Разгледување на градот Пукет
Цена:
од
30,00 EUR
до
50,00 EUR
Слободен ден или можност за факултативен излет разгледување на градот Пукет (Phuket town). Стариот дел е главно обележје на градот Пукет. Во овој дел на може да се видат светилишта, храмови (будистички и кинески), украсени и добро сочувани продавници, интересни кафулиња и ресторани, но и разни музеи, па дури и мала улица на црвените фенери. Со оглед на тоа дека островот Пукет е богат со извори на калај, тој низ историјата бил многу интересен за многу морепловци. Од тој период останале импресивни кинеско - колонијални палати. Тука е и локалниот маркет кој ќе го посетиме и на кој може да се најде за секого по нешто.