Лешан и Лешанскиот Голем Буда
Наутро заминуваме на излет до градот Leshan, едно од најзначајните културно-историски места во Кина. Овој ден е посветен на посетата на најголемата камена статуа на Буда во светот – величествениот Leshan Giant Buddha, кој се наоѓа на листата на светско културно наследство на UNESCO.Статуата е висока импресивни 71 метар и е врежана во карпа на местото каде што се спојуваат три реки. Нејзината изградба започнала во 713 година, за време на владеењето на Tang dynasty, и траела неколку децении. Денес, таа претставува ремек-дело на древната кинеска уметност и инженерство, симбол на духовноста и истрајноста. Најпрво ќе го посетиме храмот Linyun Temple, кој се наоѓа во непосредна близина на статуата и нуди посебна атмосфера на мир и духовност. Потоа ќе продолжиме со возење со бродче по реката, од каде што ќе имаме прекрасен панорамски поглед кон Големиот Буда – идеална можност за фотографии и незаборавни спомени.