Yu Garden, Chenghuangmiao и Tianzifang.
Започнуваме со градините Ју Јуан (или само градините Ју - што во превод значи градините на задоволството) се едни од најубавите градини во цела Кина. Овие градини се наоѓаат во срцето на стариот дел на Шангај. Јујуан е област која е сокриена меѓу куп облакодери, област со мали традиционални куќички и бујно зеленило. Улиците се полни со луѓе, продавници и прекрасни кинески куќички. Градините Ју Јуан се изградени во 16тиот век и се отворени за јавноста во 1961 година. На површина од околу 20.000 квадратни метри се наоѓаат традиционални кинески павилјони, неколку езерца, егзотични карпи, стари дрвја и шарени цвеќиња. Градината е поделена на шест тематски зони. Еден од најпознатите делови на градините Ју Јуан е карпата Жад, која се наоѓа спроти обзерваторијата Јухуа од каде и всушност се набљудува оваа карпа. Станува збор за прекрасна карпа висока над три метри, која има 72 дупки. Посебната карактеристика на оваа карпа е што ако под неа запалите темјан, чадот магично ќе излезе од сите 72 дупки. Ако преку врвот се истури вода во карпата, таа ќе тече од сите дупки и ќе создаде прекрасна глетка. Ја посетуваме и улицата Ченгхуангмиао, како и округот Ксинтианди. Оттаму продолжууваме кон градот Тианзифанг, мини-град кој има само станбени згради и фабрики кои се претворени во уметнички инсталации, каде има хипстерски барови, кафулиња, продавници, дизајнерски студија, и галерии.