West Coast - Лос Анџелес, Лас Вегас и Сан Франциско

West Coast - Лос Анџелес, Лас Вегас и Сан Франциско

цена од
2.399
EUR ,00
сега од
2.199
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

Дали помисли дека оваа година ќе ти ја оствариме најголемата желба и ќе те однесеме во Западна Америка? Бидејќи сигурни сме дека ова е твојата нова, голема авантура!

Заедно ќе го дишеме воздухот во Калифорнија и Аризона, додека уживаме на Venice Beach. Место каде уметноста, океанот и бескрајниот поглед се доволни за да се вљубите на прв поглед. Но, тоа не е сè! Ајде да се релаксираме на Santa Monica и да вајбаме со стил по познатиот Sunset Boulevard.

Да го почувствуваме гламурот на Beverly Hills и да се заљубиме во светот на Rodeo Drive, каде шопингот не е само купување, туку вистинска уметност и начин на живот.

И немој да мислиш дека ќе пропуштиме еден момент за да уживаме во убавина на Grand Canyon, бидејќи овој природен спектакл остава без здив и носи чувство кое се памети цел живот.

А, ако сте за адреналин, Лас Вегас е тука! Казина, светла и забава што не запира, ако не потрошите барем неколку долари, како да не сте биле таму!

И кога мислите дека ова е крајот, започнува магијата на Сан Франциско. Шетаме по култниот Golden Gate Bridge и заедно ја откриваме мистеријата на Alcatraz, за одмор? Се опуштаме во зеленилото и мирот на Golden Gate Park.

Од Вас бараме да донесете добра енергија, фотоапарат и простор за незаборавни спомени бидејќи во едно сме сигурни, оваа авантура ќе Ви го промени животот!

Се пакувате?


Рута
Скопје
Истанбул
Лос Анџелес
Лас Вегас
Сан Франциско
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Соединетите Американски Држави
Код на патување
US12
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на Меѓународниот аеродром во Скопје, два часа пред летот. Разговараме за футуризам, хедонизам и нова димензија додека со нетрпение го чекаме нашиот лет. Лет од Скопје до Лос Анџелес со кратко преседнување во Истанбул. Одиме на западот во градот на сонцето, филмовите и бескрајните авантури! Авантурата може да започне! Пристигнуваме во Лос Анџелес во попладневните часови. Трансфер до нашето сместување во срцето на градот. Веќе ја чувствуваме разликата, топлиот воздух, палмите, широките булевари... ова не е обичен град, ова е ЛА. Се сместуваме во хотелот и имаме слободно време за истражување. Светлата се различни од оние на Times Square, но енергијата е исто толку жива. Градот вибрира на своја фреквенција. Можеме да одиме на вечера и пијачка во некој rooftop бар со поглед кон Downtown LA или Sunset Strip да уживаме додека си велиме: "Good night, Los Angeles!" Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лос Анџелес (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување.

Сместување

Best Western Plus Sunset Plaza Hotel 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Лос Анџелес

Добро утро, Лос Анџелес! Се будиме во градот каде што секое утро мириса на нова авантура. А денот го започнуваме со прошетка низ легендарната Venice Beach. Овде ништо не е „веќе видено“ и токму затоа е совршено. Улични музичари, скејт-парк со локални легенди, графити што се менуваат секој ден, продавници со сè, од винтиџ очила до рачно насликани скејтборди. Изобилство на креативност и слобода. Следната станица ни е Santa Monica. Одеднаш, сè станува порелаксирано. Морскиот воздух, старото дрвено пристаниште со својата неверојатна енергија, рибарите кои фрлаат јадица, парови кои прават селфи… Имаме време за брз шопинг на Third Street Promenade, но и за малку уживање под некоја висока палма со кафе во рака. Во попладневни часови, се качуваме на Sunset Boulevard не за да стигнеме некаде, туку за да патуваме низ историјата на Холивуд. Сето ова го имате гледано на филм па затоа е лесно да ги препознаете имињата, зградите, билбордите. Секој агол има приказна. Продолжуваме низ Beverly Hills каде ќе ја почувствувате атмосферата на легендарните клубови, ресторани и светлата на големиот град. Ноќевање.

