Занзибар Kitesurfing Авантура!

Занзибар Kitesurfing Авантура!

цена од
1.599
EUR ,00
сега од
1.399
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Занзибар, една од нашите омилени дестинации на #ЦелСвет. 

Мал остров во Источна Африка, на Индиски Океан. Плажи со корален бел песок, палми и тиркизна вода. Неверојатна култура, хипи и laid-back vibe, афро-музика, одлични ресторани, барови и клубови. Одмор, пливање, гастрономија и забава...

Но, и авантура, спорт и адреналин...

Овој пат, одиме на Занзибар, но на малку поразлична Авантура ☺

Се сместуваме во Паџе во хотел на сама плажа. Плажата во Паџе е една од најдобрите на островот и покрај значително изразената плима и осека... Во должина на плажата има илјадници барови и клубови, а целата атмосфера многу потсетува на Тулум во Мексико... Зошто одиме во Паџе...? Затоа што Паџе е едно од најдобрите места за kitesurfing на #ЦелСвет. 

Во цената на аранжманот имаме вклучено 3 дена, по 2 часа секој ден, основен курс по kitesurfing со лиценциран инструктор... 

Основниот курс по kitesurfing ќе ви овозможи да се запознаете и да ја разберете опремата за kitesurfing, да се запознаете и да ги разберете сите детали околу безбедноста на “кајтот“, ќе научите да го полетувате и слетувате “кајтот“, а ќе почнете да го чувствувате ветерот и моќта на “кајтот“ во воздух. Сите ученици би требало да научат како да маневрираат со кајтот во воздух, до нивото на “влечење“ во вода, концепт наречен - body drag.

Кајтсурфинг е спорт кој е соодветен за било кого, спорт кој може брзо и лесно да се научи, но истиот може да биде и многу опасен, доколку “се разбере“ површно...

Оваа програма објаснета тука се однесува на “просечен курс по сурфање“, а секако, реалната програма на лице место може да се разликува согласно брзината на совладување на материјалот од страна на учениците.

Часовите се планираат во текот на денот, според прогнозата за ветер и задолжително за време на осека. Ова нам ни одговара 100%, бидејќи за време на плима, ќе сакаме да се опуштаме на лежалка и да се бањаме во неверојатната тиркизна вода во Паџе! 

Условите за кајтсурфинг на Паџе се едни од најидеалните на #ЦелСвет, со што, плажата во Паџе е светски афирмирана и позната како најатрактивна плажа за кајтсурфинг на светот, каде најлесно можете да го совладате овој спорт.

Курсот ги вклучува сите потребни материјали, вклучително и заштитни маички со долги ракави од ликра. Препорачуваме да понесете само крема за сончање и наочари за сонце ☺ 

Сите патници, дел од групата, ќе бидат поделени во помали групи – најмногу 3 ученици на 1 инструктор. За време на иницијалните 6 часа обука, учениците делат 1 кајт – што е светска пракса во основен курс по кајтсурфинг. 

Користиме само последна генерација кајтови и опрема, како и професионален инструктор, квалификуван од IKO (International Kiteboarding Organization). По завршување на основниот курс, учесниците се здобиваат со сертификат за завршен курс валиден и признат во #ЦелСвет.

По завршување на основниот курс кој е вклучен во цената на аранжманот, сите патници кои се чувствуваат физички спремни и подготвени, ќе можат да одлучат да доплатат 2-6 часа (1-4 дена) дополнителни часови со лиценциран инструктор со кои ќе вежбаат поаѓање и “сурфање“ во вода, со кајтот и даската во исто време.

На почетници во kitesurfing им треба во просек 8-14 часа тренинг пред да станат независни и да им биде дозволено да изнајмат сами опрема со која ќе продолжат да вежбаат и да се надоградуваат во овој спорт.

Се надеваме дека сите наши патници ќе стигнат до овој момент и дека ќе продолжат да го вежбаат и усовршуваат овој спорт понатаму во животот ☺

Освен часовите по kitesurfing, уживаме на плажата во Паџе, се опуштаме и уживаме во неверојатните beach барови, а навечер седиме покрај оган, пиеме пиво и ги сумираме впечатоците од изминатиот ден, или излегуваме во некој од локалните клубови. 

Паџе е буквално место кое не спие и место каде што има најголема концентрација на млади луѓе од #ЦелСвет…

Препорачуваме за патници кои се во добра физичка форма. 

Една од најдобрите програми за соло патници!

