Bogota City Tour
.png)
Денот го започнуваме со едно од највозбудливите чувства - спојување на минатото и сегашноста на Богота. Ги истражуваме сите оние места кои што се богати со приказни, уметност, култура но и локална кујна која што верувајте не постои човек на светот кој што не би ја пробал повторно. На излетот сме придружувани од водич кој што гo доловува уникатниот контраст на класичен и современ стил кој што го прават самиот град неверојатно жив. Одиме на „El chorro de Quevedo“ или местото каде што е основана Богота, но не можеме и да не поминеме на плоштадот Bolivar и областа Канделарија каде што ги посетуваме едни од историски најдобрите музеи познати како Gold Museum, Casa de la Moneda и Donacion Botero. Денот продолжува кон иконскиот симбол на Богота, ридот Monserrat кој што се искачува на неверојатни 3.152 метри надморска височина. И сето тоа за да можеме да го посетиме светилиштето каде што се наоѓа „Статуата на Господарот на чудата.“ Денот го завршуваме со најдобриот поглед према Богота.
Во цената на излетот е вклучено: влезница на Monserrate Hill, локален водич, преставник од агенцијата.