Португалија: Азорска Авантура

цена од
1.649
EUR ,00
сега од
1.449
EUR ,00
траење
9 дена
Барање
Барање

Подготви се за патување кое ги спојува најубавите лица на Португалија — од живописните улици и панорамските видиковци на Лисабон, до недопрената природа и вулканските пејзажи на Азорски Острови, па сè до шармот, виното и романтиката на Порто.

Оваа авантура носи совршен баланс помеѓу урбана енергија и природна магија. Ќе прошеташ низ калдрмисани улички, ќе уживаш во локалната гастрономија, ќе гледаш океан без крај и ќе откриеш места каде природата сè уште владее. Азорите ќе те освојат со своите зелени кратери, термални извори и драматични карпи, додека Лисабон и Порто ќе ти ја раскажат приказната за традиција, култура и вистинскиот португалски ритам.

Очекувај искуство исполнето со авантура, релаксација и моменти што ќе ги паметиш долго по враќањето. Ова не е само патување — ова е чувство.

Излези од рутина, влези во авантура ✈️🌍


Рута
Скопје
Истанбул
Лисабон
Понтa Делгадa (Ponta Delgada)
Порто
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Европа 🗼
Дестинации
Португалија
Код на патување
ESPT23
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истсанбул. Конекција на лет за Лисабон (Lisabon). Bem vindo a Portugal!!! Ова е една од малкуте земји на #ЦелСвет каде што навистина ќе се почувствувате свои. Речиси никаде на светот нема да видите посрдечни локалци, ниту пак повкусна храна. Чувство на вистинска среќа, ги посетуваме најубавите градови во Европа!!! Трансфер до нашето сместување, и слободно време да прошетаме низ незаборавниот Лисабон. Ноќевање

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул- Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

HF Hotels 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Лисабон

Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи започнуваме во Belem -- најживиот дел во овој град, не може а да не видиме се! Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Па патот не води кон познатото маало Alfama. Се возиме со познатиот Трамвај 28 -- искуство кое НЕ СМЕЕ да се пропушти на било која посета на Лисабон. Во еден здив? Сте виделе се. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Сместување

HF Hotels 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Доколку би требале со неколку зборови да Ви го опишеме ова место тоа би било „место од бајките“. Ушушкано во непосредна близина на Лисабон, Синтра како мало живописно градче кое се наоѓа на истоимената планина Serra de Sintra е еден од најдобро поминатите денови кои што можете да ги доживеете во Португалија. Mистичен град со кулата на масоните Quinta da Regaleira, шарената палата Pena и националната палата, основана од страна на Маварите во почетокот на 9-ти век. Полни кафулиња и ресторани со голем број посетители за кои Синтра е неизбежна станица низ Португалија. Продолжуваме на Кабо да Рока - најзападната точка на Европа каде брановите се одбиваат од карпите и каде можете да добиете сертификат дека сте биле на крајниот запад на стариот континент! Денот го завршуваме на наааајпесокливите плажи и најраздвижената марина во Cascais. Совршено време за уживање!

Сместување

HF Hotels 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појдокот, го напуштаме нашиот хотел и се упатуваме кон аеродромот во Лисабон. Летаме кон Азорските Острови! По слетувањето на аеродромот на Азорските острови, се упатуваме кон хотелот. Се сместуваме и имаме слободно време за уживање. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Лисабон- Понтa Делгадa, во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хотел со 3* во Понтa Делгадa 1 ноќ

Место

  • Понтa Делгадa (Ponta Delgada)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Денот го започнуваме со патување низ зелените пејсажи на островот São Miguel, сè до магичната долина Furnas — место каде земјата „дише“. Те очекуваат вулканско езеро сместено во кратер, геотермални извори и автентично искуство со традиционалното “cozido”, подготвено во вулканска земја. Кулминацијата е релаксација во Terra Nostra Park — ботанички рај со термален базен (35–40°C), опкружен со егзотична природа. Совршен спој на природа, гастрономија и уникатната енергија на Азорите. Враќање во хотел. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 3* во Понтa Делгадa 1 ноќ

