фабрика работи со полн-погон. Учиме повеќе за значењето на маските и за процесот на правење на истите, процес кој трае околку 12 месеци. Време е да танцуваме во ритамот на самбата додека го дегустираме познатиот бразилски коктел Кајпириња!! Се надеваме дека сте спремни да научите повеќе за Самба -- посетуваме и училиште каде гледаме како локалците се спремаат за Карнивал и го спремаат перформансот на овој познат танц.

Шеќерна глава, Олимписки булевар и стадионот Маракана

Шеќерна глава, Олимписки булевар и стадионот Маракана
Цена: 90,00 EUR

Заминуваме на другата страна на Рио и ја посетуваме прочуената Шеќерна Глава, која се наоѓа над заливот Гуанабара, чиешто име го симболизира издигнувањето на островот од заливот - кој е дел од атлантскиот океан. Планината го добила ова име поради нејзиниот облик, а Бразил е најголемиот извозник во светот токму на шеќер. Баш оттука е и прочуениот поглед на областа Урка, Ботафого и Копакабана. Потоа следи посета на боемскиот кварт во Рио, Санта Тереза. Овие улични и колоритни згради ја претставуваат сржта на Бразил. Не пропуштаме шанса да се прошетаме и по препознатливите скали на Хорхе Селарон. На ова место, бројни музички ѕвезди како Snoop Dog и групата U2 имаат снимено спотови. Одиме на обилен бразилски ручек каде можете да вкусите автентични јадења како што се на пример феижоаде (црн грав), мокеке (“бразилска паеља“), pao de queijao (пециво со сирење), но и многу други Бразилски деликатеси. За крај, се запознаваме со урбаната страна на Рио, каде не чекаат огромни графити на Олимпискиот булевар. Некогаш големите хангари, неодамна се искористени за израз на алтернативна уметност. Графитите го отсликуваат олимпискиот дух и планетарно заедништво во автохтон стил. Продолжуваме кон спортскиот бисер на Рио кој не смее да се пропушти е стадионот Маракана. Познатиот стадион сеуште претставува горчлив спомен на кариоките за „Мараканасо трагедијата„ кога во 1950. година шокантно им избега титулата светски првак.

Во цената на излетот е вклучено: превоз, водич и билет за жичарница за Шеќерната Глава.

Во цената не е вклучен: ручек, влезница на стадионот - Maracanã

Статуата на Исус Христос Искупителот, Дона Марта и Лaге

Статуата на Исус Христос Искупителот, Дона Марта и Лaге
Цена: 80,00 EUR

Овој ден го започнуваме со статуата на Исус Христос Искупителот на ридот Корковадо која спаѓа во седумте нови светски чуда. Подигната е во дваесеттите години на минатиот век. Денес стои со раширени раце над заливот Гванабара и ги благословува кариоките (жителите на Рио). Статуата е сместена на ридот Корковадо на височина од 710 метри, од која се пружа неверојатен поглед на живописните делови на Рио. Доколку временските услови ни дозволат денот ќе го разведриме со погледот од видиковецот Vista Chinesa, кај градбата која ја подигнале кинески имигранти на местото каде уживале во опиум бегајќи од тешката работа во хациендите околу Рио. Одиме и до видиковецот Дона Марта, од каде имаме панорамски поглед над градот, оттука ги забележуваме Шеќерната глава, стадионот Маракана, заливите Гуанабара и Корковадо. На крајот од денот се одмараме во зеленилото на паркот Лaге, или „Паркот на лагите“, каде што има прекрасна вила од почетокот на минатиот век што еден богат индустријалец и ја подарил на својата сопруга за таа да има простор за одржување на нејзините музички настани. Се шетаме и уживаме во зеленилото на овој парк.

Во цената на излетот е вклучено: транспорт, локален водич и билет за воз до статуата на Исус Спасителот.

Pedra do Telegrafo

Pedra do Telegrafo
Цена: 55,00 EUR

Место кое доживеа планетарна популарност благодарение на фотографиите кои се прават тука! На ова место некогаш постоела опсерваторија која ја користеле поморските сили во текот на Втората светска војна. Денес ова место го посетуваат бројни туристи и уживаат во автентичниот трекинг до видиковецот. Погледот и фотографиите кои ќе ги направите со сигурност ќе Ве остават без здив. Бујното зеленило и магичната вегетација, океанот и плажите го прават овој предел многу живописен. Во зоната Telegrapho не е дозволено движење на туристички автобуси и затоа се користи превоз со комбе. На враќањето ќе свратиме до најшарената продавница Havainas и на освежувачко асаи.

