Португалија: Backpacking adventure!

цена од
899
EUR ,00
сега од
699
EUR ,00
траење
8 дена
Барање
Барање

Подготви се за авантура што не се раскажува – туку се живее! Ова 7–8 дневно патување те носи низ енергичните улици на Лисабон и шармантниот Порто, каде секој ден носи ново искуство, а секоја ноќ нова приказна.

Ова не е класично туристичко патување – ова е backpacking искуство за оние што сакаат да го почувствуваат вистинскиот пулс на градот. Од историски улици и погледи што одземаат здив, до ноќен живот што никогаш не запира – Португалија ќе те освои од првиот момент.

Сместување што е дел од авантурата
Заборави на класични хотели. Во Лисабон и Порто ќе бидеш сместен/а во внимателно избрани хостели со топ локација, модерен дизајн и vibe што веднаш те внесува во приказната на градот.

Собите се shared – и токму тука започнува магијата. Нови пријателства, споделени моменти и ноќи што се паметат засекогаш. Хостелите нудат chill зони, rooftop тераси, барови и заеднички простории каде атмосферата започнува уште пред да излезеш во град.

Очекувај:

  • интернационална атмосфера
  • луѓе од целиот свет
  • pre-party загревања во хостел
  • организирани активности и дружења

Локацијата? Центар. Секогаш блиску до најдобрите барови, клубови и знаменитости – буквално чекор од сè што се случува.

Ова е патување за оние што не сакаат само да гледаат, туку да доживеат. Да не бидат туристи – туку дел од енергијата.

Избери авантура. Избери ја Португалија. 🌍🔥


Рута
Скопје
Истанбул
Порто
Лисабон
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хостел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Европа 🗼
Дестинации
Португалија
Код на патување
ESPT22
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 12. 8. 2026

Состанок на патниците на меѓународниот аеродром во Скопје. Лет од Скопје до Порто со преседнување во Истанбул. Пристигнуваме во Порто и со организиран превоз се упатуваме спрема сместувањето. Слободно време и ноќевање. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Порто (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Истанбул
  • Порто

По појадок започнуваме со авантура во градот Порто. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити и мурали и azulejos. Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во овој дел на градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и мали кафулиња со само по неколку маси. Се движиме далеку од градската бучава и модерните згради! Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Ја посетуваме и најстарата катедрала во Порто, па продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento и авенијата dos Aliados. Го завршуваме денот на Rua das Flores, најпосетуваната улица во Порто. Седнуваме во некои од локалните вински барови и конечноо го пробуваме највкусното вино на #ЦелСвет!!

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто 1 ноќ

Место

  • Порто

Факултативни излети

Слободно време за истражување на Порто. Во овој период, има интересен настан (забава): Festa de Nossa Senhora da Saúde. На овој настан можете да пробате улична храна, да слушате локална музика, буквално да се забавувате и уживате. Ноќевање. 

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто 1 ноќ

Место

  • Порто

Правиме check-out од нашиот хотел и не очекува нова авантура!!! Патуваме од Порто до Лисабон со автобус!!! Ја доживуваме Португалија од една сосема различна перспектива -- не занесуваат живописните пејсажи на една од најдобрите рути со автобус во Европа!! Пристигнуваме во Лисабон и се сместуваме во хостелот. Ноќевање. 

Превоз

  • Трансфер од Порто до Лисабон

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Се будиме во прекрасниот Лисабон. Слободно време или факултативен излет : Costa De Caparica. Costa De Caparica е град во Португалија кој се наоѓа на 20тина минути од Лисабон и те пречекува со километри песочни плажи, сурферска атмосфера - прав Summer Freedom! Ова е место каде времето буквално застанува. Во овој период, во Costa De Caparica се оддржува еден од најголемите португалски музички фестивали - O Sol da Caparica! Се оддржува покрај плажа и атмосферата е неверојатна! Плажа, зајдисонце, прејака музика и неверојатна атмосфера! Топло ви препорачуваме доколку сте заинтересирани за ваков настан, да појдете. Враќање во Лисабон. Ноќевање. 

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Факултативни излети

Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи започнуваме во Belem -- најживиот дел во овој град, не може а да не видиме се! Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Па патот не води кон познатото маало Alfama. Се возиме со познатиот Трамвај 28 -- искуство кое НЕ СМЕЕ да се пропушти на било која посета на Лисабон. Во еден здив? Сте виделе се. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Факултативни излети

Слободен ден за истражување на Лисабон! Во овој период, во Лисабон има многу roof-top забави, уметнички изложби, концерти па доколку би сакале можете да посетите некои од нив! Ноќевање.