Препорачуваме и за парови и друштва... 

Целиот концепт на ова патување е дружење, зезање, шетање, одмарање и спортување! Функционираме како фамилија – се буткаме и се натпреваруваме... 

Правиме пријателства за цел живот и спомени кои никогаш нема да ги заборавиме!

Разликувај се од сите, направи нешто поразлично со летниот одмор во 2023 година!


Рута
Скопје
Софија
Дубаи
Stone Town
Паџе (Paje)
Дубаи
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДООЕЛ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Занзибар
Код на патување
TZ38
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците и организиран трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Пристигнување на Аеродромот во Софија најмалку два-три часа пред закажаното полетување. Попладневен лет од Софија за Дубаи.

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Дубаи

Пристигнување во Паџе (Paje) во утринските часови, по што одмараме, појадуваме, се плажираме, па се сретнуваме со нашиот претставник и го одржуваме информативниот состанок. Нашиот претставник ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.). Попладневен check-in во нашите соби!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Занзибар (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hakuna Matata 1 ноќ

Место

  • Stone Town
  • Паџе (Paje)

Овие денови се резервирани за kitesurfing!! Часовите се планираат во текот на денот, според прогнозата за ветер и задолжително за време на осека. Ова нам ни одговара 100%, бидејќи за време на плима, ќе сакаме да се опуштаме на лежалка и да се бањаме во неверојатната тиркизна вода во Паџе! Условите за кајтсурфинг на Паџе се едни од најидеалните на #ЦелСвет, со што, плажата во Паџе е светски афирмирана и позната како најатрактивна плажа за кајтсурфинг на светот, каде најлесно можете да го совладате овој спорт. Овие денови ни се исполнети со kitesurfing, сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерни излегување во најдобрите beach барови на Паџе. 

Сместување

Hakuna Matata 3 ноќи

Место

  • Паџе (Paje)

Храна

  • Континентален појадок × 3

Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор... Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. 

По Stone Town, одиме на Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. 

Одиме на Накупенда! Накупенда е песочен насип кој се наоѓа отприлика 25мин. возење со чамец од пристаништето во Stone Town. Околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Дечкото кој го вози чамецот забива 4 дрвени колци во песокот и врз нив става шаторско крило за сенка. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. . Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето.

Сместување

Hakuna Matata 1 ноќ

Место

  • Паџе (Paje)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Уште еден ден посветен за запознавање со природните убавини на овој неверојатен остров. Одиме во џунглата со зачини! Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Продолжуваме со пливање во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Денот го завршуваме во “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;) 

Сместување

Hakuna Matata 1 ноќ

Место

  • Паџе (Paje)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

 По појадок, одиме да ги посетиме некои од најубавите плажи на Занзибар -- Kendwa и Nungwi. Kendwa е една од најпопуларните туристички места на Занзибар бидејќи се наоѓа на најубавиот брег на овој остров. Оддруга страна Nungwi е плажата со најубавите зајдисонциња на Занзибар. Овој ден е за уживање на плажа со најдоброто друштво на #целсвет! 

Сместување

Hakuna Matata 1 ноќ

Место

  • Паџе (Paje)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Па вечерни излегување во некои од beach баровите.

Сместување

Hakuna Matata 1 ноќ

Место

  • Паџе (Paje)

Факултативни излети

Се будиме наутро. Појадуваме. Околку пладне, ги напуштаме собите и куферите ги оставаме на рецепција. Последниот ден имаме слободно време да се поздравиме со нашиот нов омилен остров. Ја впиваме енергијата на Занзибар, уживаме на некоја од тропските плажи, пиеме уште по некој Килиманџаро или Конаги и докупуваме сувенири. Ова е нашиот последен ден. Околу зајдисонце, трансфер за аеродром. Пристигнување на аеродром два часа пред закажаното полетеување. Лет за Дубаи.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Занзибар - Дубаи (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Паџе (Paje)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Дубаи. Лет од Дубаи за Софија. Пристигнување во Софија. Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Софија (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје

Место

  • Дубаи
  • Софија
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hakuna Matata Пример 8 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Дубаи (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Занзибар (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Занзибар - Дубаи (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Дубаи - Софија (FlyDubai), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од Меѓународниот Аеродром во Софија до Скопје

Храна

7 × Континентален појадок

Останато

  • Основен курс за kitesurfing и сертификат акредитиран од IKO (International Kiteboarding Organization).

