Пакет на излети 1 (Духот на кинеската историја)
Ги вклучува сите разгледувања во Пекинг, Шангај и Сиан.
Yu Garden, Chenghuangmiao и Tianzifang:
Започнуваме со градините Ју Јуан (или само градините Ју - што во превод значи градините на задоволството) се едни од најубавите градини во цела Кина. Овие градини се наоѓаат во срцето на стариот дел на Шангај. Јујуан е област која е сокриена меѓу куп облакодери, област со мали традиционални куќички и бујно зеленило. Улиците се полни со луѓе, продавници и прекрасни кинески куќички. Градините Ју Јуан се изградени во 16тиот век и се отворени за јавноста во 1961 година. На површина од околу 20.000 квадратни метри се наоѓаат традиционални кинески павилјони, неколку езерца, егзотични карпи, стари дрвја и шарени цвеќиња. Градината е поделена на шест тематски зони. Еден од најпознатите делови на градините Ју Јуан е карпата Жад, која се наоѓа спроти обзерваторијата Јухуа од каде и всушност се набљудува оваа карпа. Станува збор за прекрасна карпа висока над три метри, која има 72 дупки. Посебната карактеристика на оваа карпа е што ако под неа запалите темјан, чадот магично ќе излезе од сите 72 дупки. Ако преку врвот се истури вода во карпата, таа ќе тече од сите дупки и ќе создаде прекрасна глетка. Ја посетуваме и улицата Ченгхуангмиао, како и округот Ксинтианди. Оттаму продолжууваме кон градот Тианзифанг, мини-град кој има само станбени згради и фабрики кои се претворени во уметнички инсталации, каде има хипстерски барови, кафулиња, продавници, дизајнерски студија, и галерии.
Shanghai Museum, Xintiandi, Тhe Bund & Nanjing Road:
Овој ден подобро се запознаваме со долгата историја на оваа древна земја, започнуваме со посета на Shanghai Museum -- еден од најпознатите музеии во Кина. Овој музеј, отворен во 1996 година, содржи единаесет најсовремени галерии во кои се сместени кинеските меѓународни експонати од бронза, слики, скулптури, керамика и скапоцени предмети од династијата Минг и Кинг. Продолжуваме со истражување на модерните достигнувања на Шангај, односно неговите најпознати улици -- Xintiandi, The Bund и Nanjing. Xintiandi e поранешна населба на стариот Шикумен и е реинкарнирана во блескава и современа област во Шангај со одлични ресторани, луксузни клубови и бутици. Потоа се упатуваме кон познатнто пристаниште The Bund -- луксузно место, со ресторани и преубава глетка над Shanghai-waterfront. Нашата прошетка ја завршуваме со модерна, осветлена улица полна со продавници и ресторани, една од најскапите шопинг улици на светот која се носи рамо до рамо со познатата Takeshita (Harajuku) во Јапонија, Champs-Élysées во Франција и Oxford Street во Лондон -- Nanjing Road.
Музеј на теракотната војска:
Разгледување на еден од четирите големи историски престолнички градови на Кина и почетна точка на Патот на свилата. Разгледувањето на Сиан е поделено во два дена, а првиот ден нè очекува посета на едно од најзначајните и најмистериозните археолошки наоѓалишта во светот – мавзолејот на императорот Чин Ши Хуанг и теракотната војска. Императорот Чин Ши Хуанг е познат по тоа што во 221 година пред нашата ера ја обединил Кина. Името на неговата династија, Чин, се смета за потекло на називот Кина во многу светски јазици. Теракотната војска претставува колекција од повеќе од 7.000 фигури на војници и коњи, изработени во природна големина и погребани заедно со кинескиот император. Особено е интересно што не постојат две идентични фигури на војници. Дополнително, не се пронајдени историски записи што детално го објаснуваат создавањето на теракотната војска, поради што нејзиното значење и денес останува предмет на истражување и восхит. Во самиот центар на градот се наоѓа Муслиманскиот кварт, вистински рај за љубителите на храната. Како што кажува и неговото име, станува збор за кварт што пред повеќе од илјада години го населиле муслимански трговци кои патувале по Патот на свилата. Денес, во овој дел од градот живее претежно народот Хуи, чии населби и трговски дуќани се распоредени околу улицата Beiyuanmen. Во квартот се наоѓаат десетина џамии, меѓу кои особено се издвојува Големата џамија во Сиан, позната по својата уникатна архитектура во традиционален кинески стил.
