Шангај и Пекинг, патување полно со контрасти 🐉
Креиравме програма што ве носи од футуристичкиот Шангај до царскиот Пекинг и ги спојува најсилните симболи на Кина во едно патување. Облакодери, традиционални квартови, Забранетиот град и Кинескиот ѕид се менуваат како сцени од различни светови, а токму тие контрасти ја прават Кина толку впечатлива.
Од облакодери до Забранетиот град ✨
Во едно патување преминувате од The Bund, Nanjing Road и модерниот Шангај до Tiananmen Square и Забранетиот град во Пекинг. Токму тој контраст меѓу стара и нова Кина ја прави програмата толку посебна.
Го гледате и модерниот и традиционалниот Шангај 🏙️
Шангај не е само футуристички skyline. Yu Garden, Chenghuangmiao и Tianzifang ја покажуваат старата, локална страна на градот, додека The Bund и Nanjing Road ја носат неговата модерна енергија.
Xitang, Кина што изгледа како од друг век 🏮
На кратко го напуштаме ритамот на мегалополисот и влегуваме во древен воден град со канали, мостови, чајџилници и црвени фенери. Xitang е оној дел од патувањето што ви покажува колку различна може да биде Кина само неколку часа подалеку од Шангај.
Со брз воз од Шангај до Пекинг 🚄
И самиот трансфер е дел од искуството. Наместо класично префрлање, патуваме со кинески брз воз и на едно патување ги поврзуваме двата најважни градови во земјата.
Освоено уште едно светско чудо, Кинескиот ѕид 🧱
Стоиш на место за кое си слушал цел живот, а сега конечно чекориш по него. Кули, видиковци и ѕид што се губи низ планините пред тебе, момент што навистина остава чувство дека си освоил уште едно од оние места што мора да се доживеат барем еднаш во животот.
Пекинг, царска Кина што сè уште се чувствува 🏯
Забранетиот град, Летната палата, Небесниот храм и традиционалните хутонзи ја покажуваат историската страна на земјата. Овде не гледате само знаменитости, туку цели векови кинеска историја собрани во еден град.
Стара Кина, нова Кина и сè помеѓу 💯
Во иста програма добивате древни палати, традиционални квартови, водени градови, футуристички облакодери и еден од најмодерните транспортни системи во светот. Не гледате само една Кина, туку повеќе различни лица на иста земја.
Сè ти е средено 🤍
Летови, трансфери, сместување, водич, локална организација и внимателно избрани искуства се однапред поврзани во една комплетна програма. Тебе ти останува само да ја доживееш Кина.
Рута
Скопје
Белград
Шангај (Shanghai)
Пекинг (Beijing)
Шангај (Shanghai)
Белград
Скопје
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер,
Воз
- Сместување
-
Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје,
Македонија
- Дестинации
-
Азија,
Кина
- Видови патувања
-
Далечни Патувања 🌍
- Код на патување
- CN3
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Не