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разгледување на Stone Town, Prison Island и Накупенда

Разгледување на Stone Town, Prison Island и Накупенда
Цена: 55,00 USD

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Веднаш до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. 

По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Prison Island. Овој магичен остров, по официјалното укинување на ропството во 1873 година, некое одредено време бил место за нелегална трговија со робови (доказите за ова и ден-денес се наоѓаат во овој комплекс во вид на алки и ланци). Кога дошло крај и на тоа, Британците го преуредиле целиот остров со намера да го направат затвор, но тој никогаш не послужил за таа цел. Денес Prison Island e резерват на копнени Aldabra желки, кои британскиот гувернер од Сејшелите ги пратил на Занзибар како поклон во 1919 година. Тогаш имало 4, а денес се преку 100. Сите се исклучиво расположени за дружење со посетителите. По дружењето со желките, ги посетуваме рушевините од “затворот” и уживаме во егзотичноста на овој магичен остров. 

Нашиот ден го завршуваме со Накупенда. Накупенда е песочен насип кој се наоѓа отприлика 25мин. возење со чамец од пристаништето во Stone Town. Околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Дечкото кој го вози чамецот забива 4 дрвени колци во песокот и врз нив става шаторско крило за сенка. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Постои можност да правиме “скара“ на Накупенда и да ручаме морски плодови и највкусен органски “помфрит“. Ручекот го договараме со нашиот претставник на дестинацијата. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Забораваме на сите проблеми. Совршен ден на Занзибар!

Џунгла со зачини, Blue Lagoon, Kae Funk

Џунгла со зачини, Blue Lagoon, Kae Funk
Цена: 40,00 USD

Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видиме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар.

Потоа продолжуваме на авантура каде пливаме во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлични шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа одиме до ресторанот The Rock каде имаме доволно време да се сликаме, па продолжуваме до “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;)

Плажата Kendwa и аквариумот Nungwi Mnarani

Плажата Kendwa и аквариумот Nungwi Mnarani
Цена: 40,00 USD

Нашата авантура ја започнуваме со природниот резерват за желки Мнарани (Mnarani) во Нунгви (Nungwi) кој е дом на многу загрозени видови желки. Самиот аквариум е природна формација создадена во корални карпи од ударот на милиони бранови на брегот. Длабочината на водата расте и паѓа со плимата и осеката обезбедувајќи природна средина за нејзините жители. Ќе имаме можности да се дружиме, да пливаме и да ги храниме желките. Пoтоа, продолжуваме до една од најпознатите плажи на северот на островот - плажата Кендва. Ден за релаксирање и направен за целосно уживање во океанот, коктелите и вкусната Занзибарска храна. На Кендва може да се бањаме цел ден и плимата и осеката речиси не се чувствуваат. Со звуците на африканската музика го пречекуваме зајдисонцето, кое е навистина прекрасно на оваа страна на островот.

Дополнителни 2-6 часови по Kitesurfing.

Дополнителни 2-6 часови по Kitesurfing.
Цена: од 80,00 USD до 240,00 USD

Доплата за 2-6 часа (1-3 дена) дополнителни часови со лиценциран инструктор по kitesurfing. На овие часови вежбаме поаѓање и “сурфање“ во вода, со кајтот и даската во исто време. 

На почетници во kitesurfing им треба во просек 8-14 часа тренинг пред да станат независни и да им биде дозволено да изнајмат сами опрема со која ќе продолжат да вежбаат и да се надоградуваат во овој спорт.

Се надеваме дека сите наши кајтсурфери ќе стигнат до овој момент и дека ќе продолжат да го вежбаат и усовршуваат овој спорт понатаму во животот.

Во цената е вклучено: лиценциран инструктор по kitesurfing и изнајмување на опрема за kitesurfing.

 

Сместување

Hakuna Matata Boutique Hotel

Hakuna Matata
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hakuna Matata е boutique хотел кој се наоѓа на неколку чекори од плажа и на само 5 минути од центарот на Паџе. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, балкон, фрижидер и клима уред/вентилатор. Собите се чисти и едноставно уредени. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Вебсајт https://www.hakunamatatapaje.com/

Адреса Paje Beach
Paje
Tanzania

Останати поаѓања за Занзибар

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата:

Сите патници пред патувањето мораат да пополнат и Travel Authorization форма на следниот линк: https://healthtravelznz.mohz.go.tz/traveller/#/home

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ со лиценца УП1-13-609 ОД 24.07.2020 год.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.