Насмеаното племе ги избегнува бетонските височини и зградите на Канкун и жедни за авантура и егзотика, стигнавме до сржта на Мексико (Mexico)!
Сместени сме во Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), душата на Мексико на брегот на Карипското море.. Каде вкусот на Мексико е најинтензивен.. Мексикански кантини, ресторанчиња и барови, превкусна храна, музика, маријачи, весели локалци. Далеку од ресортите за туристи, сместени сме во градче каде навистина се чувствува и се доживува Мексико и неговата моќна енергија.. Полно со живот и во шарени бои, сé се врти околу прочуената 5-та авенија разиграна и весела, која лежи паралелно со една од најубавите плажи на светот! Бескрајна бела песочна плажа и тиркизно море, убави барови и многуу танцување во латино ритам.
Но, за вистински да се вкуси Мексико, потребно е многу повеќе од такоси, текила и маргарити! Од Плаја дел Кармен го истражуваме целиот Јукатански полуостров и ова патување станува една голема авантура во Jungle стил! Ја посетуваме Чичен Ица (Chichen Itza) едно од новите светски чуда, ги истражуваме божествата на Маите и се восхитуваме на нивните достигнувања. Го учиме мајанскиот календар и нивните обичаи. Необичните симболи, ткаенини, бои и звукови се важен детал во возбуливите моменти на исчекување на средбата со ова чудо, Кукулкановата пирамида и одразот на совршената симетрија.. Моментот пред пирамидата е мост помеѓу две димензии, материјалниот и духовниот свет.. Кога стоиш пред неа и ракоплескаш со ехото кое се слуша поврзан си со пирамидата, комуницираш..
Мајанската приказна продолжува со фасцинантните сеноти, најпознатите природни подземни базени што ги има само тука, каде Маите им принесувале дарови на нивните богови и биле портал кон подземниот свет! Мистична енергија и чудесно искуство е сé што може да кажеме за моментот кога лебдиме во ваква мала оаза со слатка тиркизна вода, гледаме кон синото небо и како од него да паѓаат лилјани..
Одиме во Коба (Coba) или градот изгубен во џунгла... Среде густа тропска џунгла се појавува бисерот на Коба од кое ни застанува здивот- пирамидата која штом се искачиме гледаме како бујната зелена вегетација го проголтала овој град и се протега до недоглед. На местото каде сé и припаѓа на природата приказните кои ги слушаме, можеме да ги доживееме да ги допреме, да ги почувствуваме. Со првиот чекор во оваа џунгла се чувствува магичниот вртлог на ова место.
Добредојдовте и во Ваљадолид (Valladolid), шаренолико градче во шпански колонијален стил како од филм! Несомнено за сите е љубов на прв поглед со своите ниски пастелни куќички кои водат до прекрасниот плоштад спроти катедралата која како убавица го краси и го чува ова место. Задржувајќи си го традиционалниот дух, се отсликува шармот каде жените во традицонална облека ги продаваат своите автентични ракотворби. Дефинитивно автентично е зборот што се провлекува во секој опис за Ваљадолид! И да, тука се највкусните маркезити :)
Aaaand *drumrolls* фамозниот Тулум (Tulum)! Мноогу егзотика измешана со бохо стил, eco-chic хотели, барови и ресторани, бели песочни плажи, тиркизното Карипско море како од разгледница, laid back атмосфера и високи палми кои ги допираат облаците се совршен призор за еднакво совршени инстаграмски фотографии. Центарот на најдобрите забави и фестивали!
Пловејќи со катамаран по тиркизното Карипското море и делфините како неизбежни пратители, пристигнуваме до Исла Мухерес (Isla Mujeres) и Playa Norte, една од плажите која редовно е прогласувана за најубава плажа на светот! Вистинско Мексиканско уживање!
И Исла Холбош (Isla Holbox) островот за кој можеме да се потпишеме дека е рајот на светот, недопрен Карипски бисер без асфалтрани улици, автомобили, масовен туризам и бука.. Возиме велосипеди или голф колички и го истражуваме ова малечко островче кое засекогаш ќе остане место на кое би му се враќале каде и да одиме.. Мурали и шарени куќички, хипстерски/бохо барови, палми, палми, палми.. Затворете ги очите и замислете си ја најубавата плажа на светот :)
Рамо до рамо на овие Карипски острови е и познатиот остров Козумел (Cosumel). Веднаш спроти Плаја дел Кармен, се наоѓа Козумел, најголемиот остров на Мексиканските Кариби и задолжителна станица на сите светски луксузни крузери, заради прекрасните егзотични плажи. Рајска и живописна природа, плажи со бел мек песок, карипско сина вода и совршеното место за релаксирање, забава, вкусна храна и полнење со позитивна енергија. Како круна на островот е шареното мексиканско градче Сан Мигел де Козумел од каде ги започнуваме авантурите на островот..
Авантурата продолжува до границата со Белизе, во Бакалар (Bacalar)! Или како што би кажале сите - Мексиканските Малдиви! Бакалар е неискомерцијализирано место и Jungle тајна (шшш...)! Најубавото езеро на светот - "Лагуната во седум бои" кое се прелива во седум нијанси сино и се менуваат во текот на денот и на различни длабочини. Се восхитуваме на чистината и убавината на езерото и уживаме во спокојот кој маѓепсува!
Jungle Мексико е искуство, многу години истражување, менување, додавање-одземање и voila ја имаме совршената програма за full Mexican experience! Vamos?
Рута
Скопје
Софија
Истанбул
Канкун (Cancun)
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Канкун (Cancun)
Истанбул
Софија
Скопје
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер
- Сместување
-
Guesthouse
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје,
Македонија
- Дестинации
-
Мексико
- Код на патување
- MX9
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Да