Разгледување на Сиан:
Посета на најдобро зачуваните градски ѕидини во Кина, кои воедно се меѓу најголемите одбранбени градски ѕидини во светот. Долги околу 14 километри, тие го опкружуваат историскиот дел на градот, во чиј центар се наоѓа Кулата на камбаните. Историското јадро има четири главни влезови, поставени на четирите страни на светот. Сиан е град со богата и разновидна култура, за што сведочи и Пагодата на дивата гуска, будистичка пагода изградена во VII век од страна на монахот Xuanzang. По своето аџилак во Индија, тој на ова место ги чувал будистичките списи и статуи што ги донел со себе. Изградена за време на династијата Танг, оваа седумкатна пагода е една од најзначајните историски градби од тули во Кина. Едно од најинтересните места што ја доловуваат величествената кинеска историја е имотот на семејството Гао, кој датира од XVII век. Гао Јуесонг бил службеник за време на династијата Минг, една од најголемите и најпознатите кинески династии. Имотот е меѓу најдобро зачуваните традиционални историски резиденции во Сиан и поширокиот регион. Денес, имотот е особено познат по куклените претстави што се одржуваат секојдневно и привлекуваат голем број локални посетители, нудејќи автентичен увид во традиционалната кинеска култура.
Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park:
Започнуваме со плоштадот Тјенанмен - област во срцето на Пекинг, каде се наоѓа и мавзолејот на основачот на кинеската комунистичка партија, Мао Це Тунг, кој го заштитуваат познатите мермерни лавови. Ова е еден од најголемите и најпознатите плоштади на #целсвет!! Продолжуваме кон еден од најпознатите симболи на Кина, покрај Кинескиот ѕид -- Забранетиот град. Огромен комплекс од царски палати и будистички храмови. Забранетиот град бил гробница на двете најпознати кралски фамилии на кина -- Ming i Qing. Ги посетуваме палатите и гробниците на овие познати династии, истите се полни со богатства и уметнички дела кои ги посетувале овие династии. По забранетиот град продолжуваме кон најпознатиот парк во Кина, паркот Џингшан. Специфично за овој парк е што истиот е изграден на вештачки рид кој има незаборавен поглед над забранетиот град.
Great Wall of China & Houhai Hutong:
Излет кој дефинитивно ќе биде highlight на нашата авантура во Кина. Освојуваме уште едно светско чудо, односно познатиот Кинески ѕид. За неговата изградба биле потребни повеќе од 2000 години. Огромниот џиновски змеј се протега низ границата на северна Кина, оваа структура поминува низ планини, шуми и котлини. Градба која ја бранела Кина од армиите на Генгис Кан. Се искачуваме на ѕидот со жичара, потоа започнуваме со нашата авантура на врвот на ѕидот!! Се искачуваме на различнивидоковци, се симнуваме во бунари и ги впечатуваме не-еднаквите скали на овој ѕид (некои од нив се високи самонеколку сантиметри, а некои достигнуваат и до 1 или 2 метри) Ќе уживаме во прекрасната глетка додека слушаме за приказните и историјата на ова светско чудо. Дефинитивно испразнете го вашиот телефон поради тоа што на ѕидот ќе направиме илјадници слики. Oттука продолжуваме кон една од главните кралски палати на Минг династијата -- Houhai Hutong.
Пакетите со факултативни излети ги вклучуваат сите излети наведени во планот и програмата, како и влезниците за сите национални паркови, музеи и локалитети предвидени со програмата на патувањето како и локален водич на англиски јазик.