Мадрид Getaway - Велигден

Мадрид Getaway - Велигден

цена од
899
EUR ,00
сега од
699
EUR ,00
траење
7 дена
Пријави се Барање
Барање

Ова е еден од оние градови на #ЦелСвет каде што навистина ќе се почувствувате живи. Речиси никаде нема толку енергија, толку шармантни локалци, ниту пак толку вкусна храна. Чувство на вистинска радост и уживање. Јужниот шарм носи неизмерна енергија – драги авантуристи, направете место во Вашиот распоред и приклучете ни се на едно возбудливо патување во МАДРИД! Правиме спомени во градот на фламенко и тапас, каде што секоја улица, плоштад и кафуле носи приказна. Го запознаваме еден од најживописните народи во Европа, го слушаме највозбудливиот јазик кој што постои, а секој чекор низ Plaza Mayor, Puerta del Sol или Gran Vía ви раскажува по една приказна. Секој залак кој ќе го пробате – од традиционален тапас до вкусен churro со чоколадо – е целосно ново искуство, а сето тоа може да го проследите со чаша од најдоброто шпанско вино или sangria.

Мадрид е Vida buena на шпански: убаво живеење, уживање и енергија насекаде. Заедно ќе го доживееме тоа!

Да започнеме од самиот центар – Puerta del Sol, од каде што сè се движи. Запознајте ги улиците на Malasaña, со својата урбана енергија, шармантните кафулиња и продавници. Во La Latina и Lavapiés ќе ги видите повозрасните како пијат кафе и играат карти, додека децата трчаат по тесните улички, а фламенкото и музиката постојано се слушаат насекаде. Вистинската возбуда е во Retiro, каде што можете да прошетате, да се возите со чамец по езерото и да уживате во зеленилото и уметноста на отворено. За љубителите на уметност, Prado, Reina Sofía и Thyssen-Bornemisza ќе ве остават без здив. А кога ќе огладнете – тапас баровите се тука, за да пробате вистински шпански специјалитети како паела, Jamón Iberico и tortilla española.

Баровите, плоштадите, парковите и улиците го прават градот место каде што секој момент е можност за ново доживување. Дишеме шпански воздух, уживаме во секој залак, и запознаваме град кој остава трајни спомени.

И најубаво од сè? Овој град не бара да му се восхитувате – тој самиот ве вовлекува во својата приказна. Ве кани да танцувате, да пробате нешто ново, да почувствувате, да се смеете, да живеете.

Затоа спакувајте ја љубопитноста, понесете добро расположение, и дозволете му на Мадрид да ве однесе каде што срцето најмногу сака. Ова не е само патување – ова е авантура што се памети.


Рута
Скопје
Мадрид
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Европа, Шпанија
Код на патување
ESPT18
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Собирање на патниците на Меѓународниот аеродромот во Скопје. Лет од Скопје до Мадрид со WizzAir. Започнуваме со нашата велигденска авантура!! Трансфер од аеродром до нашето сместување. Ноќевање.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Мадрид (WizzAir), со дозволен багаж од 10 кг.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Hotel Europa 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Мадрид

Се будиме во магичниот Мадрид. По појадокот, се упатуваме кон „Madrid de los Austrias“. Чекориме низ калдрмисаните улици, помеѓу малите продавници и кафулиња, и секој агол носи мирис на минатото и шепот на некогашните жители. Продолжуваме кон Plaza Mayor – плоштад што со векови е сцена на животот во Мадрид. Седнуваме во некое од многуте кафулињата и уживаме во звукот на чекори по каменот, шепот на минатото и мирисот на свежо испечено кафе. Се упатуваме кон Palacio Real, кралската палата што се издига над градот со величествена елеганција. Веднаш до палатата се простираат Jardines de Sabatini, градини од симетрична убавина каде сенките на дрвјата се преплетуваат со мирот на фонтаните, создавајќи совршено место за прошетка. Од таму, погледот се пренесува на Campo del Moro, пространа градина со раскошни патеки, езерца и зеленила, каде некогаш се шетале кралските дворови, а денес тивко ве пречекува да ги почувствувате тајните на минатото. Нашата прошетка завршува со Templo de Debod, египетски храм донесен во Мадрид, каде залезот сонце создава магични сенки и боите на небото се огледуваат во неговите камења. Место каде историјата од далечниот Египет се среќава со срцето на шпанската престолнина, и каде секој момент ве потсетува дека времето е само континуум на убави приказни. Се враќаме кон хотелот. Ноќевање.

