Време е за најновата Jungle авантура!
Овој пат ве водиме на експедиција низ четири неверојатни азиски дестинации – футуристичкиот Хонг Конг, колоритниот Макао, космополитскиот Шангај и историскиот Пекинг!
Патување во кое ќе ги споиме древната кинеска историја, модерните мегаполиси, импресивната архитектура, традиционалната култура, неверојатната храна и едно од најпознатите светски чуда. Очекувајте патување полно со контрасти – од светкави облакодери и rooftop барови, преку традиционални храмови и стари квартови, до импозантниот Кинески Ѕид.
Патување кое дефинитивно ќе го паметите доживотно!
Нашата авантура ја започнуваме во Хонг Конг, градот каде што традиционалната Кина се среќава со еден од најмодерните урбани центри во светот.
Град на облакодери, неонски светла, тесни улички, традиционални пазари и неверојатни панорамски погледи. Ќе го почувствуваме ритамот на градот и ќе го истражиме неговиот препознатлив skyline, а ќе се искачиме и до Victoria Peak, од каде Хонг Конг изгледа спектакуларно. Ќе прошетаме низ Central, ќе го почувствуваме локалниот дух на Kowloon, а вечерта ќе ја доживееме магијата на градот кога неговите облакодери и улици се претвораат во море од светла.
Хонг Конг е совршен почеток на нашата кинеска експедиција – модерен, динамичен и сосема поинаков од сè што следува.
Од Хонг Конг продолжуваме кон Макао – фасцинантна комбинација на кинеска и португалска култура.
Ќе прошетаме низ историскиот центар на Макао и ќе ги откриваме неговите колонијални улици, традиционалните кинески храмови и препознатливата архитектура. Ќе ги видиме Ruins of St. Paul's, еден од симболите на градот, ќе прошетаме низ Senado Square и ќе ја почувствуваме атмосферата на местото каде Истокот и Западот се сретнале и создале сосема уникатна културна мешавина. А потоа – време е да ја почувствуваме и модерната страна на Макао, со неговите спектакуларни хотели, светкави улици и впечатлива архитектура.
Следната станица е Шангај – град кој совршено покажува колку различни лица може да има Кина.
Од една страна – стара Кина, традиционални градини, храмови и тесни улички. Од друга – огромни облакодери, модерни булевари, луксузни продавници и еден од најимпресивните skylines во светот. Ќе го истражуваме стариот дел на градот и ќе ја посетиме познатата Yu Garden, ќе прошетаме низ традиционалните квартови и ќе почувствуваме дел од историјата на Шангај. Потоа ја менуваме сценографијата и влегуваме во модерниот Шангај!
Ќе прошетаме по The Bund, една од најпознатите локации во градот, од каде се отвора неверојатен поглед кон модерниот skyline на Pudong. Ќе ги истражиме Nanjing Road и Xintiandi, а вечерите се резервирани за светлата на градот, rooftop атмосферата и прочуената шангајска гастрономија. Но Шангај не е само мегаполис. Ќе направиме и чекор назад во времето и ќе посетиме традиционален воден град, со канали, камени мостови, тесни улички, чајџилници и црвени кинески фенери – сосема поинаков свет од модерниот Шангај.
И конечно – Пекинг
Од Шангај со брз воз продолжуваме кон Пекинг, политичкиот, историскиот и културниот центар на Кина. Тука започнува нашето вистинско патување низ древната кинеска историја.
Ќе го посетиме Tiananmen Square, еден од најпознатите плоштади во светот, а веднаш потоа ќе влеземе во Forbidden City – огромниот царски комплекс кој со векови бил дом на кинеските императори. Ќе продолжиме кон Jingshan Park, од каде се отвора прекрасен поглед кон Forbidden City, а потоа ќе се изгубиме низ традиционалните hutong улички и областа околу Houhai и Shichahai.
Секако, Пекинг не може да се доживее без неговата легендарна гастрономија. Ќе имаме можност да ја пробаме прочуената Peking Duck, но и дел од локалната street food сцена.
Време е за едно светско чудо! Се упатуваме кон Кинескиот Ѕид – едно од најголемите и најпрепознатливите достигнувања во историјата на човештвото. Ќе застанеме на врвот на Ѕидот и пред нас ќе се отвори неверојатен пејзаж кој се протега низ планините.
Момент за фотографии, момент за пауза и момент кога навистина сфаќаме дека сме стигнале до едно од најпознатите места на планетата.
Ќе го посетиме и Temple of Heaven, грандиозниот царски религиски комплекс посветен на древните ритуали и молитви за добра жетва, како и Summer Palace, некогашната царска летна резиденција со прекрасни градини, езера и павилјони.
Од футуристичкиот Хонг Конг, преку уникатниот Макао, светкавата метропола Шангај и историскиот Пекинг – ова е патување кое ни покажува дека Кина не е само една дестинација. Кина е цел свет за откривање.
Ќе патуваме низ различни епохи, ќе запознаеме различни култури, ќе пробаме нови вкусови, ќе се восхитуваме на неверојатна архитектура и ќе создадеме спомени кои ќе останат со нас долго по враќањето дома.
Кина е авантура за секој вистински патник.
А оваа Jungle експедиција е создадена за оние кои сакаат да ја доживеат во целост.
Рута
Скопје
Истанбул
Хонг Конг
Шангај (Shanghai)
Пекинг (Beijing)
Истанбул
Скопје
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер,
Воз,
Метро
- Сместување
-
Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје,
Македонија
- Дестинации
-
Азија,
Кина
- Видови патувања
-
Далечни Патувања 🌍
- Код на патување
- CN81
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Да