Парада на шампионите – Карневалскиот спектакл во Рио

Парада на шампионите – Карневалскиот спектакл во Рио
Цена: 250,00 EUR

Самбадромот е легендарната арена изградена специјално за карневалските паради во Рио де Жанеиро, а ние ќе го посетиме токму за време на еден од најочекуваните настани на карневалот – Парадата на шампионите!

Подгответе се за ноќ исполнета со самба, музика, танц, раскошни костими и неверојатна енергија! Ќе имаме можност да ги проследиме настапите на шесте најдобри школи за самба, вклучувајќи ја и победничката школа, кои со своите спектакуларни изведби ја претвораат арената во вистинска експлозија од бои и ритам.

Парадата на шампионите е прослава на талентот, посветеноста и бразилскиот дух, настан што со нетрпение го очекуваат и локалците и посетителите од целиот свет. Кога илјадници танчери ќе зачекорат во ритамот на самбата, а Самбадромот ќе се исполни со музика и еуфорија, ќе разбереме зошто карневалот во Рио е едно од најпознатите светски случувања!

Нè очекува незаборавна карневалска ноќ, исполнета со танц, забава и енергија што трае до раните утрински часови. Рио, подготвени сме за спектакл!

Градот Петрополис

Градот Петрополис
Цена: 90,00 EUR

Денот го користиме за посета на царскиот град Петрополис. Гратче на периферијата на Рио кое важи за најбогато и најбезбедно место во Бразил. Подигнат е во чест на Педро II, последниот бразилски цар, кој со Бразил владеел 58 години. Овој град го красат мноштво театри, музеи, галерии и палати. Дури и најпознатата бразилска пивара се наоѓа во овој град. Градот е познат и по својот мултикултурализам со оглед на тоа што таму живеат големи заедници на германци, јапонци, италијани, и сл.. Во овој град се чуваат и спомените на бројните познати граѓани како книжевникот Стефан Цвајг или пионерот на авијацијата Алберт Сантос - Димон и нивните куќи биле претворени во вистински музеи. По прошетка во овој град ги посетуваме царскиот музеј и претседателската палата Рио Негро.

Sao Paolo City Tour

Sao Paolo City Tour
Цена: 45,00 EUR

Ги посетуваме некои од најважните локации на овој град -- од огромни облакодери, до историски згради и уметнички инсталации. Го посетуваме мостот Estalada Octavio Frlas de Oliviera кој го среќаваме на сите разгледници на овој незаборавен град, мост кој се носи рамо до рамо со некои од најпознатите мостови на #целсвет, како Golden Gate Bridge. Оттука продолжуваме кон нашиот прв photo-stop Edifício Pátio Victor Malzoni. Оттука продолжуваме кон паркот Ibirapuera, прекрасен парк кој се наоѓа во центарот на градот. Овој парк е прогласен за најдобриот парк на #целсвет од познатото светско списаније "The Guardian". Потоа продолжуваме кон катедралата Sé -- најпознатата катедрала во овој град изградена во готски стил. Оттука продолжуваме до пазарот во Саун Пауло -- каде гледаме илјадници тезги преполни со различно егзотично овошје, локални вина, кашкавали и пива, на скратено местото каде што вистински го доживуваме Бразил. Нашиот ден го завршуваме во срцето на овој град, на познатата улица Batman. Улица каде што буквално секој ќош е покриен со графити направени од локални уметници. Нашата авантура ја завршуваме на пијачка на некој од локалните руфтоп барови

Сместување

Хотел во Сао Паоло /

Хотел во Сао Паоло
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел 2/3* е сместувачки објект во Сао Паоло кој располага со двокреветни соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 14 дена пред поаѓање.

Хотел *** во Рио де Жанеиро

Хотел *** во Рио де Жанеиро
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** (по локална категоризација) во Рио де Жанеиро е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Услугата е на база ноќевање со појадок. Името на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 14 дена пред поаѓање.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.