Сместување

Hotel Europa 1 ноќ

Место

  • Мадрид

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Buenos días! По појадокот, одиме на посета на Манастирот Сан Лоренцо дел Ескоријал, величествен комплекс што се издига како симбол на моќта и верата на Шпанија. Прошетката нè води низ Patio de Reyes, мирниот клустер, собите на поглаварите и импресивната базилика. Се восхитуваме на Пантеонот на кралевите и децата, како и на Кралските соби, каде секој детал ја раскажува историјата на една епоха. По посетата на манастирот, продолжуваме кон Долината на паднатите, сместена во Peña de Cuelga Muros. Овој меморијален комплекс нè пречекува со својот величествен крст од гранит, видлив од километри, и со базиликата вградена во карпите. Авантурата продолжува назад кон Мадрид. Се дотеруваме и одиме на Фламенко Шоу! Се опуштаме со вечера и чаша вино во Torres Bermejas tablao и гледаме Фламенко Шоу! Ноќевање.

Сместување

Hotel Europa 1 ноќ

Место

  • Мадрид

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Утрото се впуштаме во нова авнтура! Одиме во Толедо! Нашата авантура започнува во срцето на градот, каде се издига Катедралата на Толедо, еден од највпечатливите примери на готската архитектура во Шпанија. Гледаме раскошни ентериери,златни олтари и уметнички дела кои ве враќаат во времето на ренесансата и средниот век, додека секој агол раскажува приказни за верската и културната моќ на градот. Потоа се упатуваме кон еврејскиот кварт, кој лабиринт од тесни улички, старински плоштади и камени куќи, каде некогаш живееле големи заедници кои оставиле трајни траги во културата на Толедо. Ja посетуваме манастирската област, каде ќе видите како историјата и уметноста се преплетуваат во секоја фреска, секој двор и секоја камена фасада. Се враќаме во Мадрид. Слободна вечер за уживање во некој ресторан или за прошетка. Ноќевање.

Сместување

Hotel Europa 1 ноќ

Место

  • Мадрид

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, одиме да ја истражуваме магичната Сеговија. Започнуваме со прошетка покрај римскиот акведукт, симбол на градот и едно од највпечатливите инженерски ремек-дела на античкиот свет. Неговите високи камени арки се издигнуваат над плоштадите и улиците, и ве пречекуваат со тивка моќ што го одржала градот жив низ вековите. Правиме магични фотографии и си замислуваме како водата некогаш течела низ овој неверојатен систем создаден пред речиси две илјади години. Потоа се упатуваме кон Алказарот на Сеговија, замок кој изгледа како да е изваден од бајка. Чекориме низ неговите раскошни сали и кули, се впиваме во историските приказни за кралевите што го населувале и одбраниле, и уживаме во панорамските погледи кон стариот град и околните планини. Легендите што се врзуваат со замокот ја прават посетата уште повпечатлива – не е тешко да се замисли дека Волт Дизни го инспирирал токму овој замок за својот познат бајковит замок. Потоа, ја посетуваме Катедралата на Сеговија, позната како „Последната готска катедрала во Шпанија“. Со своите импресивни сводови, витражи и украсни олтари, таа создава чувство на возвишеност и тишина. За време на прошетката, имаме време да се изгубиме низ старите улички на градот, да ги почувствуваме мирисите од локалните традиционални специјалитети, како што е cochinillo, и да уживаме во уникатната атмосфера што Сеговија ја нуди. На крајот, се враќаме во Мадрид. Ноќевање.

Сместување

Hotel Europa 1 ноќ

Место

  • Мадрид

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден кој можете да го искористите за шопинг, пиење кафе во некое кафуле или прошетка низ Мадрид! Следува трансфер од сместување до аеродром. Ноќен лет од Мадрид до Скопје.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мадрид - Скопје (WizzAir), со вклучен багаж од 10кг.

Место

  • Мадрид

Храна

  • Континентален појадок × 1

Слетуваме на Меѓународниот аеродром во Скопје во раните утрински часови. Крај на патувањето. 

