Пловечки пазар и Train Market
Поаѓање во утринските часови. Пристигнуваме на Train market точно навреме да видиме како возот ја напушта станицата и минува точно низ средината на пазарот. Продавачите набрзина ги подигнуваат тендите и тргнуваат настрана сè што му попречува на возот. Сите со брз чекор ги ослободуваат шините за непречено поминување на возот. Се слуша гласна сирена како сигнал и сите возбудено стоиме и чекаме. Возот надоаѓа, им одмавнуваме со рака на патниците во возот, како и тие нам. Штом помине возот, го разгледуваме пазарот и купуваме!
Потоа одиме кон пловечкиот пазар “Damnoen Saduak“. Позади не толку познатиот назив “Damnoen Saduak“ стои еден од најпознатите обележја на Тајланд - пловечкиот пазар! На околу 100 км југоисточно од Бангкок се наоѓа мало трговско место пресечено со канали изградени уште во 18-от век. Во духот на старите тајландски земјоделци, тргнувајќи со чамци низ зеленкастата вода, полека се приближуваат трговци со разнолики понуди. Старици со сламени шешири со насмевка нудат најразлични јадења, десерти и сокови од егзотично овошје на ист начин како и пред стотина години. По пловењето со чамци ќе имаме малку слободно време да прошетаме и по копнениот дел на пазарот. Враќање назад во сместувањето во попладневните часови.
Во цената на излетот е вклучено: преставник од агенцијата, локален водич, организиран превоз по предвидената агенда, возење со чамец, влезници за сите локалитети.