Jungle Sailing - Северни Споради

цена од
1.099
EUR ,00
сега од
899
EUR ,00
траење
8 дена
Барање
Барање

Ова не е класично летување. Ова е sailing experience – недела во која морето го диктира ритамот, а секој ден започнува со нов хоризонт. Живееме на брод, се будиме во скриени ували, пливаме во тиркизна вода и се движиме таму каде што копното завршува. Пловењето е водено од искусен капетан – скипер кој ги познава овие предели во детали, ги знае најдобрите сидришта, скриените заливи и малите островски таверни до кои не водат туристички патеки. Благодарение на неговото искуство, секој ден се одвива природно, без брзање, со чувство на сигурност и вистинска локална авантура.

Sailing патувањето е совршен спој на авантура и комфор: доволно диво за да се чувствуваш слободно, доволно удобно за целосно уживање. Деновите минуваат во капење, сонце и пловење, а вечерите во островски градчиња, локални таверни и ноќевања под ѕвездено небо.

Северните Споради се меѓу најзелените и најчистите острови во Грција – Скијатос, Скопелос и Алонисос нудат совршен баланс меѓу недопрена природа и автентичен грчки островски живот. Овде морето е мирно, плажите се достапни само по море, а чувството на изолираност е токму она што го прави ова патување посебно.

*За реализација на патувањето се потребни 8 патници.


*** Бидејќи станува збор за патување на кое директно влијаат временските услови, рутата може да има промени на самата дестинација. Да му веруваме на нашиот капетан кој знае најдобро!


Рута
Волос
Скијатос
Скопелос
Алонисос
Скопелос
Скијатос
Волос
Скопје

Превоз
Автобус
Сместување
Катамаран, Едрилица
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Европа, Северни Споради
Код на патување
GR17
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Рано наутро тргнуваме од Скопје со организиран трансфер кон Волос, живописниот пристанишен град на грчкото копно. По пристигнувањето околу пладне, следува укрцување на бродот и кратко запознавање со екипажот и пловниот дом за следната недела. Попладнето го користиме за првото испловување во Пагасетичкиот Залив – мирно море, сонце и чувство дека авантурата официјално започнува. Ноќевањето е на сидро или во пристаниште на Пагасетичкиот залив, под отворено небо и со звукот на морето.

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Волос

Сместување

Catamaran Lagoon 42 или Ocean Star 51.2 1 ноќ

Место

  • Волос

Утрото започнува со кафе на палуба и поглед кон хоризонтот, а потоа пловиме кон островот Скијатос, врата кон Северните Споради. По околу четири часа пловење пристигнуваме на остров познат по тиркизните води и златните плажи. Попладнето е резервирано за капење и релаксација, а вечерта носи одлука – дали ќе преноќиме во живописно пристаниште или на сидро, далеку од светлата, под ѕвездите.

Сместување

Catamaran Lagoon 42 или Ocean Star 51.2 1 ноќ

Место

  • Скијатос

По кратко утринско пловење од околу 40 минути, стигнуваме до Скопелос – островот со најмногу зеленило во Спорадите. Денот е совршен за спонтано капење во кристално чисти заливи и уживање во природата. Вечерта ја дочекуваме на пристаниште во градот Скопелос, каде што нè очекува традиционална грчка таверна, локални вкусови и опуштена островска атмосфера.

Ноќевање: Остров Скопелос (пристаниште)

Сместување

Catamaran Lagoon 42 или Ocean Star 51.2 1 ноќ

Место

  • Скопелос

Продолжуваме кон Алонисос, со пловење од околу два и пол часа низ еден од најубавите морски предели во регионот. Се капеме во заливот Перистера – место со неверојатна боја на морето и чувство на целосна изолираност. Во зависност од желбата на групата, ноќевањето е на сидро во тишина или во пристаништето Патитири, мало и автентично островско гратче.

Ноќевање: Патитири (пристаниште)/ залив во островот Алонисос (сидро)

Сместување

Catamaran Lagoon 42 или Ocean Star 51.2 1 ноќ

Место

  • Алонисос

Утрото го започнуваме со мирно пловење назад кон северниот дел на Скопелос. Денот е резервиран за капење во скриени ували, до кои често може да се стигне само по море. Ова е ден за целосно исклучување, сонце, солена кожа и чувство дека времето застанало. Ноќевањето е во градот Скопелос, со можност за прошетка низ тесните улички и вечера покрај море.

