Без разлика дали барате античка историја, модерни чуда, живописни пејзажи, нови културни искуства или превкусна храна, нашата експедиција во Кина е правиот избор за Вас!
Првите денови од нашата авантура ги поминуваме во Шангај (Shanghai) – еден од најмодерните градови во светот, со блескави облакодери, огромни булевари, rooftop барови и неверојатна архитектура. Го истражуваме и стариот дел на градот, Градините Ју, Chenghuangmiao, Тианзифанг, Shanghai Museum, Xintiandi, The Bund и Nanjing Road.
Го посетуваме и Xitang – еден од најпознатите водни градови во Кина, каде што низ храмови, канали, тесни улички и црвени кинески фенери ќе го почувствуваме духот на древна Кина.
Со брз воз продолжуваме кон Сиан (Xi’an) – еден од најстарите градови во Кина и некогашна престолнина на кинеските династии. Тука нè очекува едно од најголемите археолошки откритија во светот – Теракотните воини, а ќе ги истражуваме и старите градски ѕидини, Муслиманската улица и историското срце на градот.
Потоа се упатуваме кон Пекинг (Beijing), каде што ќе ги посетиме плоштадот Тјенанмен, Забранетиот град и најпознатите царски знаменитости на градот.
А потоа – највозбудливиот дел! Го освојуваме Кинескиот Ѕид – едно од најголемите светски чуда и место кое едноставно мора да се доживее барем еднаш во животот!
Ќе го посетиме и Храмот на Небото, како и прекрасната Летна палата, некогашна царска летна резиденција.
Кина претставува животна авантура за секој светски патник. Патување кое ќе ве збогати со нови импресии, вкусови и знаења – и ќе ви создаде спомени за цел живот!
Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Кина.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Шангај (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Скопје
Истанбул
Пристигнуваме во најголемиот град во Кина. Град кој е еден сосема нов футуристички универзум со огромни облакодери, раздвижени улици, неонски знаци, електрични возила.... град кој не спие!! Град во кој живеат 25 милиони жители, но и град каде што се е средено до најситниот детал. Градот е доведен до совршенство, па во целиот тој совршен амбиент луѓето пронаоѓаат убавина, восхит и чудење во антонимот "организирана гужва". Имаме слободно време за уживање и запознавање со оваа чудесна утопија на иднината. Ноќевање.
Излетот започнува со посета на градините Ју Јуан (Yu Garden), едни од најпознатите традиционални градини во Шангај. Ќе прошетаме низ прекрасниот амбиент исполнет со традиционални павилјони, езерца, карпи и зеленило, а потоа ќе ги истражиме и живописните улички околу градините, исполнети со продавници, локални специјалитети и традиционална кинеска архитектура. Потоа ќе го посетиме Храмот City God Temple, еден од позначајните храмови во стариот дел на Шангај, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со традиционалната кинеска култура и духовност. По разгледувањето на стариот дел на градот, продолжуваме кон The Bund, познатото историско шеталиште покрај реката Хуангпу. Од оваа локација се отвора еден од најпрепознатливите погледи кон шангајската панорама, каде што историските згради од колонијалниот период се соочуваат со модерните облакодери на Пудонг. Излетот ќе го заокружиме со крстарење по реката Хуангпу, при што ќе имаме можност да уживаме во панорамскиот поглед на Шангај од водата и да ја почувствуваме уникатната атмосфера на градот. Враќање во сместувањето и ноќевање.
Целодневен излет кој започнува со посета на Жужуанг – „водниот град број еден“ во Кина, кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО. Ќе ја видиме традиционалната архитектура покрај реката, прекрасните камени мостови со лакови и живописните згради. Ќе се вратиме во минатото и ќе почувствуваме како некогаш се живеело во овој прекрасен град. На враќање кон Шангај, ќе го посетиме Тианзифанг, кварт кој од некогашна зона со претежно станбени објекти и фабрики се трансформирал во уметничка област, исполнета со барови, кафулиња, занаетчиски продавници, дизајнерски ателјеа, галерии и бутици. Ќе забележиме и традиционални стари куќи со карактеристични камени рамки и тесни улички, кои му даваат посебен шарм на овој дел од Шангај. Враќање во сместувањето и ноќевање.