Сместување

Best Western Plus Sunset Plaza Hotel 1 ноќ

Место

  • Лос Анџелес

Подгответе се, денес се возиме низ улиците на Лос Анџелес каде што секој агол личи на сцена од филм. Нашата авантура започнува во срцето на Beverly Hills, таму каде што палмите се повисоки, улиците пофини, а секоја куќа крие приказна. Следна станица Rodeo Drive. Да, таа Rodeo Drive. Местото каде што шопингот изгледа како парада на стил и статус. Дури и ако не купиш ништо, шетањето овде е како да си влезен во сцена од „Pretty Woman“ само што овојпат, ти си главниот лик. Gucci, Prada, Chanel, Dior… сè блеска, а атмосферата? Потполно филмска. И не, не е исклучено некој познат да ти помине покрај тебе. Но дури и ако не се случи тоа vibe-от сам по себе е доволен. Палми, скапцени коли, бавно возење по булеварите, светла што се одбиваат од излозите... ова не е обична прошетка ова е вистинско искуство. Ноќевање.

Сместување

Best Western Plus Sunset Plaza Hotel 1 ноќ

Место

  • Лос Анџелес

Се одјавуваме од хотелот во Лос Анџелес и имаме трансфер до Лас Вегас, авантурата продолжува. Не е поминат ниту еден час, а веќе сме на автопат кој што е долг, рамномерен, со пустина што се протега колку што ви гледа окото. Планини во далечина, брановиден хоризонт и чувство како да патуваме низ филм. Патот до Лас Вегас не е обично возење тоа е вовед во светот што ни следи. Се возиме низ срцето на Југозападот, додека секој километар нè приближува се поблиску до неоните, светлата и ноќниот пулс на „Градот на гревот“. Во попладневните часови пристигнуваме во Лас Вегас. Првите импресии? Блескави хотели, огромни билборди, музика од сите страни и чувство дека токму тука секоја желба може да стане стварност. Се сместуваме во хотел и имаме слободно време истражување. Дали ќе прошеташ по легендарниот Strip, ќе скокнеш до некое од светски познатите казина, или едноставно ќе уживаш во градот што никогаш не се гаси? Добредојдовте во Лас Вегас местото каде што реалноста се меша со фантазијата. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Лос Анџелес до Лас Вегас

Сместување

Downtown Grand Hotel & Casino 1 ноќ

Место

  • Лос Анџелес
  • Лас Вегас

Овој ден го посветуваме на нешто што тешко се опишува со зборови затоа што Гранд Кањон (Grand Canyon) не се гледа, туку се доживува. Рано наутро тргнуваме од Лас Вегас и влегуваме директно во срцето на Југозападот.
Патот нè води низ неверојатни пејзажи, пустини што изгледаат како од друг свет, и хоризонти што не завршуваат.  И конечно Гранд Кањон (Grand Canyon). Првиот поглед е секогаш најмоќен. Карпите, боите, длабочината… изгледа како да гледаш во самата историја на планетата. Се движиме покрај видиковци што ни ги запираат чекорите, правиме паузи за фотографии, но и за моменти во тишина затоа што ова е место што го заслужува твоето целосно внимание. За оние кои сакаат вистинска доза адреналин, тука е и Skywalk – стаклен мост над бездната. Чувство како да лебдиш. Само ти, небото, и еден од најмоќните природни спектакли на светот под тебе. На крајот од денот, се враќаме кон Лас Вегас со нова енергија. Ноќевање.

