Андалузија

цена од
1.349
EUR ,00
сега од
1.149
EUR ,00
траење
7 дена
Барање
Барање

Андалузија - Срцето на Шпанија, колевката на фламенкото, маварска архитектура, регион на насмеани луѓе во кој на улиците се танцува. Сончев брег, песочни плажи, капење во Средоземно море, обиколки на пулсирачките градови на Јужна Шпанија: Малага на Пикасо, Гранада со црвената тврдина Алхамбра, Кордоба со Големата џамија, бели села како Антекера, студентскиот град Кадиз, место на работ на британската територија Гибралтар - La Linea de la Konsepsion, монденската Марбеља, величествената престолнина на Андалузија - Севиља со модерната Валенсија и неизбежната убавица на Ганди - Барселона... Патување кое од туристите ќе направи патници, кои ќе ги побијат предрасудите за хостелите, со акцент на дружење и авантура!


Рута
Скопје
Истанбул
Малага
Севиља
Кордоба
Гранада
Малага
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Автобус, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Европа 🗼
Дестинации
Шпанија
Код на патување
ESIT1
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 5. 3. 202727. 4. 2027

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Лет од Скопје со Turkish Airlines за Малага, со преседнување во Истанбул. Со организиран превоз одиме од аеродромот во Малага до хотелот. Се сместуваме и имаме слободно време за уживање. Ноќевање. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

хотел со 3* во Малага 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Малага

По појадок, тргнуваме во прошетка на медитеранскиот бисер, Малага. Разглед на плоштадот Plaza de la Constitucion и излегуваме на пешачката зона, Calle Marques de Larios. Улицата е полна со разни кафулиња и модни продавници. Малага е град којшто ги инспирирал најголемите светски уметници и неслучајно Пабло Пикасо живеел во овој град. Ќе го посетиме музејот на Пикасо како и неговата куќа Fundacion Picaso. Имаме време да ги посетиме катедралата Catedral de Malaga, римскиот амфитеатар Teatro Romano, плоштадот Merced (Placa de la Merced) и видиковецот Gibralfaro (Mirador de Gibralfaro) од каде се отвора неверојатен поглед на арената, пристаништето и плажата Малагета.

Сместување

хотел со 3* во Малага 1 ноќ

Место

  • Малага

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Правиме check-out од нашиот хотел и не очекува нова авантура!!! Патуваме од Малага до Севиља со автобус!!! 
Пристигнуваме во Севиља, правиме check-in во нашиот хотел и имаме можност за факултативен излет Seville City Tour. Го посетуваме преубавиоит плоштад со симболи од сите градови на Шпанија - Plaza de Espana. Ќе ја посетиме и Златната Кула - Тorre del Oro покрај реката Гвадалкивир Guadalquivir како и арената за борба со бикови Placa de Torros. Не смееме да ја пропуштиме катедралата Catedral de Sevilla во која е закопан најпознатиот морепловец на сите времиња Кристофор Коломбо. Одиме по стапките на шпанските императори во палата Алказар - Alcazar, каде што е снимана познатата серија “Game of Thrones”. Шетаме по преполните улици, уживаме со кафе и сладолед како вистински Андалузијци.

Превоз

  • Трансфер од Малага до Севиља

Сместување

Хотел со 3* во Севиља 1 ноќ

Место

  • Малага
  • Севиља

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот имаме слободен ден за индивидуални активности или можност за факултативен излет крстарење со брод по реката Гвадалкивир. Уживајте во релаксирачко крстарење по Гвадалкивир – реката која ја носи историјата на Севиља низ вековите. Пловењето започнува кај прочуената Златна кула (Torre del Oro), од каде во 16 век кон Новиот свет испловувале големите морепловци и освојувачи, меѓу кои и Фернандо Магелан и Ернан Кортес.. Во попладневните часови одиме на најдоброто  Flamenco Show. Ве очекува незаборавна вечер во Tablao Los Gallos, едно од најстарите и најпознати места за автентично фламенко во Севиља, со традиција уште од 1966 година. Уживајте во моќен спој на танц, гитара и песна, исполнет со страст, емоција и препознатливиот андалузиски темперамент. Ноќевање.