Излетот започнува со посета на Музејот на Теракотните воини, едно од најзначајните археолошки откритија во Кина. Ќе ги видиме илјадниците теракотни војници, коњи и воени фигури кои биле изработени пред повеќе од два милениуми како дел од мавзолејниот комплекс на првиот кинески император, Чин Ши Хуанг. Потоа продолжуваме кон плоштадот на Камбаната и Барабанот, кој се наоѓа во срцето на стариот Сиан. Овој дел од градот е познат по своите историски знаменитости и традиционалната архитектура, а токму тука се наоѓаат и симболите на градот – Камбаната и Барабанот. Ќе ја посетиме и Муслиманската улица (Muslim Street), една од најживописните улици во Сиан. Ова е место каде што кинеската и муслиманската култура се среќаваат, а тесните улички се исполнети со локални продавници, традиционални ресторани и штандови со различни кинески и муслимански специјалитети. Во вечерните часови ќе имаме можност да уживаме во традиционално шоу со пеење и танци од династијата Танг, кое преку музика, костими и кореографија ја оживува атмосферата на еден од најзначајните периоди во кинеската историја. Враќање во сместувањето и ноќевање.
Излетот започнува со посета на Музејот на Сиан, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со богатата историја и културното наследство на еден од најстарите кинески градови. Ќе го посетиме и Провинцискиот музеј на Шанкси, со вредна колекција на археолошки предмети и уметнички дела од различни периоди од кинеската историја. Потоа продолжуваме кон Градските ѕидини на Сиан, едни од најдобро зачуваните древни градски ѕидини во Кина. Ќе прошетаме покрај масивните утврдувања и ќе се запознаеме со нивната улога во заштитата на древниот град. Следна е посетата на Пагодата на Големата дива гуска (Big Wild Goose Pagoda), една од најпрепознатливите знаменитости на Сиан и значаен симбол на будистичкото наследство на градот. Ќе го посетиме и комплексот на семејството Гао (Gao Family’s Compound), традиционална историска резиденција која ни овозможува да погледнеме во начинот на живот и архитектурата на старите кинески семејства. Посетата ќе ја збогатиме со традиционална кинеска куклена претстава, која на автентичен начин ја претставува кинеската народна култура и традиција. Враќање во сместувањето и ноќевање.
Започнуваме со плоштадот Тјенанмен - област во срцето на Пекинг, каде се наоѓа и мавзолејот на основачот на кинеската комунистичка партија, Мао Це Тунг, кој го заштитуваат познатите мермерни лавови. Ова е еден од најголемите и најпознатите плоштади на #целсвет!! Продолжуваме кон еден од најпознатите симболи на Кина, покрај Кинескиот ѕид -- Забранетиот град. Огромен комплекс од царски палати и будистички храмови. Забранетиот град бил гробница на двете најпознати кралски фамилии на кина -- Ming i Qing. Ги посетуваме палатите и гробниците на овие познати династии, истите се полни со богатства и уметнички дела кои ги посетувале овие династии. По забранетиот град продолжуваме кон најпознатиот парк во Кина, паркот Џингшан. Специфично за овој парк е што истиот е изграден на вештачки рид кој има незаборавен поглед над забранетиот град.