Место

  • Понтa Делгадa (Ponta Delgada)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот одиме на излет кој е совршен спој на локална култура и најзелената страна на Азорите. Денот започнува во шармантниот Ribeira Grande, каде ќе ја почувствуваме автентичната островска атмосфера низ колонијална архитектура, мали мостови и мирен локален ритам. Потоа следува посета на Chá Gorreana Tea Plantation — најстарата чајна плантажа во Европа. Прошетка низ зелени полиња со поглед кон океанот, традиционално производство и дегустација на свеж чај директно од изворот. Ден исполнет со природа, мир и вистинска островска енергија — идеален „chill“ момент помеѓу авантурите. Враќање во хотелот и ноќевање. 

Сместување

Хотел со 3* во Понтa Делгадa 1 ноќ

Место

  • Понтa Делгадa (Ponta Delgada)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се будиме и одиме на еден од највозбудливите излети на Азорите — излегување на отворениот Атлантик во потрага по китови и делфини во нивното природно живеалиште. По краток брифинг со биолози, започнува авантурата: пловење, набљудување и моменти што остануваат засекогаш. Со малку среќа ќе видиме делфини покрај бродот, китови на површината и сцени што не се опишуваат — само се доживуваат. Ова е див океан, вистинска природа и искуство што се памети. Враќање во хотел и ноќевање.

Сместување

Хотел со 3* во Понтa Делгадa 1 ноќ

Место

  • Понтa Делгадa (Ponta Delgada)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот во Понтa Делгадa. Лет дп Порто. Пристигнуваме во Порто и се упатуваме кон хотелот. Се сместуваме и го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити и мурали и azulejos. Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во овој дел на градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и мали кафулиња со само по неколку маси. Се движиме далеку од градската бучава и модерните згради! Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Ја посетуваме и најстарата катедрала во Порто, па продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento и авенијата dos Aliados. Го завршуваме денот на Rua das Flores, најпосетуваната улица во Порто. Седнуваме во некои од локалните вински барови и конечноо го пробуваме највкусното вино на #ЦелСвет!! Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Понтa Делгадa - Порто, во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

HF Tuela Porto 1 ноќ

Место

  • Порто

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот во Порто. Лет од Порто до Скопје со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје и крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Порто- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Порто
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. 

Важна напомена: При самото пријавување за овој аранжман, агенцијата веднаш ги купува и издава сите локални авионски карти потребни за реализција на патувањето (пр. Лисабон - Понтa Делгадa и Понтa Делгадa - Порто). Од таа причина, во случај на откажување на аранжманот од страна на патникот/патниците, средствата уплатени при пријава (200€ по лице, во денарска противредност) се нерефундабилни!

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не сноси одговорност. Пријавата е валидна единствено со уплаќање на аванс.

Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура), и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

HF Hotels Пример 3 ноќи
Хотел со 3 во Понтa Делгадa Пример 4 ноќи
HF Tuela Porto Пример 1 ноќ

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул- Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Лисабон- Понтa Делгадa, во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите такси на релација Понтa Делгадa - Порто, во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Порто- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

8 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Туристичка такса за Португалија која изнесува: 2€ (Porto) и 4€ (Lisabon) дневно по лице.
  • Туристичка такса за Азорски Острови која изнесува 2€ дневно по лице.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Lisabon City Tour.

