Bari City Tour
Го истражуваме главниот град на Пуља. Се губиме низ уличките на стариот град. Потоа одиме до рибниот пазар на старото пристаниште, каде секое утро има избор на улов на денот, традиција која опстојува со векови. Продолжуваме со истражување на локалните традиции со посета на Strada delle Orechiette, улица на која се поставени штандови за свежи тестенини. Нашето истражување го продолжуваме кон црвката на Св. Никола, изградена во 12-тиот век, во која се сместени моштите на Св. Никола – историската личност позади модерниот Дедо Мраз и една од најважните фигури во западната и православната христијанска традиција. Патот нѐ носи кон старите ѕидини на Бари, каде одиме да ги фотнеме најубавите погледи на овој град. Потоа, ја посетуваме катедралата Сан Сабино и замокот на Бари. Турата ја завршуваме со многу нови спомени кои ќе ги паметиме засекогаш.