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто 1 ноќ

Место

  • Лисабон

По појадокот се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон аеродромот во Лисабон. Лет од Лисабон до Скопје со преседнување во Истанбул. Вечерта пристигнуваме на меѓународниот аеродром во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Лисабон- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Лисабон
  • Истанбул
  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто Пример 7 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Порто (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Порто до Лисабон
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Лисабон- Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Туристичка такса за Португалија која изнесува: 2€ (Porto) и 4€ (Lisabon) дневно по лице.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Porto City Tour и посета на винарска визба

 Porto City Tour и посета на винарска визба
Цена: 40,00 EUR

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Порто. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити, мурали и azulejos (познатите португалски плочки). Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и стотици мали кафулиња. Транспортирани сме далеку од градската бучава и огромните згради. Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Стигнуваме до најголемата катедрала во Порто, изградена во XII век. Во катедралата се чуваат непроценливи уметнички дела и артефакти, кои го претставуваат наследството на оваа прекрасна земја. Продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento. Прво нешто што ќе забележиме е влезот на оваа станица кој е декориран со 20,000 azulejos. Пристигнуваме до Avenida dos Aliados, најголемата авенија на овој град. Како што пешачиме низ овој прекрасен град, пред нас се појавува најголемата камбанарија во Порто, изградена во XVIII век. Време е за опуштање, пристигнуваме во еден од најживописните паркови во Португалија -- Jardim de Cordoaria, оттука се движиме по кејот на реката Douroa. Поминуваме по една од најпосетените улици во Порто -- Rua das Flores. A на крај нашата прошетка ја завршуваме во Институтот за Вино, каде имаме шанса да научиме повеќе за најпознатото вино во Европа! Спремни со ново знаење одиме да посетиме традиционална винарска визба, каде што имаме шанса да дегустираме стотици видови традиционално вино од порто. Вино кое традиционално се меша со бренди за да се добие неговиот најуникатен вкус.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз.

Costa De Caparica - Beach & Surf Vibes

Costa De Caparica - Beach & Surf Vibes
Цена: 30,00 EUR

Само 20 минути од Lisbon, те чека ден што мириса на сол, сонце и слобода. Километри песочни плажи, сурферски vibe и оној “summer freedom” момент што не се објаснува – се доживува. Денот започнува со кафе на плажа и прв допир со Атлантикот, а продолжува со сурфање за сите – од апсолутни почетници до оние што веќе ја бркаат совршената бранова линија. Адреналин, смеа и океан – комбинација што не се заборава. Помеѓу брановите: лежалки, коктели, музика од beach барови, сончање и фотки што ќе ти го наполнат Instagram. Ручек со свежа морска храна или нешто лесно, со ладно пиво и поглед што смирува. И тамам кога ќе помислиш дека денот е совршен – доаѓа зајдисонцето. Сонцето тоне во Атлантикот, музиката станува погласна, а атмосферата… магична. Ова не е само излет. Ова е ден кога се исклучуваш од сè – и конечно си тука, во моментот.

Lisabon City Tour.

Lisabon City Tour.
Цена: 40,00 EUR

Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи го истражуваме најживиот дел на Лисабон -- неговиот центарот, а не може да не видиме сѐ! Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Ai Ai Ai... Па патот не води кон познатото маало Alfama. Улици познати по едни од најдобрите тезги за традиционални ракотворби од златните раце на овие неверојатно насмеани португалци. Имаат и добро кафе! За љубителите на фоткање, би рекле едно од подобрите места за слики! Дали некогаш сте слушнале за познатиот Трамвај 28? Една од најдобрите линии низ Лисабон. Во еден здив? Сте виделе сѐ. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз

Сместување

Хостел во Лисабон и Порто

Хостел во Лисабон и Порто
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Заборави на класично сместување. Ова не е само место за спиење ова е дел од авантурата!
Во Лисабон и Порто ќе бидеш сместен/а во внимателно избрани хостели со одлична локација, модерeн дизајн и vibe кој веднаш те внесува во приказната на градот.
Собите се shared (со повеќе кревети), но тоа е токму поентата тука се создаваат нови пријателства, се споделуваат приказни и започнуваат ноќи што не се забораваат.
Хостелите располагаат со chill зони, rooftop тераси, барови или заеднички простории каде што дружбата почнува уште пред да излезеш во град.

Очекувај: интернационална атмосфера, луѓе од целиот свет, pre-party загревања во хостел, организирани активности
Локацијата? Центар. Секогаш блиску до најдобрите барови, клубови и знаменитости буквално чекор од сè што се случува.
Ова е сместување за оние што не сакаат да бидат туристи туку дел од енергијата на градот.

Името на Хостелот ќе биде објавено најмалку 2 недели пред поаѓање!

Останати поаѓања за Португалија

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.