Излет кој дефинитивно ќе биде highlight на нашата авантура во Кина. Освојуваме уште едно светско чудо, односно познатиот Кинески ѕид. За неговата изградба биле потребни повеќе од 2000 години. Огромниот џиновски змеј се протега низ границата на северна Кина, оваа структура поминува низ планини, шуми и котлини. Градба која ја бранела Кина од армиите на Генгис Кан. Се искачуваме на ѕидот со жичара, потоа започнуваме со нашата авантура на врвот на ѕидот!! Се искачуваме на различнивидоковци, се симнуваме во бунари и ги впечатуваме не-еднаквите скали на овој ѕид (некои од нив се високи самонеколку сантиметри, а некои достигнуваат и до 1 или 2 метри) Ќе уживаме во прекрасната глетка додека слушаме за приказните и историјата на ова светско чудо. Дефинитивно испразнете го вашиот телефон поради тоа што на ѕидот ќе направиме илјадници слики. Oттука продолжуваме кон палатата која воедно служела како летна резиденција на кинескиот император - Летната палата. Летната палата. денес е најголемиот национален парк во Кина, со површина од 270 хектари. Оваа палата датира од 17 век, а со тек на времето неколку пати била доградувана. Последен пат овој храм бил реновиран во времето на царицата Ци Ши, кога било ископано вештачко езеро. За крај ја посетуваме една од најфрекфентните улици во Пекинг, улицата Guijie -- каде всушност се наоѓа и еден од најголемите пазари Hongqiao. Купуваме разни сувенири, чај, зачини и се ценкаме со локалното население. Враќање во сместувањето и ноќевање.
Започнуваме со посета на Небесниот Храм кој е комплекс од царски верски згради, сместен во југоисточниот дел од градот. Во него се наоѓаат 12 внатрешни и 12 надворешни столбови, кои го симболизираат традиционалното кинеско сметање на времето. Станува збор за најголемиот и најширокиот храм на светот. Овоj храм е прогласен од УНЕСКО за светско наследство. Додатоците направени во времето на оваа царица се меѓу врвните достигнувања на кинеската архитектура и градба. време е за релаксација. Го посетуваме единствениот парк во кој се спојуваат трите мориња на Кина и кој се наоѓа во срцето на Пекинг. Имаме слободно време да одмориме во глетката, оттука продолжуваме кон палатата која воедно служела како летна резиденција на кинескиот император - Летната палата. Летната палата. денес е најголемиот национален парк во Кина, со површина од 270 хектари. Оваа палата датира од 17 век, а со тек на времето неколку пати била доградувана. Последен пат овој храм бил реновиран во времето на царицата Ци Ши, кога било ископано вештачко езеро. За крај ја посетуваме една од најфрекфентните улици во Пекинг, улицата Guijie -- каде всушност се наоѓа и еден од најголемите пазари Hongqiao. Купуваме разни сувенири, чај, зачини и се ценкаме со локалното население. Враќање во сместувањето и ноќевање.
Се одјавуваме од хотелот и имаме слободно време за шетање, да докупиме сувенири, да јадеме од највкусната храна. Потоа, се упатуваме кон аеродромот во Пекинг.
Лет од Пекинг до Скопје со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови. Утрински лет од Истанбул за Скопје. . Крај на патувањето.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пекинг - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Шангај (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер од аеродром до хотел
Трансфер од хотел до железничка станица
Трансфер со брз воз до Сиан
Трансфер од железничка станица до хотел
Трансфер од хотел до железничка станица
Трансфер со брз воз до Пекинг
Трансфер од железничка станица до хотел
Трансфер од хотел до аеродром
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пекинг - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
10 ×
Континентален појадок
Не е вклучено
Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Шармот на стариот и модерниот Шангај
Цена:
60,00 EUR
Излетот започнува со посета на градините Ју Јуан (Yu Garden), едни од најпознатите традиционални градини во Шангај. Ќе прошетаме низ прекрасниот амбиент исполнет со традиционални павилјони, езерца, карпи и зеленило, а потоа ќе ги истражиме и живописните улички околу градините, исполнети со продавници, локални специјалитети и традиционална кинеска архитектура. Потоа ќе го посетиме Храмот City God Temple, еден од позначајните храмови во стариот дел на Шангај, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со традиционалната кинеска култура и духовност. По разгледувањето на стариот дел на градот, продолжуваме кон The Bund, познатото историско шеталиште покрај реката Хуангпу. Од оваа локација се отвора еден од најпрепознатливите погледи кон шангајската панорама, каде што историските згради од колонијалниот период се соочуваат со модерните облакодери на Пудонг. Излетот ќе го заокружиме со крстарење по реката Хуангпу, при што ќе имаме можност да уживаме во панорамскиот поглед на Шангај од водата и да ја почувствуваме уникатната атмосфера на градот.