Сместување

Downtown Grand Hotel & Casino 1 ноќ

Место

  • Лас Вегас

Утрото правиме check-out од хотелот во Лас Вегас. Локален лет до Сан Франциско, градот кој зрачи со уникатна магија и посебна енергија. По пристигнувањето, трансфер до хотелот каде се сместуваме и се подготвуваме за уште еден ден полн со возбудувања. Денот го започнуваме со факултативен излет до легендарниот остров Alcatraz – поранешниот затвор што крие приказни за најопасните престапници и мистерии кои одамна ја фасцинираат јавноста. Ќе имате можност да прошетате низ темните ќелии, да слушнете неверојатни приказни за храбри бегства и животот зад решетки што изгледа како сцена од филм, но е целосна вистина. Од врвот на островот, пред вас ќе се отвори незаборавен поглед кон градот и импресивнатa Златна порта (Golden Gate), каде суровата историја се среќава со живописната убавина на природата и градот. Ова не е само факултативен излет, туку вистинска приказна што уште долго ќе ја прераскажувате! Ноќевање.

Превоз

  • Локален лет Лас Вегас - Сан Франциско во економска класа со вклучен 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Chancellor Hotel on Union Square 1 ноќ

Место

  • Лас Вегас
  • Сан Франциско

Денот го започнуваме со истражување на најживописниот дел од Сан Франциско, Fisherman’s Wharf, каде што морската атмосфера и свежиот океански воздух се чувствуваат на секој чекор. Овој дел од градот живее од вкусната храна, уличните изведувачи и енергијата што те влече да останеш подолго. Следно на листата е прочуениот Pier 39 или местото што не смееме да го пропуштиме. Безброј ресторани, продавници и неверојатна атмосфера. А, симпатичните морски лавови кои лежерно се одмараат на доковите се вистинската атракција и момент што ќе го паметите долго. Прошетка покрај океанот, дегустација на свежи морски деликатеси и фотографии со едни од најпрепознатливите симболи на градот! Ноќевање.

Сместување

Chancellor Hotel on Union Square 1 ноќ

Место

  • Сан Франциско

Денот го започнуваме со еден од најимпресивните погледи што постојат во Америка додека шетаме по легендарниот Golden Gate Bridge. Замислете го овој момент: ветар во косата, океан на една страна и неверојатен поглед што ќе ве остави без здив. Ова е таа икона што сите ја знаеме. Потоа продолжуваме во зелената оаза на градот – Golden Gate Park. Поголем и од Централ Парк, овој простор е вистинско мало царство на природата, со езерца, тајни патеки и цветни градини. Совршено место за да се наполните со свежина и енергија пред да продолжи денот. Попладнето ни носи вистинска боемска приказна. Почнуваме со Painted Ladies или шарените викторијански куќички кои изгледаат како од филм. Зад нив се протега градот, создавајќи совршен спој на старо и ново руво. Потоа тргнуваме кон Lombard Street или позната како „најкривулеста улица на #ЦелСвет“! Oваа улица е магнет за фотографии и добра забава. Го завршуваме денот во срцето на градот односно на Union Square. Место со неверојатна енергија, продавници за шопинг, кафулиња и уметност насекаде. Идеално за да направите пауза, да се напиете кафе и да уживате во пулсот на Сан Франциско како вистински локалец. Ноќевање.

Сместување

Chancellor Hotel on Union Square 1 ноќ

Место

  • Сан Франциско

Го напуштаме нашето сместување. Имаме слободно време да прошетаме низ Сан Франциско, да докупиме уште по некој сувенир и да посетиме уште некое култно место. Попладневен трансфер од хотел до аеродром.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сан Франциско - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.

Место

  • Сан Франциско
  • Истанбул

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци. 