Место

  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Што е вклучено

Сместување

Hotel Europa Пример 5 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Мадрид (WizzAir), со дозволен багаж од 10 кг.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мадрид - Скопје (WizzAir), со вклучен багаж од 10кг.

Храна

5 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

City Walking Tour - ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА!

City Walking Tour - ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА!

Овој ден го посветуваме на срцето на Мадрид – „Madrid de los Austrias“, дел од градот каде историјата се чувствува во секој камен, каде фасадите и плоштадите раскажуваат приказни од минати векови. Чекориме низ калдрмисаните улици, помеѓу малите продавници и кафулиња, и секој агол носи мирис на минатото и шепот на некогашните жители. Нашето патување започнува на Plaza Mayor – плоштад што со векови е сцена на живототво Мадрид. Со својата симетрична убавина и импресивни арки, тој ве пречекува како амфитеатар на историјата, каде некогаш се одржувале трговски пазари, фестивали, па дури и јавни церемонии. Денес, тивко ве поканува да седнете во едно од кафулињата и да ја впиете атмосферата – звукот на чекори по каменот, шепот на минатото и мирисот на свежо испечено кафе. Продолжуваме кон Palacio Real, кралската палата што се издига над градот со величествена елеганција. Огромните врати, раскошните сали и галериите исполнети со уметност создаваат чувство дека времето е застанато. Веднаш до палатата се простираат Jardines de Sabatini, градини од симетрична убавина каде сенките на дрвјата се преплетуваат со мирот на фонтаните, создавајќи совршено место за прошетка и размислување. Од таму, погледот се пренесува на Campo del Moro, пространа градина со раскошни патеки, езерца и зеленила, каде некогаш се шетале кралските дворови, а денес тивко ве пречекува да ги почувствувате тајните на минатото. Нашата прошетка завршува со Templo de Debod, египетски храм донесен во Мадрид, каде залезот сонце создава магични сенки и боите на небото се огледуваат во неговите камења. Место каде историјата од далечниот Египет се среќава со срцето на шпанската престолнина, и каде секој момент ве потсетува дека времето е само континуум на убави приказни. Низ овој дел од Мадрид, секој чекор е како врата кон минатото, а секоја улица е како разгледница од времето. Од „Madrid de los Austrias“ до Plaza Mayor и Palacio Real, градот се открива со својата душа – истовремено величествена, интимна и безвременска.

Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенцијата, локален водич

El Escorial & The Valley of the Fallen

El Escorial & The Valley of the Fallen
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 160,00 EUR

Ако се наоѓате во Мадрид, Манастирот Ескоријал (The Royal Monastery of San Lorenzo de El Escorial) и Долината на паднатите се места што едноставно не смеете да ги пропуштите. Тие не се само туристички атракции – тие се живи сведоци на историјата, културата и духовноста на Шпанија. Ден посветен на северозападниот дел од Мадрид, каде историјата и духовноста се преплетуваат во каменот и природата. Нашата прва станица е Манастирот Сан Лоренцо дел Ескоријал, величествен комплекс што се издига како симбол на моќта и верата на Шпанија. Манастирот е вистинска приказна во камен – градба која ја обединува духовноста и културниот сјај на „Златното доба“ на Шпанија и е впишана на списокот на Светско наследство. Прошетката нè води низ Patio de Reyes, мирниот клустер, собите на поглаварите и импресивната базилика. Се восхитуваме на Пантеонот на кралевите и децата, како и на Кралските соби, каде секој детал ја раскажува историјата на една епоха. По посетата на манастирот, продолжуваме кон Долината на паднатите, сместена во Peña de Cuelga Muros. Овој меморијален комплекс нè пречекува со својот величествен крст од гранит, видлив од километри, и со базиликата вградена во карпите. Просторот е последно почивалиште на 33.847 жртви од Шпанската граѓанска војна, а околината создава чувство на тишина и почит. 

Во цената на излетот е вклучено: Организиран транспорт по предвидениот план и програма,претставник од агенцијата, локален водич, влезници за Манастирот Ескоријал и Долината на паднатите.

За реализација на излетот потребни се минимум пријавени 10 патници. 

