Seville City Tour
Севиља е раскрсница меѓу истокот и западот сместена на реката Гвадалкивир. Легендата вели дека градот го основал грчкиот херој Херакле. Го посетуваме преубавиоит плоштад со симболи од сите градови на Шпанија - Plaza de Espana. Ќе ја посетиме и Златната Кула - Тorre del Oro покрај реката Гвадалкивир Guadalquivir како и арената за борба со бикови Placa de Torros. Не смееме да ја пропуштиме катедралата Catedral de Sevilla во која е закопан најпознатиот морепловец на сите времиња Кристофор Коломбо. Одиме по стапките на шпанските императори во палата Алказар - Alcazar, каде што е снимана познатата серија “Game of Thrones”. Шетаме по преполните улици, уживаме со кафе и сладолед како вистински Андалузијци.
Цената вклучува: Организиран превоз од-до хотел, разглед со локален водич.
Цената НЕ вклучува: влезници во културно историски споменици, индивидуални трошоци, сите не споменати услуги.
Времетраење: 11-12 часа.
Важна напомена: За реализација на излетот се потребни минимум 15 пријавени патници