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

Best Western Plus Sunset Plaza Hotel Пример 3 ноќи
Downtown Grand Hotel & Casino Пример 2 ноќи
Chancellor Hotel on Union Square Пример 3 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лос Анџелес (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување.
  • Трансфер од Лос Анџелес до Лас Вегас
  • Локален лет Лас Вегас - Сан Франциско во економска класа со вклучен 20kg чекиран и 7kg рачен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Сан Франциско - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за САД
  • Безбедносен депозит (Security Deposit) -- Повратен депозит за соба кој се плаќа во самиот хотел со платежна картичка. По напуштање на сместувањето сите средства Ви се ослободуваат од вашата сметка, доколку немате направено некаква штета/ или користено производи од минибар.
  • Туристичка такса за Лас Вегас која изнесува 44.07$ дневно по соба (или 22.03$ по лице доколку сте двајца во соба) и истата ја плаќа секој патник во хотелот на рецепција

Сместување

Best Western Plus Sunset Plaza Hotel

Best Western Plus Sunset Plaza Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместен на Sunset Strip во Холивуд, овој хотел нуди отворен базен и е на 10 минути возење од Hollywood Walk of Fame. Собите имаат бесплатен WiFi и HDTV. Во сите соби има микробранова печка, фрижидер и апарат за кафе. Секоја соба е топло уредена и вклучува работна маса и радио-часовник. На терасата има лежалки за релаксација покрај базенот, а во склоп на хотелот има и градина.  Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес (LAX) е на околу 16 km од Best Western Plus Sunset Plaza Hotel. Шопинг зоната на Rodeo Drive се наоѓа на само 5 km а Конгресниот центар на Лос Анџелес е оддалечен 16 km.

Вебсајт https://www.bestwestern.com/en_US/book/hotels-in-los-angeles/best-western-plus-sunset-plaza-hotel/propertyCode.05377.html

Адреса 8400 Sunset Boulevard
West Hollywood
Los Angeles
CA 90069
United States

Downtown Grand Hotel & Casino

Downtown Grand Hotel & Casino
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Сместен во срцето на центарот на Лас Вегас, Downtown Grand го нуди Citrus Grand Pool Deck, најголемата палуба со базен во целиот центар на Лас Вегас. Овој хотел и казино се наоѓа 400 метри од Fremont Street Experience и 200 метри од Музејот на мафијата (Mob Museum). Сите соби располагаат со телевизор, ноќни масички и вградено работно биро. Во бањите има фен за коса и тоалетни производи. Казиното во Downtown Grand нуди апарати за игри (slot machines) и покер игри. Downtown Grand има три ресторани, со разновидна кујна за сечиј вкус. Гостите можат да вежбаат во фитнес центарот што се наоѓа во склоп на хотелот.

Вебсајт https://www.downtowngrand.com/

Адреса 206 N 3rd St
Las Vegas
NV 89101
United States

Chancellor Hotel on Union Square

Chancellor Hotel on Union Square
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Овој бутик-хотел кој се наоѓа на Union Square, сместен на линијата на Powell кабелскиот трамвај, се наоѓа на само 2 минути пешачење од кафулињата и продавниците како Tiffany’s, Macy’s, Niketown и други популарни продавници во центарот на Сан Франциско. Сите соби имаат бесплатен WiFi. Сите соби во Chancellor Hotel on Union Square имаат рамен ТВ екран и модерен ентериер. Во лобито на хотелот, гостите можат да уживаат во кафе, чај, колачиња и јаболка. Хотелот се наоѓа спроти Union Square Park, на само 5 минути пешачење до театарската област (Theater District). Влезот во Chinatown – Dragon’s Gate е оддалечен 6 минути пеш. AT&T Park, домот на професионалниот бејзбол тим San Francisco Giants, е оддалечен 2 км. Fisherman's Wharf, Ferry Building и North Beach се сите во радиус од 1.6 км од Chancellor Hotel on Union Square.

Вебсајт https://www.chancellorhotel.com/

Адреса 433 Powell Street
Union Square
San Francisco
CA 94102
United States

Останати поаѓања за Соединетите Американски Држави

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.