 

Фламенко Шоу

Фламенко Шоу
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Цена: 65,00 EUR

Доживејте ја магијата на фламенкото во срцето на Мадрид! Уживајте во неверојатните танци, гитари и гласови во историскиот Torres Bermejas tablao, додека се опуштате со традиционална шпанска вечера и пијалаци. Една вечер, полно со страст, ритам и незаборавни моменти! Ќе доживеете совршена комбинација од културно, гастрономско и емоционално уживање. Една вечер во Torres Bermejas е повеќе од шоу – тоа е целосно фолклорно патување во срцето на Шпанија, кое ќе го паметите долго време.

Вклучено во цената: тапас мени (традиционални шпански јадење искомбинирани во тапас мени), пијалок.

*Напомена: уплата при пријава

Толедо

Толедо
Цена: 150,00 EUR

Толедо не е само град – тоа е вистинско патување низ историјата на Шпанија, каде секоја улица, секој плоштад и секој споменик раскажува приказна што ќе ве воодушеви и ќе ве остави со незаборавни сеќавања. Нашата авантура започнува во срцето на градот, каде се издига Катедралата на Толедо, еден од највпечатливите примери на готската архитектура во Шпанија. Нејзините раскошни ентериери, златни олтари и уметнички дела ве враќаат во времето на ренесансата и средниот век, додека секој агол раскажува приказни за верската и културната моќ на градот. Потоа се упатуваме кон еврејскиот кварт, лабиринт од тесни улички, старински плоштади и камени куќи, каде некогаш живееле големи заедници кои оставиле трајни траги во културата на Толедо. Тука ќе почувствувате како различните религии и традиции – христијанска, еврејска и муслиманска – се преплетуваат во еден единствен градски дух. На крајот од нашата прошетка ја посетуваме манастирската област, каде тишината и архитектурата создаваат место за размислување и уживање во духовната страна на градот. Тука ќе видите како историјата и уметноста се преплетуваат во секоја фреска, секој двор и секоја камена фасада.

Во цената на излетот е вклучено: Организиран транспорт по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата, локален водич, влезници според планот и програмата.

За реализација на излетот потребни се минимум пријавени 10 патници.

Сеговија

Сеговија
Цена: 150,00 EUR

Овој ден е совршен спој на историја, култура и архитектура – ден кога ја истражуваме магичната Сеговија. Започнуваме со прошетка покрај римскиот акведукт, симбол на градот и едно од највпечатливите инженерски ремек-дела на античкиот свет. Неговите високи камени арки се издигнуваат над плоштадите и улиците, и ве пречекуваат со тивка моќ што го одржала градот жив низ вековите. Се задржуваме за фотографии и за да замислиме како водата некогаш течела низ овој неверојатен систем создаден пред речиси две илјади години. Потоа се упатуваме кон Алказарот на Сеговија, замок кој изгледа како да е изваден од бајка. Чекориме низ неговите раскошни сали и кули, се впиваме во историските приказни за кралевите што го населувале и одбраниле, и уживаме во панорамските погледи кон стариот град и околните планини. Легендите што се врзуваат со замокот ја прават посетата уште повпечатлива – не е тешко да се замисли дека Волт Дизни го инспирирал токму овој замок за својот познат бајковит замок. Следната станица е Катедралата на Сеговија, позната како „Последната готска катедрала во Шпанија“. Со своите импресивни сводови, витражи и украсни олтари, таа создава чувство на возвишеност и тишина. Секој агол, секој детал, ве потсетува на верската и културната моќ на градот и ја пренесува историјата низ вековите. За време на прошетката, имаме време да се изгубиме низ старите улички на градот, да ги почувствуваме мирисите од локалните традиционални специјалитети, како што е cochinillo, и да уживаме во уникатната атмосфера што Сеговија ја нуди.

Во цената на излетот е вклучено: Организиран транспорт по предвидениот план и програма, претставник од агенцијата, локален водич, влезници според планот и програмата.

За реализација на излетот потребни се минимум пријавени 10 патници.

Сместување

Hotel Europa

Hotel Europa
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Europa е сместувачки објект со 3* по локална категоризација. Сместен во центарот на Мадрид, Hotel Europa располага со двокреветни соби и сите се опремени со клима, фриждидер, фен, балкон, бесплатен интернет и ТВ. Исто така, хотелот располага со ресторан и бар.  

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.hoteleuropa.eu/en/

Адреса Calle Carmen
4 (Puerta del Sol) MADRID

Останати поаѓања за Европа

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.