Сместување

Хотел со 3* во Севиља 1 ноќ

Место

  • Севиља

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок се одјавуваме од нашиот хотел и започнуваме нова авантура!!! Патуваме од Севиља до Гранада. Попатно ќе ја откриеме Кордоба, „осамениот град во срцето на Андалузија“, сместен на бреговите на Гвадалкивир и исполнет со вековна историја и неповторлив шарм. Ќе прошетаме низ Стариот град, покрај прочуениот Стариот мост и низ живописниот Еврејски кварт, а посебно ќе се восхитиме на величествената Мескита – симболот на Кордоба и едно од највпечатливите архитектонски ремек-дела во Шпанија, заштитено од УНЕСКО. По пристигнувањето во Гранада, правиме  check in во нашиот хотел и имаме слободно време за релаксација и одмор. Ноќевање.

Превоз

  • Трансфер од Севиља до Гранада

Сместување

хотел со 3* во Гранада 1 ноќ

Место

  • Севиља
  • Кордоба
  • Гранада

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен разглед на живописната Гранада, градот на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон, каде историјата и маварскиот дух се испреплетуваат на секој чекор. Ќе ја разгледаме однадвор величествената Алхамбра, позната како „Црвената тврдина“, еден од најзначајните споменици на исламската архитектура во Европа и дел од светското културно наследство на УНЕСКО од 1984 година. Разгледот на Алхамбра е само однадвор, а влезниците за комплексот не се вклучени во цената на аранжманот. Ноќевање.

Сместување

хотел со 3* во Гранада 1 ноќ

Место

  • Гранада

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот го напуштаме сместувањето. Имаме трансфер до аеродром. Лет од Малага за Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Локален трансфер од сместување до аеродром во Малага
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Малага - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Гранада
  • Малага
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Што е вклучено

Сместување

хотел со 3 во Малага Пример 2 ноќи
Хотел со 3 во Севиља Пример 2 ноќи
хотел со 3 во Гранада Пример 2 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Малага (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Малага до Севиља
  • Трансфер од Севиља до Гранада
  • Локален трансфер од сместување до аеродром во Малага
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Малага - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

6 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Карти за локален јавен превоз

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Malaga City Tour (пешачки разглед)

Malaga City Tour (пешачки разглед)
Цена: 35,00 EUR

Разглед на плоштадот Plaza de la Constitucion и излегуваме на пешачката зона, Calle Marques de Larios. Улицата е полна со разни кафулиња и модни продавници. Малага е град којшто ги инспирирал најголемите светски уметници и неслучајно Пабло Пикасо живеел во овој град. Ќе го посетиме музејот на Пикасо како и неговата куќа Fundacion Picaso. Имаме време да ги посетиме катедралата Catedral de Malaga, римскиот амфитеатар Teatro Romano, плоштадот Merced (Placa de la Merced) и видиковецот Gibralfaro (Mirador de Gibralfaro) од каде се отвора неверојатен поглед на арената, пристаништето и плажата Малагета.

Цената вклучува: Разглед со локален водич.

Цената НЕ вклучува: локален превоз, влезници во културно историски споменици, индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 2-3 часа.

Минимален број на учесници: 12 лица.

Seville City Tour (пешачки разглед)

Seville City Tour (пешачки разглед)
Цена: 40,00 EUR

Го посетуваме преубавиоит плоштад со симболи од сите градови на Шпанија - Plaza de Espana. Ќе ја посетиме и Златната Кула - Тorre del Oro покрај реката Гвадалкивир Guadalquivir како и арената за борба со бикови Placa de Torros. Не смееме да ја пропуштиме катедралата Catedral de Sevilla во која е закопан најпознатиот морепловец на сите времиња Кристофор Коломбо. Одиме по стапките на шпанските императори во палата Алказар - Alcazar, каде што е снимана познатата серија “Game of Thrones”. Шетаме по преполните улици, уживаме со кафе и сладолед како вистински Андалузијци.