Сместување

Catamaran Lagoon 42 или Ocean Star 51.2 1 ноќ

Место

  • Скопелос

Пловиме кон Скијатос, со пауза за капење на плажата Аркос – идеално место за последно уживање во дивата природа. Попладнето пристигнуваме во градот Скијатос, познат по живата атмосфера, баровите и шеталиштето покрај море. Вечерта е слободна за излегување, коктели и последна островска ноќ.

Сместување

Catamaran Lagoon 42 или Ocean Star 51.2 1 ноќ

Место

  • Скијатос

Последниот ден го посветуваме на подолго пловење назад кон Волос, кое трае околу пет до шест часа. Пристигнуваме во градот во попладневните часови, каде што ноќевањето е на копно. Ова е момент за сумирање впечатоци, последна заедничка вечера и споделување приказни од неделата помината меѓу островите.

Сместување

Ocean Star 51.2 или Catamaran Lagoon 42 1 ноќ

Место

  • Волос

По појадокот и одјавувањето од сместувањето, следува организиран трансфер со комбе од Волос кон Скопје. Патувањето поминува во споделување фотографии, приказни и моменти од изминатата sailing авантура низ Северните Споради. Пристигнување во Скопје во вечерните часови, со чувство дека зад нас останува едно поинакво, морско патување кое долго ќе се памети.

Место

  • Скопје
За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Доколку се пријавите како соло патник, потребна е доплата за еднокреветна соба. Со цел да го избегнете овој трошок по пријавата ние ќе го рекламираме Вашето поаѓање на нашите социјални медиуми за да најдеме друг соло патник кој би сакал да дели сместување со Вас. Агенцијата нема обврска задолжително да Ве спои со друг соло патник доколку никој не се пријави. Во тој случај, доплатата за еднокреветна соба останува како ставка за плаќање од страна на пријавениот патник.

Што е вклучено

Сместување

Catamaran Lagoon 42 или Ocean Star 51.2 7 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Волос

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Оброци (вклучувајќи ги и оброците за капетанот)

Сместување

Catamaran Lagoon 42

Catamaran Lagoon 42
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Lagoon 42 е модерен и елегантен катамаран со должина околу 13 метри и ширина од речиси 7,7 метри. Располага со 4 двокреветни кабини и 4 купатила, што обезбедува удобен престој за 8 лица. Салонот е светол и отворен, со големи прозорци кои овозможуваат многу природна светлина и панорамски поглед кон морето. Кујната е целосно опремена со шпорет, рерна, фрижидер и комплетна кујнска опрема.

Катамаранот нуди неколку зони за релаксација – пространа кокпит-тераса со маса за заеднички оброци, предна палуба со мрежи за лежање и сончање, како и удобни места за седење со поглед кон морето. Отворениот дизајн овозможува лесно движење помеѓу палубата, кокпитот и салонот, создавајќи чувство на вистински „пловечки дом“.

Опрема: комплетна навигациска опрема (GPS плотер, автопилот, инструменти за ветер и длабочина), аудио систем со звучници, како и надворешен туш и платформа за капење.

Ocean Star 51.2

Ocean Star 51.2
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата

Ocean Star 51.2 е комфорна едрилица со должина од околу 15,6 метри и ширина од 4,6 метри. Располага со 2 двокреветни и 2 трокреветни кабини, што ја прави одличен избор за група пријатели или семејства. Бродот има 5 купатила со туш, што овозможува дополнителен комфор за време на престојот. Салонот е простран и светол, со трпезариска маса и големи прозорци кои создаваат пријатна атмосфера за дружење и одмор. Кујната (galley) е целосно опремена со шпорет, рерна, фрижидер и замрзнувач, како и комплетна кујнска опрема за подготовка на оброци на бродот. Надворешниот кокпит е дизајниран за релаксација и дружење, со удобни седишта и маса за заеднички оброци. Бродот располага и со платформа за капење и надворешен туш, што овозможува лесен пристап до морето при сидрење во скриени заливи.

Опрема: модерна навигациска опрема (GPS плотер, автопилот), bow thruster за полесно маневрирање, генератор и соларни панели, аудио систем и звучници на палубата, телевизор и систем за забава, надворешен туш и платформа за капење.

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

УПАТСТВО И ПРЕПОРАКИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА БРОДОТ

Животот на брод е посебно искуство кое бара взаемно почитување, флексибилност и тимски дух. За сите да уживаат без непотребни недоразбирања, ве молиме запознајте се со следните правила и препораки.