Водениот град и уметничкиот рај – Жужуанг и Тианзифанг
Цена:
75,00 EUR
Целодневен излет кој започнува со посета на Жужуанг – „водниот град број еден“ во Кина, кој се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО. Ќе ја видиме традиционалната архитектура покрај реката, прекрасните камени мостови со лакови и живописните згради. Ќе се вратиме во минатото и ќе почувствуваме како некогаш се живеело во овој прекрасен град. На враќање кон Шангај, ќе го посетиме Тианзифанг, кварт кој од некогашна зона со претежно станбени објекти и фабрики се трансформирал во уметничка област, исполнета со барови, кафулиња, занаетчиски продавници, дизајнерски ателјеа, галерии и бутици. Ќе забележиме и традиционални стари куќи со карактеристични камени рамки и тесни улички, кои му даваат посебен шарм на овој дел од Шангај.
Музејот на Теракотните воини и древниот Сиан
Цена:
80,00 EUR
Излетот започнува со посета на Музејот на Теракотните воини, едно од најзначајните археолошки откритија во Кина. Ќе ги видиме илјадниците теракотни војници, коњи и воени фигури кои биле изработени пред повеќе од два милениуми како дел од мавзолејниот комплекс на првиот кинески император, Чин Ши Хуанг. Потоа продолжуваме кон плоштадот на Камбаната и Барабанот, кој се наоѓа во срцето на стариот Сиан. Овој дел од градот е познат по своите историски знаменитости и традиционалната архитектура, а токму тука се наоѓаат и симболите на градот – Камбаната и Барабанот.
Ќе ја посетиме и Муслиманската улица (Muslim Street), една од најживописните улици во Сиан. Ова е место каде што кинеската и муслиманската култура се среќаваат, а тесните улички се исполнети со локални продавници, традиционални ресторани и штандови со различни кинески и муслимански специјалитети.
Во вечерните часови ќе имаме можност да уживаме во традиционално шоу со пеење и танци од династијата Танг, кое преку музика, костими и кореографија ја оживува атмосферата на еден од најзначајните периоди во кинеската историја.
Сиан - патување низ времето
Цена:
0,00
Излетот започнува со посета на Музејот на Сиан, каде што ќе имаме можност да се запознаеме со богатата историја и културното наследство на еден од најстарите кинески градови. Ќе го посетиме и Провинцискиот музеј на Шанкси, со вредна колекција на археолошки предмети и уметнички дела од различни периоди од кинеската историја. Потоа продолжуваме кон Градските ѕидини на Сиан, едни од најдобро зачуваните древни градски ѕидини во Кина. Ќе прошетаме покрај масивните утврдувања и ќе се запознаеме со нивната улога во заштитата на древниот град. Следна е посетата на Пагодата на Големата дива гуска (Big Wild Goose Pagoda), една од најпрепознатливите знаменитости на Сиан и значаен симбол на будистичкото наследство на градот. Ќе го посетиме и комплексот на семејството Гао (Gao Family’s Compound), традиционална историска резиденција која ни овозможува да погледнеме во начинот на живот и архитектурата на старите кинески семејства. Посетата ќе ја збогатиме со традиционална кинеска куклена претстава, која на автентичен начин ја претставува кинеската народна култура и традиција.
