Hong Kong City Tour
Поаѓање од хотелот и трансфер до комплексот Tai Kwun – некогашна викторијанска полициска станица и затвор, денес претворени во жив културен и уметнички центар. По разгледувањето, одиме на прошетка по прочуената Mid-Level Escalator – најдолгата покриена надворешна подвижна патека во светот, позната и како место на снимање на бројни филмови, меѓу кои и „Бетмен“.
Патот нè води до Централната пазарница, една од најстарите „влажни“ пазари во Хонг Конг, која денес претставува современа уметничка и културна зона. Следи посета на Плоштадот на статуите (Statue Square), каде што се наоѓа зградата на Врховниот суд – заштитен историски споменик. Поминуваме и покрај седиштето на банката HSBC, прочуена архитектонска градба која се наоѓа на истата локација веќе 160 години. Денешната зграда е четврта по ред, а кога била завршена во 1985 година, била најскапата зграда на светот.
Потоа, полека се искачуваме по Battery Lane за да ја видиме поранешната зграда на Француската мисија (надворешен разглед), како и величествената катедрала „Свети Јован“ – најстарата англиканска црква на Далечниот Исток.
По кратка прошетка пристигнуваме до станицата на прочуениот Peak Tram, кој ќе нè однесе на самиот врв на Викторија Пик (The Peak). Таму ќе имате слободно време за уживање во спектакуларниот поглед кон градот и за индивидуално истражување на оваа позната локација.
По спуштањето, се враќаме во Central и се качуваме на легендарниот Star Ferry, кој нè превезува до областа Tsim Sha Tsui. Правиме кратка фото-пауза на кејот, со совршен поглед на панорамата на Хонг Конг, пред да пристигнеме во импресивниот комплекс 1881 Heritage – поранешна главна станица на поморската полиција, денес раскошно историско здание. По разгледот, следи враќање во хотел и завршување на незаборавниот ден исполнет со култура, историја и визуелни чуда на Хонг Конг.
Цената на излетот вклучува: организиран превоз според предвидениот распоред, услуги на претставник од нашата агенција, влезница за Macau Tower
Цената не вклучува: ручек, локален водич