Lisabon City Tour.
Цена: 40,00 EUR

Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи го истражуваме најживиот дел на Лисабон -- неговиот центарот, а не може да не видиме сѐ! Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Ai Ai Ai... Па патот не води кон познатото маало Alfama. Улици познати по едни од најдобрите тезги за традиционални ракотворби од златните раце на овие неверојатно насмеани португалци. Имаат и добро кафе! За љубителите на фоткање, би рекле едно од подобрите места за слики! Дали некогаш сте слушнале за познатиот Трамвај 28? Една од најдобрите линии низ Лисабон. Во еден здив? Сте виделе сѐ. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз

Sintra, Cabo da Roca & Cascais

Sintra, Cabo da Roca & Cascais
Цена: 90,00 EUR

Доколку би требале со неколку зборови да Ви го опишеме ова место тоа би било „место од бајките“. Ушушкано во непосредна близина на Лисабон, Синтра како мало живописно градче кое се наоѓа на истоимената планина Serra de Sintra е еден од најдобро поминатите денови кои што можете да ги доживеете во Португалија. Во Синтра одиме за да се воодушевуваме на нејзините дворци и палати во чиј склоп се наоѓаат дури 7 од нив. Тоа кое што никако не смееме да го пропуштиме додека сме во Синтра е Cabo da Roca, најзападната точка на Европа. На овој „крај од Европа“ се наоѓа светилник како и споменик кој што ќе Ви потврди дека од другата страна се наоѓа Америка. Водичот веројатно би се пошегувал и би ви рекол доколку е навиистина сончев денот и добро се загледате таму некаде можете да го видите New York! Тоа што е фасцинантно тука се дивите бранови кои што моќно удираат по карпите. Погледот е неверојатен, а најхрабрите ќе се спуштат до океанот и ќе ги пробуричкаат своите прсти во Атлантикот. Денот го завршуваме на наааајпесокливите плажи и најраздвижената марина во Cascais. Совршено време за уживање!

Furnas & Terra Nostra

Furnas & Terra Nostra
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: од 75,00 EUR до 95,00 EUR

Ова не е обичен излет – ова е влегување во срцето на вулканот. Денот го започнуваме со патување низ зелени пејсажи на островот São Miguel, сè до магичната долина на Furnas – место каде земјата буквално “дише”. Мирисот на сулфур, топлите извори и пареата што излегува од земјата создаваат сосема поинаква атмосфера – како да си на друга планета. Првата станица е езерото Furnas, сместено во кратер од вулкан. Тука ќе имаш време за прошетка, фотки и уживање во природата што изгледа како од филм. Следува посета на селото Furnas, познато по својата геотермална активност. Ќе ги видиш природните извори, калдери и местата каде што локалците традиционално го подготвуваат познатото јадење “cozido” – варено директно во вулканска земја. Автентично искуство што не се пропушта. Кулминацијата на денот е посетата на Terra Nostra Park – еден од најубавите ботанички паркови во Европа.  Тука ќе прошеташ низ егзотична природа со илјадници растенија од целиот свет, а најголемото доживување е термалниот базен со природна топла вода (35–40°C), богатa со минерали. Релакс во вулканска вода опкружен со природа = next level experience Овој ден е комбинација од природа, гастрономија и уникатна енергија што ја имаат само Азорите.

Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници

Ribeira Grande & Tea Plantations

Ribeira Grande & Tea Plantations
Цена: од 55,00 EUR до 75,00 EUR

Овој излет е комбинација од локална култура, неверојатна природа и најавтентичната зелена страна на Азорите. Денот започнува со посета на шармантниот град Ribeira Grande – најголемиот град на северниот дел од островот, познат по својата колонијална архитектура, реки, мали мостови и опуштена локална атмосфера. Прошетката низ центарот дава вистински увид во секојдневниот живот на локалците – без туризам наметнато, само чиста островска енергија. Потоа продолжуваме кон една од најпосебните точки на островот плантажите за чај Chá Gorreana Tea Plantation, најстарата и единствена индустриска плантажа за чај во Европа.
Тука ќе прошеташ низ бескрајни зелени полиња со поглед кон океанот, ќе ја видиш фабриката за чај во која процесот сè уште се одвива на традиционален начин, и ќе имаш можност да пробаш свеж зелен и црн чај директно од изворот. Ова не е само посета – ова е момент каде природата, океанот и традицијата се спојуваат во едно уникатно искуство. Во текот на денот има време за фотки, релаксација и уживање во најзелените пејзажи на островот – идеално за chill ден помеѓу поинтензивни активности како Furnas.

Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници

Whale & Dolphin Watching

Whale & Dolphin Watching
Цена: од 70,00 EUR до 85,00 EUR

Ова е еден од најмоќните и најемотивните излети што можеш да ги доживееш на Азорите. Излегуваме на отворениот Атлантик, во води кои се сметаат за едно од најбогатите морски живеалишта во светот, каде се среќаваат над 25 различни видови китови и делфини. По кратка брифинг-сесија со локални биолози и екипажот, се качуваме на брод и започнува вистинската авантура – барање на овие неверојатни морски суштества во нивното природно опкружување. Со малку среќа (а на Азорите таа е честа ), може да видиш: делфини кои пливаат покрај бродот, групи од китови што излегуваат на површина, неверојатни скокови и природни сцени кои не се забораваат. Ова не е зоолошка градина – ова е див океан и вистинска природна приказна што се случува пред твоите очи.
Турата трае околу 3 часа, со целосно професионален еко пристап, водичи-биолози и почитување на морскиот живот.

Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници

Porto City Tour и посета на винарска визба

 Porto City Tour и посета на винарска визба
Цена: 40,00 EUR

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Порто. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити, мурали и azulejos (познатите португалски плочки). Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и стотици мали кафулиња. Транспортирани сме далеку од градската бучава и огромните згради. Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Стигнуваме до најголемата катедрала во Порто, изградена во XII век. Во катедралата се чуваат непроценливи уметнички дела и артефакти, кои го претставуваат наследството на оваа прекрасна земја. Продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento. Прво нешто што ќе забележиме е влезот на оваа станица кој е декориран со 20,000 azulejos. Пристигнуваме до Avenida dos Aliados, најголемата авенија на овој град. Како што пешачиме низ овој прекрасен град, пред нас се појавува најголемата камбанарија во Порто, изградена во XVIII век. Време е за опуштање, пристигнуваме во еден од најживописните паркови во Португалија -- Jardim de Cordoaria, оттука се движиме по кејот на реката Douroa. Поминуваме по една од најпосетените улици во Порто -- Rua das Flores. A на крај нашата прошетка ја завршуваме во Институтот за Вино, каде имаме шанса да научиме повеќе за најпознатото вино во Европа! Спремни со ново знаење одиме да посетиме традиционална винарска визба, каде што имаме шанса да дегустираме стотици видови традиционално вино од порто. Вино кое традиционално се меша со бренди за да се добие неговиот најуникатен вкус.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз.

Сместување

HF Hotels

HF Hotels
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

HF Hotel е сместувачки со 3* (по локална категоризација) во Лисабон, Португалија. Хотелот се наоѓа на предобра локација во центарот на Лисабон, веднаш на плоштадот Marquês de Pombal. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствено купатило, телевизор, бесплатен Wi-fi интернет и клима уред. Хотелот располага со сопствен ресторан за појадок, и летна руфтоп тераса.

Вебсајт https://www.hfhotels.com/en/

Хотел со 3* во Понтa Делгадa

Хотел со 3* во Понтa Делгадa
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** во Понтa Делгадa е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

HF Tuela Porto

HF Tuela Porto
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

HF Tuela Porto e сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Порто, Португалија. Се наоѓа во најживиот дел на градот (Boavista) на само 10 минути пешки до реката Дуро. Хотелот располага со сопствен бар и ресторан. Хотелот располага со двокреветни соби со телевизор со сателитски канали, минибар, електричен kettle и клима уред. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.hfhotels.com/hoteis/hf-tuela-porto-pt/?utm_source=mybusiness&utm_medium=organic&utm_term=&utm_content=hf-tuela-porto&utm_campaign=my-business

Адреса Rua Arquitecto Marques Da Silva
200
Lordelo do Ouro e Massarelos
4150-483 Porto
Portugal

Останати поаѓања за Португалија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.