Tiananmen Square, Forbidden City и Jingshan Park
Цена:
65,00 EUR
Започнуваме со плоштадот Тјенанмен - област во срцето на Пекинг, каде се наоѓа и мавзолејот на основачот на кинеската комунистичка партија, Мао Це Тунг, кој го заштитуваат познатите мермерни лавови. Ова е еден од најголемите и најпознатите плоштади на #целсвет!! Продолжуваме кон еден од најпознатите симболи на Кина, покрај Кинескиот ѕид -- Забранетиот град. Огромен комплекс од царски палати и будистички храмови. Забранетиот град бил гробница на двете најпознати кралски фамилии на кина -- Ming i Qing. Ги посетуваме палатите и гробниците на овие познати династии, истите се полни со богатства и уметнички дела кои ги посетувале овие династии. По забранетиот град продолжуваме кон најпознатиот парк во Кина, паркот Џингшан. Специфично за овој парк е што истиот е изграден на вештачки рид кој има незаборавен поглед над забранетиот град.
Great Wall of China и Summer Palace
Цена:
85,00 EUR
Излет кој дефинитивно ќе биде highlight на нашата авантура во Кина. Освојуваме уште едно светско чудо, односно познатиот Кинески ѕид. За неговата изградба биле потребни повеќе од 2000 години. Огромниот џиновски змеј се протега низ границата на северна Кина, оваа структура поминува низ планини, шуми и котлини. Градба која ја бранела Кина од армиите на Генгис Кан. Се искачуваме на ѕидот со жичара, потоа започнуваме со нашата авантура на врвот на ѕидот!! Се искачуваме на различнивидоковци, се симнуваме во бунари и ги впечатуваме не-еднаквите скали на овој ѕид (некои од нив се високи самонеколку сантиметри, а некои достигнуваат и до 1 или 2 метри) Ќе уживаме во прекрасната глетка додека слушаме за приказните и историјата на ова светско чудо. Дефинитивно испразнете го вашиот телефон поради тоа што на ѕидот ќе направиме илјадници слики. Oттука продолжуваме кон палатата која воедно служела како летна резиденција на кинескиот император - Летната палата. Летната палата. денес е најголемиот национален парк во Кина, со површина од 270 хектари. Оваа палата датира од 17 век, а со тек на времето неколку пати била доградувана. Последен пат овој храм бил реновиран во времето на царицата Ци Ши, кога било ископано вештачко езеро. За крај ја посетуваме една од најфрекфентните улици во Пекинг, улицата Guijie -- каде всушност се наоѓа и еден од најголемите пазари Hongqiao. Купуваме разни сувенири, чај, зачини и се ценкаме со локалното население.
Небесниот Храм, Schichai Park, Summer Palace и Guijie St.
Цена:
60,00 EUR
Започнуваме со посета на Небесниот Храм кој е комплекс од царски верски згради, сместен во југоисточниот дел од градот. Во него се наоѓаат 12 внатрешни и 12 надворешни столбови, кои го симболизираат традиционалното кинеско сметање на времето. Станува збор за најголемиот и најширокиот храм на светот. Овоj храм е прогласен од УНЕСКО за светско наследство. Додатоците направени во времето на оваа царица се меѓу врвните достигнувања на кинеската архитектура и градба. време е за релаксација. Го посетуваме единствениот парк во кој се спојуваат трите мориња на Кина и кој се наоѓа во срцето на Пекинг. Имаме слободно време да одмориме во глетката, оттука продолжуваме кон палатата која воедно служела како летна резиденција на кинескиот император - Летната палата. Летната палата. денес е најголемиот национален парк во Кина, со површина од 270 хектари. Оваа палата датира од 17 век, а со тек на времето неколку пати била доградувана. Последен пат овој храм бил реновиран во времето на царицата Ци Ши, кога било ископано вештачко езеро. За крај ја посетуваме една од најфрекфентните улици во Пекинг, улицата Guijie -- каде всушност се наоѓа и еден од најголемите пазари Hongqiao. Купуваме разни сувенири, чај, зачини и се ценкаме со локалното население.
Сместување
Хотел со 3/4*
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел со 3*/4* по локална категоризација, е сместувачки објект кој располага со двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.