Цената вклучува: Организиран превоз од-до хотел, разглед со локален водич.

Цената НЕ вклучува:  локален превоз,  влезници во културно историски споменици , индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 3 часа.

Минимален број на учесници: 12 лица.

Факултативен излет крстарење со брод по реката Гвадалкивир

Факултативен излет крстарење со брод по реката Гвадалкивир
Цена: 35,00 EUR

Уживајте во релаксирачко крстарење по Гвадалкивир – реката која ја носи историјата на Севиља низ вековите. Пловењето започнува кај прочуената Златна кула (Torre del Oro), од каде во 16 век кон Новиот свет испловувале големите морепловци и освојувачи, меѓу кои и Фернандо Магелан и Ернан Кортес.

Цената вклучува: крстарење во траење од 1 час.

Цената НЕ вклучува:  локален превоз до местото на поаѓање, индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 1 час.

Минимален број на учесници: 12 лица.

Факултативен излет Flamenco Show во Севиља

Факултативен излет Flamenco Show во Севиља
Цена: 60,00 EUR

Ве очекува незаборавна вечер во Tablao Los Gallos, едно од најстарите и најпознати места за автентично фламенко во Севиља, со традиција уште од 1966 година. Уживајте во моќен спој на танц, гитара и песна, исполнет со страст, емоција и препознатливиот андалузиски темперамент

Цената вклучува: најдоброто  Flamenco Show , еден пијалок.

Цената НЕ вклучува:  локален превоз до историскиот дел на Севиља - Santa Cruz, индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 1 - 2 часа.

Минимален број на учесници: 12 лица.

Факултативен излет Cordoba City Tour (пешачки разглед)

Факултативен излет Cordoba City Tour (пешачки разглед)

Ќе ја откриеме Кордоба, „осамениот град во срцето на Андалузија“, сместен на бреговите на Гвадалкивир и исполнет со вековна историја и неповторлив шарм. Ќе прошетаме низ Стариот град, покрај прочуениот Стариот мост и низ живописниот Еврејски кварт, а посебно ќе се восхитиме на величествената Мескита – симболот на Кордоба и едно од највпечатливите архитектонски ремек-дела во Шпанија, заштитено од УНЕСКО.

Цената вклучува: локален водич.

Цената НЕ вклучува:  влезници во културно историски споменици, индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 2-3 часа.

Минимален број на учесници: 10 лица.

Факултативен излет Granada City Tour (пешачки разглед)

Факултативен излет Granada City Tour (пешачки разглед)
Цена: 40,00 EUR

Факултативен разглед на живописната Гранада, градот на кралскиот пар Изабела од Кастилија и Фернандо од Арагон, каде историјата и маварскиот дух се испреплетуваат на секој чекор. Ќе ја разгледаме однадвор величествената Алхамбра, позната како „Црвената тврдина“, еден од најзначајните споменици на исламската архитектура во Европа и дел од светското културно наследство на УНЕСКО од 1984 година. Разгледот на Алхамбра е само однадвор, а влезниците за комплексот не се вклучени во цената на аранжманот.

Цената вклучува: разглед со локален водич.

Цената НЕ вклучува:  локален превоз,  влезници во културно историски споменици (Алхамбра), индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.

Времетраење: 3 часа.

Минимален број на учесници: 12 лица.

Сместување

хотел со 3* во Малага

хотел со 3* во Малага
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел со 3* (по локална категоризација) во Малага е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.

Хотел со 3* во Севиља

Хотел со 3* во Севиља
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел *** во Севиља е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

 

Хотелот ќе биде објавен најдоцна 4 недели пред патување.

хотел со 3* во Гранада

хотел со 3* во Гранада
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел со 3* (по локална категоризација) во Гранада е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок. Точното име на хотелот ќе биде потврдено по формирање на групата, најдоцна 2 седмици пред поаѓање.

Останати поаѓања за Шпанија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.