🛥️ 1. БЕЗБЕДНОСТ И АВТОРИТЕТ

Капетанот / скиперот е искусен професионалец и лице одговорно за безбедноста на екипажот, бродот и пловидбата. Неговите инструкции секогаш треба да се почитуваат, без исклучок. Одлуките поврзани со временски услови, маршрутата, сидришта и време на испловување се конечни и се носат во интерес на безбедноста на сите.

Секој патник е должен да учествува активно при потреба – при врзување, кревање сидро, маневрирање или други основни задачи, според упатствата на скиперот.

🚿 2. КОРИСТЕЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОСТОР (КАБИНИ И КУПАТИЛА)

Внатрешноста на бродот мора да се користи исклучиво суво. Во кабините и купатилата не се влегува со мокри костими, мокра коса или влажни пешкири.

Во одводите строго е забрането фрлање хартија, влажни марамчиња или други предмети. За таа намена секогаш се користат корпите за отпад.

Секој патник самостојно си обезбедува сопствена санитарија и средства за лична хигиена.

💧⚡ 3. РЕСУРСИ НА БРОДОТ – ВОДА И СТРУЈА

Водата и струјата на бродот се ограничени ресурси. Туширањето треба да биде кратко и рационално, а користењето на електрични уреди сведено на минимум.

Полнење на телефони и други уреди се прави со внимание и во договор со групата. Бродот не е хотел – одговорното користење е клучно за комфорот на сите.

🍽️ 4. ХРАНА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБРОЦИ

Храната и пијалокот за скиперот се обезбедуваат од страна на патниците. Начинот на организација на храната се договара однапред во групата – дали ќе се купува заеднички или индивидуално.

Поради ограничениот простор и еден заеднички фрижидер, се препорачува договор, јасна поделба и умереност при набавка на храна и пијалоци. Заедничкото користење на просторот подразбира внимание и фер однос кон сите.

🧼 5. ЗАЕДНИЧКИ ПРОСТОРИ И ХИГИЕНА

Бродот е заеднички дом за сите учесници во текот на патувањето. Затоа, одржувањето на хигиената е заедничка одговорност.

По користење на кујната, палубата или купатилото, секој е должен да остави чисто и уредно. Отпадот се сортира и фрла исклучиво на соодветни места кога тоа е возможно.

🤝 6. ОДНОС МЕЃУ ПАТНИЦИТЕ

На брод често патуваат луѓе кои претходно не се познаваат. Почитувањето на личниот простор, толеранцијата и отворената комуникација се клучни за добро искуство.

Гласна музика, бучава или однесување што може да го наруши мирот на другите се прилагодуваат во договор со групата. Сите сме дел од ист тим – флексибилноста и разбирањето се дел од sailing културата.

🌊 7. ОДГОВОРНО И УЖИВАЧКО ПАТУВАЊЕ

Секој учесник е дел од екипажот и придонесува за атмосферата на бродот. Sailing патувањето не е само дестинација, туку заедничко искуство кое се гради со почит, помош и позитивна енергија.

 

🏆 10 ЗЛАТНИ ПРАВИЛА НА БРОД

  1. Капетанот секогаш е во право 😊 
    Скиперот е одговорен за безбедноста на сите. Неговите инструкции и одлуки се почитуваат без исклучок.
  2. Внатре – само суво
    Во кабините и купатилата не се влегува мокро. Мокри костими и пешкири остануваат на палуба.
  3. Ништо не се фрла во одвод
    Тоалетна хартија, марамчиња и други предмети одат исклучиво во корпите за отпад.
  4. Водата и струјата се ограничени
    Туширај се кратко и користи струја рационално – бродот не е хотел.
  5. Сите сме дел од екипажот
    По потреба, секој учествува и помага при пловење, врзување или други активности, според упатства од скиперот.
  6. Храната се договара заеднички
    Патниците обезбедуваат храна и пијалок за скиперот. Организацијата на оброците се договара однапред – имаме еден фрижидер.
  7. Чисти по себе
    Заедничките простори ги оставаме чисти и уредни – кујна, палуба, купатило.
  8. Почитувај го личниот простор
    На брод патуваат различни луѓе – толеранцијата, мирот и договорот се клучни.
  9. Без претерување
    Алкохол и забава – да, но со мера и одговорност кон себе и другите.
  10. Уживај и пушти морето да води
    Биди флексибилен, опуштен и отворен – најдобрите моменти на брод се оние што не се планираат.

 

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците кои што патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.